Јас би одела, не е толку мало, а и со постојано чување дома нема да и' направиш добро. Што ќе биде кога ќе се замеша во колектив? Претпоставувам за брзо ќе ја пуштиш во градинка, па потребно е колку толку да има претходни контакти со луѓе. Башка другарката со недели да е заразна не може, сега ако има компликации од грипот е друго, ама заразна сигурно не е после толку време. Не сакам да ме сфатиш погрешно, ама бегањето од дружби само од страв за детето, не е баш добро за имуниот систем. Не велам да го однесеш директно кај некој болен со температура и да му дише во фаца, ама па цела зима да ја преседиш дома во страв, и тоа не чини. Разболувањата мора да се поминат, тоа е неизбежно. Грип е нормално да има овој период, најбитно е да се јакне имуниот систем. А јакнење со суплементи не е начин. Мешањето во колективот има важна улога во градење на имунитетот.
Сите препораки се да не се меша во затворени простории со луѓе, не знам зошто некој би правел спротивно… Моите едвај глава кренаа од грипов, не е наивен и сигурно не им помогна за имунитетот.
Во слична ситуација сум и јас и со исти мисли. За нејадењето, не дека ништо не јаде ама на прсти се бројат работите кои ги јаде и количината е мала. Нешто сака мазно, нешто со парчиња, многу е пребирлива. Како почна со вадење заби така се помалце и помалце има апетит, а верувам влијае што сум со неа цело вееме и знае дека ќе цицне ќе напуни меше. Пробав и јас да намалам подои и ништо не смени, само ми стагнираше со килажа а исто беше со (не)адењето цврста храна. Ова е една од причините што јас земав неплатено отсуство и ќе ја чувам до годинка, другата е што е зима со вируси па подобро да почне на пролет во градинка место сега. И секако сега е пикот на сепарациската, се надевам до годинка ќе се поднамали. За проодување до годинка тешко, мојава е тромавка ама се надевам барем поподвижна да стане и посвесна да почне повеќе да раБира да покажува.
Грипот никогаш не е наивен. Поголеми се шансите од автобус или од градинка да се разболи, отколку од таква собиранка. Па сигурно таму нема да оди некој што има температура и се чувствува лошо.
За проодувањето поголемата на 11 м негде ми прооде затоа го спомнав. Ама како и да е доволно е што се посвесни.
Ех ништо не е сигурно, еве јас разбрав конкретно на мекиците за ќерка ми дека дошол пријател со стомачен вирус. Значи возрасен разбран човек што стварно не разбирам зашто и како си решил да дојде да да има дечиња и порано, општо за мојава реков дека јас не се надевам да биде пошто еве 9.5 а уште не лази убаво, само војнички. Ама секако побитно ми е да е посвесна
Сметам дека не е баш неизбежно и задолжително да се соберат сите вируси и грипови за да се гради имунитет. Може да се помине зимата и без поголеми разболувања. Грип не врви брзо и наивно кај возрасен а не пак дете, во случајот на Стоун 10/11м бебе. Доколку се има можност да се избегнуваат гужви и групирање подобро тоа отколку да си ја ака главата по болници со недели потоа.
За оние кои сте имале жена дома која ви чувала деца, дали кога не го чувала пола месец сте и исплаќале цела сума? Во случајов почеток на месец беше ослободена дека таа имаше потреба, на крај на месец заради одмор што ќе користиме и нема да сме дома. Таа вика без разлика требало цел месец да и се плати. Ме интересира искуство дека ми тврди дека сите жени така правеле. На крај на денот сакаме да сме коректни ако е стварно така, ама и сакаме да провериме да не е манипулација.
Реално вие сте се договориле за месечна плата. И може да си 20 дена дома ти или сопругот, ама договорот ви е за месечно. Исто кога одиш ти на одмор, не ти кратат плата.
Бебе се збуцкало. На ден пред месец 5050гр, а родено 3700гр. Педијатарот вика да не биде на секое кенкање/плач одма залепен за цицка. Што мислите?
Ќе намали со ставање тежина понатаму, се намалуваат подои, јаде и друга храна. Совет од Плодност педијатрите беше бебе да цица кога сака и колку сака. Баш и треба да е залепен за тебе, ти си му утеха, сигурност и цел негов свет.
Само на доење ли сте? Супер е. И кај мене напредуваше така ама само првите 4 месеци, 4ипол. И јас се водев по тоа кога сака колку сака. Бебето трт, јас држ, се' на града беше. И кога матичната ќе го измереше само ќе ми речеше "правете се' како што сте правеле до сега".
доење да и по два пати во ден, евентуално 3молзено кога сакам да одморам града пошо имм болки од доењето уште во едната.
На тема мешање со луѓе. Јас не го чувам моето во "стаклено ѕвоно". Секогаш кога имаме прилика испаѓаме и шетаме. Не го носам свесно кај некој што е болен секако, но испаѓаме од дома и ако ништо повеќе кај бабите одиме. Не можам да го допазам секако. Мм е на работа со народ цело време, во иста куќа сме со бабата и дедото на мм. Пред 3 недели не фати грипот, бабата се разболе. Кога почна да појавува знаци не го симнував ама она вирусот и од претходно си го носела па не можев да знам. Сега во недела сме на крштенка и прв роденден кај на кумовите малата. Ќе биде преку ден во игротека и планирам да го носам. Баба ќе го земе во случај многу ако се раскенка и не може да се смири. Терам по принцип да го мешам со народ, со луѓе да се учи оти на 9м треба во градинка да почне. Ако е само со мене не знам како ќе тераме оти си сака многу внимание кога сум со него. Дури и во собата да сум ако ме гледа сака цело време кај мене иако кога не сум таму не му е проблем да седи со други. Кога ќе почне сепарациска како ќе не биде
Јас имам комшика што има дадилка па сме правеле муабет низ кафе, се имаат договорено во годината да има 15 работни денови одмор кој и е платен и може да го искористи цел оддеднаш или да го подели на два пати во годината. Работи од пон до петок по 6h
Пфффф знам дека сите сакаат да искористат што и колку можат, ама 15 работни денови одмор во годината е малку. Бар да договореле како што е по закон 20+ дена (не знам точно колку е таму). На страна фактот што чување деца е пре одговорна работа, туку буквално некој ти го чува она што најмногу го сакаш во животот. Особено ако си задоволен, мора да им се овозможат подобри услови на дадилките.