Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    3.690
    Пол:
    Женски
    Кувертира ,само треба да си порачаш унапред 200 денари беше достава во септември.
     
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ohlala

    ohlala Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2014
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    252
    Со бебе лежиме во Козле, има наод-инфлуенца и пневмонија. Дали некој знае колку време се лежи во Козле?
     
  3. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    1.137
    Минимум 7 дена колку што знам јас.
     
    На ohlala му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    9.112
    Пол:
    Женски
    Зависи од општата состојба и како реагира на терапијата.
    Не сме од Скопје, со пневмонија кога лежевме во нашиот град така ми кажаа, секој случај е индивидуален. Нема пропишано правило со која дијагноза, колку да се лежи.

    Верувам и Козле е така. Со лесно и побрзо да се опоравите.
     
    На Трагедијаупмм и ohlala им се допаѓа ова.
  5. Elly989

    Elly989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    574
    Додека не оздрави.
     
    На ohlala му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ohlala

    ohlala Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2014
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    252
    Dali nekoj znae kolku cini bolnicki den vo Sistina?
     
  7. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    6.328
    Пол:
    Женски
    25.000 ја плаќаат
     
    На Peperutce6 и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  8. beachedd

    beachedd Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2020
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Пред една година кога лежевме со бебе за 4 вечери плативме околу 67-70 илјади за соба плус анализи/лекарства уште некојси 20илјади (прилично basic терапија т.е. само инхалации). Може имаат нови цени сег.
     
    На ohlala му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Мајки почнува психички да ми влијае состојбава на куќава.Не стигам да чистам а веќе од хаосот не можам да се сконцентрирам.И да имам време немам сила и се така во круг куќава ми пропаѓа.Дајте ми препораки од тим на жени кои сте задоволни и проверени.Барав на google но не наоѓам баш нешто секакви различни мислења.Куќата е голема на два спрата па сигурно ќе биде потребно цел тим за да се заврши се,еднаш ми доаѓаше една женичка ама одвај стигаше дневната да ја исчисти до 16ч.
    Не можам више оболев од нервоза
     
  10. kozuf

    kozuf Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    1.077
    Ако си задоволна договори ја нека доаѓа неколку дена по ред. Тешко се наоѓа од мое искуство, а и тие шти ги најдов ми бараа на пример 4000 за 60 квадрати стан да ми исчистат, нормално одржуван. А ако најдеш нешто добро, прати навака :D
     
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Не сум задоволна...не ми треба денови работа со бебуш немам опција жена да ми матка и чисти.Ми треба агенција се да исчисти и да заврши.Се утепав читајќи мислења уште ништо немам најдено.Небитна е цена само да се исчисти се како што треба
     
  12. Tulip023

    Tulip023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    517
    Пол:
    Женски
    Јас немам да ти препорачам, зашто и јас, откако жената што редовно ми доаѓаше престана да работи, уште барам. Ама кога веќе спомна агенција, да ти споделам дека имав лошо искуство со Бигор клининг. Жената која ја пратија за 4 часа ,,исчисти" стан од 80 квадрати и си се пресоблече и си чекаше да и поминат 8ч. И забележав дека многу работи не се исчистени или се недочистени и прво ме нападна дека сум наоѓала замерки само зашто завршила порано, па ме тераше за секоја ситница да и покажувам што не е исчистено (а имаше мноооогу) зашто она не можела по втор пат да го проверува цел стан и на крај со крпата со која бришеше по плочките доле во кујна, продолжи да ги брише рачките на вратичките во кујна и кога ја видов, сфатив дека џабе било чистењето. Па доаѓаше супервизорката, па проверуваше, првично ми се извини и ми кажа дека е нивна грешка и дека ќе најдат следниот ден некој друг да дојде да исчисти, за на крај да ми кажат дека јас сум требала да им кажам порано во текот на денот дека не ми се допаѓа ,,стилот" на чистење, за да изреагирале на време. Не знам, може и јас преувеличувам ама ми нема поента кога ќе дојде жена за чистење цел ден да одам по неа и да ја проверувам. Мене ми треба да дојде да исчисти за да заштедам време, а не тоа време да го изгубам со неа. Единствено фер испаднаа што не ми наплатија, ама станот остана недочистен.
     
    На Калатеа, kozuf, Autumn Love и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    6.328
    Пол:
    Женски
    Со години вака пробував различни опции / и ништо не ми се свиѓаше. Едно време дури работев и од дома и гледав што прват. Во претходниот стан додека живеевме беше мал 50м2 таму што се вика доаѓавме само за спиење со маж ми работевме по цели денови и беше како од каталог, цел бел и како никој да не живее во него :D нити готвевме биту прљавме, едно еспресо сабајле ако испиевме дома и искачавме, навечер се прибиравме касно ќе грицнеме нешто пред тв и во кревет. Ми доаѓаше жена еднаш на две недели и стално имаше недочистено / или ќе остави бигор на стаклото од тушот или лавабо некое недочистено стално се нервирав.

    Сега имам жена што ја имам договорено на месечно ниво, два пати неделно доаѓа по 5часа и некако се си дојде на место. Овој стан е доста голем плус има и голема тераса и се тоа зема мн време за средување а со бебе некако осетив дека немам време се да е на место. Мене ептен ми значи домот да ми е среден, ако ми е прљаво како јас да не сум истуширана се осеќам |-) поготово сега кога сме по цел ден дома со бебка, маж ми на работа по цели денови сакам да уживам во се што имам. Да надокнадам за последниве 15години што не се прибирав дома :D цело време требаше да сум негде само не дома :makeup: така да од мене совет само константно да договориш ѓена што ќе доаѓа инаку од тие таквите инцидентно чистење еднаш на неколку недели - ништо
     
    На Tulip023 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Не е проблем колку пати месечно ќе доаѓа,една жена не може да исчисти во еден ден.Дневната е само 60 квадрати,кај се спалните вецињата тераси прозори огромни.Мора да бидат две три жени,не знам веќе ќе се мрднам.Немам јас пренструпано работи ,не ставам полици украси се тоа ме нервира ама пак има работа.
     
  15. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    6.328
    Пол:
    Женски
    Кај мене е 170м2, континуирано ако се средува може и една ќе си фати ред, јас и правам списоци што треба да фати дента што ми е ургент се останато си знае по дифолт
     
  16. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.781
    Допаѓања:
    6.837
    Блазеси ви што имате доверба друг да ви чисти, јас па тој проблем го имам.
    Мм колку пати ми има речено да викнеме жена, не можам и не можам, многу сум цепидлака кога станува збор за чистење, дури и кога чистам мијам раце пред да фатам нешто “чисто”, менувам по сто пати ракавици, имам редослед на чистење, различни крпи за различни намени и ми се чини дека ако дојде некоја да чисти ја ќе чистам по нејзе.
    Пола планети ми се во Девица, што да правам :lol:.

    А и тешко е да најдеш, во другиот стан пред вселување викнавме агенција, не бевме во државата, се враќаме после Х денови очекуваме внатре исчистено, тоа хаос ко никој да не поминал со крпа, и логично ние го исчистивме сами, ем пари даваш ем па ти чистиш.

    Голем проблем имав дури се навикнав на хаосов дома, претходно секогаш пред да си легнам се мораше да биде на место и исчистено, но откако се роди синко (мил на мајка :inlove:), една година во раце ми беше, дали буден или кога спие и не можев месеци да си исчистам по мое што ми ствараше огромна нервоза. Некој се радува што искочил во кафана прв пат без бебе, јас дека сум исчистила :D.

    Имам адхд и уште ми е проблем на моменти бидејќи ментално ме преоптоварува хаосот, а дома со две деца сами и нема друга опција.
    Криво ми е што наместо да се шетам со децава надвор, јас го праќам мм, а за тоа време чистам. Ама 8-10 саати на работа, секогаш дома зготвено и одржување на дом, плус деца кои треба да ги прошеташ надвор, никако не се вклопуваат во 24 часа.


    Туку имам нејадач, хемоглобинот е на долна граница, железото ниско. Вадиме заби цел месец па се тешам до тоа е. Ако не и дадеш занимација не јаде, доручекот ќе касне нешто ама за ручек и здосадува па најчесто завршува во канта. По цел ден сум во кујна, или готвам или мијам, готови кашички ни да помириса, посебно зеленчуковите.
    Се гади и прави фаци ко да повраќа. Плус почна да и пребира храна, брокула јадеше сега не сака ни да ја помириса. Треба да се вратам на работа, скоро 9 месеци е, не знам што ќе се прави. Дали да воведувам АД, немам памет, до сега нема пиено од шише, давајте совети ако имате.
     
    На 1209, Yowannty, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    12.108
    Пол:
    Женски
    Мајки, идам јас за утеха малку оти периодов стварно ми треба.

    Синчето за два месеци ќе полни 3 години, а јас сум веќе 23та недела бремена.
    До сега ги бркав мислите околу тоа како би било дома со тодлер и новороденче, ама веќе треба да се соочам.
    Околу други бебиња, син ми е ноншалантен, не ги приметува многу, оди, го гали му кажува два три збора и се повлекува.
    Не знам што да очекувам од ситуација во која 24 часа ќе има бебе дома.
    Како ќе му влијае психолошки? Какви промени во однесувања да очекувам, каква регресија?
    Моментално сме во фаза околу скроз навикнување на користење на шолја/нокшир и тешко оди за какањето посебно. Да не должам, душа ни излегува, ама тоа е друга тема.
    Како да му го минимизирам чувството на запоставеност откако ќе дојде бебето?
    Каков ви беше тој период, колку време траеше, што ви помогна, со што се соочивте?

    Имам и друга мака ама таа во друг пост, да не правам каша попара.
    -----‐--
    За жена дома, веќе имам 2-3 пати викано и немам проблем пак да викнам. Просторот ми е непотребно голем, поради тоа и цените не ми одговараат, ама здравје таму пролет за генералка, би викнала за прозорци, врати, тераси и слично.
     
    На 1209, Carolin. и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  18. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    7.028
    Големата исто така беше, не обрнуваше внимание на други бебиња пред да се роди сестра и. Она е 4 години сега, а малото 5 месеци, советите што јас ги добивав беа да и збориме многу за бебето пред да се роди и така правевме и она беше пресреќна дека ќе имаме бебе, дека ќе биде голема дада. Откако се роди бебето сите беа посвети и се на големата, бебето е мало, надој го и остави го, ама не беше така баш во пракса, кај нас конкретно некако си ги поделивме децата откако се роди бебето, првиот месец дена спиеше само во раце кај мене, 24 саати на цицка, нормално она почна да покажува љубомора, цело време плачеше за се само да го сврти вниманието кон нејзе, пробувавме да ја вклучиме во се, донеси пелени, сега ќе го пресоблекуваме бебето, донеси алишта, ќе го бањаме бебето, со тек на време стана подобро, сега веќе е некако навикната на бебето и некако работите сами си дојдоа на место без некое посебно форсирање, само ја тоа што го сфатив е дека иако мене она сега ми изгледа голема покрај малото, и она е сеуште многу мала и и требам да и посветам внимание, гледам кога ќе можам сама да излезам со неа, да имаме време поминато само за нас две без бебето. другата работа што е исто проблем е што не можам да ги оставам сами ни 5 минути без надзор, не знам шо ќе и направи, затоа што нема осет, она веќе покажува вака дека ја сака и се, ама не разбира дека малце треба да ја повреди, пред некој ден ручек правев, бебето доле на подлога беше превртено на стомак си лежеше, наеднаш списка, големава земала ја превртела на грб, ама ја треснала и си има такви неколку дешавки. Се што ќе донесат за бебето она пребира кај нејзе, се е за нејзе, не можеш ништо да купиш за бебето, одма љубомората работи, се надевам дека ќе стане и тоа подобро со тек на време. До ден денес некако јас сум поише со бебето затоа што го дојам и заспива само на цицка, маж ми ја успива нејзе, ја тушира и чита, додека јас го успивам бебето, иако јас тоа така не го замислував пред да се породам. Ако излага он од дома, ја носи нејзе сегде кај што може со него, за да не бидам јас сама со двете дома и некако колку и да не сакав факт е дека бебето ги менува работите, си мислам дека кога ќе пркне бебето и нема да биде толку зависно од мене ќе биде подобро.
     
    На 1209, Change., strelec231992 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.339
    Допаѓања:
    125.781
    Верувај одат . Син ми заглави од несовесни болни две деца апла со температура и инхалатор и блокмакс дошла мамица да слави Нова Год. Веќе се измешаа , јас кога видов си станав и си отидов, со нејзе расчистив, ама го фати мојот. Завршивме во болница, не отидовме ни на зимување :(. Јас и ден денес не можам да сфатам како може мајка да ги носи мртви болни , децата не изгледаа ни добро воопшто , зар до Нова Година и е
    Како и да е нормално дека од секаде може да се добие , од маркет па особено , ама верувај несовесни постојат и за жал осетив на своја кожа
     
    На MeowMeow, Ladyme, Carolin. и 4 други им се допаѓа ова.
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.339
    Допаѓања:
    125.781
    Ние бевме 5 дена некои 7-10 зависи
    Со помин
     
    На ohlala и Guns N` Roses им се допаѓа ова.