Само моето бебе спие ко зајак со газот нагоре а нозете свиткани? Туку нешто си мислам деновиве.Дали после одреден период отрпнавте на кенкање и плачење на бебињата?Не зборам за игнорирање туку пример почна свеки да го чува но кенка плаче по мене чим ме види и ептен ми е тешко.И сум приметила чим заплаче одма го зимам во раце немам трпение да почекам.А кенка за се живо и диво.За месец дена ќе славиме прв роденден и крштевка и си викам ако почне да плаче на крштевка како да останам мирна и воздржана... Едит:Веќе три дена по ред се буди после 1 час од заспано навечер со страшен плач и солзи.Чим го кренам и му ја вратам цуцлата се смирува веднаш,но во тек на ноќта е исто чим му ја нема цуцлата плаче.Претходно ќе заспиеше ќе ја плукнеше.Му искачаат две двојки пробиени горе му давам осанит и гелче но не знам дали е од нив.И претходно се будеше многу ама сега со солзи страшни
@Stone , многу време ми требаше ама после 2,5 години веќе сите кемкања, врескања за глупости на игнор ми се. Не зборувам за паднала, се повредила, па плаче. Не зборувам за моменти кога е настината, тешко и е нешто па плаче. Тогаш го има цело мое внимание, мазење, гушкање. Зборувам за плачки од типот оти сме ги собрале коцките, а не требало. Оти врне надвор, оти лепчето било на пола пресечено, а не цело... Такви работи кои мене ми се банални, за неа е крај на светот и толку. Оставам да си поплаче, се гушкаме, си кажуваме што и како требало и толку.
Зошто е надвор ноќ, а не е ден. Зошто е ден, а не е ноќ. Зошто треба да оди во градинка, зошто треба да оди дома од градинка. Зошто денес јаде ориз, а вчера барал ориз ама имало боранија манџа. Зошто треба да спие, зошто го будам после од дремка. Зошто да излеземе надвор, зошто да влеземе дома. Зошто нема зелен багер туку има и жолт, и црвен, и син, и портокалев ама ете он баш зелен сака. Зошто не можам да изведам скок со петокрака на една рака додека му давам да јаде а и исто времено редам коцки и бојам на масичка.... Жими се речете дека е период и дека ке помине пошо скренав начисто
Добро утро, ќерка има запче грепкаааа искача, ајде давајте предлози за колачиња убави од каде да нарачам а да не е доставата на 16ти септември хахахх ова ептен бизнис било бе а ја не сум знаела кај и да пишав ми кажуваат термин по 10ти февруари. Сеа да и простам за сите плачки оваа недела дење ноќе и да се спремам за уште неспиење зошто треба да ги извади сите заби наредниве 2години
Добро утро од мене Ноќеска сум спиела 5саати на рати ама добро И една од ретките вечери да цица на 2часа, обично е залепен за мене со саати на цицање и саат му е макс. Уште со бљуцкањево не знам што ќе правиме, па и повеќе од бљуцкање е ова. Ме плаши валјда му е физиолошки нормално и ќе мине Мн е мрзливо само да јаде и да спие. Сега ќе го станам да вежба да се развива моторно
ќе ти пуштам линк. Братучетка ми ми ја кажа јас немам нарачувано ама зошто е приватен профилот да не го објавувам тука да ги вади со лесно и да се бели како бисери
Јас ќе ти кажам иста возрас ни се,јас се породив точно на 2 години разлика,мене ми е претешко по што сум скоро сама со две.Малата воопшто не го прифати и еве една година подоцна сеуште е љубоморна и го мава,бутка и што уште не.Исто имав проблем во градинка почна љубомората и таму да ја искажува,да апе деца,сега почна да го прифаќа малку од малку кога почна да игра со него.Само гледај да не го испуштате да има внимание колку што може повеќе,по што многу се осетливи и се во таа возрас кај што незнаат добро да си ги искажат емоциите.Не му менувајте навики,ако оди во градинка да продолжи.
Мислам дека твоето е тука некаде возраст со моите. НЕПОДНОСЛИВИ СЕ цело време плачење, кенкање, земи ме у раце, неможам да какам, а зашто, што е тоа , а кој , ќе пијам вода му даваш вода ја турка чашата не пијам, у 2по полноќ ќе јадам житарици... Плус се болни веќе скоро месец и незнам што да правам веќе со нив, Еден ден добри , другиот ден пак темература, машкото од вчера пак се жалеше на увото и пак цела ноќ со температура беше.
Период е и ќе помине. Приметив дека како наближуваше накај 4ката, почна да прифаќа логични објаснувања. Е единствен проблем шо остана е "Зошто е ова за јадење?" Значи, секој ден доаѓа и има за ручек нешо рандом, ама таа 40 минути се расправа со мене Зошто тоа сум го направила. Зашо не те прашав тебе, ти у градинка беше, затоа Се мислев да ја прашувам шо би сакала за јадење од сабајле ама ќе си ставам беља на глава така осеќам, па си преќутев Мм вчера и рече, така поостро малку - Софке, не можеш да наоѓаш маани кога некој друг готви. А ако сакаш да јадеш баш тоа ти шо сакаш, стани и напрај си. И го гледа озбилна и му вика Деца не фаќаат ножеви, како да си направам А?
И мојава така спие. И јас така сум спиела како мала. Се додека знам дека не кенка и плаче од болка, нека кенка. Кенка за се и сешто. Кога ја чува друг, излагам. Мада сега си седи и игра со други, а јас сум присутна. За крштевка на 8 м, рикаше, ама нема на попот од раце да му ја зимам. Кратко трае тоа. После јас си ја облеков и си ја држев јас цело време. Плус време за спиење и беше, па си заспа и скоро цел ручек во ресторан го преспа. За цуцето, мојава сама си го зима ако и е паднато. Ако неможе да го најде кенка, ама одма и го ставам и си продолжува.
Имам деугарка сега ќерка и ќе прави 3 во март, беа на гости пред некој ден - уста не затвори / зошто вака прави бебето/ зошто не зборува бебето / кога ќе оди/ ќе нана сега или после/ ајде да го шетаме и на секој 10мин одеше кај мајка и и викаше мама кога ќе имаме ние вакво ново бебе ново бебе се пресмеавме другарка ми вика веќе не ја носам маж ми ноќта ме нападна за второ ама да уста не затвори два саати брбливка
Тоа брботењето не поминува со годините, само да знаете Кој си брчи од раѓање, уста нема да затвори. Мене мајка ми ме молела 5 минути да ќутам, јас сум броела на глас у друга соба. Иначе ќерка ми тантрум имаше кога дојде другарка ми со бебето. Абе на цел глас со плачење САКАМ СЕСТРИЧКАААААА
Хахахаха другарка ми нејќе второ дете и превртуваше очи два саати а вечерта и со маж и дома ја бистреле темата зошто не или зошто да Малата е преслатка ама жива и здрава нека е ушите ми зуеа цела ноќ после хахаха и мојава е гласна од бебе на подлога лежи и сама си раскажува со играчките нешто по нејзино цел ден, со некои слатки гласчиња хаха сега ми е слатка ама знам дека за година дена ќе биде хаос
Здраво мајки, дали би можеле да ми препорачате некоја книга за бременост/доење/бебе која ви била многу корисна и од каде сте ја земале? Првородка сум и би сакала малце да се едуцирам пред да стаса бебуш.
Среќен роденден, најсреќна да е и да ве прави цел живот горди родители! Многу сте биле слатки за роденденот
Да ги реди како бисерчиња Ние нарачавме од овде и задоволна сум. https://www.instagram.com/mamashomemadecookies?igsh=MWRwN2t5cGN3cXdscg==