Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Elly989

    Elly989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    574
    И така после точно 16 месеци мојата доеничка приказна заврши :) Бевме сведени на 2 подои (пред спиење и наутро). Одеднаш сама престана да цица пред спиење со недели. Сега веќе не бара ни наутро. Го посакував ова веќе некое време, али сепак и не ми е толку сеедно :$ Нека расте, нека биде самостојна, мене ќе ми останат сеќавањата од целото искуство, а нејзе...па не баш :D
     
    На Feniksgirl, Kjara2025, Anie93 и 19 други им се допаѓа ова.
  2. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    36.254
    Пол:
    Женски
    Синоќа за првпат, во 12м веќе на бебе, ноќта не стана за млеко. :dance:

    Ма нека ме бие малер ако сака дека пишам тука одма, ми е гајле. Ова е за прослава хахахах.
    Дури еве уште неможам да се изначудам.
    Еднаш пие млеко детево мое само и онака, тоа пред спиење.
    Ама и преку ноќ стануваше, ама му правев премалце и остатокот го залажував со вода некои си 10 дена.
    Па еве од вчера воошто не станааа ! :party::D

    Сум се изнаспала 7ч без будење, за мерак !:makeup:
    Морав да споделам, сега баааај!
    Ќе чистам и правам ручек. :D:l::hug:
     
    На 1209, Feniksgirl, Kjara2025 и 21 други им се допаѓа ова.
  3. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    20.813
    Пол:
    Женски


    Леле јас така синко 4-5 месеци дали имаше може и помалку памтам бевме на гости он си заспа во кола на кај дома самп го префрлив во креветче сабајлето станав во 6 сама и под стрес да не не сум го слушнала он спие мака нема :rofl:
    Толку наспана не знам од кога се немам разбудено уште го памтам чуството, ама градите ми беа друга приказна тогаш :rofl:

    Нека потрае мајка ти посакувам да се изнаспиете на раат двајцата :D
     
    На 1209, Anie93, merriel0 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. MorskaSirena

    MorskaSirena Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    6.459
    Пол:
    Женски
    Не поминуваат никогаш. :rofl:
    Се посложени и посложени прашања ми поставува, еве за некој ден ќе полни 5 години.
    Уште ако не знам одговор ми вика ај прашај го гугл.
    Последно прашање и беше: мама кој деца немаат родители и зошто? ;(
    Иди па објасни да те сфати
     
    На 1209, LiquidLuna, le.soleil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.748
    Пол:
    Женски
    Си имала јаки врски штом ти ја примиле во Хром. Другарка ми во зградата до градинката ги носеше до Мирче децата. Хром е хаос и да, по 3 спијат во креветче.
     
    На BellaBibi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.097
    Допаѓања:
    1.722
    Пол:
    Женски
    Вчера вечерта ја оставив бебка со мајка ми на 4 саати и не сакала да заспие без мене… пробала мајка ми да ја успие, плачела. А кога ќе запалела светло била расположена и си играле цела вечер. Пред тоа немаше спиено 2 саати плус 4 додека ме немаше се на се 6. Тоа е најдолго што била будна до сега. Кога се вратив прво ми се насмеа па почна да плаче и цицаше и одма заспа. Ептен ми беше жал прв пат вака ја оставам во 8 ипол месеци никогаш ја немам оставено со друг освен со маж ми поготово не навечер. Мислев дека полесно ќе поминеме и дека ќе си спие со баба ѝ ама не сака. Претпоставувам е сепарациска анксиозност ме чекала да се вратам или од некаде да се појавам. Не и реков “Чао” кога искочив, можеби беше грешка ама не сакав да плаче. Денес цел ден ја гушкам ко да не сме се виделе 100 години. ;( :D
     
  7. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.267
    Допаѓања:
    5.526
    Ма какво велење Чао, јас се претварам во невидлива само да излезам :bandit:.
    Навечер секогаш со цицање заспива?
     
    На 1209, Feniksgirl, mama31 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.097
    Допаѓања:
    1.722
    Пол:
    Женски
    Откако ја оставив така со грб свртена и излегов се прашував дали беше правилно и си викам сигурно не сум единствена што се крие вака и излегува. :D
    Да, со цицање заспива и за дремки ама за првата дремка или втората до сега не било проблем некој друг да ја успие после оброк, а ноќното успивање не знам зошто само со мене сака…
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  9. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.350
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Женски
    И ноќно и денско само со мене, имаше неколку пати порано дремки со мм ама сега строго само со мене
     
    На arwen93 и naturally им се допаѓа ова.
  10. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.808
    Допаѓања:
    5.849
    Пол:
    Женски
    И јас сум тука во улица и морав тука да ја запишам, се најдоа луѓе... Како и да е најдов и луѓе внатрешни за инфо не е таква ситуацијата... Не идат повеќе од 20 деца, дури и помалку. Муабетот е за одбивање на родителите да го одложат идењето, три деца нема физички можност да спијат во креветот.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    1.490
    Пол:
    Женски
    Колкуу убавоо. Јас овие 2 дена сум среќна по 4часа што ми врзува да спие и сум наспана
    А заспивањето е друга приказна. Не знам зошто амаа си седи буден по 3-4 часа и никако не сака да се успие. Вчера 40 мин исправен го шетав низ куќа во темница за во 00:20 да се предаде и да заспие
     
  12. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.919
    Допаѓања:
    26.935
    Пол:
    Женски
    Летно време и клонот Рипчиња што е, ми е пред врата, не работи. Сите деца се во Хром. Плус вработени по одмори и спијат по две кај поголемите. Преееемногу деца се во Хром и незнам ние од внатрешноста колку ти се блиски, ама ммогу деца се и не постигаат се. Во јасли и 30 деца одат во подобри денови. И комшиски деца имам во таа група и една негователка блиска на моја блиска е.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    7.028
    Hi :D дали најде некои нормални со термини ? и моево бебуле извадило две запчиња доле па не знам од каде да нарачам колачиња, а да не ги чекам толку :D
     
    На Guns N` Roses, Peperutce6 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  14. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    6.328
    Пол:
    Женски
    Најдооов и тоа тука кај нас у комшии, ти пуштам сега линк во порака
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    2.100
    Допаѓања:
    1.832
    Пол:
    Женски
    Реков нема да пишувам во темата ама морам. Изгледа тоа е тоа постпородилна депресија, мн мн тешко ги поднесов 5 вечери во болница без синко. Сеуште не можам да се соземам мн беше тажен без мене дури начинот на смеење му беше сменет. Се врати во нормала ама мене мн ми е тешко. Баш кога е време за заспивање малата плаче, баш кога тој јаде таа грчеви има и мн се нервирам. Ептен ми е жал кога ме бара да си играм или да легнам покрај него а јас не можам. Секој ден плачам ради ова и немам никаква конекција со малата ја гушкам бакнувам ама да речам љубов осеќам не. Имам поддршка од сопруготи за 2 деца помага мн особено со големиот, знае да ја почува малата да си играм јас со него ама некои работи сакам да ги правам како порано. Некогаш и се каам што родив 2 дете, знам грев е се надевам мојата уста ги кажува овие работи а не срцето. Сите ми велат до негде е нормално на почетокот ддури да си фатиме ред сите ама ако продолжи вака че побарам стручна помош. Утешете ме дека не сум сама ве молам.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    1.809
    Пол:
    Женски
    Не си сама.
    Низ истото поминав пред 4 и пол месеци.
    Јас жалев по него уште пред да отидам на породување, пишував во труднички муабети за тоа.
    И јас ќе ти кажам, ќе помине :)
    Буквално истото се случуваше, и многу, премногу ми беше тешко затоа што не можев да му се посветам, да му читам книга пред спиење...сега е подобро затоа што грчевите поминаа, сега е весело и активно бебе, па ја легнуваме на под малата и играме со неа, се радува кога ја гледа дека му се смее, дека успева да ја занимава.
    Не викам дека не гледам промена во него, гледа да ме тргне на само, да бидам само негова на некоја минута, иако не го кажал тоа директно.
    Еве вечерва заедно со малата му читав книга пред спиење, таа се радува на книгата, ја тресе, јас се борам да ја држам во скут и да читам од книга што мрда :rofl:
    Но важно си легна намирен, задоволен. Како поминува времето, така ќе имаш повеќе време за него.
    И да, истото го чувствував, немав приврзаност со неа и се чувствував како да ме дели од него, но како поминува времето многу се приврзав за неа, и сега пред да излезам до продавница сто пати се враќам да ја бакнам :inlove::l:
    Ќе биде добро, издржи:hug:
    Но, секако, ако мислиш дека ти е потребна стручна помош, обавезно побарај, не чекај да гори.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.808
    Допаѓања:
    5.849
    Пол:
    Женски
    Смени ја насоката на размислување и ќе ти биде полесно. Си донела на свет вечен пријател на твоето прво дете, никогаш нема да биде сам па и вас кога ќе ве нема. Гледај да го уклучуваш во грижата за бебето за да го прифати и ти со него дека е тука бебето и дека му требаш. Првото дете добило мн љубов и нега сега му треба и на ова. За него ти си цел свет не знае за никој друг моментално. Ајде малку збори сама со себе, пишувај пораки мене мн ми помогнаа. Ти си мајка на (името на бебето) и требаш.
    Побарај помош и разговор од стручно лице на разговор мк. Може мн ќе ти помогне да се справиш со ситуацијата. Сум користела и имам добро искуство.
     
    На 1209, Feniksgirl, Besbes24 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.285
    Допаѓања:
    15.496
    Пол:
    Женски
    Јас имам искуство со постпородилна анкциозност. Можам само да те утешам дека еден ден ќе се разбудиш и наеднаш се е поинаку. За мене тоа беше веднаш откако престанав да дојам. И ми требаше уште неколку месеца после тоа да се осеќам нормално. Од овој аспект сега гледано, си викам подобро ќе беше порано да престанев да дојам и да земам некоја терапија. Се е завршено добро, ама да не бил маж ми толку смирен и стабилен во тие моменти, не знам како ќе преживеев. Топло ти препорачувам да побараш стручна помош. Твоите чувства се реални колку и да не сакаш да ги имаш, и колку и да знаеш дека не е така реално. Прво мора да се осеќаш добро самата ти пред да можеш да бидеш најдобрата мајка за децата.
     
    На LiquidLuna, Peperutce6, dummy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Anaouou

    Anaouou Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    2.274
    Не сте единствени. Јас се утепав први денови од плачење што некако ми ппраснал додека чежев во болница, буквално за 4 дена како да ми се сменило дете а јас сум го прошуштила тоа иако секој ден доаѓаа во посета . Лее не знам многу тешко ми беше сега малко сум подобро мора да прифатиме .
    И дека ми се 5 години разлика некако цело внимание на него беше мене ми потешко него нему .
     
  20. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    1.880
    Пол:
    Женски
    Мора овде да се олеснам нема каде др место оти нигде не ме сфаќаат.
    Се вративме од Германија за визата и одлучив овој пат настрана од свекрва да седиме, имам цела куќа на располагање од мн блиски пријатели кои живеат во иста улица кај моите, накарши поточно.
    Седиме тука извесно време и го носам бебуш кај свекрва да го гледаат оти мајка ми инсистира, тие немаат ни еднаш дојдено, да напоменам дека не знаат дека сум кај пријателите мислат дека спиеме кај моите, сопругот знае и ме поддржува.
    Во куќата нивна се појави влага во спална, ама салам влага со мувла и се рони зидот. Женава не знае да разбери дека од таа влага можи беља да се направи, не знае да разбери дека кога се болни не смеат блиски контакти со бебе, не знае да разбери дека бебе има атопичен дерматит и јаки детергенти му прават уште полошо, дека бањање секој ден не треба оти му се суши кожа, не знае да разбери дека не смее да влегува во спална и да ми претура по алишта и да влага без да тропни, и поради уште еден куп такви работи ние одлучивме да седиме настрана и не и кажавме оти како што реков нема разбирачка, иако просторот кај нив е премал и нема услови за фамилија си дете жената го крева носот оти не сме седеле кај неа и секој ден ми прави притисоци да се вратам.
    Лежај купила во спална, нов, супер се тоа ќе речи некој ама не ја знаете позадината, лани се спружив за нова јога, и на нејзино инстистирање сопругот му купи нова софа ( на неа спиевме ) е сега ќе ја фрлела софата и купила лежај да не поднови.
    Луѓе, ние се отселивме Германија, дали еднаш до два пати ќе идеме тука во годината, таа не купи лежај дури бевме овде, сега откако се преселивме, а на бебе откако е родено ништо, само бодиња, колички, креветчиња, релаксатори, блендери све све сами со сопругот. Син и крај со крај едвај врзува на три места работи за да не покрие мене оти сеуште немам виза, башка тука кредити, таа госпожата лежај да купела, а собата се распаѓа од влагата, ниту се потруди да види од кај се појави мувла, ама битно лежај нов.

    Како да и кажам дека не сакам да се вратам кај нив без да се направат кавги и да не се навредат ?
    Под притисок сум не можам, ме тераат бебе да им носам секој втор ден, некни се налути оти не го однесов а вакцина примивме ептен за никаде бевме.
    Вчера ќерка и настината го крева го допира со лице а херпес на уста ТОЛКАВ
    Не можам осеќам дека ќе експлодирам и вид виделина ќе фатат ама атер за сопругот се воздржувам
     
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.