Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.389
    Допаѓања:
    47.593
    Пол:
    Женски
    3 год ќе наполно, уште со никој не сака да заспие ноќта. Ќе седи буден до ниедно време ама нема да спие. Огромна кочница ми е ова.
     
    На Carolin. и arwen93 им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.389
    Допаѓања:
    47.593
    Пол:
    Женски
    @Cvetce_ со такви луѓе нема со убаво, нема начин да разберат. Доста си правиш притисок и преќини контакт.
    Ќе се разболиш.
    Јасно и гласно ќе кажеш став и тоа е тоа крај.
    Ако сака да продолжи барем на саат да глед внуче нека затне муцка.
    Јас сум убеден дека такви луѓе вистински не ни сакаат да будат со вас и да го сакаат внучето туку го прават тоа за да ве нервираат и за да испаднат добри пред другите.


    @Yowannty те прочитав дека твоето дете било 3+ кога сте се преселиле.
    Како го спремавте за таа промена?
    Нашето ќе биде толку кога се враќаме во Англија, план е Јуни, од септември ќе оди градинка таму.
    Многу ми е стрес кога мислам на тоа, особемо зошто многу е приврзан со мајка ми, ама многу, не знам како ќе го поднесе тоа, да напоменам дека имам дете кое многу разбира и е многу емотивен.
     
    На Carolin., Yowannty и Cvetce_ им се допаѓа ова.
  3. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.916
    Допаѓања:
    26.932
    Пол:
    Женски
    Ама зошто не покажеш малце појако став?
    Вака со нервози, до каде и колку мислиш да тераш?
    Бебето ти ја осеќа нервозата.
    Ќе кажеш не и завршен муабет.
    Што сака нека купува. Зошто се замараш за тоа? Ако си купува со нејзини пари, ама ич не се нервирај.
    Они ако не се разбрани за настинки и болести, биди разбрана ти. И да се налути, ту ту голема работа.
    И нема со таква жена да поминеш без да се налути. Кога ќе сфати дека нема да попуштиш, ќе смени однос.
    Јас и би кажала кадее седам, за да види колку е саат.
     
    На Simon4e0507, dummy и arwen93 им се допаѓа ова.
  4. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    1.880
    Пол:
    Женски
    Ете не знаев дека се настинати вчера кога го однесов, не ми кажаа, треба ептен безобразна да бидам, а не сум по природа. Да и го тргнам од раце да и речам еј настината си дај ваму детето, еднаш така и направив се испокаравме и му покажав заби, после беше арна и од тогаш кога ќе е таа болна не го гиба ама еве ако не е таа ќерка и исто е неразбрана, треба со цела фамилија да се замерам и да не прам поќе муабет.

    Овие дена планирам да и кажам дека не се враќаме и дека за мој мир ќе си седам таму кај што сум, па тие со спалната што сакаат нека прават, ама не е свесна таа дека на син и и прави лошо оти тој е во тесна ситуација, сто пати и има кажано ама не се разбира џабе, изг треба пооштро
     
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.916
    Допаѓања:
    26.932
    Пол:
    Женски
    Па или ова или да ти се разболи дете и недај Боже некоја компликација да има.
    Детето или они се битни?
     
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.973
    Допаѓања:
    189.885
    Пол:
    Женски
    Не можам да ти направам соодветна компарација, поминавме голема криза со ќерка ми, ама таа помина низ поише поголеми промени. Да не должам, на кратко за да добиеш некаква престава. 2 години и 4 месеци беше кога дојдовме во Германија, а претходно додека маж ми бараше стан овде, ние бевме 2 ипол месеци во Македонија. Македонија веќе и беше прва поголема промена. Потоа Германија, нова средина, потоа градинка, со тоа нов јазик, на крај со новото бебе на 3 години и дојде капаче.
    Е сега ние се преселивме кога веќе беше корона и сите контакти ни беа сведени на минимум, кога уште за да влезеш во институција мораше да покажеш на моб дека си вакциниран, па ете можда тоа беше олеснителна околност за нас.

    Се консултирав со двајца психолози и еден куп искуства слушнав од страна, сите беа позитивни дека децата најлесно се прилагодуваат и навистина најчесто е така, ама во случајот со ќерка ми многу и се собра, па не е баш соодветен пример.

    Она што можам да ти го кажам а што можеш ти да направиш е целото патување да го преставиш најпозитивно што можеш. Сеуште е мал за да испроцесира што точно се случува, да му ја олесниш таа транзиција ќе продолжиш да ги правиш истите работи со него што ги правите и сега со тоа што овој пат ќе биде вклучен и татко му во дел од нив. Сите заеднички активности и дома и надвор. Ако има своја соба или простор во домот кој му е омилен за игра, ќоше некое ќе пробаш да му го направиш исто со истите играчки во ист ред, истата рамка на исто место и такви слични работи. Или ако сака сам да си го уреди како си сака. Овозможи му да има едно такво ќоше дома. Верувам ќе му биде интересно на почеток оти надвор ќе му биде се ново за истражување. Дека ќе му фалат луѓето со кои бил близок тоа е неизбежно и на тебе ќе ти фалат. :hug: Ама на позитивната страна, семејството ќе му биде заедно. Вие сте му коренот, стабилноста и сигурното катче. Ќе се инвестирате во заеднички активности, да му биде интересно, она што ви било правило ќе продолжиш да го практикуваш, кога се јаде, кога се спие, кога се шета итн, ќе се прилагоди дур трепнеш. Секоја рутина што може да се пренесе ќе ја практикувате и понатака тоа е многу битно за мали деца оти им дава чувство на стабилност.

    Доста грешев со ќерка ми на почеток оти не знаев како да и помогнам. После почнавме со маж ми да работиме со психолози и работите се сменија многу брзо. Таа беше мала и не соработуваше, се одеше преку нас и нас тоа многу ни помогна околу родителството целокупно.
    Искрено верувам дека се ќе си дојде на место за брзо и мило ми е што читам дека ќе си се приберете заедно. Мој совет е, ако зачкрипи негде, контактирај детски психолог. Најдобра помош таму ќе најдеш.
     
    На Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  7. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.097
    Допаѓања:
    1.722
    Пол:
    Женски
    Ме интересира ваше мислење, што мислите за gender reveal забави? Онака со блиски пријатели и роднини со јадење и пиење во ресторан или изнајмен простор. Не прашувам за мене прашувам онака општо мислење. Јас немав gender reveal, преку крв проверивме нели, ми се јавија ми кажаа дека е се во ред со бебето (за trisomy тестот) дали сакам да го знам полот реков да, ми рекоа девојче е реков океј фала, чао и тоа е тоа хахаха (имаше докторката претпоставка на скрининг и се испостави точна). Без фешти без журки, чуда. Секако еднакво ќе бев среќна за било кој пол. Гледам многу луѓе прават на големо журки, чуда. Секако е ствар на сопствен избор ама зошто има потреба од такво нешто? Моето мислење е океј со торта дома со семејството или со балонче без драми и без објавување на социјални мрежи. Ама ресторани и гозби како на мекици или роденден нели е too much? И тоа во 4ти, 5ти месец…
     
    На Peperutce6 и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  8. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    1.490
    Пол:
    Женски
    Мораш да поставиш граница. Мораш да си се залагаш за детето. Тоа е битно во оваа ситуација. Нека се лутат. И мене ми се лутеа па си легнаа на брашното дека за да го гледаат треба да биде јас и мм како ќе кажеме. И од тогаш слушаат се и не се мешаат во одлуките. Кога си видела дека е болна одмаа си го зимаш. Ние на слава бевме го земаа и гледам на образ го бакнуваат. Одма реагирав, лице и раце не. Една дури и се осмели да праша зошто Надеж не? Како бе викам зошто не? Бебе е, нежна кожа, се можеме да му пренесеме, чувствително е лицето раце во уста става, како зошто? Малку им падна незгодно ама не се повтори. И да нив им беше незгодно не мене оти реков, оти за мое дете нема што мене незгодно да ми биде. Нека се лути на крај краева, штом од сопругот имаш поддршка што ти менува дали се лутат. Ќе им помине и ќе сфатат дека не можат да те прегазуваат тебе и твоите одлуки
     
    На MeowMeow и Cvetce_ им се допаѓа ова.
  9. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    1.880
    Пол:
    Женски
    За пусти социјални мрежи се избудалија луѓево.
    Ама кој како љуби така нека си прави нели :)
    Мене ми е кринџ и кога прават торти и слики секој месец, океј е знајме колку месеци е бебето кој го интересира уствари, не можам да разберам
     
    На dummy, Simon4e0507 и arwen93 им се допаѓа ова.
  10. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    712
    Пол:
    Женски
    Помината работа според мене..тоа беше во 2016 интересно..сега е досадно посебно па кога се е како под калап дека нешто морало..дека сите така правеле...Веќе и многу често слушам дека луѓево престануваат соц.мрежи да користат и океј сум со истото ..ќејф ми е кога ќе се видам со другарка и имаме што да си раскажеме ..патувања ..случувања ..кога знаеш и си видел се дружбата ти е ради реда празен муабет ..тоа е мој став и мој избор и не мора никој да се согласи со мене ниту да ме поддржи ..си живеам за себе секако :)
     
    На jungle, dummy и Cvetce_ им се допаѓа ова.
  11. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.267
    Допаѓања:
    5.526
    Искрено, мене ми е жива глупост и претерување тоа. И ние исто како вас направивме, го дознавме полот преку пренатален тест и си продолживме со животот без припаѓање во несвест дека е машко/женско :D.
     
    На Anastasia579, 1209, dummy и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    4.321
    Пол:
    Женски
    Јас да имам второ дете би направила некое интимно откривање со маж ми и ќерка ми. Нешто како мече плаво или розево во кутивче. И тоа е тоа. Многу сакав така да направам и со првото ама ризична бременост триста чуда..
    Јас исто така сметам дека е новотарија малце кај нас, знам дека уште од претходно прават американците, ама кај нас сега е ептен популарно.
    Според мене тоа е претерано, не би правела така, ама ете некој навистина ужива во тоа..
    На крај на денот, женско или машко не е битно само да е живо и здраво детенце :l:
     
    На Anastasia579, Надеж♥️, dummy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.097
    Допаѓања:
    1.722
    Пол:
    Женски
    Па да, тоа ми беше поентата дека не е битен полот само да е живо и здраво па според тоа зошто толкави гозби, журки, фешти за откривање на пол не ми е јасно и тоа уште во ризичен период 4ти, 5ти месец кога не се ни до пола со бременоста…
     
    На naturally, Peperutce6 и dummy им се допаѓа ова.
  14. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.554
    Допаѓања:
    18.233
    Пол:
    Женски
    Мене ми е океј, секој нека си прави како му е убаво на душата, тоа е нешто убаво, позитивно, носи радост, нема нешто поубаво од тоа да се сподели радоста со најсаканите, најблиските, на крајот за тоа живееме, да имаме убави спомени и да се присетуваме на среќни моменти.
    Јас лично не сум правела, исто преку преднатален го откривме полот, од таа причина што сите тие настани се исполнети со многу емоции што остануваат во срцето на една жена, мајка, засекогаш.
     
    На EnaEnA30 и Yowannty им се допаѓа ова.
  15. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.350
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Женски
    И мене ми е безвезе посебна прослава за полот на бебето и особено ми нема поента кога родителите веќе го знаат полот (правеле пренатален и ги виделе резултатите) а после на слики и видеа на инстаграм глумат лудило дека дознаваат пол. Според тоа што сум гледала целата таа прослава најчесто ја прават за социјалните мрежи не за себе. За себе ако е, сосема доволно е нешто ситно да се одбележи во домашна атмосфера.
     
    На naturally, Simon4e0507 и arwen93 им се допаѓа ова.
  16. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    6.328
    Пол:
    Женски
    Мене брат ми ме премоли да ни направи он да му го препратам мејлот со резултати он да го отвори прв :D мн се радуваше што ќе стане вујко, премногу. Ама дека првата бременост ми заврши во 5ти месец не дозволив иако он ми викаше баш ради тоа, да прославиме дека ова ќе биде нов живот. Ама со маж ми рековме не. Кога го дознавме полот јас се утепав од плачење цел ден, бидејќи очекував да е машко како првото бебе ама резултатот викаше девојче. Во мојата глава си мислев дека нема да ми се врати истото бебе кое го изгубив иако толку мн го чекав … ова од болка. Но, како прогресираше бременоста сфаќав дека универзумот знае најдобро и мислам дека ќерка ми е испратена баш со причина да ме направи најдобра мајка на свет :l: Иначе цел живот посакував ќерка пред да се омажам :rofl: и еве сега си ја имам, другарка за цел живот :inlove: и јас здравје ако решиме да имаме второ со ќерка ми ќе си направиме некоја домашна забава нејзе да ја израдуваме секако
     
    На Anastasia579, Kjara2025, Carolin. и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    1.490
    Пол:
    Женски
    Јас сакав да имам во кругот на семејството ама кај мене докторот се истрча и во 3 месец без да прашам ни кажаа и ни ги смени плановите. За во кафани како за мекици и јас сум против ама во круг на семејство зошто да не
     
  18. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.097
    Допаѓања:
    1.722
    Пол:
    Женски
    Леле како така? Зарем не ве праша дали сакате да го дознаете полот туку одма на прва рече машко/женско? Или се обрати со тој/таа?

    Инаку и јас сум за дома во кругот на семејството поготово ако веќе има братче или сестриче па му/ѝ е интересно што ќе добие а онака со прослави, јадење, пиење ми е да ми простите присеравање.
     
  19. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Дојдов само да кажам дека сум на раб да скренам.Не можам веќе со неспиењево навечер.Знам дека сака близина и сака во раце,чим го земам заспива но не можам да додржам будна ни ја ни мм.Одлучив по сите мои напори дека останува да пробам да научи да заспива сам наместо со нишкање.Не можам да го оставам да плаче ,психички не можам да го издржам тоа па ќе пробам само со тапкање без да го држам во раце.Дали ќе даде некаков резултат не знам но не се издржува веќе ова.Секоја недела мислам дека само бетер станува и се порано се буди за во раце.Господ напомош ви давам апдејт како ќе биде.

    Околу гендер ревеал мене лично ми е ту мач прослави но сметам дека секој заслужува да го направи тоа што го прави среќен па не осудувам зошто не знам што се поминала таа фамилија.Јас дознав од меил преку пренатален тест.Не очекував дента дека ќе пристигне и не бевме дома кога го добив меилот.Само прочитав дека се е ок и дека е машко.Мм седеше спроти мене но не му кажав сакав дома.Одвај издржав по пат да не кажам а пред нас се погодија цело време сини коли ,ја се смеев он валјда се чудеше дали сум забегана.Кога дојдовме дома му кажав.Очекувавме и двајцата девојче па не ми веруваше кога му кажав мислеше дека го лажам.

    За 1 месец мојот дечко ќе прави една година.Имам толку многу измешани емоции ,за неговиот роденден почнав да се спремам уште од летото а еве го доаѓа неговиот месец.Он порасна но и јас.
     
    На Anastasia579, Трагедијаупмм, Joanna28 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.315
    Допаѓања:
    40.563
    Пол:
    Женски
    Јас шампањ пукав кога излегоа розеви балони само да кажам :D
    На моите другарки им беше мерак зашо знаеја дека препукав за женско.
    Докторот на мајка ми и кажа, мајка ми на другарките а јас и маж дома анализиравме куриња на ехо слики како изгледаат :rofl:
     
    На Lostinparadise, DELFINA81, Carolin. и 7 други им се допаѓа ова.