Форумџика на годината

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.172
    Допаѓања:
    39.197
    Пол:
    Женски
    Јас шампањ пукав кога излегоа розеви балони само да кажам :D
    На моите другарки им беше мерак зашо знаеја дека препукав за женско.
    Докторот на мајка ми и кажа, мајка ми на другарките а јас и маж дома анализиравме куриња на ехо слики како изгледаат :rofl:
     
    На Lostinparadise, DELFINA81, Carolin. и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.336
    Пол:
    Женски
    На прв скрининг бев кај Димчев. Не ни очекував толку рано да се види пол. Додека прегледуваше ссмо рече аа еве уште едно куре. :rofl:Мм јајце ќе снесеше, желба голема имаше за машко
     
    На Carolin., Joanna28, Peperutce6 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Женски
    Јас имав испринтано бодиња со "Ќерка на мама" и "Син на тато" за да направам сликичка за нашите - знам дека кажувањата се обично обратно, ама мм сакаше син, јас ќерка и затоа :D, сега е пресреќен што има ќерка, цело време ми го спомнува тоа :inlove:

    Успеавме да дознаеме дури на вториот скрининг во 20 недела. Докторката го заврши скринингот без да каже ништо, а пустата се измачи да ја прегледа зошто само се вртеше госпоѓата, па мм ја враќаше мислам дека сакаше да го плесне една :rofl:
     
    На Baby warrior и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  4. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Поздрав мами :hai: Да дадам апдејт за тие што ме читавте дека бебе почна да одбива да цица... епа изгледа нашата доенечка приказна заврши, за жал. Еве 1 месец не цица, 5-6 пати ако цицаше. Јас уште не можам т.е. не сакам да се помирам и да си го ставам во глава тоа, упорно го нудам, за на крај да завршиме со плачки. Сама на себе си водам инает, не знам што сакам да си 'докажам'... :headbang: Додуша, на почеток само што ќе го ставев во хоризонтална позиција почнуваше да вреска и да плаче, сега е посмирен, лижнува еднаш, два пати, или ќе си се потпре на цице и ме гледа. Ама ако пробам да му подметнам во уста, за 5-10 секунди заплакува. Пред 2 дена се бањавме заедно - ова беше последниот совет што го добив, кога веќе ништо друго не функционираше. Се туширам, полнам када, па маж ми носи бебе, за кожа на кожа контакт. Наводно тоа можело да направи 'ресет'. Многу трпеливо, многу смирено му понудив. И почна да цица, мислам тие 2-3 минути не дишев од што не сакав со некој звук или движење да го 'скршам' моментот. Мала победа беше, се израдував, ама кратко траеше. Отпосле обидите беа пак по старо...
    Во меѓувреме пумпам, дур можам. Ќе видиме до кај ќе тераме...

    А, и ме изнервира свеки - го зеде шишето со млеко и му вика на бебе: ела баба да те НАЦИЦА. За мене цицање е од цице, не од шише. Може дека ова со (не)цицањево ми е болка на срце, ова кога го слушнав се напнав :emo: Додуша и онака имам негативни емоции насобрани кон свеки, може и тоа допринесува, не знам. Ама сама ми ја носи таа енергија, чесен збор :D друг пат некогаш ќе раскажувам за тоа. Среќа не живееме заедно... :whew:

    Да одам да јадам дур не станал бебуш од дремка... Убав ден :sun:
     
    На MeowMeow, Трагедијаупмм, Kjara2025 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.011
    Допаѓања:
    5.732
    Пол:
    Женски
    Од шишенце прифаќа нели? Колку месњци направивте? Мојата вака штрајлуваше повремено до 5ти месец после како ништо да не било си продолжи секој подој нормално еве ја 7ипол месеци
     
    На Cvetce_ и Eho им се допаѓа ова.
  6. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Да, од шише си пие од моето млеко. Скоро 3 месеци е.
    Мислам и дека почнува да вади запчиња, бели точки се појавија на долната вилица, си викам и тоа да не му влијае. А од друга страна си викам рано е за заби, да не не е тоа :?:
    И јас уште имам надеж дека може еден ден ќе фати успешно, ради тоа и упорно му нудам. И после секое одбивање пак тешко ми паѓа...
     
    На Peperutce6 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.725
    Допаѓања:
    14.798
    Пол:
    Женски
    Си пробала со силиконски?
     
  8. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.011
    Допаѓања:
    5.732
    Пол:
    Женски
    Знам премногу емотивно го доживував секое одбивање и јас, плачев и јас и она, маж ми ја зимаше да се смири ја нишкаше за дефокус а јас измолзував и давав од шишенце мн пати ни правеше вака. Мене ми успеваше да ја дојам веднаш по дремка кога ќе отвори очиња ја зимав и ја ставав на града уште нерасонета
     
    На Eho му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.131
    Допаѓања:
    1.782
    Пол:
    Женски
    Мојот кога се бунеше на цице после прошетка кога ќе се вратевме онака полузаспан тргаше дури и истекуваше од страните млеко, пробај така.
    Денски не цицаме мн сега сма навечер од цицка не се трга.
    Ама јас сум убедена дека немам доволно оти синоќа исто се разбуди со плач, и на секој 15 мин се будеше, му дадов шише го истрга ќе се удавеше дури, и си заспа 3 часа.
    Нудам цицка насекое јас ама не се потресувам толку сега, подобро најадено бебе отколку нервозни и двата.
    Три пати денот пие по 120 мл адаптирано, значи и од цице трга нешто ама не доволно
     
    На Aschenputtel и Eho им се допаѓа ова.
  10. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.424
    Допаѓања:
    18.071
    Пол:
    Женски
    Те мислев што направивте. Јас сум во истата ситуација, почна да штрајкува од 3ти месец, како влеговме во 5ти скоро да ич не цица, цицаше само навечер, сега и навечер не сака. Сеуште ја нудам, додека има млеко ќе ја нудам, еве денеска цицаше малку, дека ќе се врати само на доење повторно не верувам, веќе е поголема, се научи на шише и го бара.
     
    На Eho и Baby warrior им се допаѓа ова.
  11. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.703
    Допаѓања:
    5.640
    Пол:
    Женски
    Ехо, јас да ти кажам да си опуштиш душата, па како биде биде. Може е период, ако издржиш да имаш млеко ок, ако не да си здрава и жива, супер си дала и до сега. Јас изгубив млеко со целиот процес што ми се деси ама детето секако се поврзува со мајката и со шише. Да, не е исто како на града ама исто сум ја хранела свртена накај мене ми лежела на гради и шишето на мене лежело и пиела. Значи сега имаме нова поза поголема е, на подлога и седнува меѓу нозе како фотелја сум и се потпира на мене и пие млекце преку ден, навечер во кревет. Ех доаѓа еден момент сака сама да седи не до тебе и да го држи шишето. Сестрами вика ух се осетив чудно прв пат кога се тргна од мене и сама да седела да пие. Секако човек се поврзува. Ама не си создавај нервози ти ете правиш све што можеш.
     
    На Aschenputtel и Eho им се допаѓа ова.
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.165
    Допаѓања:
    78.233
    Пол:
    Женски
    Морам некаде, па еве тука со солзи во очите да си се искажам... Направив мастит пред неколку денови и решив веќе бебче мое (не е бебче, тодлерче), да ја одбијам. Од саботата сабајле, нема цицано... бара чат-пат без да ме влече или да крева блуза, ама ќе ја потсетам дека мама ја боли (намачкав сенф саботата и се згрози животот, плус црвено моливче на ареола)... па ќе заборави како и речам дека ме боли и вика аууу. Неа луѓе мислам многу полесно и е, мене толку ми е тешко, толку ми е жал... Ама немаше никогаш да е полесно нели? 18м е. Многу се посветив на нашава доеничка приказна, зошто со второто поради Х причини не ни беше успешна и цицаше до 5м. Толку многу, што вредеа и сите непреспиени ноќи... Многу повеќе ме гушка овие денови, заспива со читање приказни и после пееме песнички гушнати во темница. Вчера ме бацуваше по цело лице (што не се случило), дека се на цице ми беше закачена и евентуално со раче ме чепкаше на лицето тогаш... Кој ме читал, знае дека страшна мака имавме со неспиење.. две ноќи се само, ама одма имаме подобрување во спиењето. Па тука си го вртам паметот си викам ајде види колку убаво спие сега, немој да си жалиш ;( Ама трето ми е, во план немам уште да раѓам.. и дали ради тоа волку тешко ми паѓа. Леле мислам вака не ми било со другите 2 (facepalm) Има ли некој вака што жалел како мене и како и кога ви помина? :l:
    Морав тука да ви пишам, зошто на сите блиски вака како се пожалам ми викаат: Ајдеееее бе, види ја колкава е, доста и беше. Дури и пред да ја одбијам (кога не планирав), ме критикуваа зошто уште цицала и беа запрепастени дека уште цица. Не мислев вечно да цица секако. Макс до 2г...

    Да ве поздравам сите:l:, се извинувам и што ме нема. Ама страшно напорни месеци имав, со проблеми некои.. со 2,3ч сон. Се повлеков од телефонот, да си се посветам на мене и децава.. за да не забегам со паметот...
     
    Последна измена: 2 февруари 2026 во 15:58
    На MeowMeow, kozuf, Dodo1 и 22 други им се допаѓа ова.
  13. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.011
    Допаѓања:
    5.732
    Пол:
    Женски
    Мн ми е тажно кога читам за крај на доењето и јас знам дека ќе си плачам и ќе бидам претажна. 7ипол месеци дојам и мн ми е емотивна таа тема. За спомен направи си накит од млекото јас имам во план месецов да нарачам за да ми остане засекогаш. Те гушкам силно, сега твоето девојче е големо и спремно за нови победи :l:
     
    На kozuf, КаринаТ, DELFINA81 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    1.637
    Пол:
    Женски
    Ќе може да споделиш од каде ќе правиш? Јас прашав 2 страни на инста, 6000ден ми побараа..некако многу ми е.
     
  15. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.011
    Допаѓања:
    5.732
    Пол:
    Женски
    Јас зборував со coral jewelery - 3000ден се ланченца и 3000ден се прстени јас планирав така како сет да го направам и да си го носам па еден ден ќе и остане и на ќерка ми во спомен можда ќе сака да ги носи
     
    На kozuf, angel4444, jungle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.165
    Допаѓања:
    78.233
    Пол:
    Женски
    И би напраила, а и не... Мислам уште потешко ќе ми биде така :D Многу сум емотивна за вакви работи... Плачам на слики, спомени, на мали алишта, на некое играче старо од децава (facepalm) Ланче да имам, да го гледам... има на секое емотивна да сум.. До душа сега и градиве што ги гледам, сум емотивна(facepalm) Уште пуно млеко има... молзам по малку со рака (така ми кажаа), пијам чај од Жалфија. Прееска падна се чукна и плачеше, па тука автоматски и доаѓа утехата Цице, па пак ми побара и она несвесно од навика... ;( Ајде плачи и јас со неа. Свекрва ми кога ме виде збумбарена од плачење, ми вика будалче сум била. Незнам може и од хормони е, ќе се смирам... Ама сега сум крш, само ми се плаче...
    Инаку имам некое чудно чувство дека ме игнорира (иако навечер се пика два дена како не цица, ме гушка и бацува). Ама преку ден, мртва озбилна е, се трга од мене.. не ми зборува како што ми зборуваше (дека дрнда многу). Не ми одговара на прашања.. Ваљда и ова е нормална реакција...?

    Фала :hug::l:
     
    На DELFINA81, merriel0, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Да, на почеток така почнавме со цицањето (инаку не фаќаше). Ама сега не сака ни со силиконска, исто реагира, исти фацки прави како и на града. А мислев ќе сака дека слично доаѓа со шишето, пробував и финта да му направам, ја ставав и силиконската над шишето, демек да навикни на силиконската, па после само место шише, да пикнам града во силиконската... левел: очај (facepalm) :D Ама ништо.

    Исто правеше и кај тебе, почна да плаче кога ја ставаше на града да цица? Мене ми е ептен чудно како се деси кај нас. Значи една поручек цицаше најнормално, по 2 часа кога почна да покажува знаци дека е гладен, кога му понудив да цица - почна да вреска без притоа воопшто да почне да 'трга' :( Ноќта цицаше, следниот ден ич, и следната ноќ еднаш одби. Понаредната ноќ 2 пати одби. И по некој ден ни дење, ни ноќе...
    Сега сите ме отекоа со тоа полесно му е со шише, затоа така ти направи. Не велам дека не му е полесно шишето, ама работата е што тој си цицаше и наеднаш без да проба да цица почна да плаче. Ко да има уште нешто осеќам, не дека шишето го направило проблемот. Не знам стварно... Мислам и баш ме нервира ова што не знам што се деси, само нагодувам зошто, како 8-|

    Фала ти :l: Те разбирам и се сложувам, и сама сум свесна само ете дел од мене уште се инаети. Не знам ни сама зошто толку се запнувам, ко да ме болат коментарите дека јас ова сум направила, јас она сум направила па затоа се десило. Полесно ми било, што знам што... и сега муабетов испаѓа, ко да за инает ќе се мачам да ви докажам дека не сум го избрала јас ова :emo: Отпрво бев преразочарана од тоа дека немам доволно млеко, сега сум малце поокеј, засега молзам редовно, давам тоа. По потреба тек тук формула. Ама кога ќе стане физички премногу оптеретувачко, ќе намалувам. Побитно е психички и физички да не се самоуништам.

    И една исповед. Некогаш си мислам дека сум немала 'ѕвезда' да дојам... Од сам почеток се мачев. Недоволно млеко, овес ми стана и доручек и ужинка и предвечера и десерт - благи со овес... Соино млеко, соини трошки, моцарела, грчки јогурт за протеини, многу течности, чај за доилки, што сè не. Таман фативме ред со цицање, се деси штрајков. При молзење од ден на ден ми се намалуваше количината. Па сега ноќе кога станува тој да јаде, трчам и јас да јадам, за да не намали млекото. Ко цело време да правев(м) нешто погрешно, нешто недоволно. Не замислував, а и не верувам дека доењето треба да е олку замарање. Мајка ми ми вика јади нормално, тоа што експериментираш зар толку прави разлика, јади тоа што ти се јаде, јас не сум гледала воопшто што јадам. Тажното е што ако прескокнам нешто, значи стварно одма се чувствува разлика... :doh: Ќе видиме до кога ќе имам енергија...
     
    Последна измена: 2 февруари 2026 во 20:01
    На dummy и Ladyme им се допаѓа ова.
  18. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.736
    Допаѓања:
    3.790
    Пол:
    Женски
    @Eho Доенечка криза, скоро сите ја минеме. Пробај десна-лева, десна-лева, да го збуниш бебле малку. Нас ова не ,,спаси"

    @mariz :l:
     
    На Joanna28, mariz и Eho им се допаѓа ова.
  19. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    6.726
    Те разбирам многу добро, јас дента кога решив дека ќе го одбивам синко толку стресно го доживеав тој момент што до вечерта се исфрлив целата со ситни црвени точки низ цело тело, васкулит ли беше што ли беше врска немам. Планирав, и знаев дека ќе се одбиваме периодот, ама тоа сабајле кога станав врска немав дека тоа ќе се деси баш тој ден. Ни слика од последниот подој не направив ;(.

    Бидејќи денот кога се роди синко, се родив и јас ко мајка, се роди и таа најпрекрасна врска меѓу нас, што јас две години и некој месец не знаев за поинаку. Ми се чини за второво нема да сум толку емотивна од таа причина што во меѓувреме искусив многу повеќе од мајчинството, но тогаш толку знаев.

    Повеќе јас не без спремна него ли тој. Памтам влегов во купатило да се бањам и липав, потеков од плачење што викаш. Тој па, душа, тажен беше зошто мене ме болело (така му реков), а не за цицето, емотивец мајкин :l:. За два дена беше ко никад да не цицал, а цицољубец невиден, на две години цицаше ко новороденче по цел ден.

    Кај мене се погоди после неколку дена да заминам на конгрес и добро ми дојде таа промена за прв пат после толку време да можам да излезам од дома и да не бидам врзана, бидејќи не заспиваше никако поинаку. It was good to be me again, колку толку :D.

    А синче цела наредна година заспиваше легнат на цицето (неговото, бидејќи од една цицаше), така да скоро па исто заспиваше :D.
    Само што веќе можеше навечер и со татко му да се успие.

    Праќам гушки големи :l:, да, никогаш немаше да дојде ден кога ќе речеше сега е лесно, посебна врска е тоа.
    Радувај се за сите проспиени ноќи кои ти следат, наспи се и одмори се ко човек, истерај некоја кафана, а нејзе гледај ја како се претвора во едно големо мало човече :sun:.
     
    На dummy, Liza38, mariz и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.725
    Допаѓања:
    14.798
    Пол:
    Женски
    Само јас сум преспремна и одвај чекам да ја одбијам, последни денови пред одбивање сме и мислам дека траат цела вечност. Ќе славам со трубачи кога ќе ја одбијам и ако некогаш се решам за второ а тешко тоа, дефинитивно нема да дојам. Воопшто не го осеќам како посебна врска, само како најтешкото нешто што ми се дешава од кога се породив.
    @mariz мило ми е што конечно ќе се наспиете.:l:
     
    На Cvetce_, naturally, Stone и 7 други им се допаѓа ова.