Мајка јас уште ги дојам моите близнаци 20 месеци се, не знам како да ги одбијам,плачат како луди ако не добијат цице. Дај некој совет? Викаш сенф ти помогна? Големи се веќе знам, ама и мене некако ми е многу емотивно тоа доењето и стварно немам памет како да ги одбијам Ме нема многу по форумот знам. Немам мн.време од обврски низ дома и со 3 те дечиња...бубањот врте не престанува.. Ве читам,,удрам некој лајк и то... Поздрав до @LiquidLuna Како сексот сестре? Работе ли се на случајот?
Еве што сум пишувала, од ноември се мачиме Да наеднаш почна да плаче, претходно си цицаше нормално, на почеток мислев дека нешто ја боли, да не има испаднато нешто во устата, грло, прво ја одбиваше едната града, а од другата цицаше, па смени и бидејќи не цицаше како што треба ми се намали млекото, па се измолзував, секако пробав. Ова се случи точно во 3ти скок кога беше.
Леле алал да ти е што ги доиш 20 месеци. Јас моите едвај 2месеци и тоа бевме со плус ад. Сега сме само на ад. Многу ми е криво што не успеав повеќе да ги дојам, а многу сакав.
Да - третиот скок е познат по доенечкиот штрајк, тогаш околу 12та недела се веќе во најголемиот пик на будност дотогаш и ги интересираат веќе мн ствсри од околината. Мн читав околу ова најголемиот број на доилки се откажуваат токму по 12та недела, тука има и кризен период за млекото плус бебето не соработува и тоа е совршен микс за да прекине доенечката приказна. Мн се надевам дека ќе успеете и понатаму, ако не да сте живи и здрави… ова вестиве за аптамил кога ги читав деновиве морници ме лазеа ама што е тука е - важно од мене совет откажување од прва не, ние треба да ги научиме на сите скилс во животот како мајки, меѓу кои и цицањето,јадењето,одењето итн. Кога се случуваше ова кај мене мајка ми неколку пати беше до мене и ми викаше ти не си нормална, па детето нејке да цица, одбиено е, ќе му дадеш ад. Ама јас сум инат светски и колку ми беше тешко толку поупорна бев. На денот на пороѓалжј Шуплиновска ми викаше џабе трпиш болки царски ќе биде на крај тесна карлица имаш и бебето не е спуштено, ама за 9 саати од пукање водењак сум породена спонтано зошто верував дека можам и не прифаќав од прва без да се помачам веднаш да ме носат на царски. Ве гушкам мајки и ве охрабрувам ако се осеќате дека не бива тоа е тоа ама за упорноста мора да биде силно вклучен и партнерот иначе не бива
Фала ти многу, ми значи многу вака споделено искуство, особено што е успешна приказната Ќе пишам што ќе испадне кај мене.
Мила и јас сеуште ја дојам малата, големото го одбив на 21 месеци едвај со сенф ама со малата ќе биде многу тешко знам... плаче ептен ако не добие цице... 19 и пол месеци е , ќе пробам еден ден со сенф па ќе видам дали ќе успее..
Апдејт од прва вечер учење на самостојно заспивање:Завршивме на спална сите тројца да спиеме.Jokes on me.Се слушаме утре
Она беше опседната со цице навечер, стануваше преку 10 пати од кои 3,4,5 ќе беа со вриштење по 15мин за да добие цице. А што не пробавме, да ја зима маж ми со него, кај свекрва ми доле ја пратив неколку пати.. душа и нив им вадеше. Цице во главата имаше за да се теши по цела ноќ како и почнаа забите, па и стана навика... Веќе 1,2 месеци сама си креваше блуза, се пикаше си цицаше Инаку на ареоли изнамачкав црвено моливче за уста (апла ко крв личеше ), па кога дојде време за спиење ми бараше цице и отиде во спална, а јас претрчав во вц и шлапнав на пупки сенф, па во комбинација со црвеното моливче, тоа не знаеш на што личеше. Се вратив со нежно блузата пуштена над гради. И седнав на спална и автоматски сама дојде дигна блуза... кога ги виде, кога се намршти Аууууу болеееее рече... Дааа боли мама, какано. Еве викам на пробај и и се доближив, како допре со јазиче, кога фати нагони да има.. едвај се созема. Зема сама ми ја спушти блузата и избега во дневна. Отидов натака и и викам, ајде да нанаме...? Она пак во блуза ме гледаше и рече: ауууу боли Ми побара цице од саботата само УСНО едно 4,5 пати, ама на резерва као: цице? Нема викам, боли. И толку се откажува одма. Ноќеска спиеше цела ноќ, а еднаш пропадна во она мрежата и заплака заглавена.. ја дигнав, легна до мене и полубудна ми рече: цице цице?? Нема викам мама, какано боли. Имам одма спремно шише водичка, па и го понудив тоа.. се напи, се сврти и продужи да спие. Инаку кога цицаше, вака да и понудев шишето, од глава ми го трескаше и ќе вриштеше за цице додека не и дадев. За тоа каква беше, прелесно поминува. Прва ноќ без цице спиеше без станување, втора ноќ стана 2 пати (но пак брзо заспа), третава еве со едно станување дека падна накај мрежата Јас потешко поминувам од неа...
Ве читав вчера за доењето и иаоко сум жива ненаспана навечер, така си го гушнав синко и му велам, цицај ми мајче, цела ноќ ако треба нема да спијам вечер, така убаво ми дојде кога ми се залепи на цице, не можам да опишам, и погодете шо, магија се деси, прв пат се наспавме можи 5 сати непрекинато Од сега секоја вечер ќе му велам да цица цела ноќ, контраш малиот
Еве сум, читам цело време ама не пишувам . Многу рано сте ја свртеле на секс, вторник е . Не знам зашто ама и со големата вака, го баталив форумов како потпорасна. Некако не се пронаоѓам веќе во муабетиве во мајчински, се со помали бебиња. Се мислам во 40ка да почнам да пишувам...има некоја од вас таму, да се дружиме?! Далеку сум од 40 ама како повеќе да се пронаоѓам таму моментално. Од новини, завршено зимовање, уплатено летување, мали уште не збори, големата, паметница на мама најголема е, не дека е моја ама многу ми е паметно девојчето. На 4 години сите задачи од градинка сериозно ги сфаќа и затоа недела дена ја вежба Везилка од Блаже Коневски да ја рецитира, качена на сред дневна на стол. На мали му мавнаме прво шишање, како да ми порасна детево за 1 година после шишањето. Нема локни веќе, жуто мало маже е. Јас денес завршувам физикална за кичмата и следно ми почнува Академијата на која се запишав и многу се радувам. 3 месеци ќе се дружат децава повеќе со тато. Да не подречам ама се осеќам како да е полесно веќе, две деца година ипол и 4 ипол, има и за нас живот веќе. Се заигруваат, ние одмараме. Се кажав, за секс не спомнав....последниот неуспешно/успешен со две трчања до спална за подавање вода на мали....и така...
Позрело личам според пишувањата, а понезрело според изгледот. Фала генетико, Софија глеј шо наследуваш и фала да ми кажеш
Добро утро мајки. Одамна немам шкртнато овде, да ве поздравам, жива сум преткам. Турбулентен период, градинка, болести, 4ки вади На работа турбо, дома уште повеќе, ама некако многу убаво се осеќам, некој мир внатрешен си имам Денес работам од дома, маж ми е втора смена. Сабајле станаа со малава, ја спреми ја однесе во градинка јас комаа Е кога се врати си добив едно мерачко будење за да почне денов со убаво Убав ден