Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.389
    Допаѓања:
    47.593
    Пол:
    Женски
    За жал не може никој да ти гарантира до кога ќе заспива во раце.
    Некои деца се поосетливи и им треба блискост за да заспијат и останат да спијат.
    Пак ќе кажам моето е скоро 3, последните денови е некоја криза и сака само во раце да заспива.
    До голем спиеше само така сите дремки врз мене.
    Мене голема работа ми вршеше кенгурот, учи го така, зошто спиеше во него, а јас успевав да фатам нешто, исто и количка обавезно една дремка имаше надвор во количка.
    Не е лесно ама ќе помине, кога, веројатно никој нема да знае да ти каже.
     
    На angelce23, Autumn Love, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    415
    Пол:
    Женски
    Ќе се уфрлам во муабетов, сакам да прашам нешто. :)
    И моево бебе си бара близина и многу ќе ми е од полза ако е во кенгур, наместо во раце. Ама не сака, штом го ставиме плаче. Може е и уште мал, 3 месеци... од кога почнавте вие со кенгурот, кога почна да го 'прифаќа'?
     
  3. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.916
    Допаѓања:
    26.931
    Пол:
    Женски
    Од мене совет , не е утеха, уживај во моментиве.
    Да ми е паметов тогаш, само ќе седев со неа. А јас како робот низ куќа.
    Со второ има да го уживам и дишам секој момент.
    Пребрзо растат.
    И не е вечно. Периоди се.
     
    На Amelia., angelce23, Anaroz1 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.389
    Допаѓања:
    47.593
    Пол:
    Женски
    Моето беше од 1м во кенгур, плачеше неколку пати по малце ама се навикна, немав избор мораше да свикне ние бевме сами во странство.
    Ќе се навикне може уште е мало, пробувај почесто.
     
    На Eho и merriel0 им се допаѓа ова.
  5. Kjara2025

    Kjara2025 Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2025
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    @angelce23 Истиот совет ќе го дадам и јас. Ќе помине време, ќе ти фалат тие моменти. Не биди роб на домашните обврски, стави слушалки и слушај некој подкаст или книга. Ќе ти недостасуваат деновите кога ти спиела само во раце.
    Да се врати времето многу работи би променила, криво ми е што не уживав, се беше со нервози и исчекување да помине. Скоро сите мајки поминуваме низ истото. Гушки :l:
     
    На angelce23, 1209, Anaroz1 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.809
    Допаѓања:
    4.028
    Пол:
    Женски
    Пробај слинг марама :inlove:
     
    На kozuf и Autumn Love им се допаѓа ова.
  7. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.781
    Допаѓања:
    6.837
    Нема да те утешам на начин кој што бараш, само ќе ти споделам искуство. Големиот дури спиеше денски (до две и нешто години), спиеше само ако сум до него, без исклучок. Еве ја и малава сега иста е, лежам до нејзе, ја гушкам дури нана :inlove: и ве читам.
    За првото се нервирав на почеток зш не можев ништо да средам, после си легнав на брашното :D.
    Со второво уживам од старт ко што рече Биби.
     
    На 1209, Guns N` Roses и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  8. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    626
    Да се надоврзам, истиот период имавме прилично долг доенечки штрајк, го заспивав во раце со цуцла и кога веќе беше задреман му ја заменував и цицаше само така. Јас па не дадов АД/молзено воопшто, се водев по тоа дека гладно бебе не спие и вака теравме тој период.
    После мака измачив да го одбијам, ни сенф, ни црвен кармин помогна, си се измачка до уши и си се нацица. Конечно го одбив на 17 месеци со ханзапласт залепен и 3 дена вриштење. Тогаш и конечно ми фати шише и сега е на формула.

    Back to report дека без разлика цицање/не цицање мене ми се падна неверојатно clingy дете што ете и на 20 месеци уште станува асално неколку пати ноќе и џабе што не цица, се врти ко ражнич и цело време се пика во мене, легнува врз мене, постојано ме чепка и не спие мирно. Престимулирана е многу мал збор за тоа што толку сум burned out што не знам како терам веќе. Едноставно немам избор, што ми рече една пријателка, со здравје да си го носиш. It is what it is.

    Се осеќам дека само негатива ширам кога ќе се јавам на форумот :D

    Настрана од спиењето, толку многу ме воодушевува секој ден, срцето ми е преполно. Многу зборува последниот месец, се' што ќе слушне го повторува и веќе знае да врзува по два-три зборови. И секоја вечер кога си мислам дека не можам веќе ќе ми рече "Та кафа" :D што му значи те сакам и ќе се пикне во мене, дишам и мислам - it's all worth it.

    Ми се јавува желба за второ, fucking biology, а мислам дека ќе се претворам во прашина зошто и психички и физички се распаѓам, па така упорно пробувам да ги тргнам тие налудничави мисли :D
     
    На Carolin., merriel0, Joanna28 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.554
    Допаѓања:
    18.233
    Пол:
    Женски
    Дојдов само да се пожалам. Од дома не сме испаднати со бебе, втор пат некој асимптоматски и пренесува. Овие два дена свекрва се качува демек да ја види, иначе никаде ја нема(ама кога и е досадно, да си направи муабет се качува), а не кажува дека малото што го чува од другиот син е болно. Денеска се качува и вика и ??? е болен, а знае и имам кажано сто пати дека несакам да ми идат кога се болни. Еднаш ми се качува со маска, ја болело грлото да ја причувала и реков не, не треба.
    Од ноќеска бебка целата се затна наеднаш, крчи носето и цела вечер се вртеше, стануваше, утрово меревме температура 37,8, се движи од 37-38 засега, весела е, јадеше каша, си пие млеко, сега спие, комирана е. Не дава носето да го чистиме, одма плаче, ама мора, многу крчи. Јас сум преуморна, само да и мине со лесно.
     
    На Carolin. и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  10. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    14.676
    Пол:
    Женски
    Луѓенца бебе ми порасна. За нецел месец роденден. Големата веднаш после тоа 7 години полни. А јас вчера на фризер бев запрепастена од белите влакна што паѓаа кога фризерот ме поминуваше со машинка.
    Последнава година ми е година на носталгии, чудни чувства, на почеток бес, немоќ, а сега постојаното прашање каде ми летна времето?
    Се си мислам до скоро беше кога пиевме шотови без престан во диско, а вчера се фативме со маж како во сплана после дремка на малово играме на low од Фло рида. Со спуштање до доле, со се. А деца се смеат.
    Кул бевме порано, жими се.
    Барем сексот последниов период е феноменален. Се враќаме на старите ние полека. После малово мислев се изгубивме засекогаш. Разменети допири, украдени бакнежи додека се движиме низ дома. Некогаш заборавам колку ме смирува кога ги слушам неговите отчукувања на срце.
    И така. Многу фино вака сабајле со насмевка до уши пијам кафе на работа после заслужено следОвање синоќа.
     
    На kozuf, Carolin., MeowMeow и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.913
    Допаѓања:
    15.142
    Пол:
    Женски
    Еве една и од мене за сексот.:d::d::d:
    После година и некој месец барем и тоа тргна на добро и кај нас.:emo:
     
    На Carolin., Kjara2025, Joanna28 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.314
    Допаѓања:
    40.555
    Пол:
    Женски
    Леле секс, шо беше тоа :^)
    После спонтаниот К со очи да не видам (facepalm)
    Да земам да се вратам у нормала треба, нема смисла вака 8-|
     
    На Carolin., thinkerbell, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    36.254
    Пол:
    Женски
    Помина една цела година!
    Мојата среќа.
    Моето буцко.
    Моите 2 најубави цртички.
    Мојот живот.
    Денес полни 1 годинка! :party:
    Една година помина откако се трудам да ти бидам најдобрата мајка на свет.
    Една година се будам со најубавата насмевка.
    Една година си ми најубав аларм.
    Среќен роденден душа мајкина, мама и тато те сакаат најмногу на свет ! :l:

    Ајде сите на торта!
    IMG_9123.jpeg
     
    На kozuf, H.VAGA, fragaria и 41 други им се допаѓа ова.
  14. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    6.327
    Пол:
    Женски
    Да е жив и здрав :inlove: да ве радува многу
     
    На QweenSM, Anaroz1 и Eho им се допаѓа ова.
  15. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    4.321
    Пол:
    Женски
    Одамна не сум чкртнала тука, ја успивам бебка па да си пишам..
    Скоро 5 ипол месеци, секој ден се повеќе ја сакам и се повеќе ми е интересна. Си го научи гласот, вика по цел ден. Нозете како лепчиња си ги ручка,ужива на стомаче 80 посто од денот така си седи.
    Како лепенка ми е, јадам со нејзе на подлога уште малце кога ќе почне да ползи ни тоа нема да можам.
    По календар сме во петти скок, не го осеќаме многу освен што малку повеќе се буди навечер. Секако ко вториот што беше страшен ни еден мислам дека нема да биде..

    Ние од сексот не сме се откажале:D:D Два пати во ден обавезно е сега 50-50 е дали ќе биде успешно ако стане бебка :rofl:
    Деновиве и јас со маж ми многу поубаво се осеќам.

    Почнав да вежбам, да видам на вагата како се намалуваат првите килограми.
    Косава паѓа ли паѓа ама се тешам дека после ќе порасне поубава..

    Брз апдејт, постов е хаотичен, сите мисли ги изнапишав набрзинка.
    Да средам нешто додека госпожа спие, зашто кога ќе стане нормално ќе бара да дише во мене
     
    На fragaria, Carolin., MeowMeow и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.003
    Допаѓања:
    3.048
    Пол:
    Женски
    Плус еден ! Дури си викам фала ти Господе се вративме старите ние :d:
     
    На Mumoftwo30 и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  17. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    6.327
    Пол:
    Женски
    Мајка ми денес дојде после работа / работи доста одговорна менаџерска позиција, уште една година до пензија и доаѓа еднаш на две три недели да ја види ќерка ми. Дојде денес и почна да минкажува колку е уморна и викам па зошто дојде, оди дома. Ама не сама си ми рече цел ден со неа и да ја видам - ок викам. Детево на подлога си лази од играчка до играчка си збори нешо по нејзино јас стсвив кафе да пиеме она запна да ја земе во раце ладно било по земја да била (facepalm) мамо како ладно 24с дома низ цел стан - не не на под како ја оставаш така плус да ја види баба. Ок - ајде, ја зема демек ја држи и си седна и ја тера во скут да и седи ама оваа мојава е живец и го фаќа кафето ја тегне за блуза со некои украсни копчиња беше и така не успеа кафето да го испие… после проба да и пее некои песнички и не и беа интересни почна да кенка а за цело ова време јас стојам во кујна / дел од дневната и гледам што се случува. И оддеднаш се врти мајка ми и вика - не бе ова дете ќе си имаш проблем ти лепенка е за тебе ништо друго не ја интересира. Ова ми го има кажано и претходно како е проблем што детево е со мене / а сама сум со неа по цели денови и скроз ме погаѓа кога родена мајка ќе ми каже вака. И викам мамо ама ти си правиш ти што си сакаш, не гледаш дека не и интересно тоа. Мислиш јас нејкам кафе да седнам да пијам и она така мирно да седи во скут - сакам ама живец е си го знам детето па си пијам кафе со нејзе на подлога седната додека и редам коцки а она ми ги руши зошто знам дека тоа и е преинтересно :) епа даде уште на 8месеци ќе прајме нејзе што и е ќеиф 8) леле луѓе притисокот ми го дигна. Поседе 2саати и отиде… родена мајка ми е …. Мн ја сакам ама стварно знае да ме напне за сите пари :headbang:
    И отиде она детево со мене на подлога си седи си играме превесела не закенка ниеден пат |-) си ја успав и сега си лежам и си размислувам зошто вака ми вика… како ќе одела она во градинка вака… како јас ќе сум се вратела на светот и на обврските јас - нема за стално само мајка да бидеш те чека бизнис те чека се што правеше пред да ја имаш неа … ок и тоа си мислам …. Може да ме почека малце повеќе, јас некако осеќам тука ми е местото до ќерка ми сега :|
     
    На kozuf, Frida-, fragaria и 3 други им се допаѓа ова.
  18. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.722
    Пол:
    Женски
    Не си го сфаќај тоа толку при срце и мојата мајка така збори ама мислам дека повеќе зборат колку да кажат нешто да се најдат во муабет а не мислат дека со тоа ќе не навредат. Или можеби исфрустрирана била дека внуката во тој момент ги преферирала играчките а не неа. Јас веќе не можам за такви ситни коментари да се замарам само од едно влезе од друго излезе уште за тоа да кинам живци и ништо нема да остане од мене. :?:
     
    На dummy и Baby warrior им се допаѓа ова.
  19. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.007
    Пол:
    Женски
    Нема стар човек до сега што сум го сретнала, особено бабите и дедовците да не сакаат децата да им седат во скут и да прават они што сакаат. Можеби е затоа што ретко ги гледаат, можеби мислат дека така треба да си „играат“. Еве јас со свекор и свекрва се убедувам дека детево, иако дреме со нив на кревет и си „игра“ не сака тоа и не е интересна така (затоа што после со мм добиваме коментари како они не знаеле дека бебка застанува на маса, како не зборела со нив кога била и сл. а она сите тие работи си ги прави кога си игра самостојно), ама не можеш да се разбереш со нив за тој дел. И од една страна се обидувам да ги разберам и нив дека стварно ретко ги гледаат (иако моиве еднаш неделно ја гледаат ама според нив е ретко) и сакаат да им се во близина, а ние сме во по цели денови со нив и имаме повеќе време ем да бидеме блиски ем да им дадеме слобода, ама од друга страна преку глава ми е од коментарите.

    Ама и за коментарите истото е, не знаат што зборат, само на мубет да се најдат. Додуша, знаат што зборат, ама тоа се некои нивни мислења само, не мора да значи дека мора да ги делиме со нив. Цело време добивам коментари за цицањето, за неодењето во градинка и за што уште не. И веќе се откажав да се објаснувам и решив веќе да не се замарам. Тешко е да ги игнорираш понекогаш, ама со тек на време станува полесно.
     
    На fragaria, dummy и Baby warrior им се допаѓа ова.
  20. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.670
    Допаѓања:
    7.825
    Нити можеш да игнорираш цело време нити си пак цело време да им викаш нешто. Ете бидејќи со малиот лежиже во болница, поголемиот е со мајка ми. Незнам дали не е толку свесна или така и одговара абе цело време од 8 наутро додека да дојде маж ми од работа телевизор му пушта, друго секој ден помес му прави .Дури и слики ми праќа како види како јадеме и башка кога ќе побара јадење таа ќе извади од благо и мисли завршила работа. Ама еве нити имам сила сега да расправам, нити имам избор некој. Си прават како што си сакаат.