Многу добро те разбирам, бидејќи слични коментари добивам од мајка ми. И многу се трудам да ја сфатам зашто многу ја сакам, многу сме блиски и знам дека не и е намерата да ме повреди или навреди, но некогаш многу тешко ми оди. Јас сум преку ден најчесто сама со бебето и е многу приврзано со мене, што е и нормално. Имаше една ситуација, кај нас беа и мајка ми и татко ми и свекор ми и свекрва ми и по некое време бебо почна многу да кенка, го земав во спална, се смири и пак се вративме, но штом дојдовме во дневна се растревожи и го вратив во спална. Штом ја затворив врата од спална одма се расположи, почна да се смее, да гуга...и мајка ми по некоја минута дојде да види дали се е ок. Кога го виде одма почна да збори, леле бабе многу ќе ти е тешко кога ќе тргне мајка ти на работа, како ќе одиш ти во градинка, многу, многу ќе е тешко, само со мајка ти си најрасположен... И многу пати ми го има тоа спомнато тоа, и никогаш не ми паѓа сеедно, поготово што на 8 најкасно на 9 месеци ќе мора да почне во градинка, зашто немам друг избор. Многу ми паѓа тешко кога ќе ми каже многу ќе е мало за во градинка, како јас да не сум свесна за тоа. Јас мислам дека ова време што го имаме со бебињата треба максимално да си го искористиме и да им бидеме најпосветени, и некако нормално и логично е дека ќе бидат приврзани за нас. И свесна сум дека и на двајцата ќе ни биде тешко, ама не ми треба некој постојано да ме потсетува на тоа или да прави да се чувствувам дека правам нешто лошо со тоа што му се посветувам. И кога ќе ми почне некој таков муабет ја имам и директно прашано која и е целта на муабетот, и ми кажува дека не мисли лошо, дека само се грижи како ќе му биде кога нема да може да сме постојано заедно...ама не знам, не ја сфаќам секогаш. Само се трудам да не ги премислувам многу тие коментари и да ги прекратувам таквите муабети.
Хелоу мај фелоу систр, секој пат кога ќе пишеш се препренаоѓам во пишуванката. Каков ханзапласт залепи? мојава одлепува ...
Изгледа само јас маната во умот убаво ми иди кога ќе ми речи мајка ми "леле нема да можиш да мрдниш од ова, залепен ќе е до тебе " ќефој сум ко ќе го слушнам овој муабет, лепенка на мама најубава А не знам оти така ми вели кога синко кај сите оди и се смешка со сите, ваљда мајчински вирус е, мора сите да го повторуваат
Моево торнадо сега дури заспа, и уште се врти те лево те десно. Прееска маже бараше нешто (спие во дневната) и викна, исто и јас за да ме чуе, и бебо кога почна да плаче да урла. Остави и јадење и се. Па ајде дојде маже да го погали, да му каже дека не се караме, па така пак се врати на јадењето. Не го можам со љубовта и галењето, ме топи целосно.
Хахаха кога ќе размислам и јас си се гордеам дека детето си ја сака мајката, ама си размислувам чисто зошто така зборат во негативна смисла. Цела недела веќе вика мама и она е пресееќна кога вика мама и јас ќе ја повторам демек сум ја слушнала па се смешка срамежливо. Прв пат ми рече мама пред една недела и не ми се веруваше па ја терав да минповтори ко улава, пресреќна бев. Маж ми ме гледаше од страна и се смееше дека ја замарам сега секој ден ми вика неколку дена и најубаво на свет ми е
Среќа па до сега не ми искоментирале дека е лепенка за мене. Јас од мало често го оставам на кратко со бабата и дедото на мм дека сме во иста куќа, често го носам и кај моите и кај свекорот и свекрвата. Кога е со нив нема проблем, штом ме види одма почнува да кенка и да пушта рачиња за да го земам и после им се смее на сите. Не е дека не е оставан ама мајка си е мајка. Мајка ми дури со гордост кога ќе влезам вика аа еве ја мама и се смее кога ќе побара он кај мене. Исто и мм кога ќе го види и кај мене да е почнува да кенка и да му пружа раце за он да го земе дека по цел ден е на работа и му се радува кога ќе го види. Галениче е на мама и тато, родители сме нормално е децата да сакаат да се со нас и кога ќе не видат и ги земеме да се смират. Ние сме им сигурност и безбедност. Нека не ве допираат такви коментари оти вие сте цел свет на тие бебиња, не бабите, дедовците или било кој друг.
Приметив Од оние проѕирните, такви имав дома, тој дел што не лепи е бел и ја покриваше само брадавицата, ваљда не сфати дека може да го одлепи. Само кога ќе тргнеше да цица ќе го видеше и почнуваше со вриштење. Ама три дена носев без престан зошто упорно ми ја креваше блузата и ми беше страв дека ако види пристап толку ќе е. Ама сепак многу плачење и не спиење 3 дена и може цел месец упорно бараше цице. Една недела спиеше подобро мислев се спасив, ама ете, здравје до матура може ќе преспие Праќам гушки и многу сила зошто ќе ти треба
Цел месец бараше цице??? ух ми се превртуваат цревата од самата помисла колку ќе е тешко... мислам дека сепак ќе и дадам да цица до матура
Немој да се нервираш за тоа Санела. Пушти срце сега кога не можеш на тоа да влијаеш. Сега седи со малото тоа е најбитно, кога ќе се вратиш дома, ќе си земеш пак се под контрола. Ние кога се селевме, моравме во еден месец да го испразниме станот. Ќерка ми беше со нас секој ден, ама кога веќе немаше простор многу за движење, пакети на сите на страни и прашина се собра, ја оставав кај свекрва ми и свекор ми. Свекрва ми е многу коректна, што ќе и речам тоа ќе биде, ама свекор ми си тера по негово и знаев дека се неколку дена во прашање, стиснав заби. Едноставно џабе е зборење. Не е само храната. Излагаме со маж ми утрото, 8 саат, веќе скоро 38 степени. Маж ми им кажува големи жештини ќе бидат, да не ја вадат надвор. Се зазборевме јас и него тој го спремаше моторот, уште не заминати, ете го свекор ми со неа надвор. Му свика маж ми, влегоа внатре, ама сигурна сум дека ја има извадено откако заминавме. За храна не прашував. Само дали јадела и толку, знам дека свекрва ми многу се трудеше, ама знам дека свекор ми да е до него сладолед и чоколатца ќе биде целодневно мени. Кога немаш други опции тоа е. Да е малото добро, ќе си дојдете дома, ќе си тераш по твое пак. Летово малиот иде џмаља нешто викам што јадеш, отвара уста онолкава бонбона свекор ми му дал. Налет што е благо, туку опасно е, ќе се задави, јас не давам бонбони ни на големата. Не знам еве како не му текнува јаболки да исече да им даде, многу сакаат јаболки моиве, ама затоа бонбони одма. Нека минува со лесно и побрзо да ве пуштат дома.
Леле што стана како стигнавте до болница со лесно да помине. За бабуве и деовциве но комент, да ни се живи и здрави децата
Па не да бараше ама си спомнуваше и ми ја креваше маицата и викаше со прстето не не И ден денес до душа, над градата имам бемка што му е comfort mole ја викам си ја фаќа да заспие, пак цело време ме фаќа во тој дел дури ја напипа. Инаку заменивме со формула, морав да дадам нешто не се заспиваше со ништо и жими се едното станување е за млеко, и тие 3 минути дури му донесе татко му е different kind of hell со фрлање по креветот и плачење до зајдување "мееекцеее". Некогаш ми фали да можам само да му пикнам цицка и да го смирам. Цело време некој нов предизвик, fun times.
Деновиве на велико се спремаме за роденден и се чуствувам прееемногу overwhelmed.Не знам наместо да уживам ја само планирам се јавувам организирам се до најситен детал Од една страна иако не е голема работа можеби за толку прослава за прв роденден,мене ми е битно да е се како што треба.Оваа година ми беше претешка иако беше вооедно преубава.Па си се славам и себеси како мајка,и бракот што ни ги издржа сите предизвици. Ресторан сеуште не е точно утврден,некако поефтино ќе ме фатеше свадба да му напраам на синко отколку прв роденден.Уште сум во потрага па ако имате препораки повелете.
Колку парички треба да спремаме за прв роденден убав? Немам ни претстава а сакам најубав роденден за цел живот се памти од сега сум превозбудена а мојава за некој ден прави 8месеци … може да замислам како се радуваш Инаку за места пред некоја недела бевме во амигос на прв роденден кај наши пријатели за синот - многу беше убаво е сега кај нув возрасни бевме сите и три бебиња до 1година немаше поголеми деца
Кај нас има и деца...ама игротека не сакам сега. Инаку грубо...околу 2,2ипол илјади евра.Зависи од гости нормално декорации и чуда.Мини свадба.
Okolu 2.500 eur nas ne cinese vo bien za 90 gosti , plus dekoracija za slikanje i po masi dekoracii, torta ,muzika , fotograf i sl.
Ви се чудам на сумиве. Не дека имам нешто против кој има и желба и можност може и 5000 евра да даде. Не правевме фешти. Возрасните т.е братучеди и пријатели во пицерија, плус по некое дете. Бабите, дедовците дома. И спремање за во градинка, не не кошташе повеќе од 300 евра севкупно. Пред 2 години ова. Декорации тогаш од Алиекспрес, пак ништо претерано. Неколку балони со темата на роденденот.