Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.285
    Допаѓања:
    15.496
    Пол:
    Женски
    700е само кафаната за околу 60 луѓе. Торта ми купи кумата, декорации си нарачав од тему и сама си ги дував. Ресторанот беше со игротека, па за децата немав плус трошок. Зависно од ресторанот и бројот на гости можеш и многу повеќе и многу помалку од ова да потрошиш.
     
    На azelea и Baby warrior им се допаѓа ова.
  2. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    14.676
    Пол:
    Женски
    Не сум скржава, далеку од тоа, дури и многу трошам, ама 2000 евра не давам. Ние 25-6 луѓе ќе имаме за роденденов сега, ептен најблиски и неколку другари. Декорации веќе некое време сама спремам, ресторанот околу 600-650 евра ќе чини. За големата исто сама спремав. Правам број 1 од стиропор и рачно правени цветови и сега за малово, и за големата исто. 120цм висок, испогорена сум од силикон, ама никој нема да ми го направи така :).
    Да се облечеме затоа што и крштевка во ист ден ќе биде,торти чуда, околу 1000евра мислам ќе фати.
    Не верувам дека со сите тие 60,90 луѓе сте блиски, ама како и да е, секој си одлучува за себе нели. Јас 80 луѓе на свадба имав од мојата страна, а мини свадба за роденден не планирам.
    Кога ќе потпорасне, па игротеки, другарчиња се собираат многу повеќе, ама тогаш знам дека тоа детето ми го прави среќно. Големава не се сеќава на декорациите, се сеќава како си поминувала со другарчињата откако почна да слави со нив.
    Првиот роденден е за нас возрасните, ама штета што веќе правиме цели свадби и прослави и е натпревар кој повеќе ќе покани и украси. И јас тука се вбројувам, и јас декорирам и мерак ми е, само гледам да е умерено.
     
    На mariz, Kjara2025, Anaroz1 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.997
    Допаѓања:
    190.459
    Без да се лутите ама изгледа не ги разбирате парите
    Поарно ставете им ги на сметка тие пари
     
    На mariz, bookslover, AngelOfArh и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.913
    Допаѓања:
    15.142
    Пол:
    Женски
    40 гости, во Дион Аеродром.
     
    На Simon4e0507, Baby warrior и Stone им се допаѓа ова.
  5. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    почнав да пишувам и да се објаснувам после па си реков не е ко некој друг да ми ги дава парите па ми треба одобрение.
    Славете како ви одговара а и не славење е сосема во ред.Ширете малце позитивна енергија ,не се мерете кој колку потрошил. Бре ама сте биле одма брзи да се мерите а кажувате дека славеле ко за натпревар.
    Ако имате препорака за ресторани пишете ми баш ќе ми е од помош.
     
    На Katie90, le.soleil, Feniksgirl и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    6.327
    Пол:
    Женски
    Абе убав е денот и го планираш однапред кој колку сака и има буџет ќе си направи и ништо не е погрешно. Маж ми за мекици лупна сума а не па за роденденов, па мерак е. Не викам кој нема, може и поскромно и пак ќе се помине… ама кој може во избор да му ги ставам на сметка или да направам роденден за кеиф ќе одберам второто :inlove: на сметка и ставаме доволно од прв ден си има фонд а првиов роденден е за мерак на мајките :rofl: (hollest)
     
    На Anie93, Spidy, Tulip023 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    1.880
    Пол:
    Женски
    Ќеф ми е да направам роденден онака да соберам другарки ама кога че ми текне дека пола од тие што треба да ги канам цела бременост аи откако се роди синко еден телефон немаат кренато да прашаат како сме, ете затоа роденденот ќе биде скромна прослава со луѓе кои беа околу мене кога најмногу ми требаше поддршка.
    Нема да се расфрлам со пари, со сопругот одлучивме со тие пари тројцата да си одиме негде на патување најверојатно Шпанија, роденденот ионака е за возрасните, с денешно време блиски и вистински луѓе на прсти се бројат
    Имам ќеф за декорации и ми фаќа главата ама слабо со нерви стојам а тој ден сакам да сум максимално опуштена не сакам стресови така да ќе му направам минијатурна декорација, сакам да биди некаде на отворено оти е летно бебе па ќе видиме има време дотогаш.
     
    На Kjara2025, Трагедијаупмм, Надеж♥️ и 2 други им се допаѓа ова.
  8. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.997
    Допаѓања:
    190.459
    Абе сме терале и ние родендени големи со по 70 души не е спорно тоа терајте и вие
    Муабетот е дека години потоа ке сватите дека било непотребно
    А мерак е не дека не е
    Сепак ако можете финансиски терајте само напред и најубаво да си помините
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.169
    Допаѓања:
    11.897
    Замисли некој пишал истерав роденден со 100евра и му пишеш ауууу срам да ти е пу не можеше ли повише да потрошиш па за дете ти се работи.

    Не иде а?
    Ако некој потрошил 2500евра од џебот ли ви го зема, па одма теории дека немаат на децата на сметки толку, душегрижници. На секоја тема е ова, кој колку му е чергата толку ќе дава. Членката праша колку ве фатило за дали и даваат реални цени, понуди итн.

    А како сте слободни да плукате по секој што бира да потроши повише за нешто алал да ви е. Па и понижавање не ги разбирате парите. Ама тоа не се рачуна во навреда нели.
     
    На arwen93, ArabellaStarfall, Feniksgirl и 11 други им се допаѓа ова.
  10. TiniMini

    TiniMini Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2020
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Морнинг :yawn:
    Оваа мајка тргна на работа во понеделникот, настрана што не спие бебе по цела ноќ, ноќеска во 1 да му дадам да цица гледам топол е, мерам тт 37,7... за саат, два ја спушти сам, ама тоа плачење плачење...па накај 4 му дадов парацетомол и спиеше дури саат ипол (facepalm) Ваква ноќ 9м сме немале. Молам Господ од забите да е, иако до сега немал тт кога му пробиваа првите, 3 има до сега. Горе едната единица и двете двојки се бели, ама не гребат на прст, никако не дава да видам убаво.
    Кога не бев на работа не се нервирав мн за овие работи, си викам дома сум тоа ми е обврска, а сега косата ми се крева и така имаме проблем со чувањето.
    Оф кој ќе поминува пак низ тие болести и комбинации со чување. Знам после проблем и големата во школо кога ќе тргне. Си се обвинувам самата што сум во ваква ситуација, што не најдов друга пофлексибилна работа и што не создадов подобри услови за моите деца. Не знам како ќе живееме следниве години ;(
     
    На mama31, Трагедијаупмм, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    14.676
    Пол:
    Женски
    Не мислев да започнувам никаква дискусија тука која е помајка, најмајка, туку кажав мислење дека стварно свадби се родендениве. Секој си го организира својот буџет, кажав дека и јас сум во тие што сакаат да прослават, ама не давам баснословни суми.
    И да, и те како има осудувања ако некој реши да не прави огромна прослава за прв роденден и помине со 100 евра. Па како така, па еднаш му е прв роденден на детето. Пих, лоши родители.
    Така да на крај сакале да признаеме или не, многу голем дел се сведува на удоволување на туѓи очи.
     
    На Kjara2025, Калатеа, Anaroz1 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.724
    Допаѓања:
    19.788
    Јас бев доста осудувана од сите како не правам крштевка, морало тоа да се прави со 1 роденден.. така да осуди има и ќе има. Зошто не знам.
    На крајот прославивме во ресторан со 20тина луѓе, крштевка не правев ми се виде поголем трошок може понатака кога нема да се плаќа за крштевање :D или некое групно бесплатно.
    Не памтам цена од пред 5г за ресторам , сега секако е поскапено. Не плативме премногу ручек, торта и балони.
    И така е се согласувам дека треба да се мисли на иднината, нешто повеќе од 1000еу се во инвестициски фонд како поклон за прв роденден што се собра од баби дедовци, што од нас.
    Камоли мојте да уплаќаа за мене 8)
     
    На Kjara2025, thinkerbell, Miss_S и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Истото е со ако некој сака да потроши 2.000 евра.Ау колку пари па вие свадба ли правите .Пих,уфилмани родители.
    Така да како и да се врти секој ќе искоментира.Почитувајте ги желбите на останатите без разлика какви се,посебно па што вас ни малце не ви влијаат нивните одлуки
     
  14. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.808
    Допаѓања:
    5.849
    Пол:
    Женски
    Да да секој како знае, забави имало и ќе има, и за прв и за завршено 4то и за завршено основно, свадба за полуматура, свадба за апсолвентска итн до вистинска свадба и опет во круг. Јас сакав роденден дома... мм од притисок другари, фамилија, па требало ме викале да ги викнам ќе се наљутат, ете за крштевка не сум викала итн.. па ово оно ќе правам прв роденден во ресторан/игротека. Со детево мое што плаче на секој што не е мајка ми, мајка му и сестра ми. Дека општеството наметнува.. наметнува. Дека има родители што немаат можност, има. Да сме здрави и живи. Кој колку може нека прави. Тешко е што тие родендени после продолжуваат во бескрај и се товар за родителиве кога деца се во школо и разбираат и имаат желбии и замисли. Арно Кардашијан направија теми за родендените па и ние да имаме сега што да мислиме
     
    Последна измена: 7 февруари 2026
    На Kjara2025, azelea, Baby warrior и 4 други им се допаѓа ова.
  15. angelce23

    angelce23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    147
    Бебе тек во август ќе прави една година ама секако дека и јас размислувам за организација и слично уште од сега хехе. Мојата идеја е следнава:
    Со мм имаме кафич (летен шанк) преубаво е покрај езеро со зеленила со се, и планирам таму да и правам роденден. Декорација што можам од тему ќе нарачам другото ќе викнам да ми украсат ама нема да биде ништо кујзнае колку спектакуларно. Најблиските ќе ги викнам со кои што се имаме и што се дружиме. За храна кетеринг нешто ќе има и пијалоците од барот. Здравје оваа година сакаме да направиме и како дел за играње за деца со лулашки лизгалки и слично па ако се оствари тоа тогаш децата што ќе бидат на род ќе си играат таму ние возрасните ќе си уживаме лабаво коктелче мезе зајдисонце покрај езеро.Едвај чекам. Ништо спектакуларно ама сепак слатко.
    За облека не се замарам многу пошо нема да можам штикли да носам дека има каменчиња и трева плус летно време некое слатко фустанче сандалки и тоа..
    Фотограф обавезно сакам и сакам да најдам мали базенчиња за поголемите деца па и моево со придружба да се шљапкаат во водичка пошо лето нели
     
    Последна измена: 7 февруари 2026
    На Carolin., WonkaMonkaa и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  16. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    14.676
    Пол:
    Женски
    Јас пак сум осудувана како дете не сум ставила во вера таму некаде после 40 дена до 2 месеци макс. и сега на прв роденден ќе правиме крштевка. Што се однесува до мене кога ќе направи 18 нека одлучи дали сака да се крштева, ама имам спомнувано претходно на маж ми му е ептен желба, па мора некој компромис. Големата ради сплет на околности и корона на 2 години ја крштевавме. Мислам ќе ме убиеја со поглед.

    Инаку на темава, не се мешам во буџет на никој, кој што сака нека прави. Чисто си кажав мислење, што толку се навредивте не знам. Си стојам на тоа дека сакам да прославам, а да не правам свадба. Некој сака да прави и тоа е тоа.
     
    На azelea, Milkiway, Ladyme и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    3.690
    Пол:
    Женски
    За првото ковид време ,правев дома.
    Некои 300 евра се потрошија без украси тоа сама од алиекспрес си порачував јас да се прашував немаше да го правам поголем стрес ми беше отколку уживање ама мм не смеело така еднаш е прв роденден |(

    Понатаму си украсував сама секој роденден, отприлика до кај 20 000 се трошеа во зависност дали било дома или кафана /игротека. Кај мене секој роденден до 3 дена се слави |(
    Дали моите не стигнале на време ,па место во игротеката идат дома. Дали некој не можел баш во игротека па решил дома ]:)
    Дури нервоза ме фаќало... сега за малово немам поим рано е :D
    Од ресторани бедрум еднаш седнавме ,толку лоша услуга не сум сретнала ,нафората беше со 6 различни лебчиња како збирана по маси :x
    И прескапо беше...
    Па ете една НЕпрепорака :D

    Дали вреди или не секој за себе си одлучува,јас имав колешка место да ги трошат за родендени или таа викаше за ќефот на други си одеа на патувања. И тоа ми е ок ,и само домашните со торта е ок. Кој какви можности и мислења има така е не ми е во ред кредит да земаш за да направиш :o а има и такви :x


    Дојдов да прашам дали некогаш ви било толку лошо да 7 +++ бебе сте го оставиле само на цицање цел ден бидејќи сте немале енергија да правите и храните (плус и воопшто не јаде) а за останатите купечка храна...
    Вчера се разбудив со главоболка мислев мозочен удар имам ,големата во градинка јас сама со малото.. можев само да лежам и да повраќам до кај 13 ч.
    После ми се потсмири ,едвај дојдов на себеси.
     
    На Miss_S, dummy и Milkiway им се допаѓа ова.
  18. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.724
    Допаѓања:
    19.788
    Како успеа жити се да цица со толкава главоболка што си повраќала?
    Иначе купи си неколку шмукалчиња и готови каши за вакви денови, по мене не е ок да е на млеко цел ден кога треба да има оброк. Јасно ми е моментот лошо ти било али не е дека мора да готвиш дома
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.389
    Допаѓања:
    47.593
    Пол:
    Женски
    Јас не ги разбирам тие големи фешти за роденден и никогаш нема да ги разберам, кој како сака нека се објасни, пак нема да прифатам за роденден да дадам повеќе од 500 евра дури и тоа ми е многу.
    Не сум скржава, пари имам, ама банално и непотребно ми е таков трошок да правам за роденден.
    Првиот роденден ни беше во паб кај што излегуваме со татко му цел живот.
    Не работеа во недела ни дозволија да славиме, сами украсивме со балони и една маса за деца со разни игри и занимации.
    Нарачавме пици и пастрамајлии и некои мезиња, музика и игра и цел ден забава, беше многу убав роденден.
    Вториот беше во двор, со некоја минимална декорација и тоорта која сама ја украсив со диносауруси.
    Само фамилиите бевме, тој беше пресреќен и поубав провод одамна не сум имала од тој ден, опуштено и весело и со луѓето кои ги сакаме.
    За овој роденден планираме да шетаме настрана, дома ќе викнам на торта другарки.
    Натаму како расте ќе го модифицирам славењето сигурно, ама знам дека што е можно помалце финансии ќе одвојувам за тоа оти сериозно не ми е битно сите други да поминат убаво, а јас да бидам под стрес и растрчана, сакам и јас да си го славам опуштено со детето неговиот ден и ќе се стремам кон тоа.
     
    На Kjara2025, Anaroz1, Carpe Diem New и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.913
    Допаѓања:
    15.142
    Пол:
    Женски
    Алал да ви е како успевате од сѐ да направите хаос.
    Ај сеа земете и препрочитајте се пак.
    Тоа што “ВИЕ” не би го направиле, не значи дека и некој друг не би го направил. Се надевам во блиска иднина ќе намалите со предрасудите.
     
    На arwen93, naturally, Veci@123 и 6 други им се допаѓа ова.