Ако треба да сме реални, да ја гледаме реалноста дека бебе не може да е робот и да функционира по книга. Сигурно мајката нема да го остави една недела без да понуди ништо.
Не разбирам што кажуваш и зошто од кај излезе ова со една недела оставањето Дечки многу беше просто Праша дали е ок што било цел ден на цицање. Моето мислење беше дека Не, не е ок. Без разлика дали е готвено или готова каша, мора да има асален оброк на таа возраст. А да не го дои што ќе му даде вода затоа што не сака да јаде? Нема везе не продолжувам со темата, мојот став е тој, твојот сруг и тоа е Ексклузивно цицање може да е до 6м, веќе после тоа треба храна
А ако бебето одбива секаква цврста храна што правиме? Кое е решението според тебе? Еве пиша @Трагедијаупмм дека сѐ пробале, па дај може ти имаш некој хинт еве и мојава нема ни еден асален оброк по книга. До година основна храна е млеко, не е еднаш кажано, останатото е запознавање со храна. Тоа што ние се акаме на работа дури сеуште се бебиња не е нивен проблем, таква е природата. Синкир пред 1000-2000 години три оброци им сервирале на 9 месечни бебиња, готвени на пареа и блендирани, па еве сме.
Кога имаше 7 месеци и нешто се разболев ама од кревет не можев да станам. Цел ден беше само на цицање, и тоа мм ми ја носеше да ја најадам а јас цел ден го спиев. Така да не се секирај, не е ништо страшно
А зошто мора и треба? Зошто толку строги зборови? Кога всушност воопшто не мора и не треба, примарна храна до годинка е млеко, и нема да се случи ништо од еден ден ако не се даде цврста храна. Океј е мислењето што го имаш за да ја мотивираш трагедија да и јаде детето повеќе, ама и направи грижа на совест за еден ден побогу
Да ама во градинка нема да и го чуваат и што ќе прави? Отказ ќе даде за да го дои до школо . Што има врска сега со пред 1000 2000 годинни кој рече да му готви се е супер што кажа, да имавме породилно до 3години
Мајчиното млеко се модифицира според потребите на бебе, исто како што кај адаптираното има 1,2,3. Нема крв да и ослаби туку така, месеци се потребни за да има промени во крв кај бебе/ дете нејадач. Можеби е во скок, заби, или едноставно ете такво е детето и не јаде. Нека пие млеко и не и се плаши да си создаваш стресови, ќе пројаде кога ќе дојде момент. Ќе јаде, нема да јаде и така во круг и ќе си пораснат, само да не имаат нас живи и здрави покрај нив е најбитно.
Ќе му направи АД, затоа што ако не е на доење, бебето ќе е на АД. Колку само бебиња не прифаќаат толку лесно цврста храна, ама не, од 6м МОРА да јадат. Ако може и три оброци, bring them to the baby
Да не ве тагирам сите.. Темава очигледно е една од оние ако не ја доживееш не ја сфаќаш. Јас се што ми текнало и сум прочитала сум пробала ,остана само да се тешам од забите дека е и дека ко ќе ги довади ќе јаде поубаво. Се обидувам да и внесам се што има објавено на мени од градинка ради алергии и да оставам на времето... само мака ми беше што тој ден не ни понудив. За разлика од врснички веќе има 4 заби и 5то пробива.
Друга тема, вртам листа на Нетфликс и си размислувам колку серии што на прв поглед ми изгледаат интересни или со теми што ги сакам ќе ми беа изгледани пред дете/без дете. Сигурно бар 1-2 епизоди ако не и повеќе дневно ќе гледав. Од една страна често сум преморена навечер и заспивам, не стасувам ни 15 минути да изгледам. Од друга страна кога е дете будно, не сакам да ја оставам и јас да се затворам во соба 1-2 часа за серии да си гледам. Без напади, си го сакам детево, е сега не ми останува време за серии. Може ќе се случи да гледам повеќе за некоја година ако се носиме по спортови, јазици или што ти знам какви екстра активности.
А мал број примери на деца ли има што во градинка почнале да јадат повеќе количински? Повторно набиваш психа, не даваш мислење И во ред е мислење, ама не и тврдење на работи кои, патем, не се ни точни, или се хипотетички
Јас една епизода гледам по 3 дена Дури заборавам што се случува.. Можам да гледам кога спие, ама навечер одма заспивам и јас а преку ден гледам да средам.. Буквално те разбирам скроз, онака да си легнам, да пијам кафе и гледам серија Се тешам дека ќе биде за едно 5-6 месеци???Или не хаха, ќе видиме
11 месеци викам кога ќе заспие ќе го испиеме кафето со мм што секоја вечер си го пиеме на тераса и ќе пуштиме некое филмче серииче.11 месеци си легнуваме и не се десило тоа. Ја не можам да ја надминам грижата на совест кога го оставам дури и кога сум во куќата ама на друг спрат се мислам дека плаче еве и по 11 месеци. За роденденов алишта треба да купуваме и не знам како ќе го изведам тоа без да го акам по продавници а да не нарачувам онлајн.Трка со времето ми е секој ден брзајќи да доеме дома за дремка.Не можам да се опуштам
Да ти кажам една финта, ако можеш да гледаш на телефон ќе си ставиш слушалки и додека средуваш ќе гледаш. Јас кога мијам садови дека немам машина, омилено ми е да гледам, отсекогаш го правам ова омилен начин ми е Обично кога заспива дете јас сум будна минимум 3-4 саата плус, додека цртам обично и гледам.
Барем не си како мене да гледаш до доцна и утре да ти се спие.. денес полудев, и детето и мажот беа со тантруми и сега книга или серија и малку да опуштам мозок. Утре едно јако кафе и ќе чекам да дојде дремка и јас ќе си дремнам (ако имам среќа да дремне детево). Каков неспијач го родил, златен е во споредба со мене.
Еј ај уживај си, гледај да се средиш. Па и на млеко да е цела недела. Кога ни се болни уста не отвараат па пак се враќаат во форма. Не си можела не си дала. Млекото е основа до година. Еве внуката инфуенца болна беше пред две недели, само орс пиеше 4 дена, уста не отвори за ништо и Емел рече ок тоа тоа важно да се хидрира. Сега мојава намали на храна порции макс до 150-200 јаде, појачав млеко. Правам како што и е подобро неа. Кога си во можност пробувај кога не млеко. И ќе дојдат денови да пројаде. Давам јадење... ако одбие све тоа на млеко идам и еве денеска е со два оброка, несакаше вечера, абе да липта да плаче и дадов млеко и уште едно млеко пред спиење и така еве ја спие од 7. Во 7ми скок сме хаос.
Не знам дали ми е за тука муабетов, извинете ако не е. Тргнавме во градинка средина на декември и до сега има можеби се на се 20 дена отидено. Болен е веќе трет пат, со температури, кашлици, вентолини инхалации нон стоп, еднаш и на антибиотик заврши. Одеше настинат една недела во градинка, ни рекоа само со растечено носе и ако поткашлува не е ништо, ама викендот после тоа крена температура. Матичната вика уште еден вирус закачил. Знам дека е нормално и дека мора да се истрпи, ама како? Немаме слободни баби и дедовци. 11 месеци е, мал е, ама нема кој да го чува дома. И еве веќе две недели сум на боледување со него, од понеделник маж ми ќе зема недела дена одмор, после него јас за да го оздравиме убаво и да почне после пак од март. Ама што потоа? За една недела пак ќе се разболи. Пак ли по 5ти пат ќе правиме инхалации со вентолини, кортико, не знам уште што? Пак ли боледување отвараме? Стварно не знам како се функционира вака, пред се ми е за детето, што константно се мачи со симптоми, од декември навака може 10-12 дена вкупно бил здрав. Како сте го прошле се ова? Ми треба некое искуство да слушнам