Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.400
    Допаѓања:
    9.102
    Пол:
    Женски
    @Peperutce6 , мислам повеќе гледав првите месеци кога се роди дека јас дома, бебе повеќе спиеше. Можев бар на една дремка да гледам нешто. Сега на 3 години тешко тоа.

    @1209 , бројче, на телефон можам и најчесто го правам тоа кога пеглам. Инаку останување 3-4 часа после неа ни под разно. Пред 7 наутро стануваме двете за на работа и градинка, одвај до 22, макс 23:00 доседувам навечер.

    Ај стварно може ко ќе е 5-6 години ќе се вратиме во форма. 3 поминаа, ене кај се уште 3.
     
    На Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.973
    Допаѓања:
    189.881
    Пол:
    Женски
    @Трагедијаупмм првиот син ми беше 15 месеци на ексклузивно доење. Тук и таму некоја смока и нешто овошје. Господ ми е сведок што се не направив да јаде. Никој не ме разбираше каква мака имав и колку грижа на совест сакаа да ми протнат ехеее. На педијатар не ме разбираа па што повеќе, го гледаа буце и стварно си напредуваше детето само на цицка ама 15 месеци веќе требаше да има и оброци и ужинки и да цица ама тоа најмалку по некое правило. Не знаев што да праам, не знаев веќе кого да консултирам и го одбив како крајна опција. Јес да два три дена пред да го одбијам почнуваше да покажува голем интерес, ама не знаев дали ќе трае тоа или само е така момент некој пролазен и го одбив и мораше да пројаде. Тоа е. Некои деца не само што не се по книга туку отстапуваат така малку повеќе. Ако ти е некоја утеха. :tmi:
    Ќерка ми во градинка ништо не јадеше. Цела година и требаше да пројаде. За нејадачи можам книга да напишам. За ќерка ми додуша, признавам и верувам и до мене и маж ми беше. Помина многу промени, селења, чуда, градинки и ај да и удоволиме оти и двајцата осеќавме многу вина за неа, не сакам ова, не сакам она, престана да јаде се. Мислам дека ние двајца имаме улога во нејзиното не јадење, ама за тоа друг пат. Сега јадат и двајцата, многу балансирано, ама и доста сум строга за храна. Е затоа за најмалово кое исто не јадеше ништо за жива глава почнав полабаво, почнав да му давам наша храна готвена да видам реакција. Гледам прифаќа, сега готвам без сол па ние си посолуваме отпосле (под ние мислам јас, моиве дома без ич сол можат да јадат не им е проблем). И така. Ме погодува темава за нејадачи. :tmi:

    Фешти за родендени не ми значат ништо. Ги обележувавме како сметавме дека треба и верувам дека на неа сега овие и се баш битни кога разбира и си има другарки. Мене ми е криво што смеш кејк не беше популарно подолго. За првиот смеш кејк нејзин зедовме балони, хелиум и тортата и брзавме да го фатиме зајдисонцето на плажа. Најубави слики како се свинчосува со нејзината прва торта имам. Корона беше, немаше никој ама беше преубав момент за памтење. За син ми исто праев смеш кејк ама дома, фантастично излезе. И за третово ќе праам, не сакам да го делам. Знам дека ниеден од нив нема да памти ништо од тоа, чисто за моја љубов е. :D
     
    Последна измена: 7 февруари 2026
    На Kjara2025, Thinkerbell., Carolin. и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.808
    Допаѓања:
    5.848
    Пол:
    Женски
    Еве сестрами, внукава ја пушти на годинка точно, ако веруваш во цела година нема месец активно одење да собереш. Иде ден два.. болна со антибиотик со све... ќе ја чува дома две три недели, комбинации триста за чување и здрава ја носи и пак два дена иста песна. Незнам дали све децава ги пуштаат болни или она е чуствителна... Одма закачува по три вируси на панел па спушта. И некако сега поучена од неа, моево па и прематурче, било во инкубатор, зреено вештачки. Не ми се пушта одма. Моментално решена сум од дома работам ( страда позиција, плата све тоа) ама и да ја пуштам пак боледувања пак зачаран круг а дете ќе се мачи. До кога ќе издржам незнам, и мене на психа ми влијае седењето дома ама тоа. е. Незнам како да те утешам ама еве сестрами омале со внукава и само се надева више нема да е така ќе ујача ама како да ујача кога не поминува настинка без кортико и антибиотик.
    Има деца не настинуваат толку тераат по месец два без настинка. Хаха викам тие со имунитет ко во дебар да се растени не во загаденово Скопје.
     
    На xxx-ba му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Madi

    Madi Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Го прочитав муабетот за родендени и се сетив на интересно искуство од една западноевропска земја. Родендените се 'традиционализирани' и се слават така што гостите седат во круг и јадат торта, пијат, грицкат ова, она. Подароците се отвараат таму пред сите. Непишано правило е дека подарокот не треба да е над 5 евра или 10 зависи колкави се дечињата. Кога бев поканета на роденден на мене како странец ми беше неколку пати потенцирано (најмногу од други колеги експати) дека не треба подарокот да е повеќе од 5 евра. Колку и добро да мислам, заради општо прифатените норми таму, околината би мислела дека се докажувам пред некој и се правам некој и нешто на еден начин. Така е и за првите родендени, скоро сите роденденски забави се исти. Оваа воспоставена пракса во државава потекнува од таквите правила во градинки и школи, а логиката им е сите дечиња да се чувствуваат еднакви и да нема социјални поделби. Во превод некое дете да не се чувствува помалку вредно затоа што направило помала забава од другарчето или затоа што подарило поефтин подарок.
    Ова го споделувам за да видете и друга преспектива од вашата и тоа дека кој колку може и како му е мерак ќе си прави. Не е ова судење туку само споделување на друга преспектива. Не сум човек што ги величи западноевропските земји, ама тука на форумот често ги споделувате како позитивен пример па може ќе ви звучи интересно. Или пак лутете се, ваш мозок, ваши можности.
     
    На Kjara2025, КаринаТ, MeowMeow и 11 други им се допаѓа ова.
  5. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    14.676
    Пол:
    Женски
    Смеш кејк не е популарно? Оф бе, остарев.
    Па јас веќе се настрвив сама да правам. Тесто со јајца, банани и овес, фил со кокосово млеко, кокос и грчки јогурт. Мало тортуле, 20ина цм во дијаметар, бебе само по пелена и нека се шљака.
    За големата исто демек смеш кејк беше, ама госпоѓица само ја допре со прст и се откажа. Ама малово е ураган, така да очекувам успех.
    Не било популарно. Мене ми е баш симпатично засекогаш :)
     
    На merriel0, 1209, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.973
    Допаѓања:
    189.881
    Пол:
    Женски
    Оф.. па не знам. :?: Јас имам чувство дека никој одамна не прави веќе. Пред 6 години тоа беше целиот муабет и целата возбуда околу првиот роденден, за смеш кејк. После мене еден куп братучетки и другарки имаа бебиња ниедна немаше смеш кејк. Ниту сум слушнала во последниве години за некој друг. Кој знае. Мене ми е многу убав момент и пак ќе праам.

    И двајцата не знаеја што да праат со тортите, доста време се чудеа. На крај ние им покажавме. :lol:
     
    На happygirl, 1209, Трагедијаупмм и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.006
    Пол:
    Женски
    @thinkerbell @Yowannty јас и правев сега на малата пред 10 дена. Си ги изеде сите боровинки госпоѓица одозгора (омилени и се) и плачеше за уште :rofl: после не сакаше да ја мачка тортата, ама културно си изеде 2 исечени парчиња :D останатата остана и се дојадува за доручек/вечера :rofl:
     
    На Carolin., Yowannty, dummy и 2 други им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.389
    Допаѓања:
    47.593
    Пол:
    Женски
    И мене нејадачи ми се болна тема.
    Ете баш денес со мајка ми се скарав оти ми направи да се чувствувам онака ептен како да не сакам да го нахранам детето.
    Ама отсабајле 100 разни работи му понуди и не сака ништо да јаде, на крај ни ручекот не го сакаше и реков нема да јадеш ништо до вечера, он почна да плаче дека сакал макрони без ништо и мајка ми одма и она се расплача како мало дете оти ја било жал и стави макарони, и јас и викам мене не ме е жал, тебе само те е жал, ама од ова давање само тоа што сака, јас не можам да го нахранам.
    Ќе наполни три години и веќе е екстрем.
    Искрено и јас не знам што го хранам секој ден и како живееме.
    Јаде само ориз и спанаќ, макарони без ништо(јајце и путер ставам колку да не осети), тост, ќебапи и некогаш тортиља со пилешко. Само на овошје живее.
    Секогаш нудам и од она што јадеме ние покрај сејф храната, никогаш не проба ништо ново, дури и нагони на повраќање има ако проба.
    За доручек обично јаде овес, чија пудинг, разни мафини и палачинки, јајце со кашкавал на леб, пржено лепче, ама за ручек…
    Јас веќе сум толку исцрпена со јадењево што не ми се ниту збори на темава.
    И потоа нормално се буди цела ноќ по 100 пати оти му кркори стомакот и е гладен.
     
    На kozuf, Carolin., Трагедијаупмм и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    4.026
    Пол:
    Женски
    Оиии душе мало, не не викал :rofl:
    Еее, ете кај нас кај лежи проблемот, неможам да и дадам АД зошто има интолеранција...
    Здравје ќе се стрпам уште некое време.


    Нејадачи... тарана, јуфки, макарони, абц. Некогаш во 2 сабајле станува абц да јадела. Финито. Сме имале и денови само на цице, нека каже кој што сака. Такво ми е детето и нема со сила да и ставам храна во уста.
     
    На Трагедијаупмм и Hinebrra им се допаѓа ова.
  10. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    626
    @merriel0 Охх и друга мака кај вас, комбинација со нејадење плус, да не сум ти во кожа :(

    Секое дете различно ете со ова докажав дека детето не ми станува од што е гладно како што ми зборуваа постојано од страна па туку се крстев во воведување вкусови, па вечера па не знам што, едноставно си станува и тоа е. Така да и вие ќе најдете чаре eventually.

    Моево и јадеше и не цицаше онака да има подои асални, ама од навика ете. Дење прилично лесно се одби, ќе го залажев со нешто, ама ноќе постојано цицка во уста и скренав веќе. Јас работам втора смена и од работа мислам директно во друга смена продолжував, една вечер ми прекипе и толку.

    Ќе си дојде времето, stay strong :D
     
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.400
    Допаѓања:
    9.102
    Пол:
    Женски
    @1209 ,пред некое време почна на Фб да ми излегува предлог видеа од девојче со состојба Arfid. Не викам дека се работи за истото со твоево дете, може само е picky eater, плус во видеата е и поголемо девојче во прашање ама како што врви времето си има направено како предизвик да пробува нова храна и да ја оценува. Верувам и голем дел од видеата се за гледаност нели покрај да се објасни состојбата ама ми се виде интересно како предизвик и на кој начин се справува и семејството и детето со тоа.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    3.690
    Пол:
    Женски
    Е мене поголемата ми е вака со тоа што ноќе не и кркори ништо ама чим дојде време за спиење и 3 кг сол ако треба ќе изеде само да го одложи легнувањеѕо колку може. Јас со мм и свекрвата не можам да се разберам дека изводи и дека треба неколку дена да не и се дава ништо за да сфати дека се јаде кога се јаде и се спие кога се спие а не штом измие заби облече пижами ама јас сакам макарони без ништо... па пак миење заби ... па се измокрила додека миела пак пресоблекувај се (facepalm)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    20.813
    Пол:
    Женски

    Јас му правев на моево прасе :inlove: а бе шлаг кога проба кога рече дете главата цела ја збца внатре, леле како вчера да беше а на лето 3 кебправиме :inlove:
     
    На merriel0, Yowannty и 1209 им се допаѓа ова.
  14. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.724
    Допаѓања:
    19.788
    3 години ништо не јадеше и ова твоево е топ споредбено со син ми. Живееше на леб и намаз. Во мојот случај сфативме ја и мм дека бевме превише толерантни со него. Сега сме построги доста во поглед на јадење и јаде тоа што има за ручек и според тоа добива одредени заслуги како јутуб, таблет итн. Ако не изеде нема. Ручек се јаде без тв. Откако почнавме построго да поставуваме граници да видиш како децава бе знаеле да јадат.
    Верувај чим моево пројаде ќе пројаде секое, само да се најде точно како да се допре до детето. Поголема нервоза нема, лично кај нас сами си го разлигавивме нејќеш ручек ајде мачкај да не се терало детето со сила да јаде. Скроз си во право што поставуваш правила и граници, од попуштање како ние штк праевме не се стига далеку
     
    Последна измена: 8 февруари 2026
    На MeowMeow, Anaroz1, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.808
    Допаѓања:
    5.848
    Пол:
    Женски
    Добар ден.. ноќ више од колку сме рано станати. Бебе е во 7ми скок, не се трпи цел ден да се вика, кенка, плаче. Ушиве мир ми бараат и мозоков. Сега ги испратив со мм да прошетаат. Колку и да ми се шета па и ми треба време без неа малку. А од дома работам и нема момент да сме одвоени. Имам некои обврски спремам испит, ми се повраќа што почнав нешто плус а немам време за ништо. Незнам со кој памет.
    Скоков долг...
     
    На 1209, Carolin., dummy и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.400
    Допаѓања:
    9.102
    Пол:
    Женски
    Мајчински живот...

    Договараме да излеземе 3 другарки за денес, недели уназад. Утрово пишува едната дека не доаѓа детето е со температура автоматски излегувањето отпаѓа. А нели на тоа претходело организација околу деца, куќа и се останато.

    Другар на мм, се јавува ајде вика ако си слободен за пола час да излеземе. Е нели пошто јас дома и не излегувам, мм за секунда го снема :doh:
     
    На 1209, Carolin., strelec231992 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    1.880
    Пол:
    Женски
    Не е за кој е речено туку за кој е печено :)
     
    На 1209, Carolin., strelec231992 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.400
    Допаѓања:
    9.102
    Пол:
    Женски
    Не за друго туку секоја чест како за 5 минути можат да се организираат. Тука ми е маката.

    Треба и ние да почнеме со ист систем.
     
    На MeowMeow, 1209, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  19. defocus

    defocus Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    Јас не сум за фешта, амааа кого да не се покани? Како го правите изборот кој ќе викате, а кој не?
     
  20. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.913
    Допаѓања:
    26.927
    Пол:
    Женски
    Од четврток си пишала, јас сега отварам темава.
    Моево дете, беше пијавица закачена на мене. Боже сачувај некој да ја допре или погледне. Трагедии беа тоа.
    Мајка ми не коментираше. Свеки знаеше да каже ауууу па само ти мајка имаш, како ќе одиш во градинка бла бла.
    И реков еднаш, па незнам кои ви се очекувањата за дете кое е 24/7 со мајка, ама вие си знаете. И ќе почнеше да ми објаснува за нејзини деца и ќе ја преќинев дека не ме интересира за други.
    И еве ја тргна во градинка и детево се смени. Они кај сите. Ако се сретнеме негде и и рашириш раце ќе се стрча кај тебе.
    Деца се , менуваат.
    И скроз нормално и биолошки е, детето да е приврзано со мајка.
    А и да. Стариве , па и други луѓе, не сфаќаат дека има црвец деца, кои не седат на едно место додега играат.

    На тема прв роденден.
    Правевме во Ореов лад. Топло беше, септември и преубаво беше надвор.
    Од мен топла препорака, ако имате родендени летно време и сакате ресторан со игротека надворешна, совршен избор е. Е летниковецот до паркот беше пред нас резервирана, ама и вака поминавме одлично. Поголеми деца имавме, играа. Родителите уживаа. Храната препревкусна, топла. Ништо не фалеше. Гости презадоволни беа.
     
    На 1209, Eho, merriel0 и 8 други им се допаѓа ова.