Едноставно. Луѓе кои една година, не се јавиле да прашаат како сме, една година што не дошле да го видат детето и незнаат ни како изгледа, зошто би ги викала? Мислам и јас не одам на родендени кај луѓе, што не го знам славеникот…
Мајки ,брат ,сестри, кумови,(кумашини ако имате) старосват,девер и ако имаш врсници дечиња во околина или на другари колеги со кои што се гледаат си играат.
јас секогаш сум за прослави со најблиските, правев свадба со 60 души, за роденден секогаш ни искачаат од прилика околу 40тина души, што значи по 20 од прилика од страна, тоа се луѓето кои ни се блиски, нашите домашните и кумови, старосвати и поблиски другарки/другари со кои постојано сме во контакт.
Јас тие што ги нема за живи еден телефон да кренат да прашаат како сум јас и беба ги чкртам без размислување па кој сака нека се. Ќе бидат поканети само блиски луѓе кои ми значат и кои беа до мене цела бременост и сеуште се. Ќе канам само млади, оти ако фатам да канам роднини пријатели цела свадба ќе треба да правам Ова ако правам роденден оти 50/50 сме со мм
Знаете зошто не живеат сите ист живот како мајки?На страна моментот помош.Некои едноставно не ја уклучуваат главата и грижата .Абе едноставно ништо не им вели да се преиспита некој чекор. Пример бебе го носиш на бања у вода со 30 луѓе внатре.Мозок нема тука Или бебе се става во кенгур свртено напред а бебе нема ни 1месец. Мал милион работи кои ако се грижиш би ги испитал. И после некој ќе ти рече пфт лесно е дете бе уште 100 ќе родам.А ја тупи си ја главата кој зеленчук колку време се варел за да е најбезбедно . Како да си ја исклучам главава прашувам?
Ми се свиѓа дека си свесна имам другарки што се слични а не се свесни дека се преоптеретени. На пример пред некое врмее ми се јави да ме праша што ќе му се десело на бебето пошто му дала 22капки а не 20 од инфаколот викам дај жити се … Да се исклучам не можам ама опуштено одлучувам па сите правиме грешки не е крај на свет.
Дали е подобро да си преоптеретен или воопшто да не се грижиш тоа е дилемата што ме интересира.Не зборам за златна средина ако постои таа, бидејќи јас се преиспитувам и општо а не па за детето што е најдобро и безбедно. Но карактерно дали некој еве бар со прво дете не се заинтересира за ништо бар ако ништо друго да прогугла некои основни работи.
Сите се преиспитуваме. И за второ дете, со нели веќе искуство од прво, пак ќе се преиспитуваме. Само некој по лабаво тераат, некои не. И сите правиме грешки. И покрај читања, гуглања и слично. И тие што еве погоре ги спомна, како од типот бебе во бања со 30 луѓе, ги знаат последиците, не дека не. Ама свесно одлучиле така да постапат.
Да прекинеш да се оптереруваш со сѐ и сешто. Пример дека Ксенија си го пикнала бебето со 30 души во базен. Ти твоето не би го пикнала и баш заради тоа не треба да се оптеретуваш дали она го пикнала или не. Уште од првиот ден ти пишав и пак истото ќе ти го пишам, препушти се на хаосот, полесно ќе ти биде. Твоето нормално, некому му е ненормално и обратно.
Хахаххаха Мене другарка, одиме на гости и бледа крпа. Што ти е ма? Вика , абе додека ја бањав М, малце лизна од сапуницата. Може да у*** од тоа? Викам не. Ама ти ако продолжиш вака со паники, некој срцев удар не ти бега.
@Stone Мислам до карактерот е, некогаш е многу тешко да го контролираш умот. И јас често се преиспитувам, не само за дететево туку општо и предходно во животов. Сепак ќе се сложам со Феникс, често знам да се препуштам па шта буде биче и подобро испаѓа .
Абе ја не викам дека сум во право со мојава опсесија.И стварно и ја викам опушти се уживај во хаосот ама оди смени ми ја главава.Нејќе.Карактерот ли е животот ли е што ли е не мо жам. Ама не зборам ја за грешки несакани или мали. Општо зборам со достапноста на интернет со се што можеш да прочиташ и да се едуцираш...не ми е јасно.Еве Ксенија го бапнала бебето нејзина работа нема да ми смени ама некој што толку е на интернет достапен зар не го тера да прочита нешто прво околу тоа? Или бебе во кенгур,конкретно другарка.Дали одлуката да се носи напред може да е многууу опасна?Не разбирам ,ама може до мене е.Го чекам денот кога и ја ќе сум опуштена.И да не ме сфатите погрешно не се оправдувам ја или сметам дека се правам совршено. Но бар за многу работи давам макс да се едуцирам
Хелооо.. Се по старооо,освен што денес после градинка и вечерва после 20 месеци за заспивње близнаците не добија цицеее.. Тоа беше плачки невидени Женското така и така, ама машкото упорен дечко..плаче тој, плачам јас..ама се успа некако добро е. Инаку на гради сум со ханзапаст, лак црвен ,сенф.... Него со градиве што да правам имам млеко,отечени се,како и грутки да осеќам,прв пат цел ден да не цицаат,со првото немав вака проблем со полни гради кога ја одбивав.
@Stone те читам долго време, мислам дека треба да се опуштиш, добар совет ти дала феникс, во ерата на интернетот и достапноста на информации сите во одреден момент се губиме и правиме грешки, јас особено со првото не знаев каде терам и само читав, среќа маж ми е полабав од мене на таа тема па почнав и јас да прифаќам од него, ама за некои работи нема помош, еве јас конкретно имам страв од задавување, првата ќерка ја храневме со блв метод, се пројде супер, мн читавме истражувавме, ама секој пат ми беше срцево во пети, сега малово почна со храна, уште е мала и давам блендирано ама почнува стравот да ме фаќа како ќе ја научам да џвака јас имам огромен страв од тоа, еве големава е 4 години уште не и давам јатки да грицка, освен во путери намази, баш од тие причини што сум читала дека се најголеми причинувачи за задавување. од друга страна имам другарка што на година бебето и џвакаше кикирики пред мои очи, јас со такви луѓе пробувам да им кажам дека не е правилно на мек начин, од искуство ти кажувам дека никој никогаш не ме послушал до сега, едноставно секој родител мисли дека го прави најдоброто за своето дете и тоа е тоа еве денес конкретно другарка ми рече дека земала бекутан за бебето од три месеци, пробав да и кажам дека е премногу агресивна козметика, ама она ми вика и мирисало преубаво и ок тоа е ок, јас еве пошо си праам мои избори уште ја бањам големата со биодерма пошо имаше атопичен дерматит, она може мисли дека не сум во право итн итн. и второ имам и пак се преиспитувам и сигурно негде грешам
Грижа да... до одреден степен. После е загрижувачки дали е во ред родителот зошто може да направи проблем со животот на детето. Тоа јас го мислам. Што е до мене нека седи со мене дома и да е здраво ништо нема да му биде и толку. Ама животот вика треба да се социјализира, да искусува раб, така да ако мислиш дека претеруваш во нешто, пробај еднаш да смениш и издржи стрес да видиш како ќе биде. И јас сум фрик за настинки и чистење ... Пред некој ден излазила до вц на секунда додека јас бев во јутилити да пуштам машина и го ставила во уста чергичето. Ќе умрев јазикот и го миев со вода она незнае што и правам... седнав и мислам притисокот ми се качи и зедов ја заспав со сила и легнав со уморен мозок ми се плачеше. Не ми е лесно.. размислувам да купам влечки за во тоалет да не газам таму со чорапите што газам ваму кај што шета она. Е до таму ми иде мозокот. А летово во ѓорче гледам бебе како моево сега, лази на делот кај што се лулашките.. тоа е некој материјал оној мек, црно во рацете цело направено, мајкава кулира ја косава ми се крена она ни марамици ни ништо бара од мајки некои. ( се извинувам ако се пронајде некоја мајка да била она) ама мене тоа во мозокот во најтемни сценарија не ми е. Таму кучиња мочаат, гулаби... може и глувци од пазарот тука што нема и детево лази се влече бактерии паразити хаос. И заминав од што неможев да го гледам. И се борам со тоа... пак ја носам ја шетам сегде, пак ја земаат луѓе, си играат со неа. Сите што вика феникс со др очи гледаат. Јас станав малку пофрик на факултет после микробиологија со паразитологија кога учев хаха лошо мн. Значи сите имаме стравови во себе и се бориме... ама мора и полека да се пуштаат некои конци. За повесел живот, и да не има живи со нив, зошто ако се продолжи вака ќе не стрефи нешто.
Можам тука да признаам на анонимен форум, големата кога почна да лази купував етанол од аптека и секој ден џогирав и го бришев подот со алкохол затоа што ми беше страв демек да дезинфицирам лазеше и полсе рацете во уста ги ставаше. На почетокот кога ќе ја земеше некој во раце и и дишеше блиску параноја ме фаќаше, после одредено време сфатив дека малце сум била забегана, дали тогаш и корона време беше па се ми влијаеше кој знае. иначе на друга тема, ве читав деновиве за славење прв роденден и мн ме ставивте во мисли, што се случило со цените од пред 4 години луѓе нас роденденот не фати тогаш околу 40.000 денари, славевме во бис, со декорации со се .... сега почнав да размислувам и јас за прв роденден, летно време е, август, сите предлози се добредојдени
И јас чистам со марамици џогер и прскам дезентал и алкохол 70%.. ќе се распадне подот хахаха аух тежок живот. Мм можам да го задавам кога ќе фаќа надвор нешто и ја фаќа за раце а таа само во уста ги става.. само се караме.
леле не сум била само јас , сега се опремив со парочистач за малово, уште не е почната да лази ќе видиме шо ќе ме удри, може пак да се вратам на етанолот после кога ќе ми текне дека за кратко ќе тргне во градинка и таму изгледа со една лажичка ги ранат сите и кој знае шо лижат и кој чива цуцла цуца
Не сум спремна за тоа подобро да незнам и да не мислам на колешка девојчињата ми кажува завчера леле моиве четката за чистење во вц ја грабнале па едната ќерка вика рацете во уста и тука јас му викам на мм вратата од вц немој да си ја остаел отворена... хаха ми се отвараат нови стравови