Вие да ги видите во западните земји како ги растат децата трауми ќе имате Не викам дека така е правилно ама не треба да се оптеретуваме за се и сешто. Едно нешто ме чуди, се повеќе се пази се стерилизира, а се повеќе болни деца, алергии, и триста чуда, негде нешто не штима, можи и подобро е детето да стекни некој имунитет додека е мало А за паниката поголем паничар од мене нема, ми се смеат сите околу мене иако паниката неколку пати живот шо се вика ми спасила ама знам дека не е во ред до екстреми да забегвам. Денешно време интернетот ни допринесе за поголем страв и паника, чат џпт такоџе, помалце читање на нет а повеќе книги мислам тоа е спасот
Е како? Слободни, креативни градинки. А се што наброја од дијагнози да ги кажам, е ,,стакленото ѕбоно” , во кое се растат. Да не пипне, да не допре, на секое рибање раце и слично.
Сте отвориле тема за родендени. Ние роденден имаме во август, јас уште сега ја одбрав темата што ќе биде на мачорката моја, мм ми вика не се оптеретувај рано е уште од мај таму ќе мислиме, уствари мене не ме оптеретувај, ти ако сакаш оптеретувај се. Се е многу поскапено, по моите пресметки и најскромно да поминеш ти треба една добра сума да тргнеш на страна, кога ќе вклучиш се не е мал трошок, сепак за убаво е, убав момент споделен со најблиските и најсаканите.
Во смисла дека ги оставаат да лазат по земја, во песок, во кал, кај нас таква глетка да видиме нема шанса, ретко Не сум јас и за бебе да лази на места кај што можи да има еден куп бактерии поготово кај нас знаеме колку се обрнува внимание на хигиена ама па и да го чувам во стаклено звоно не пада ми напамет
Мојава испи вода со сапуница, ама буквално испи количина, не беше лизнување пу пу ништо не и бидна (иако завршивме на дежурен од страв хах)
@Stone , често гледам една мајка (блиска ми е) кај што детето го вози во седиште завртено нанапред. Дете од 6 месеци. Комплетно неодговорно спрема мене, милион сајтови и обуки има како правилно се поставува седиште/транспортер, врзување, чуда. Низ муабет сум споменала, дали ме послушала, Не. Што понатаму можам јас, да ја терам со сила, да и праќам деноноќно видеа, текстови на темата? Немам намера ама воопшто. Кога веќе се одлучил некој да стане родител треба да си е одговорен за своите постапки и деца. Инаку колку повеќе јас сум опуштена, бар по моево дете гледам, толку и таа е помирна, полесно се разбираме. Кога сум нервозна, таа уште толку е, плус прави глупости. Опуштена мислам како карактер, не како да дозволувам се што сака.
Да и јас знаев дека треба да го пуштам босо по трева да лази. Ама кај мене пред зграда во центар на Скопје за разлика од западните земји полно е гомна од кучиња пошо никој не собира. Па ќе згазнат и се бришат по ивиците на тротоарите и ова е редовна слика. За ѓубре по љуљашки да не збориме деца пикавци лапаат. Е затоа сме наплашени во МК, уште неандерталци живеат овде и затоа јас бар моето го чував во стаклено ѕвоно и на секое му миев раце. Одвратие од народ
Иначе Ксенија си го избања бебето у Врњачка и баш си поминала топ хахах ич не и е гајле што ја и ти си викаме дека е нездрава. Ваљда женава имала некогаш у живот уринарна бактерија и знае дека најубаво се фаќаат по базени ама пуштила мозок си отишла на викенд а преслатко и е бебето
Ама луѓе на Ксенија не ни треба да и е гајле ја шо мислам или мене да ми е гајле Петко што мисли. Само сметам дека некои апсолутно основни работи треба да се прочитаат и да се едуцираат кога еве сега за разлика од порано ИМАМЕ можност. Дали е во ред што давале мед на цуцла рецимо?Или тетрапак млеко еве ? И тргнете ја мојата забеганост и грижа на страна.Ја правам муабет за вистински ризици и како некои воопшто не уклучуваат мозок. На страна тоа апсолутно се согласувам дека моето нормално е на некој ненормално и обратно НО дали некој што дава мед на цуцла е нормално? Освен @Feniksgirl што уште од почеток кутрата пробува да ми ја опраи главата неуспешно ве читам останатите и најпрво ви благодарам на советите за да се опуштам.Пробувам искрено да менувам многу постапки НО ве читам ми велите опуштете се а потоа кажувате како сте и вие побудалени за чистење средување и козметика и слично. Мислам можеби е период кај некој подолг кај некого пократок ,можеби е карактерно. Околу темата на како ги пуштале децата во кал во другиве земји горе ...луѓе да не заборавиме каде живееме па после тоа да коментираме. Во најзагадениот град каде во сама почва имаш се само не почва...каква кал е таа што би играло дете. И јас сум си играла во кал и истото би сакала да му го овозможам и на моето дете.НО едно обично детско игралиште е полно со шприцеви кондоми и гомна.Не е ова стаклено ѕвоно патем термин кој секогаш ме вадел од такт.Има разлика да го заштитиш свесно детето од работи кои постојат додека можеш да го заштитиш.И ќе го заштитувам додека можам да влијаам на сите тие работи.
Вчера баш золва ми (имале некоја дешавка поголемите деца) и ми вика мали деца мали гајлина ,големи деца големи гајлина. Викам не е точно ,гајлето горе доле е тоа. Туку на маливе деца имаме повеќе контрола на работите ,на големите паа не баш... И затоа треба да се вежбаме ,да си ги поместуваме границите ,секако бебето/дете да е безбедно притоа. Ако напишам /кажам на глас што се ме плаши во однос на децава... ќе ме приберат хахха Јас па за полабавите родители викам да ми е нивниот ум малку да одморам
Ние бевме на бања зимово, таму имаше доктор и го прашав дали малово 2ипол смеам да го бањам, ми рече да, слободно. Не само што го избањав туку и не го извадив од вода, и не само тоа, излеговме и во надворешниот базен иако надвор беше -8, ние се бањавме. Имаше каде каде помали бебиња од моето. Не сум читала за опасностите од бањање во базен со топла вода, инаку тие базени се хлорирани и се филтрирани цело време, не се фаќа баш така лесно инфекции. Да, уринарна инфекција се фаќа најлесно така, но не од базенот, туку од седење во мокри купаќи после базенот, не е дека бактеријата шета и се пика во уринарниот тракт туку така. Не, не зборам на памет, имам посетено десетици уролози бидејќи имам голема мака со уринарни инфекции и сум прошла доста.
Мојава цело лето израсна на песок/ситни камења на игралиште. И тоа боса. Цело лето боса по игралиште беше. Таму и прооди. Дома во двор куп песок имавме, секој ден играше во него, се качуваше. Во кал да се шљака омилено и беше.
Моево се напи вода од ѓол во парк, после дожд, и тоа онака од едно капаче си фркна саглам. Го пратев тој ден, гадно ми беше ама што да правам. Инаку моето дете е од оние за кои велите дека не се чувани во ѕвоно. Ние иаме 3 кучиња дома, кај нас не се ама кај свекорите дома се, генерално влакна има 90 посто од времето, и не се внимава многу на хигиена од старите, скоро ич. Најголем дел внимаваме кога е горе, ама детето порасна лазеејќи со кучињата, дефинитивно не сум миела раце секогаш, летно време лазеше во двор, по скали, гол, цело лето е гол, со црево со ладна вода се бањал, бос знае уште да оди по земја и сега на ладно. Пробам да го карам ама јас пораснав без чорапи, уште не носам никаде чорапи освен во чевли. До тој екстрем сум што дури и кај луѓе што ги знам соблекувам чорапи, па и детево е исто. За хрната имав страв од давење ама не екстремен, благо давав и пред 2г, ретко ама давав. Често на секакво време ние сме единствени во парк, на дожд обавезно сме во вирови и кал. Е сега иако сум опуштена мајка за некои работи и јас сум претпазлива и свесна и строга. Прмер знам дека бања ќе му наштети и базен, особено што има проблем со бубрези и досега колку и да сме сакале никогаш тој ризик не сме го преземале. Се знае како се носи дете во кенгур и како се вози дете. Пример мене пак не ми е замисливо кога на другарка ми детето кое нема ни година ипол, јадеше смоки и чипс додека одеше натаму наваму без да го прати и пуканки и бомбони. Јас кога сме во игротека цело време сум до моето оти дозволено му е да се качува секаде ама јас го пазам во случај да не падне. Она пример си го загуби на 2-3 пати оти мува не ја лазеше каде е, се качуваше на топоган со шише во устата…скока на трамболини, јас тоа не дозволувам оти ја знам опасноста. Друга другарка си одиме накај дома и она го седнува детето напред на седиште и велам зар не ти е страв не е безбедно, и ми вика ее она цело време така се вози од 2г…хм, ок викам. Мене вакви работи не ми се за оправдување каде свесно го ставаш детето во опасност. Да сите грешиме и на секоја мајка детето се напило вода од коритото, ама треба да се вклучи мозок кога е прашање безбедност. Патем не знам дали влијае растењето со кучиња ама моево до сега 3 пати било болно само во 3г, и тоа нешто што брзо минува. Може е што не оди во градинка, ама и кога одеше само ларингт фати еднаш и толку, така да дефинитивно сум за ошуштеност околу бактерии и нечистотија. Никогаш не сум минувал со етанол ниту пак џогирала секој ден, два пати неделно чистев стандард. Дефинитивно почнав да уживам повеќе во мајчинството кога не размислувам за се што може да тргне на лошо. Ама јас растев си мајка паничар, не можам да ви ја опишам мајка ми оти она е дефинитвно со проблем, многу е тешко да се расте така, доста последици имам од тоа и денес знае да ми направи стрес за безвеза работи со паничење, јас одбивам да бидам таква мајка и да го направам детето анксиозно.
Ќерка ми расте со куче во стан кое се митари буквално 24/7, секој ден усисавам ама џабе пак има влакна. Сега како лази така носи влакна со неа и тоа е тоа, дур е кучето со нас така ќе биде. Од прв ден ги мешаме, не сме ги разделиле и спиеме сите во иста соба. 10м е сега, еднаш се разболе на 9м и тоа фати рсв од една во лифт што буквално над неа се изнакашла и изнакива ама помина со инхалации без никакви компликации без кревање температура само со јака кашлица. Дали се должи на кучето не знам ама ете и јас се надевам ќе има добар имунитет. На годинка ќе тргне во градинка па ќе видиме
Има ли некој овде што слуша поткасти? Конкретно ме интересираат поткасти за воспитување, развој и слично. Беки од Good Inside ја обожавам ама некако ми е малку за поголеми деца. Сакам периодов кога шетам сама со бебка (што ќе биде почесто зашто маж ме почна да оди цело време во канцеларија), да си слушам нешто такво, да се едуцирам.
Јас пробав да ти кажам дека иста бев, но и покрај мојот најголем страв од задавување ја хранев со парчиња доста мала и тоа и @Ladyme истото ти го пиша и покрај тоа што и е шубе, сепак ја носи секаде и ја меша со луѓе. нејзиното знам дека е и предвремено родено, па од тука дополнително и поголем страв. ја пуштив на неполни 9 месеци во градинка, не ми беше сеедно, не знам ни јас колку пати во козле сме оделе на дежурен додека не потпорасна и не стекна имунитет. тогаш немав избор, еве сега имам, ама малото пак ќе го пуштам на 9 месеци, а свесна сум што ме чека...пробај да не овертикнуваш, не треба да се оди ни во една, ни во друга крајност, треба да најдеме некој баланс пошо и преголема претпазливост не е добро, ни премногу опуштеност исто така