Јас пробав да ти кажам дека иста бев, но и покрај мојот најголем страв од задавување ја хранев со парчиња доста мала и тоа и @Ladyme истото ти го пиша и покрај тоа што и е шубе, сепак ја носи секаде и ја меша со луѓе. нејзиното знам дека е и предвремено родено, па од тука дополнително и поголем страв. ја пуштив на неполни 9 месеци во градинка, не ми беше сеедно, не знам ни јас колку пати во козле сме оделе на дежурен додека не потпорасна и не стекна имунитет. тогаш немав избор, еве сега имам, ама малото пак ќе го пуштам на 9 месеци, а свесна сум што ме чека...пробај да не овертикнуваш, не треба да се оди ни во една, ни во друга крајност, треба да најдеме некој баланс пошо и преголема претпазливост не е добро, ни премногу опуштеност исто така
Да не ве разочарувам ама моето е растено со 2 дома, никогаш нит сум бришела нит сум чистела нешто особено, надвор пуштена максимално слободно, дома лазеше насекаде со гушкање, бацување со нив и џабе.... 2 ипол години од кои година ипол во градинка, немаат крај разболувањата
Децата што се чувани дома нормално дека ќе бидат здрави. Борбата со вирусите почнува кога тргаат во градинка, до тогаш немаат никаков имунитет децата, ни од кучиња ни од ништо. Првата година во градинка повеќе се дома отколку таму, ама така растат сите деца, мора да стекнат имунитет.
Генерално е така да, ама и не мора да значи. Кога се поголеми имаат и посилен имунитет. Не дека тие што не одат во градинка не се мешни со деца и народ, ама генерално јас верувам дека растење со домашни миленици придонесува за подобар имунитет. Еве внуката на мм, 5г е, многу многу ретко е болна иако од 4м е во градинка. Секако дека ќе се разболуваат нормално е, ама колку повеќе се заштитени од се толку потешко организмот се справува со болести. Нека им минува лесно на сите друго ќе се издржи.
Se mozam da razberam ama cuvanje na zivotno vo soba nikogas , ni pred dete a sega pa ic, kolku saka neka e cisto si ima miris
Од ваквите ја следам Erica Komisar, тук таму знам да пуштам по некој подкаст со неа, иначе у глобала не следам одамна parenting coaches, бидејќи ми се покажало дека следењето на мојот инстинкт и интуиција (ама онака длабоко и реално, без разлика дали мене ми се допаѓа нештото или не), е правилниот избор во дадена ситуација. На тик ток исто едно време ја следев Lisa Bunnage, дава (по мое) реални совети како да се справиш со тодлери и тантруми. Од наши простори Ранко Рајовиќ за раст и развој на детето, чисто да ме потсети каде и како треба да расте едно дете, ама у глобала тоа се кратки видеа на инста или тик ток што имам гледано. Иначе оваа Беки што ја имаш пишано, од мене изгуби риспект и кредибилитет во моментот кога изјави дека со месеци ја оставала својата тригодишна ќерка да спие пред вратата од нивната спална соба, на под, оти се косело со нејзиното правило дека децата не треба да спијат во креветот со родителите. Тоа е она јас што го велам дека се користи немоќта на бебињата што не знаат да одат и зборуваат со цел да ги оставиш во креветче да зајдат од плачење и да заспијат, нели да се “научат” да спијат (патем едини вид на планетава кој “има потреба” од учење на бејзик биолошка ствар) бидејќи кај и да е тие бебиња ќе пораснат и ќе почнат сами да си доаѓаат кај родителите, сигурно нема да ги заклучат во соба за да не излезат? Епа оваа ми покажа дека и тоа можело, што ме потресе дополнително бидејќи не ми се верува до каде може да се негираш себеси ко мајка, се со цел да задоволиш новоизмислени западни стандарди. Сигурно и нејзе не и било сеедно да ја слуша ќерка си како ја моли да ја пушти да влезе, ама кога ќе ти го исперат мозокот тоа е. И така, пак се потресов пишувајќи на темава , сакам да кажам бирајте мудро и земајте се со голема доза на резерва од тоа што се пласира на нет, особено во вулнерабилни периоди пратени со неспиење, бидејќи веќе излегоа бројни студии дека првите 1000 денови (броејќи од зачнување некаде до втората година) се круцијални како за физичкиот, така и за менталниот развој.
Јас не би ја однела у бања со 30 луѓе ама не сум се никогаш преиспитувала шо е НАЈбезбедно затоа што сметам дека во денешно време ништо не е безбедно, ама мора да се јаде и живее нели. Општо откако е ќерка ми родена, јас немам станато експерт за ништо затоа што не сум оптоварена со ништо. Вакцини? Вакцини. Требало да почне да јаде? Ќе почне. Не знаев како е најсоодветно , па постепено од пасирано на парчиња ја префрлив. На неколку месеци ја носев на ехо на мозок, срце и внатрешни органи оти така требаше. Немаше да добијам ништо ако си го иступев мозокот шо и како. Другите теми шо сте ги опфатиле да ви кажам како е растено детево, на плоштад ќе висам Моето е крајност според вашите стандарди Чувам мачка, живее со детево иначе. Уште у газ се немаат пикнато една на друга
Не сум го фатила овој момент да ти кажам, хаха. Не дека ја следам нешто премногу, ама знам некое видеевце да изгледам и слушав некоја епизода од поткастот нејзин сега деновиве. Така да не дека слепо и верувам, ама мене ми се допаѓа нејзиниот пристап кон поголеми деца, односно моментот дека не е се во казнувањето и последиците.
Зависи каде ќе правиш и колку гости. Ние правевме во Ла Тана кај Камник, со мени по лице. Околу 1100 мислам беше од човек, намали нешто на цена газдата. Регуларно да не беше 1200-1300, така нешто. За 4 часа е менито. За над 70-80 гости имаш гратис жива музика, и плативме само мени за музичарите и бакшиш што стававме. Торта пак зависи од каде, кој вкус, за колку луѓе. Јас зедов грчка од Делиција - превкусна е, на три ката беше за 80 лица 9000 беше. Ама како сечат тенки парчиња, остана третина од тортата... Декорација 6500 - ова пак зависи што и како сакаш. Јас имав само за сликање и тортата каде што стои. Не ставав ништо по маса декорации. Другар мој кој се занимава со фотографирање ни сликаше, за тоа не платив. Јас изрентав замок, 6000 ден беше и врв беше, се изнаиграа децата. Исто и аниматорка платив 2500 ден за 1.5 ч. Беше во костим, и цело време ги анимираше децата со игри разни, цртање на лице и сл. И направив пакетчиња за секое дете. Од тему нарачав што требаше, и тука купував од маркет плус. Ова и за во градинка и правев вакви. Јас искрено презадоволна сум од локалот, во стаклениот дел бевме. Превкусно јадењето, просторот тамански беше за 80 гости. Само ние си бевме, без други луѓе да шетаат околу. Музика, играње за возрасните. Игри и аниматор за децата. За секој беше весело. Ептен си поминавме убаво, и гостите и после 3 месеци знаат да спомнат за роденденот. Мене не ми е мака кога давам пари и си поминам убаво. Со цело срце давам и пак исто би направила. Иако некои не се согласуваат, како што читам. Секој си има право на свое мислење, и свој избор со финансии како ќе располага. Е сега, дополнително нели облека за дете, за вас ако купувате. Ние крштевка имавме на 2 м направено, сега ги немавме тие трошоци околу црква, дарување и сл.
Немаат сите мирис, и не дека треба не знам каков grooming за да нема мирис. Прво зависи до расата, второ што прави надвор и дали се валка по се што ќе стигне и трето што јаде.
Колку сака нека е чисто животно е. Обожавам кучиња ама не би си бебе мало. Имав другарка и се лигавеше кучето над храната, посегнуваше по храната нивна, лижеше прибор и слично, прегнасно ми е мене тоа. Башка си сака многууу многууу нега, шетање, хранење, знам навечер кога ќе лаеше за да мочка а таа со бебе мало, хаос беше. После со годините се разболи и дома сеуште го чуваа, не знам со кој памет ама тоа е
Абе не е тоа играчка па фрли ја ако се разболо, баш сте ми чудни со муабетивме. Ние нашето го чувавме 12г, не можев ни во сон да замислам дека ќе го нема и не ми паднало на памет да речам на моите да го исфрлат од дома оти сум со бебе. 2 години како почина ние уште не можеме да се соземеме. Лижење на прибор и бакнување куче ви уста и да те лиже не е здраво зошто има различни бактерии кај него и кај нас и секако нормален човек не би го правел, ама чување дома со чистење и одржување и редовни вакцини и се што треба не гледам проблем.
Да, другарка ти немала памет шо го дозволувала тоа шо го праело кучето. Шо не земе мачкава да се качи со мене да јаде? Пошо не сум дозволила откако сум у станов да припари до јадење И се разболело, па да дома ќе го чува сигурно нема на улица да го остави да умре. Мојата мачка е 14 години стара. Знам дека евентуално ќе се разболи и ќе умре. И погреб ќе и направам ама сигурно нема да ја џитнам на крајот од животот. П.с. откако ја префрливме ќерка у своја соба, пред некој ден мачката присака да дое у спална. Леле пресреќна бев шо спиевме заедно после 15394 години ми се чини. Пошо па и таа курчало се направи, оти бебето у спална беше и таа не сакаше да ја слуша мислам
Единствената причини шо ме спречува да чувам куче во моментот се обврските околу него, со две деца и работа едноставно неам време да му посветам на куче, иначе убаво е децата да растат со миленичиња, си фантазирам дека кога ќе пораснат доволно и нема да им требаме веќе ќе си одиме со маж ми на страна во куќа и ќе си чуваме кучиња
Сака нега и куче дома чувано и во двор. Сум за во двор со сопствена куќарка , затоа што имаат поголема слобода простор. Не сум за чување големи расни кучиња во стан ама и тоа има. Секој како сака.Јас лично сакам кучиња ама тешко се опуштам освен ако не го знам од помало , имам страв, немам доверба. Само хигиена и прочистување е важно. Таткоми има починато од ехинококус , женската лавра ја има фатено како дете од куче чувале и бил мн близок... ама никој не марил со вакцини и прочистување и такви раб . На 35 починал една година одкако му ја откриле од пукање на жолчка таму била сместена лаврата, направиле операции ама мн било зафатено и оштетено, потребна била трансплатација на црн дроб, невозможна во 90тите во транзицијата.
А што е решението, да го оставиш кучето што си го чувал претходно на улица? Браво… Е тоа е баш “убава” лекција што детето може да ја научи од родителот. Постојат многу бенефити децата да растат со животинчиња. Ги учи на одговорност, им ги буста когнитивните вештини, им пружа емоционална поддршка, друштво, чувство на сигурност,забава... Постојат и бројни истражувања кои покажуваат позитивно влијание врз алергиите, анксиозноста, дури и на крвниот притисок. Не е случајно што многу болници низ светот активно користат терапевтски кучиња и им овозможуваат контакт со нив на болни деца, токму поради докажаниот позитивен ефект врз нивното психичко и физичко здравје. Ќерка ми која има една година, прва работа што ја прави кога ќе излеземе од соба на сабајле е што ме носи во дневна и на глас му се радува на нашето куче. Го гали и го гушка, му носи играчки, секој ден ми покажува со прст накај капките што му ги ставаме, да ме “потсети” и е многу горда кога ќе ѝ ги дадам нејзе, демек и она да му стави. Е со таква одговорност и љубов сакам и да продолжи да расте и да другарува. Обично не коментирам, затоа што прифаќам дека луѓето имаат различни размислувања, ама Цветче, у реду е, можеш малку да олабавиш со осудувањава, ти тргна нешто деновиве. Не значи дека тоа што ти го практикуваш и мислиш е единственото правилно. Сите што чуваме кучиња не сме како другарка ти. Како и за се друго, секогаш има екстреми. Во прилог ти оставам линкови од релевантни извори за бенефитите од растење на деца со куче (првиот е од една од најреномираните детски болнички групации во Америка): https://www.childrenscolorado.org/just-ask-childrens/articles/benefits-of-pets/ https://www.bbc.co.uk/tiny-happy-people/articles/zqqbydm https://www.thekids.org.au/our-research/impact/2021/research-translation/dogs-and-kids/ https://www.parents.com/surprising-benefits-of-pets-for-kids-11901579
И од мене + за Erica Komisar. Нема нејзин поткаст ама има редовно гостувања во поткасти. И Габор Мате. @Stone не можеш да разбереш како можат да прават некои работи, оти твоите околности се многу различни. Различни се со прво дете, различни со второ итн итн. На пример, јас сум строго против мобилен давање. Патувам од Германија до Грција преку 25 саати во кола, со 2-3 преспивања меѓутоа мобилен не сум дала. Ама знаеш што, мене децата ми се “погодени” за шетање. Ако со прво дете можев да дрндам против тоа, понатака легнав на брашното. Не давам мобилен сеуште, ама не критикувам ни други особено кога другите даваат оти така се снашле во нивните дадени околности (не мислам тука остави цел ден дете на мобилен). Дете во кола секогаш во седиште. Да, додека добиеш бебе што се онесвестува и превртува јазик кога и малку ќе заплаче. Можеш да го сфатиш тоа? Не нели? И пошто секогаш кога ќе плукнеме нагоре паѓа на нас, така еден убав сончев ден и ти ќе направиш нешто за што цврсто тврдиш денеска дека никогаш нема да направиш и долго нема да кажеш на никој пошто другите нема да те “сфатат” зошто така правиш. Меѓу преоптеретување и да не те лази мува, треба некоја средина. Ниеден екстрем не е во ред. Ама, со првото дете особено, го имаш целото време на светот да се преоптеретуваш до секоја можна танчина. Во корона растев бебе, 4-5 пати подот го бришев на ден, стерилизирав цела година цуцли, играчки, садови, секоја вечер религиозно стерилизирав се што можеше да влезе во стерилизаторот, за да првото седнување надвор ја излиже дрвената клупа и да пикне камче во уста. Со второ и трето не стерилизирав. Само ептен на почеток ама далеку од опсесивно. Така што, да, опуштено. Ама тоа не иде по желба и воља, така што до тогаш, додека тие околности ви се наредат, мора да се помине и преку преоптеретување за сенешто.
Се согласувам од збор до збор. Ќерка ми има периоди кога ништо не и е по ќејф и буквално само да промрда кучето со некоја играчка она како нова е, јас и мм можеме само залудно да изиграваме мајмуни. И џабе, нема зборови да се опише која радост и бенефит им носи милениче на децата особено не на некој што не чува и не споделува и добри и лоши моменти со миленик. Е гледајќи го кучето научи и да се шета со играчки во уста и она хах, ама не би рекла дека е нешто негативно тоа.
Ај малце ти да олабавиш. Си кажав мое мислење за животно чување во ист простор со бебе, не наметнав мислење на некој што да прави или пак уште повеќе да го фрли кучето на улица после раѓање на бебе, не ми ставај работи кои не сум ги кажала. Ако веќе не можам да го чувам кучето ќе најдам решение, ќе го подарам кај некој кој ќе се грижи за него исто како и јас.