Имам 2 мачки ги чувам само дома, само на тераса излегуваат. Со малата се од прв ден откако дојдовме од болница. На почетокот не ги пуштавме во спална од страв да не легнат врз бебето и тоа многу влијаеше врз нив… од добивање внимание 100% сега вниманието беше насочено кон бебето. Гледам колку можам да им посветувам внимание и сега штом се вратиме дома ќе си спијат со нас во спална и едвај чекам, многу ми фалат. Ги чувам веќе 8 години и знам дека ќе дојде тој ден кога ќе морам да се збогувам со нив и уште сега ми се кине срцево кога ќе помислам на тоа. Откако дознав дека сум трудна за мене не беше никогаш опција да ги дадам некаде. Многу ми имаат психички помогнато откако се отселив од Мк и гледам придобивки и само придобивки од растењето со домашно милениче. 9 месеци сите околу нас виросани со мм во ист кревет на спална спиевме ние не прифативме. Некои викаат е заради тоа што се доиме а јас мислам дека и тоа што расте со мачињата е причина за нејзиниот добар имунитет. Има влакна и усисувам скоро секој ден, и става играчки во уста не може да биде 100% стерилно, одржувам хигиена колку можам ама се помирив дека ќе има влакна и не ми смета тоа воопшто. Ако вистински се сака миленичето ништо не е невозможно. Спојлер
Ако се случи сообракајна незгода каде бебето ќе биде со чувај боже повреда дали ќе е доволно затоа што бебето вриштело и плачело па било свртено напред?Јас немам намера да делам памет од причина што јас сум прв пат мајка и давам максимум од мене да се едуцирам за безбедноста на моето дете.Дали грешам?Сигурно.Но отварам читам и ПРОБУВАМ да го направам најдоброто.Дали моето бебе вришти чим е во седиште во кола?Од прв ден од болница до еве година да.Дали изигравам ебан кловн со цела вреќа играчки скокам се лупам со што стигнам за да сум му смешна пеам на цел глас.Лесно ми е?Не. И не е ова јас ќе ги судам оние кои што прават поинаку од мене зошто да беше така сите ќе сме исти а како што гледам што и да се пише ќе се најде некое спротивно мислење. За кенгур напред свртено бебе од 1 месец има ли некој читано? Луѓе не ми правете споредба со секојдневни ненамерни грешки дали водичка се напило дали лизнало од кваката со никаков до минимален ризик и работи кои може да се фатални бе.Значи сосема различни работи збориме. Јас не велам дека секој треба да му се тресе на бебето или ја сум пример како треба ,охо не,сите со своите маани...али нема никогаш да разберам за свое дете воопшто да не уклучиш мозок.
Можиш бебе да седниш напред во седиште ама да е исклучен ербегот, за бебе зборам. Во Германија ми се деси да го земам во раце бебето во кола оти буквално зајде од плачење воздух снема.
потполно те разбирам на што целиш, дали и јас ги судам таквите родители? да, ама неам што да направам. јас исто сум многу против мобилни телефони на деца, моето е 4 години нема пипнато телефон, не ни знае што е. дали сите скоро околу нас даваат? да, нас исто не ни е лесно, и ние изиграваме циркузанти во ресторан, еден шета, еден јаде, овие ќе тупнат телефонот и си јадат на раат исто пред една недела бевме на гости кај другар на маж ми шо имаат бебе како нас, бебето наше заспа во кола во транспортерот и ја земавме така и влагаме кај нив и ни викаат абе го користите транстортерот?? ние такви да де нормално, ааа па ние Б. ја држиме секогаш во раце, не сака да седи во транспортер да нормално ни мојата не сака, колку пати сме застанувале да и давам цицка да се смири од зајдување и после пак назад, ние двајцата сме исти за безбедност кога се работи двете се возат врзани по прописи макар и 5 минути со кола да одиме негде, за лошото малку треба.
Колку и да си ја тупиш главата и да внимаваш, за месец два, година, пет... пак ќе согледаш дека си направила некои грешки зошто нема секоја замисла ист исход. Едно е на папир друго е во реалноста...
Прво викаш со годините се разболи, сега бактерија... И претходното наше куче беше така болно, бактерија не беше. Ја фати ли некој бактеријата?
Старо беше, го носеа по ветеринари и се испостави некоја бактерија, башка си ги јадеше нозете не му заздравуваа цело со рани беше, мирисаше станот креваше. На ветеринар му рекоја совет инекција и да се куртули и кучето, не прифатија оти долги години го чуваа. После тоа другарката викаше куче никогаш повеќе ама го дочува до крај, не се откажаа од него.
Се додека не дојдеш во ситуација кога по она што си плукала, ти е единствена опција во моментот. Ќерка ми е како родена во кола. Првиот син вриштеше до година. И јас бев кловн, смешно е да мислиш дека било кој родител не го прави тоа што и ти за детето да не вришти, седев со цицката над транспортерот по 3 саати некогаш, стопати ќе застанавме да се смири и таму кај што требаше да стасаме за саат ќе сме стасале за 4, само за да не го држам во рака. Е после имаш ситуација, кога прво црвенее како домат, потоа губи глас па наеднаш губи свест, превртува очи, устата и јазикот се страшно модри и главчето му паѓа странично. На сред автопат без опција да застанеш. И ти гледаш како најголемиот твој страв се буди во тие моменти. Ќе те прашам тогаш дали уште ќе изигруваш кловн или ќе пееш приспивни од принцип или ќе забораиш на сите принципи и ќе ти биде битно само да отвори очи и да видиш дека е живо. Ќе го смириш и ќе го вратиш назад. Животов е ироничен. Ептен. Не знаеш каков карактер ќе родиш. Ама ако ти се нареди се со едното, со другото друга песна се пее или вториот рефрен нема да е истиот. И лесно ни е да збориме за другите, ама реално ти не го сакаш нивното дете поише од нив. Ниту пак го живееш нивното секојдневие. Ниту ги знаеш нивните околности. А грешки се праат, често ненамерно, некогаш свесно избрани како единствена опција. А што би рекле старите поплукај си во пазува лошото да е далеку. Пошто ако сака да се деси, еден пад од навидум наивно скокање на кревет, може да е фатален. Ова ми е најомилено нешто откако сум родител. Истото важи и за “јас никогаш”. На децата им е местото во седиште. Врзани, соодветно свртени според годините што ги имаат и тука нема дискусија. Тоа е најбезбедно за нив. Е, ама, ако недај боже дојде до ситуација некогаш да мораш да го извадиш, ќе направиш што се што ќе биде потребно и во тие моменти што ќе ти се чини правилно.
Од збор до збор како јас да сум пишувала. Еве јас имав ситуација ќерка ми болна полна со шлајм требаше да ја враќаме дома 7 саати пат. Шанси немаше да седи во седиште, сакаше само да ја гушкам подисправена и само така можеше да задреме. Ќе задреме, ја враќам во седиште, се закашлува и се буди со плачење и пак во раце иста песна. Неколку пати ја зимав и враќав и на крај се откажав и ми спиеше во раце. Дали беше безбедно? Воопшто не. Дали имав избор? Да, ама изборот беше да плаче и да се мачи со саати и да не може да врзе сон да одмори што за мене не беше избор. Секогаш има исклучни ситуации и треба да го прифатиме тоа.
Ама зошто ми кажувате изолирани ситуации и моменти бе?Дај бе прочитајте што сум пишала прво после коментирајте за само колку да е контра. Никој не рече дека ако дете губи свест ќе го оставам така и ќе си пеам.Значи олабајте со само колку коментар да се пише. Ау завршувам на оваа тема веќе. Не ме убедувајте дека некој што носи кенгур напред на 1 месец бебе,некој што бебе бута во базен,некој што бебе уште под 6м го вози свртено напред ЦЕЛО ВРЕМЕ е во ред.Не е тоа од што морале и точка на муабет.Леле колку може да извртите муабет. И уште еднаш ќе се повторам затоа што упорно ми се кажува истиот муабет,не реков дека јас не грешам или не сум имала моменти кај што сум згрешила.Фала многу пријатно.
Во однос на безбедност си скроз во право. 5г има и се уште е во седиште. Врискаше исто 2цата на сила го седнувавме едвај, па виде не виде плачките престанаа. Знае дека нема попуштање и тоа е. На нив е да врискаат и плачат, на нас да не попуштаме
Ќерка ми е 8месеци за некој ден јас кога ја возам сама уште ја возам напред до мене свртена наназад со изгасени air bags. Не можам ни 10мин да ја возам ако е назад, плаче вришти застанувам на учица ја зимам ја смирувам играчка давам пак продолжувам за 2мин пак и така се откажав и го ставив седиштето напред и седи мирна ме гледа си збориме и тоа е тоа. Прашав полицаец дали е во ред. Ми рече мајка сама си преку ден? Викам да, епа терај полека возење и тоа е тоа до годинка ќе тераш така после се надевам ќе и стане интересно позади и толку беше муабетот. Не ми спомна дозволено/казниво не знам што. Јас сум екстремно совесен возач, возам нова кола 2025та, со ултра супер опрема безбедна скроз, ама ете овој исклучок не би го замислила пред да стнаам мајка… ќе си речев нездрава женава како напред вози бебе ама ете… тска функционирам од 4ти месец ја возам вака скоро секој ден. Мајки што имаат поголемки бебиња или втори бебиња кажувајте идеи за седење само бебе позади
Пиј чај од жалфија 2-3 псти на ден, тој е за намалување млеко и облечи некој градник како оние спортските што се, ќе ти ги стегне малку повеќе градите. Ако осетиш многу млеко молзни малку со рака колку да ти олесни. Мене ова ми помогна, и јас бев полна со млеко.
Еве идеја го ставаш позади и си ги вклучувач airbags за да не погинеш "прашав полицаец" во нашата државичка ти е голем ризик
Викаш дека никаде не судиш, а сепак имаш напишано дека незнаеш со кој памет другарка ти се грижела за своето куче и не го напуштила кога било болно. Јас па незнам со кој памет може некој да биде нехуман и да фрли живо суштество кога е најбеспомошно и кога се што му треба е грижа и присуство. Викаш “не да го фрлиш на улица, туку да го подариш”. Реално, кој ќе земе да се грижи за куче што ги живее последните моменти од животот? А сега и нов спин дека ветеринарите им предложиле да го успијат. Секој има свој став за тоа, ама не е воопшто лесно свесно да завршиш живот на нешто што ти било толку драго, практично член на фамилијата. Човек што толку се грижи и сака свое милениче, по дифолт се грижи и за хигиената, со чест на исклучоци како и за се друго. Ретки се тие што делат лиги и дозволуваат да јадат заедно од ист тањир, посебно кога има и бебе во приказната. Тргнувам од себе, моето куче има скоро 14 години и за жал знае понекогаш да направи беља дома. Се чисти веднаш темелно, се дезинфицира и детето е под постојан надзор. На почеток се дур не почна да лази ќерка ми немаа никаков контакт од блиску. Сега, секако миеме рачиња после секое галење, лижење и незнам што секако нема зошто не е така воспитано кучето. Роботите вртат секоја вечер и на неколку дена секако се џогира. Кога иде надвор, секако после тоа му се мијат и бришат нозете. Иако, се надевам дека се лажам, али полека се гледа крајот на неговиот живот ни на крај памет не ми паѓа да го напуштам само затоа што му се влошува здравствената состојба и имам дете. Па повеќе од пола живот сме го поминале заедно. Некогаш е тешко, ама кога навистина сакаш се наоѓа и сила и решение. Не е секој за да чува милениче и тоа е океј. Не е океј да се нормализира напуштање (ти читај го подарување), а да се оговара анонимно “другарка” што избрала хуманост. Исто така, не е во ред мајки што чуваат и бебе и милениче автоматски да се ставаат во контекст како лица со недоволно внимание на хигиената и здравјето на детето, зошто нели колку сака нека биде негувано и чувано, сепак куче е. Искрено, немав намера повторно да ти реплицирам, ама ете темава изгледа ме дирна. И да, ова ми е последно, не затоа што немам што да кажам, туку затоа што нема потреба понатаму, Така што важи јас ќе олабавам. Убава вечер.
Мајчинството не е е натпревар. Секоја мајка се грижи за своето дете најдобро што може. Не им се на сите карактерите исти, не им се на сите децата исти и особено не им се на сите условите во кои растат деца исти. Треба да се поддржуваме и разбираме без покажување со прсти, да бидеш родител е најтешката работа на свет, секој ден грешиме и ќе грешиме, некои работи ќе ги погодиме некои не, тоа е животот. Нека се здрави и живи а ние силни.
плаче по 5-6мин возење и никако не се смирува. Едноставно ако не е до мене напред не може да ја возам нигде. Кога возиме со маж ми јас си седам позади и она нема гајле. Не се погинува де без airbags во град со safe city 50max, возам низ Скопје не возам на автопат. Седиштето си е свртено обратно по сите прописи.
Да ми го кажеше муабетов пред неколку месеци прво јас немаше да те сфатам. Ќе ти речев подобро тоа да вришти него ли ти недај боже. И така ќе ти рече секој што мисли дека вриштењето е најстрашно нешто што може да ти се деси во кола. А сега те разбирам скроз и знам колку ти била стресна дополнително и самата ситуација да држиш во раце дете во кола, оти неколку пати кога сум го земала знам колку ми било стресно мене. И нема извртување зборови. Не мора од секоја дискусија да се направи драма. Може да е дискусија и размена на мислења. Едноставно од секое правило има исклучок за жал. И тоа е тоа. А верувам дека сите тука ќе се сложиме, пишав и погоре дека дете во седиште е најбезбедно. @arwen93 Ти си во Германија, што кога патуваш? Ги носиш мачките со тебе? Возможно е? Ние сите сме мачкари и ме молат децава за мачка ама не знам како би се организирале. За викенд пет хотел ќе ми заврши работа, ама што кога не нема по 2 недели или месец? Почнав да мислам да земеме кученце за да може да доаѓа со нас сегде, ама сите поише преферираат мачка.
Кога ќе ми текне ние како сме изгледани и сме преживеале, со овие правила и прописи и новите генерации ќе преживеат. Само тие што ги создаваат новите генерации, дел психијатрија, дел кардиологија ќе завршат. Дете не се одгледува по правила и прописи, затоа што меѓу редовите на тие правила и прописи тебе ти се случуваат разни животни проблеми и предизвици. Јас се извинувам, ама некогаш стварно го тупите со пишани и непишани правила. Ме возеле мене во седиште во кола, сум се лижела со животни, земја во уста сум ставала, сме брцале во штекери, батерии лижев, оси и разни штипаљици со прсти фаќав, раце не ни знам дали миев некогаш, не ми ни текнува веќе. Којзнае како воведувале вкусови. Алергија на никаква храна немам. Не викам дека и јас не сум параноична за одредени делови од воспитувањето и развојот, но многу сакам тој што ги формулирал тие правила, кога на моето дете не му одговарале, да дојде да ми објасни како да ги манифестирам. Апропо за возење во кола. Знам што е безбедно. Дали секогаш е возможно така да се возиме?! Не. Дали немањето внимание во сообраќајот е далеку понебезбедно? Секако дека да. Секој си пресметува ризик и веројатно најдобро знае зошто го прави тоа што го прави. Инаку, генерално не биле тогашните генерации толку свесни и имале достап до секакви информации. Но, ако некој ме праша, најдобрите времиња биле токму тогаш кога секој живеел и правел како што мисли, а не сега, како робот, прави вака, прави така.