Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.399
    Допаѓања:
    9.143
    Пол:
    Женски
    Кога ќе ми текне ние како сме изгледани и сме преживеале, со овие правила и прописи и новите генерации ќе преживеат. Само тие што ги создаваат новите генерации, дел психијатрија, дел кардиологија ќе завршат.

    Дете не се одгледува по правила и прописи, затоа што меѓу редовите на тие правила и прописи тебе ти се случуваат разни животни проблеми и предизвици.

    Јас се извинувам, ама некогаш стварно го тупите со пишани и непишани правила. Ме возеле мене во седиште во кола:rofl:, сум се лижела со животни, земја во уста сум ставала, сме брцале во штекери, батерии лижев, оси и разни штипаљици со прсти фаќав, раце не ни знам дали миев некогаш, не ми ни текнува веќе. Којзнае како воведувале вкусови. Алергија на никаква храна немам. Не викам дека и јас не сум параноична за одредени делови од воспитувањето и развојот, но многу сакам тој што ги формулирал тие правила, кога на моето дете не му одговарале, да дојде да ми објасни како да ги манифестирам. Апропо за возење во кола. Знам што е безбедно. Дали секогаш е возможно така да се возиме?! Не. Дали немањето внимание во сообраќајот е далеку понебезбедно? Секако дека да. Секој си пресметува ризик и веројатно најдобро знае зошто го прави тоа што го прави.

    Инаку, генерално не биле тогашните генерации толку свесни и имале достап до секакви информации. Но, ако некој ме праша, најдобрите времиња биле токму тогаш кога секој живеел и правел како што мисли, а не сега, како робот, прави вака, прави така.
     
    На Simon4e0507, arwen93, LadyInPainting и 6 други им се допаѓа ова.
  2. jungle

    jungle Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    829
    Поголема безбедност има за детето што е напред и завртена обратно отколку да е назад и да гледа кон напред.
    И за тебе е подобро зошто фокус ти е на возење, а не да ја пазиш на ретровизор цело време и да застануваш да ја смириш и да си нервозна.
    Пробај со сликовници назад да и ставиш да врти или пак некоја играчка која свети и свири, кај нас тоа успева додека не фрли се 8) па потоа му пеам па и ќе застанам да му ставам играчки ако треба пак и така..
     
    На Трагедијаупмм и Baby warrior им се допаѓа ова.
  3. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.069
    Допаѓања:
    5.816
    Пол:
    Женски
    Чисто за муабетот за седиштата, мајка ми била релативно малда мајка на 24ме имала во 90та. Кога дојде време да се спремам за пораѓај ме праша дали сакам пликото мое што го имала за бебе за вадење од болница за во кола. Јас не знаев што е тоа и она ме гледа збунето ми вика - ама во што ќе го носите од болница до кола викам во транспортер, ми вика не знам што е тоа, плико ти треба :) и седнавме да се објасниме и сфстив дека они немале во што да го земат бебето па си го виткале во кебенце како подебелко во форма А и го викале плико за бебе а и во тоа го возеле во кола до дома 8) скроз се смениле времињата, други коли возеле, други патишта имале итн ама ете живи и здрави сме. Во седиште ќе седи минимум до 5години тоа знам зошто јас се осеќам сигурна кога она е во седиште, после ќе видиме што ќе прајме бустери не знам што ќе мислам тогаш ама ќе седи врзана.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.069
    Допаѓања:
    5.816
    Пол:
    Женски
    Со сликовница не сум пробала ќе пробам деновиве а со играчка што свири не се секира многу ја фрла и рикнува :|
     
    На jungle му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Amore.Mio

    Amore.Mio Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    1.119
    Вака е дозволено да се вози бебе како што знам јас… Така го возев големото а и сега малото кога сме сами во кола. Ова за во Италија ти кажувам ама мислам и овде е исто.

    @Stone го тупиш со тоа ако ако буквало. Упорно само негативни сценарија и се некој тебе ти извртува муабети. Не отварај само теми каде што не прифаќаш ниедно мислење.

    За базен би сакала да кажам дека кога во бременост имав болки во грбот докторот ми рече да одам на пливање барем 2-3 пати во неделата. Не знам зошто кај нас е забрането, а овде не е…
     
    На Трагедијаупмм, Anaroz1, EnaEnA30 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. jungle

    jungle Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    829
    Сликовници со дебели страници, нешто што често и држи внимание, тропалки некои.
    Мојот игра со силиконски шпатули, мали пластични садови, капачки, се носам со мене за секој случај де, мини кујна 8-|
    Упорност и ќе биде (fingers)
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.069
    Допаѓања:
    5.816
    Пол:
    Женски
    Хахаха мора да бидне, сега кога ми кажа пластични работи ми текна дека е заљубена во пластични шишиња а мене не ми текнало да и дадам во раче во возење. Утре ќе се вози со шише од кока кола мало, сега го испив ќе и го спремам за утре па ќе дадам апдејт :D фала џангл :l:
     
    На jungle му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.069
    Допаѓања:
    5.816
    Пол:
    Женски
    И во мк е дозволено, полицаец ми рече во ред е терај…сама си немаш подобра варијанта ако плаче
     
  9. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    4.127
    Пол:
    Женски
    Мене ми е страв да се возам сама со неа. Џабе. Ми се потат рацете никако не можам да се нафатам. Си викам што ако почне да плаче а јас не можам да ја смирам, што ако нешто се случи недај боже.. Извинете на негативност ама нема лек изгледа секој пат исто, и секој пат завршуваме така што го чекаме тато до 4 :(
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.069
    Допаѓања:
    5.816
    Пол:
    Женски
    Јас чекав 4ипол месеци за да ја возам сама. Возам 100години, нигде не одам без кола ни до продавница :^) ама мн ми беше страв со неа да почнам. Едно сабајле договорив доручек со другарки во Русти, ја дотерав неа, се дотерав јас и тргнавме. И така секој ден сега си возиме си збориме си пееме и си уживаме. Деновите поминуваат побрзо кога шеткаме и возиме мораш да почнеш, мечка страв, мене не страв
     
  11. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    1.518
    Пол:
    Женски
    Не ги носам со мене преголем стрес би било тоа за нив. Едниот си го однесов со авион од Мк во Де и доволно стресно му беше не би го изложувала пак на такво нешто. Ги чуваат пријатели доаѓаат кај нас дома им даваат за јадење и вода и им менуваат песок и ќе си поиграат со нив саат, два. Или золва ми преспива кај нас дома и ги чува. Имаме и камера ако одиме за викенд некаде на два дена не е проблем сами да останат си играат заедно пошто се двајца. Има и една апликација “Cat in a flat” покажува луѓе, катценситери во твоја близина што чуваат мачки и саатница ама сепак тоа е ствар на доверба јас ја имам како апликација ама не сум викнала катценситер до сега.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    181
    И јас сум твоја генерација и израсната без седиште. Убаво се сеќавам со главата напред да им правам муабет на моите додека возеле.

    разликата е што сега секој втор скрола на телефон или пафка тоа икосот, не внимаваат, возат без возачки и дивеат по улицивњ многу повеќе. Само зошто ние некако сме ја преживеале природната селекција и сме океј, не значи дека нашиве знаеле што прават

    а уште едњн совет за тие што не ви сакаат бебињата возење. Оваа песна викаат дека е докажано дека ги смирува скоро сите деца. Кога синко збеснуваше, оваа песна вртеше на рипит у кола и секогаш се возевме без проблем.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_2546.jpeg
      IMG_2546.jpeg
      Големина на фајлот:
      217,9 KB
      Прегледи:
      39
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.651
    Допаѓања:
    26.472
    Пол:
    Женски
    Јас седнав со неа сама , кога беше баш бебе бебе. Штом влезеше во кола, одма заспиваше.
    Ееее, ама дојде на некои 8 ипол месеци и јас почнав со работа и ја носев кај моите на чување.
    Ужааас е благ збор. Ништо не ја интересираше. На сред обиколница сум застанувала со 4 ри жмигавци, да ја смирам, вратам во седиште и да тераме.
    Кога ќе почне и со појадок во градинка, незнам како ќе се возиме. Со некој седи позади. Тој некој сум била јас скоро секогаш де. Ако не точачето не ни бега.
     
  14. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.187
    Допаѓања:
    39.350
    Пол:
    Женски
    Мене не ми било страв кога беше бебе оти лабава беше, си гледаше по надвор и си ќутеше ама како расте е се понапорна. Ти возиш таа те прашува шо е тоа од сликовницата, шо има надвор, мамо види ова види она. :D
    И така пола пат се објаснувам дека не можам да видам затоа шо возам и ќе се слупаме некаде. Забавно :D
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.809
    Допаѓања:
    10.221
    Јас мојата 1 год и 3 месеци е, строго назад ја возам и свртена наназад, како што и треба. Секој ден сама ја возам. Дали ќе ја носам или зимам од градинка, дали ќе одиме до некаде двете. Играчки и давам, врзувам назад за да не бегаат. Некогаш ќе заќенка, ама ќе и помине. Ептен ретко се случувало да застанам за да ја смирам, и пак ќе си продолжам. Или ги менам моите песни, и пуштам детски песнички да слуша. :)

    Некогаш возам и до моите, на два часа живеат возење. Кога сум сама со детето, гледам да темпирам да е време за дремка. И обично веќе на излезе од Скопје таа е заспана, и скоро цел пат го спие.

    Кога се работи за безбедност, не правам исклучоци. Си викам подобро спречити, отколку лечити. Многу ми е шубе. Бебе јаде во столче, спие во креветче, се вози во седиште. :D
     
    На Anaroz1 и Stone им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.437
    Допаѓања:
    68.657
    Пол:
    Женски
    Од една во друга крајност. Нѐ возеле нас ко компири во кола, сме преживеале. Има деца не преживеале, па не се тука да пишат. Не му текнало на некој туку така да измисли да седат деца во седиште или возрасни со појаси да се врзуваат. Се знае со факти зошто се вовело правило, што довело до тоа, колку била смртноста пред, колку потоа. Ама не, сме преживеале ние, очигледно за да пишуваме глупости после.
     
    На Simon4e0507, Anaroz1, Unno и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    6.686
    го споредуваш сообраќајот тогаш со сообраќајот сега, браво! ја гледав свадбата на татко ми и мајка ми, во 92ра, на паркингот пред матично има фичо, југо, сто кец и уште едно фичо :drunk: озбилни сте ? дали знаете надвор какви будали има со бесни коли? секојдневно гинат луѓе, не сејф сити, за нас тука само логор
     
    На Simon4e0507 и Stone им се допаѓа ова.
  18. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    822
    Пол:
    Женски
    @Cvetce_ женскаа олади малку деновиве со коментариве и предрасудиве твои.

    @Stone јас ќе се надоврзам и на мислењето на @1209. И јас сум израсната од мајка преедуцирана за тоа време и тежок паничар. Не ми даваше да одам на играорна кога сите одеа зошто се кревало прашина и ми набројуваше милион работи што може да се случи од прашина. Манично чистеше по цели денови. Ќе шетавме по продавници и после излегување од секоја продавница ми дезинфицираше раце. И знаеш што? Освен што тоа ме направи да бидам екстремно интровертно дете зошто бев ускратена од сите детски бељи во ниту еден момент не ми беше имунитетот подобар од други деца, напротив. Завршував со наод на бели дробови мин еднаш годишно до мои 16 години. Додека имам другарки што мајките ги лечеа со мед, сода и ракија што во живот се немаат антибиотик напиено освен после интервенција на заб. Јас имам за жал многу наследено од таа опсесивност и честопати живеам во страв, ама се борам да не му го наметнувам тоа на бебе и го оставам максимално во рамки на негова безбедност да истражува, не бришам раце опсесивно зошто се се тоа некои микроорганизми што само можат да му ојачаат имунитет зошто имунитет се јача единствено со изложување на патогени честички.
    Сите го сакаме најдоброто за нашите деца ама ако ги раснеме во страв од се околу нас, ништо добро нема да им донесе тоа. Некогаш е подобро и да ги оставиме и да паднат и да се умачкаат во кал, ќе зајакнат моторика и делумно ќе си го изложат телото на некои вируси и бактерии и најчесто ништо лошо нема да се случи.
    За бања, јас не се бањам во базен исто од причини за уринарни инфекции толку ми е тоа всадено токму од мајка ми што ни на крај памет не ми паѓа. Но, сигурно како што и др членка пиша нема некоја голема опасност од истото зошто секаде низ Европа на сите термални бањи има еден куп бебиња.
    За кенгур напред, може да се носи кога бебе ќе е над 60цм и ќе си ја држи главата исправено. Моето бебе не сакаше кенгур конкретно, иако имам на ергобејби и баш 2 месеци беше кога ги читав препораките и он си држеше глава на 2 месеци скроз самостојно и беше 64цм на 2 месеци па ако претходно 2-3 пати кога го ставив го сакаше кенгурот ќе го носев свртен нанапред на 2 месеци. Одобрено од ортопед. Не мора да судиме без да ги знаеме сите факти околу тоа. Стоун топло ти препорачувам да разговараш со некој психотерапевт за стравовиве, јас истото го практикувам, зошто ништо добро нема да ти донесе. По коронава сите скоро работат и онлајн па не мора да патуваш далеку зошто знам тоа ти е проблем. :sun:

    Да се едитирам и за возењето, јас секогаш го возам во седиште и врзан дури кога одам и на гости кај пријателка што живее на 500 метри се додека не ми се случи кога бевме во Австрија зимово и почна исто неконтролирано да плаче веројатно му се затнаа ушите дека планински предел, застанавме го земав само што го вратив пак почна да вришти. И возевме на сред планина он кај мене во раце со цицка во уста. Дали тресев вилица од страв? Апсолутно да. Дали бев горда на мојата несовесна одлука? Апсолутно не. Ама дали тоа беше најпрагматична одлука во моментот? Апсолутно. Беше подмрзнато, вееше снег и веќе стемнето. Од кај нашите одалечени 150км во моментот а до најблискиот град 50км. Утредента веќе се препорачуваше да се избегнува патување накај тие предели. И која ми беше опцијата? Да не завее снег и да премрзнеме? Сигурно не. Проработува животински инстинкт во тие моменти. Од тогаш исто си реков нит судам за туѓи одлуки ни ништо зошто не ја знам целата приказна.

    Исто како што и тука имав осудено мајки што пуштаат цртани под 2 години. Па се видов со пријателка со 3 деца што животот и е комплетна трагедија и не знам како е уште нормална. Ми кажа дека на бебињата од 5 месеци им пушта цртани. Знаете што и кажав? Фала богу, прави што ти носи раат, глеј си го менталното здравје што ти е останато. И знаете што? Во тој момент сфатив дека позади сите ваши никови стојат приказни кои јас не ги знам, и не знам дали јас под истите околности не би постапила исто. Зошто е многу лесно кога немаш екстерни фактори кои влијаат да си супер мама, но, животот ни сервира многу работи низ кои секој се носи на начин на којшто најдобро знае.
     
    Последна измена: 10 февруари 2026 во 23:04
    На Tulip023, 1209, Cherry333 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.314
    Пол:
    Женски
    Дозволено е со исклучен аirbag, без гајле. Го гледав баш законот зошто и јас го возев така во транспортер. Сега веќе има седиште назад и си седи мирен, малку драма има само кога ќе го седнам, додека го наместам:D