Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    3.690
    Пол:
    Женски
    Ние со поголеми деца ,прв пат такво нешто што осеќаат немаме простор за паники и стравови ,видливи :D
    Всушност не се ни плашам јас во куќа сме верувам во згради е полошо.
    Јакичок беше ама не ме исплаши само ми беше страв големата да не се исплаши ама таа па не го ни сети така да добро поминавме зошто како што е плашлива со месеци ќе требаше да објаснувам и да ја тешам (fingers)
     
  2. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.808
    Допаѓања:
    5.848
    Пол:
    Женски
    Јас цел живот во куќа, мн земјотреси прошле, меѓу кој и тој 5. нешто кога беше стајковци поплавата. Беше страшно да... ама ова ми е прв земјотрес во зграда. ќе умрев вчера. Па толку мн се осети неможев од кревет да станам, фрижидерот од што се навали зградата, почна да фаќа перката од моторот да квичи се стрчав накај дете во спална... плачев после тоа мн се исплашив. Ти е**м зграда и све живо кај ќе идеш да се спасуваш на 5ти спрат... златна куќа.
     
    На fragaria, Anastasia579, Feniksgirl и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    3.690
    Пол:
    Женски
    Лошо е ,затоа и реков дека е полошо во зграда ,јас не сум била во зграда за време на земјотрес ама има логика. Инаку отрпнав веројатно од 2017 та тогаш имаше по неколку дневно кај нас (facepalm)
    Само да не се повторува.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    6.327
    Пол:
    Женски
    Јас се стресов што изреагирав толку лошо :( мн ми беше криво, бебе спие во креветче залепено до спална јас лежам на спална полузаспана, маж ми во дневна работи на лап топ / здрмѕва се освестувам одма гледам накај неа спие и го фаќам рачето и ја држам и почнувам да викам по маж ми. Он дотрчува за секунда во спална и ја дига во раце она се испалаши јас што викнав иначе вероватно немаше да се разбуди ;( како бе не ми текна инстинктивно да ја дигнам одма во раце? Си бев љута сама на себе после, за раче ја фатив само и викнав по маж ми :whew: мн лоша реакција :| иначе најгоре сме на зграда руфтоп престрашно! Прв пат земјотрес во овој стан волку високо :(
     
    На Anastasia579 и Ladyme им се допаѓа ова.
  5. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.094
    Допаѓања:
    7.023
    Јас бев сама со двете дома, двете будни, малово лежеше на спална под лустер :drunk: големово голо ме чека да ја туширам :rofl: не сакав да паничам заради нејзе, видов дека не е свесна шо се дешава и се исконтролирав, го земав бебето само од спална и пробувам да му вртам на маж ми глеам одма мрежа нема, он па не заклучил и не остаил дома без клуч :rofl: и викам тоа е сега ќе си седам шо да праам :drunk::drunk:

    него на друга тема овде сте најактивни, имам млечен блистер, како бела точка на брадавицата веќе 2-3 недели ми стои, пробував со топла вода со пешкир да го протријам, ланолин мачкам, лецитин пијам не реагира никако :drunk: бевме на педијатар баш и на нејзе и покажав вика чим не те боли не се секирај само ќе помине, ама почнав веќе да се секирам... дали да одам негде и каде??? дали имал некој волку долго да ми стои, а да не боли?

    и на трета тема, носко од колку месеци сте упорребувале, малово малце има мрслучиња, вадиме со аспираторче со уста шо се влече, а во аптека му кажале на маж ми дека може и со носко...
     
    На Baby warrior, Carolin. и Ladyme им се допаѓа ова.
  6. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.490
    Пол:
    Женски
    Офф мајкаа, песнава ми е на repeat веќе 4 месеци и веќе престана да помага. Ми беше откритие на векот кога почнавме, се сеќавам ја имав споделено и овде на форумот. Ама веќе не делува. Го седнувам во транспортер во едниот правец сме супер, си заспива одма и немаме проблем. Кога се враќаме од каде и да сме и колку и да е кратко или долго возењето ништо не помага.
    Понеделникот бевме во Скопје, за натаму супер. За назад почна забавата. Првите 10 мин си седиме без проблем, мм вози јас до него, после почнуваме до мрдање и плачење некои 5 мин не забавуваат играчки и после тоа вриштиме. Пуштам песнички се смируваме на 2 и пак вриштиме, го вртам тел да ги гледа видеата да не ги слуша само песните, слушаме 2 и почнува пак вриштење. Вриштење до зајдување, каде плаче без да земе воздух и почнува да модрее во лицето. Што викаст другите членки, дали сакам по автопат СкопјегВелес да го држам во раце, секако дека не. Дали е крајно не безбедно, да. Дали е тежок и мрда цело време и оддвај се справувам, апсолутно. Ама нема друго решение. И мене коски ми се тресат посебно по тие кривини ама кога не помага ништо друго а дете ти модрее...
     
    На dummy и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  7. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.913
    Допаѓања:
    26.925
    Пол:
    Женски
    Секрет за вадење имаше кај 6м. Кога почнаа мрсули од заб што вадеше.
    Ама може и на помало.
    Секунда работа е со носко.
     
    На Ladyme и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  8. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.913
    Допаѓања:
    26.925
    Пол:
    Женски
    Јас сама со неа. Седам во дневна, она спие во спална ја гледам на камера.
    Како стресе, прво викнав и се стрчав накај неа. Она спие, јас се тресам, плачам, неможам мм да го добијам на телефон. Мајка ми ја добив, одма дојде ( на 1 мин живее од нас). Со неа и мм трча, он незнае што се случува, во кола бил, не сетил ништо.
    Едвај ме смирија. Ја разбудив со моето плачење.
    Ужасна реакција од мене.
    Што вика мајка ми, ако ти е страв, замотај дете во кебе и доле кај свекрвати спушти се.
    Ама моменти се тоа…
     
    На Kjara2025, Anastasia579, Baby warrior и 3 други им се допаѓа ова.
  9. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.722
    Пол:
    Женски
    Ептен страв ме фати. Малата спиеше во соба и одма се стрчав накај соба не можев вратата да ја погодам од што дрмаше на 4ти спрат сме. Она си спие а со мајка ми и сестра ми и влеговме во соба ко специјалци, стана крена глава и почна да плаче. Мислам да не успаничивме ние толку она уште ќе си спиеше. Јас до 2 саат будна бев и во 7 станавме жива ненаспана сум. Ми беше страв од афтершокови. Инаку не си се обвинувај сама себе. Во такви моменти правиме најдобро што знаеме и можеме. Не мисли на тоа сега.
     
    На Baby warrior, Ladyme и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  10. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.094
    Допаѓања:
    7.023
    епа исто и кај нас извади две запчиња доле и одма носето, 6 месеци сега ќе прави и големата така ми ги вадеше секој заб со слаба настинка.
     
  11. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    1.879
    Пол:
    Женски
    Ова навистина ? Синко два дена беше со затнато носе, само носе полно со бел секрет, 6 месеци сме, сега ме задумавте :)
    Попратно будење со вриштење навечер како никогаш досега, откако е роден не сум го слушнала да плаче онака на цел глас, не знаев да реагирам дури :)
     
  12. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.094
    Допаѓања:
    7.023
    кај мене големата сите заби ги вадеше со настинка, тие потешките и со температура, обавезно и го рушеа имунитетот.
     
    На Cvetce_ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    3.690
    Пол:
    Женски
    Настинка не ама големото со вриштење да.
     
    На Cvetce_ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    8.490
    Пол:
    Женски
    Мм готово вика јас одам во куќа да живеам, ти како сакаш (facepalm). Срцев удар ќе добиеше. Среќен пат кажав, оди кај мајка ти. А ние на 1 спрат сме во зграда, да бевме на 8ми што ќе кажеше :D.
     
    На Трагедијаупмм, Anastasia579 и Ladyme им се допаѓа ова.
  15. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.573
    Допаѓања:
    2.436
    Пол:
    Женски
    Во МК колку што знам не постои законска регулатива за ова, но според европските регулативи (преверено во живо во Франција, Шведска и Англија) бебе може да се вози на предно седиште во транспортер свртено обратно, под услув да е исклучен аирбагот.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.094
    Допаѓања:
    7.023
    и тука е така, јас сама кога ја возам напред ја возам исто, иако сега си нарачав огледало од тему да ја гледам :D
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.573
    Допаѓања:
    2.436
    Пол:
    Женски
    И јас така го возев сама кога бев со него. Подобро напред да го гледам/да ме гледа, него да ми вришти да не можам да возам.
    Голема веројатност имаше да направам белја додека ми вришти, затоа што фокусот во минус ми идеше.
     
    На Трагедијаупмм, Baby warrior и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  18. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.913
    Допаѓања:
    26.925
    Пол:
    Женски
    Од прв до последен заб што има извадено до сега, сите со мрсули до колена ги извади.
     
    На Трагедијаупмм, Cvetce_ и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  19. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    441
    Допаѓања:
    1.213
    Јас дојдов само да си се пожалам.
    Бебуш има скоро месец. Така из чиста мира ќе се развришти, а претходно се смешкала...и не може да се смири. Т.е. се смирува само на цице. Цица цица, па ќе почне да вришти, се трга па панично пак го бара цицето, цица па вришти, се трга па пак го бара. Таман цицала 45 мин, сум се укочила, едвај чекам да станам, она пак вришти и пак бара. Не оти е гладна, туку сеа да си игра со брадавицата.
    Не можам на раат да ја пресоблечам, да ја спремам за шетање, да си се галиме гугаме...или вришти, или е на цице или спие стриктно на моите гради. Не можам да одам до тоалет на раат да се искакам!
    Најстрашно е што не знам што и е.
    Не сум сигурна дали е мешето, дали е кластер фидинг, кој курац е, немам појма.
     
  20. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.913
    Допаѓања:
    26.925
    Пол:
    Женски
    Премало бебе е и е скроз нормално да сака да е само со вас.
     
    На Anastasia579, Anaroz1 и EarthFire им се допаѓа ова.