Безвезе сме изреагирале и двете да не сме викнеле и они немаше да се разбудат да ги стресуваме маж ми па ми вика добро де помина ај легнувај сеа он ја успа нејзе ја седам чекам нов и си мислам зошто сум толку будала, па легнав кај 12ипол. Сабајлево дојде татко ми мм отиде на работа и ми се смее, џабе го чекаме нема втор
Да ја искористам дремкава на бебе да одморам и да се пријавам дека сум тука, ве читам но немам толку време за да се вклучам во дискусија. Ние конечно сме подобри, една недела помина веќе, бебка е уште затната, но подобро може да спие и јас сум подобро исто цела затната, но омалаксаноста помина, не можев да мрднам. Борба беше за ставање спреј во носе и чистење на носот. Носето го чистиме со аспиратор што се вшмукува, но некако не вади доволно, се мислев да земам електричен, но прочитав рецензии дека слабо вшмукувале, ако имате електричен и сте задоволни препорачајте. Се мислев за носко, читав дека е безбеден, но шубе ми е дека се става на правосмукалка. Нашата доенечка приказна заврши, последните денови несакаше веќе воопшто да цица, ни навечер, ниту па бара цице. Кога би почнала отпочеток се би направила поинаку, повеќе би се потпрала на консултант за доење, отколку на педијатрите што те паничат кога ќе ти речат дека не напредувала, па мајка во очај ќе направи се што треба детето да не го изгладнува, но тоа е што е. Мајкава си купи нови книги за читање, ми треба време за себе, па додека спие бебе наместо да вртам на моб, социјални мрежи, форум ќе правам нешто што ме опушта, а не да ми создава дополнителен стрес. Почнав и да вежбам, но се разболевме и направив пауза, да се стабилизираме, па повторно продолжувам. Пишувањето нема крај, одам да се опуштам со добра книга и кафе.
Нема подобар од носко, ич да не ти е шубе. Има делче иде во правосмукалка, се местиш, уклучуваш идеш кружно во носето со аспираторчето мислам од грло ги вади хаха. Зборам ако има. Така да тоа најдобра работа.
се сложувам, носко е најдобро, не паничи не е битна јачината на правосмукалката подесено е на секоја јачина исто да влече јас имам од големата и ја планирам да го ставам во употреба и мојата е затната и така малце поткашлува, наредна недела треба да прими трети вакцини, ама изгледа ќе одложиме. баш ми е жал за доењето, не се обвинувај, мене првото ми беше на ексклузивно доење до годинка, па еве второто не напрадуваше како по книга и ја мислев дека знам се, ама уште и давам хип нормално од страв да не е гладна и цица и хип пие, сеа па педијатаров вика дека има поише килажа од што треба јас 5 пати почнав да вежбам и се разболувавме по дома, ама не се откажувам, цело време почнувам отпочеток ја имам скроз вратено килажата, веќе сум на истата како кога останав трудна, сега ми фали малце затегање, имам во близина куп теретани, па се мислам да сменам малце од трчање на теретана, ќе видиме и така тоа време ми е мене за опуштање и за себе, да киднам малце од дома.
Мојава одма заспа. Реакцијата ми беше ужас, ама е посилно и не се контролира. Плус и сами дека бевме. Ај нека не се повтори само.
Јас земав електричен од Тему ама веќе го нема истиот модел. Инаку презадоволна сум, ептен ми се најде дека ем вадеше заб ем се разболе дур бевме на зимовање и за во кола и за таму ме спаси. Не е ни многу бучен, дури се навикна последните денови без плачки ми даваше да и чистам носе. Носко немаше да ми заврши работа во мојава околност
И верувај дека немало да се разбуди ако не си испаничела. Јас на 10ти спрат стварно прејезиво осетив, буквално се љуљаше зградава ама среќа ни јас ни мм не испаничивме воопшто иако ни е прв земјотрес одкога сме во станов. Ја гледавме бебка на камера гајле немаше спиеше, дури се зафркававме дека убаво и дошло нишкањето во сон
Бебко мој деновиве вришти за мандарини, а уште нема 6м. Му давам по малце да цицне, но страв ми е да не ми вшмука одеднаш па да го задавам. Се думам да му купам од таа лажачката во која можам да ставам овошје, но некако рано ми се гледа, а овој лаком. Ги гледа тие што јадат и се лигуши. Па глуми некој си господин, преку не сака града. Од други тертипи уште на почеток бараше да му се смени памперс, и сега по 5-6 го преслакаме, затоа што протестира со јадење ако не е чист. Ние некогаш имаме проблем со носето, но прво му прскам спрејче, па после од кога ќе кивне нешто вади нешто влечам. Во глобала добар е, има јак имунитет со оглед на тоа што ни дошле болни, мрсулави (па му кивале над него).
Мене ме фати на скали не знаев дали нагоре или надоле ама ние сме до епицентарот многу блиску јако не здрма дури и звукот беше страшен, бебо спиеше ко заклан, а мм мислел вратите од шкафот ке паднат па легнал над детево тоа ви е инстикт Немам сетено земјотрес од после поплавите во СК кога имаше. Дете дома од градинка втор ден, вадиме мрсули ко да е пушач 40години, а цели две недели одеше во градинка бели се и густи, ноќе му се слеваат наназад па само приплачува, жива не доспана сум. Јас од први треба да почнам на работа ако се биде во ред се надевам, така се договорив. Па сеа го чувам дома демек да не се доразболе бетер ама никад не му знаеш. Ем се радувам што ке сменам и нема да сум дома зошто збудалев ама од друга страна како ке излегуваме на крај со земање носење, болести на детево кој знае. Знам дека ке биде турбо само, за убаво нека е За возење моево до кај 7-8 месеци а влезеше во кола спиеше, сама едвај се наканив да почнам мислам околу 4-5 месеци имаше одтогаш не сме застанале. Сегде шибаме, обично ако треба да одиме подалеку темпирам да тргнеме кога му е време за дремка па барем поголемиот дел од патот да го преспие. Седи назад позади мене, никогаш не седел напред, кога заспива го вртам на кај другата врата за да можам убаво да му го спуштам седиштето да си спие на раат. Се надевам вака ке остане и во иднина со сите друго деца ако ми ги даде Господ @Sucubus во дм имаш такви за овошје, а ако немаш дм, во секоја подобро снабдена аптека можеш да најдеш.
Мајкички, јас да споделам со вас, вчера бевме на преглед супер си е бебе. 1ипол месец сме пораснал 6цм, а стигнал до 6200гр килажа Само малку ме изнервира матичната му го отвара курето иако и реков не сакам така! Вие што имате машки кажете што правите пошо се збудалев хахаха
Јас му го отварам по малку после бањање кога е мека кожата. Имам ситуации околу мене каде што мајки не го правеле тоа па потпораснати деца ги носеле на сечење. Некако од тоа повеќе ми е страв одколку јас да му го подотварам секој 3 ден така даа. Ама секој различно размислува и не секој се согласува така да ако не си се согласила сметам дека не е во ред