Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.489
    Пол:
    Женски
    Не се средува, мм со иста ситуација на 6 год мислам е сечен.
     
  2. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.489
    Пол:
    Женски
    Се повлекува кожичката надоле, се испакнува нагоре црвенко. Не знам како детално да ти објаснам. Многу се мали и се уште им се оформува кожичка и мислам дека затоа е битно од мало да се отвора за да не зарасне. Само мора внимателно да не го повредиме или многу да се истегне. Пак ќе кажам мое мислење, не сите практикуваат
     
  3. jungle

    jungle Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    894
    Секоја мајка тука, па и докторите во Мк барем, се со различни ставови.
    Моето е годинка и месец, ниту сум го чепнала ниту сум во план.
    Самиот си го трга некогаш, дури и онака ептен како да е ластиче за коса :whew:
    Поголема е веројатноста да добие инфекција од отварање отколку да си стои како што е.
    Веќе ако стаса до инфекција е дури тогаш мора да се повлекува како мини зафат.
     
    На 1209 и Anie93 им се допаѓа ова.
  4. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.207
    Допаѓања:
    18.888
    Пол:
    Женски
    Па подообро тка него дома насилно да направиш инфекција
     
  5. Sucubus

    Sucubus Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2021
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Знам дека е мал, се трудам да не му давам. Имам почнато со јаболко, круша и морков. Се мислев да вклучам и слива, но се откажав. Сега сакам да почнам со компир, сладок компир, грашок и пилешко. Па после од март- април натаму сакам да му давам коскена срж, свекрва ми коли секоја година теле, па си мислев дека ќе биде добра опција да воведам од тоа месо. Барем знам дека е од дома.

    Инаку и јас не му го отварам курето, не ни знам како, а и да знам од страв нема да го сторам. Но како и да е планирам да му го пресечам кожичето кога ќе дојдам Мк. Јас сакав уште кога се роди, но мм не дозволуваше мало било. Имавме спротивни мислења, тој сакаше поголем за да си памти, јас па сакам сега додека е бебе, нит да памти нит да има болки, па чепкање, плачење. И сега падна договорот до август да го средиме тоа.
     
  6. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    8.490
    Пол:
    Женски
    Не се средува само на 5 6 години туку малце на повеќе ако си го отвори сам кога ќе почне да се чачка доле, не знам точно која возраст, после 10 години претпоставувам. Под услов да не фати некоја инфекција ако му е скроз затворено зошто тоа се полни внатре со смегма. Не е баш едноставна причава :sweat:
     
    На Надеж♥️ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.489
    Пол:
    Женски
    Добро не зборуваме за насилно отварање искрено. Затоа и го отварам после бањање кога е мека кожата и нежно и внимателно. Не сум направила ништо без консултација со педијатар. Прашав ми рече доколку сакаш можеш но тоа да биде после бањање и нежно. Истото и го практикувам и тоа повеќе бидејќи мм бил поголем и разбирал кога го сечеле и се сеќава колку го болело. Сепак тоа е избор мајка, доколку ти смета ако уште еднаш повтори педијатар повтори дека не сакаш или на крај смени педијатар кога не го почитува твоето мислење и барање.
     
    На Anie93 и Cherry333 им се допаѓа ова.
  8. jungle

    jungle Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    894
    Смегма се создава кога веќе е кожата раздвижена, баш тоа што кажувате отварање напред назад. На целосно затворена кожа никако не почнува да се создава смегма.
    Затоа е најпаметно да не се чепка воопшто.
     
    Последна измена: 11 февруари 2026
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    8.490
    Пол:
    Женски
    Добро ај дај Боже да немаш проблеми со детето па да продолжиш да проповедаш волку страствено на темава. Не чепкај и готово. Сеа упорно го игнорираш фактот дека кога не се чепка има ризик од инфекција, насилно отварање и интервенција. И да е под анестезија, боли после детето не може да мочка. За траума да не зборам. А постепено ништо нема да му биде, без употреба на сила дома. Како 3 машки деца да си изгледала галамиш.
     
    Последна измена: 11 февруари 2026
    На Надеж♥️ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.911
    Допаѓања:
    26.924
    Пол:
    Женски
    Слива те советувам да воведеш, од причина што, со воведување на цврста храна, може да има тегоби при какање, а сливата ти е одличен избор за средување на кака.
    Ама ти си знаеш сепак за твое дете.
     
    На Sucubus му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sucubus

    Sucubus Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2021
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Сега за почеток дека му воведов круша се откажав од слива, но секако и тоа ќе почнам.
     
  12. Tulip023

    Tulip023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    517
    Пол:
    Женски
    Не си единствена...еве 6 месеци никако да се опуштам. Неколку пати се спремивме, тргнавме, свртевме неколку круга околу зграда, ми беше страв да се приклучам на булевар и си се вративме дома.
    Ама си ветив сама на себе дека месецов максимално ќе се фокусирам на тоа да се опуштам, зашто не сакам на пролет да бидам зависна од мм за подалечни прошетки. Мојот план е прво да се опуштам да возам со бебо и мм во кола, па после само со бебо. Те охрабрувам и тебе да продолжиш да се обидуваш и да се ослободиме од оваа бариера што не кочи. :hug:
     
    На Anastasia579, Baby warrior и Peperutce6 им се допаѓа ова.
  13. defocus

    defocus Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    Што е тоа што го правите надвор од деца, работа, хоби?

    детево пркна, јас со прстот во уста ко бабиве без некоја цел освен ручек.

    зачитај книга, загледај филм, не е тоа тоа.

    За излегување во дискотеки не можам, тапа ми е.

    Имам драстична желба да направам некој нов потег, не знам…
     
  14. Sucubus

    Sucubus Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2021
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Мора да почнете и двете. Прво ќе ви е стресно и тоа многу. Јас на почеток немав проблем, спиеше од точка А до точка Б, а тоа беа релации од 90 км и 150-200 км. И ми беше како подмачкано. Потоа почна да не стои во транспортер, па ми требаше 10-15 мин да заспие, но имав при рака шише млеко и лажачка. Еднаш ми беше многу мачно, плачеше околу 45км, застанав да го нацицам- ништо, потака застанав го преслеков, пак ништо. Потака веќе хистерично почна да плаче, па излеговме од кола и така го нишав во раце додека заспа. Па ај ја зедов мајка ми и ми беше полесно дека е тука зашто требаше да возам уште 60 км тој ден. Тој ден мислам дека ќе доживеев нервен слом искрено.
    Следните денови слично беше, не спиеше, плачење па го залажував со млеко и лажачка. Тие две обавезно беа до мене, и една играчка на транспортерот колку да прави врева. Темпераментен и нервозен е, не сака музика, ништо не го залажува и сака да му е удобно, да е легнат. Го седнам го седнам во транспортер и почнува со плачење, како да го штипи некој.
    Веќе се навикнав затоа што морав, мм не беше тука и само јас бев шофер.
     
    На Anastasia579 и Tulip023 им се допаѓа ова.
  15. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.094
    Допаѓања:
    7.022
    Јас многу често ги возам двете сама, сеа пред некој ден психички попуштив, големото е во фаза, а зашто ова, а зашто она :drunk: не престанува да збори, оваа рикнала плаче, ја гледам во километражата со ова сејф сити :rofl:

    @defocus трчам :D, одам на кафе со другарки, одам на Водно, не знам дали одиш на работа, али кога одев на работа не ми остануваше многу време, сега уште си уживам на породилно:D
     
    На Tulip023 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. defocus

    defocus Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    Да вежбам и трчам не ми е изводливо ради Х причини. Ми останува 2 саати после работа и 2 саати навечер свои. Тие ми треба да се ефективни за мој раст..
     
  17. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    20.813
    Пол:
    Женски
    Дај боже да се среди, јас почнав да прашувам дали ставаат анестезија за сечење веќе пошо дома нема шанси да му го отвориме сами. Ем он не остава, ем мене ми е страв искрено.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.207
    Допаѓања:
    18.888
    Пол:
    Женски
    колкав е?
     
  19. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    20.813
    Пол:
    Женски
    2ипол има
     
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.973
    Допаѓања:
    189.878
    Пол:
    Женски
    Куриња не им чачкам, освен на бебе на бањање да му го измијам, пошто е многу мал за сам. Поголемиот е 3 години, сам си го мие, не дава никој да му го фати. Овде отворање куре спаѓа во сексуална злоупотреба и нема возрасна граница кога мора да се отвори. Машките деца си го отвараат сами најчесто кога ќе почнат да го истражуваат телото. Дали на 3-4-5-10 години. Се додека се одржува хигиена и нема проблем со инфекции не треба да се чачка таму и треба да се остави природно на самото дете. Насилно отварање куре како што обично се прави кај нас не е гаранција дека нема да фати инфекција или дека нема пак да се затвори за што говорат голем број случаи, па пак да треба да помине низ истото. Мене ни на крај памет не ми паѓа да му чачкам таму.


    Првиве двајца ми беа тешки деца, особено за спиење ноќе. Ама ова… ова ми вади душа секоја ноќ. Нон стоп прета, мрда, кенка, приплачува, на цицка цело време. И ништо не му е погодено. :tmi: Ми се спие ми се плаче.

    За месец ипол пак сме на пат. Планирам да ги седнам сите тројца назад во кола. :l: Јас конечно да се сместам напред. :wasntme: И првиот син така прв пат го оставив сам со ќерка ми позади на 1 година, супер поминавме.
     
    На jungle, Autumn Love, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.