Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.973
    Допаѓања:
    189.878
    Пол:
    Женски
    Јас одев на ерго терапија, продолжив да одам на масажи. Ама имам страшна лепенка, маж ми за тоа време мора да е со сите тројца во близина, ама ете некогаш ми успева да украдам малку време за себе, што не е случај кога сум дома, дома што и да праам секогаш имам публика.

    Чим дома имаш 2 часа за себе почни од некои ситни задоволства, што не се воопшто ситни ама често ги занемаруваме. Купи си нова маска за лице, смени козметика, туширај се со се комплет, пилинг, скрабинг, помини стапала со нов камен, поседи под туш без ништо да правиш дур почне да тече ладна вода, само диши. Нашлакај се нов лосион за тело, уживај мирисот. Смучкај си го омилениот коктел, декорирај си го како за пинтерес за свој мерак, зготви си нешто само за себе, нешто што ти било омилено, можда нешто што те потсеќа на детство и што си сакала да го јадеш секогаш кога мајка ти ќе ти зготвела, а одамна не си вкусила, уживај во тие моменти во тишина со самата себе. Кога ќе почнеш да правиш ситни работи за себе, ќе ти доаѓаат и нови поголеми идеи.


    Надвор од дома направи нешто што иначе не би направила, почни некој спорт на кој обично не би помислила ако ти дозволува времето, или некој танц, или некој музички инструмент или нов јазик. Оди на искачување карпи или на оние изработки од глина. Не мора да трае, доволно е да промениш нешто и да излезеш од бубањ. А може и ќе се пронајдеш во нешто па ќе вметнеш во рутина. :)
     
    На IvanaCS, Autumn Love, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. jungle

    jungle Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    894
    Бројка на изгледани деца нема врска со тоа како е правилно, а како не е.
    И не е воопшто нормално да се повелкува дел од полов орган каде што природата сама еден ден ќе си го сработи своето.
    Твојата фрустрација не можи да ме убеди дека треба да му се повлекува на толку мало дете кожата за да не фати инфекција.
    Баш со постапката без разлика било тоа нежно, полека и постепено е веќе пристапно место за собирање наслаги, инфекции и воспалување.

    Која е потребата да се заплаши тазе мајка дека мора да отвара полов орган оти иначе ќе заврши дете под нож.

    Ако твоето искуство е полно со трауми не мора да го наметнуваш тоа дека баш кај секое машко дете ќе дојде до исто сценарио.
     
    На mama31 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    8.490
    Пол:
    Женски
    Правилно и неправилно е многу црно бело гледање на работите, ќе видиш во текот на мајчинството и неговите предизвици. Не секое "правилно" резултира исто кај различни деца. Фрустрација немам ама баш никаква, не знам дали мислите дека аргументите ви добиваат на сила ако го искористите тој збор, ама смешно е малце. Инаку јас имам второ машко дете, првото ми беше со фимоза скроз, насилно на лекар му го отворија и ме примораа после 1 недела јас истото да го правам и да го мачкам со крем за да не се инфицира. Ужас. Значи и јас сум против насилно отварање. После тоа не го пипкав неколку години доле, не се залепи скроз среќа. Сега сам колку отвори, толку. Второво не му е скроз затворено, малку на бањање колку што се отвара отварам, на памет не ми паѓа да влечам јас, ми останува само да се надевам дека нема да не снајде некоја глупост, а да го носам на лекар да го отвараат нема да се деси ако нема проблем. Деликатна е темата и не треба да и се пристапува со ограничен пристап, зошто буквално секакво сценарио е возможно.
     
  4. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Кога пишав пред некое време за правила сигурност безбедност имаше пораки како ја не сум смеела да коментирам за некого ,дека не знам како живот живееле другите дали детето цркало плачело и тако далје.
    Кога @Cherry333 пиша животна приказна и @Надеж♥️ одма се пуштивте со совети како е безбедно и правилно ,сексуални манјаци ги направивте а не ги прашавте за нивната животна приказна и искуство?
    Не може така дечки.Ама факт е дека човек што и да пише пак некој коментар ќе добие дека е грешно а ова е и те како доказ зар не.
    Ама да не ширам негативна енергија ај да пишам нешто друго да си ги кажам мислите.

    Бебуш ми е се поблиску до годинка а ја секој ден сум поемотивна на таа тема.Како се дел по дел спремаме и сакам и не сакам да дојде денот.Чудни емоции имам на тоа колку ги чекав работите а сега сакам само да траат деновите.Ок бар до пред последниот wake window,јер тие 3/4 часа се најтешки :wasntme:
     
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.389
    Допаѓања:
    47.593
    Пол:
    Женски
    Како не, маж ми ди го отворил сам кога бил поголем, ни сечен ни ништо, не ширете вакви безвеза паники и застарени ставови.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.389
    Допаѓања:
    47.593
    Пол:
    Женски
    Кога се чепка има ризик ид инфекција а не обратно. Може неам 3 деца машки ама имам дете си рефлукс и хидронефроза кое беше видено од безброј уролози и нефролози и стручнаци ма темата и сите беа со ист став, дека не се отвора ни по разно.
    Кога ќе дојде време сами ќе отворат.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    20.813
    Пол:
    Женски
    Не знаеш колку ме смири со муабетов жими се нема ден да не го мислам ова.
    Матичната ми рече оставам на тебе, обично со тие што отварале немаме проблем ама со тие што не отвараат сме ги праќале поголемиот дел на уролог. Нема ден да не го мислам ова :whew:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.720
    Пол:
    Женски
    Темава се претвори во тема наменета за осуда и се повеќе ги разбирам членките кои порано беа активни, а сега веќе скоро и да не коментираат во темава, а и јас станав една од нив. Во Труднички муабети не е вака. Нормално е да се има различни мислења ама овде се лечат комплекси и има натпревар која е подобра мајка, која го расте детето “по книга” ако некој не прави така готово се линчува одма.
    Пред да се фатите во нечија стапица само ќе ви кажам дека има и луѓе што си го презентираат животот таков како што сакаат да им е, а не таков каков што им е навистина. Позади параванот на анонимност не можеме да знаеме кој игра на карта “жртва”, а ниту па можеме да знаеме што се случува меѓу 4 ѕида. Не мора да ги разбереме сите и нивниот начин на живот ама за осуда сме први, а кога некој ќе не третира нас на ист начин тогаш одма жртвено јагне се изиграва.
     
    На Feniksgirl, bokace1, angel4444 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    8.490
    Пол:
    Женски
    Па факт е дека има секакви приказни. Вашите се назад, и мојата со второво дете. Еве првото направи 6, нели не го чепкав некое време после отварањето, му се подзатвори и уште не му е отворено, сам на секое бањање го отвара колку може, се надевам нема да се инфицира или да мора пак да му го отвараат, сега е голем, сигурно ќе памти. И матичната ти кажала како стојат работите, ама на фемина се главните гласноговорници, со мали деца што тек им е назад све.
     
    Последна измена: 12 февруари 2026
    На Надеж♥️ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.313
    Допаѓања:
    40.533
    Пол:
    Женски
    И тука матер ебете на теми.
    Отров џиткате.

    Нека ме цитира некој ко ќе се смирите со хормони да се вратам на темава :)
     
    На Tea SK, Amelia., bokace1 и 12 други им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.389
    Допаѓања:
    47.593
    Пол:
    Женски
    Јас исто не знаев како треба, јас кажувам од мислења како треба што биле дадени од стручни лица оти може некому ќе му помогне такво мислење и пред се сака да слушне од професионалец кој ја разбира тематиката повеќе од просечен македонски семеен доктор или педијатар.
    Ако твоето имало проблем што му требало интервенција, апсолутно не значи дека треба да се отвора за да не се направи проблем.
    Реалноста е дека природата ја заштитила главата на пенисот со кожа, зошто? Веројатно ради некоја причина, која е причината? За да не се полни со бактерии и нечистотии се до моментот кога машките ќе бидат доволно возрасни за да го истражуват сопственото тело и не ја повлечат, а со тоа и доволно свесни за својата хигиена.
    Зошто ние свесно би ја тргале кожата додека детето е мало и не можеме сто посто да држиме хигиена, најпрво кога какаат извинете на израз, внатре може да навлезе г*мно и ете инфекција.
    Проблемите најчесто настануваат ако малце е отворено, не доотворено, па отворено и нечистено, па отворено и пак затворено, ако воопшто не се дира нема да има и проблем.
    Има исклучоци да, и тогаш ако треба интервенција во ред, ама од чиста мира??
    И патем баш сега ја прашав мајка ми за брат ми и рече исто дека не отварала.
    Така да ако ние сме назад со мали деца. Кои патем не се нешто кој знае колку помали од твоите, тогаш ете од возрасни особи муабет.
    Вајда маж ми е релевантен не знам.
    Буквално имаме зборено и вика јас дури се сеќавам кога го потеглив(сега извинете малце вулгарно на темава) болеше вели малце ама ништо страшно.
    Значи ни трауми ни чуда.
    Вајда цел свет каде што не отвараат и тоа е пракса не ги прават интервенции децата цело време…

    Некогаш само малце логика треба да се вклучи.

    И стварно темава е отров последно време.
     
    Последна измена: 12 февруари 2026
    На Carolin. и Autumn Love им се допаѓа ова.
  12. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    1.488
    Пол:
    Женски
    Моето мислење е кажано од искуства што сум ги слушнала од околината. Не сакам да се правам паметна, не сакам да се правам како се да знам, сум погрешила можеби се извинувам.
    На никого не наметнав што мора, а што не мора да се прави и пишам на членката што праша дека таа е таа што одлучува за нејзиното дете. Благодарам што сподели и твое индиректно искуство преку сопругот, сигурно ми менуваш мислење и нема да отварам и јас.
    Инаку не се однесува бројче на тебе ама темава стана на човек да му е непријатно да сподели мислење и искуство..
     
    На 1209 и Peperutce6 им се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.389
    Допаѓања:
    47.593
    Пол:
    Женски
    Не мислењето и мене не ми беше некој да се осети навреден, од тој аспект стварно не сакам веќе ни да споделувам ништо на темата оти секоја една се пронаоѓа и навредува од нешто. Ама темава мислам дека е битна, особено зошто стварно од мака јас имам прочитано се и сешто и се имам едуцирано доста на темава и сакам и други мајки да знаат.
    Како што кажав моето е родено со бурежна болест да речам која ги афектира и двата бубрези, апсолутно претпазливост имам за инфекции и се што треба за тоа, во градинка не го праќав до 2ипол години само ради страв дека не се држи хигина.
    Па мислам дека искуство од доктори и професионалци на темата е многу побитно од тоа кажале мајки вака и така.
    Кој како сака на крај нека сфати, ако некој се осети повреден и навреден нека не чита форум на крај, секогаш има нешто што го правиме ние, а други мајки не.
    Ете јас давам да гледа цртани, од мал тв е вклучен, дали е правилно, не мислам дека е црно и бело во врска со тв, дали ако некој ми посочи дека не е правилно ќе сметам дека сум навредена, апсолутно не.
    Не сме одговорни за туѓи чувства, а апсолутно на темава никој не треба да се осети навреден од било какво мислење.
     
    На Надеж♥️, Autumn Love и Carolin. им се допаѓа ова.
  14. Kjara2025

    Kjara2025 Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2025
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Долг ден ми беше денес…
    Можеби некои од вас ќе се сетат дека претходно пишував дека ќерка ми има 14 месеци и не реагира на звуци. Тогаш барав мислења, совети, утеха… На 6 месеци бевме на контрола и ни кажаа дека слуша, само „игнорира“. Но јас од тогаш имав некој мајчински инстинкт дека нешто не е во ред. Чувствував дека моето дете не слуша како што треба.
    Сите околу мене ми велеа дека си измислувам, дека претерувам, дека нив ги слушала. Јас велев дека е случајност… затоа што навистина беше така понекогаш ќе реагираше, но најчесто не. Дома ја тестирав со разни звуци, со играчки, со викање по име, со музика, но на ништо не реагираше.
    Денес бевме на контрола. Испадна дека не слуша доволно, дека многу малку слуша на двете уши. Докторот вели дека не знае од што може да биде, бидејќи не е родена така. Ни препорача редовно чистење на носето и контрола за 3 месеци.
    Имам чувство како сите бродови да ми потонаа. Цело ова време мојата единствена не ме слушала. Не ги слушала песничките што и ги пеам, не го слушала мојот глас како што мислев. Срцето ми се распарчи. Не знам како да и помогнам. Не знам како да се носам со ова.
    Сака да зборува, се труди, гледам како се напрега да слушне што изговарам. Изговара мама, баба, ам ам… и тоа ми е и радост и болка во исто време.
    Тешко ми е. Не сакам да го споделам ова со најблиските, некако се чувствувам беспомошно. Знам дека треба да бидам силна за неа, но вечерва ми е премногу.
    Ако некоја од вас поминала низ слично искуство, ве молам споделете. Ми треба надеж. ;(
     
    На dead.flower23, Anastasia579, fragaria и 31 други им се допаѓа ова.
  15. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.098
    Допаѓања:
    7.096
    Пол:
    Женски
    Лајкот е за поддршка мајка:hug::hug::hug: Ме расплака;( Ќе биде добро, медицината е многу напредната ќе се најде решение. Добро е што е рано откриено… мајчински инстинкт:l:
     
    На Anastasia579 и Kjara2025 им се допаѓа ова.
  16. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    12.143
    Пол:
    Женски
    Дај виното и црвен дол веш...нели иде Св.Трифун...и Валентинчо некој си..и удри на с...,остај фемина :D


    Инаку 4 ден како не цицаат близнаците.(fingers)
    Два дена и две ноќи беше олеле мајко дома од плачење.
    Сега веќе и не бараат..и можам да го прогласам мојот доенички сташ за " умрено" :D
     
    На Izzy_0504, Anastasia579, Калатеа и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    6.326
    Пол:
    Женски
    Мајка остани силна! Имаш здраво дете, постојст помагала за слухот и се ќе се реши. Твоето дете е растено со љубов и песнички што си му ги пеела, секоја емоција е почувствувана, гласот бил послаб но емоцијата била иста :l: биди силна ќе дојдете до одговор на сите прашања, сигурна сум!
     
    На Anastasia579, Трагедијаупмм, Carolin. и 6 други им се допаѓа ова.
  18. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.911
    Допаѓања:
    26.923
    Пол:
    Женски
    Мама само напред и ќе биде се во ред. :hug:
    Од луѓе во моја околина, незнам дали сте провериле трет крајник, ама тој прави вакви проблеми. Ама решливо е.
    Медицината е напред и верувам дека гласно ќе се смее, на сите твои зборови :l:
     
  19. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    6.326
    Пол:
    Женски
    Ве читам со мислењава, добро вака сте расположени и по дома за карање како на темава? Па бебиња имаме сите, тие учат во првата година најмногу од било кога, емоции осеќаат инстантно! Дајте малце опрајте се со негативноста, животов ви дал здрави прави деца, третина од вас во депресија, нон стоп во некој бед муд, друга третина све знае ништо ново нејќе да чуе а трета третина ја снема од што чита безвезе муабети :makeup:
    Дајте што рече Делфина некоја убава тема, вино, љубов убав викенд иде :inlove:

    Јас ноќеска донесов една мн важна одлука што ми тежеше последниве месеци и ќе ми промени мн работи во животов. Заедно со мм ја донесовме и се согласивме дека тоа е тоа што треба да го направам сега. Се надевам дека ќе ме прати среќа, зошто среќата е со одлучните а јас сум се, само одлучна не :rofl: ама ете со помош на мм седнавме ги ставивме прос и конс на хартија и ми помогна да одлучам мн важна дилема што ќе влијае на нашиот живот севкупно.

    Се осеќам како средношколка во петок навечер, кога чека да и се деси нешто интересно ново :rofl:
    Правам голема лична жртва ама верувам дека ќе добијам многу во однос на постапката и ќе се чувствувам добро.

    Донесов одлука за крај на една ера и почеток на нова, а најинтересно е што ова длабоко во мене го знаев уште лани кога останав бремена. Ама чекав времето да покаже и да ме натера финално да одлучам за ова и ете дојде денот. Верувам во промена на енергии и преокретници, два пати до сега сум направила вакви поголеми одлуки/промени и двата пати не погрешив туку бев пресреќна од тоа кон кое се усмерив и добив, ова е трета на 35год се надевам дека ќе биде најуспешна и ќе ме однес пред врати што никогаш не сум замислила дека ќе бидат мои :l:
     
    На Anastasia579, Калатеа, Трагедијаупмм и 17 други им се допаѓа ова.
  20. Kjara2025

    Kjara2025 Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2025
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Фала ви премногу на поддршката, морам да се носам храбро со ова, ми беше голем шок.
    @BellaBibi Го прашав докторот за трет крајник, ми рече мала е сеуште за тоа.