Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.293
    Допаѓања:
    27.592
    Пол:
    Женски
    Ти посакувам многу среќа и успеси (fingers):l:
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.293
    Допаѓања:
    27.592
    Пол:
    Женски
    Ќе биде се во ред.
    Ај јави се кај др.Мери или Мирка Шалиќ и направи една консултација и со нив.
    Кај мене на 2 години се октриле проблемите со крајниците.
    Побарај си мислења.
    Ама верувам дека се ќе биде во ред.
     
    На Biljarkata и Kjara2025 им се допаѓа ова.
  3. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.771
    Допаѓања:
    8.315
    Дали бевте кај педијатар или на уво, нос и грло ? Јас имам искуство, ние откривме на околу 3 години дека не слуша т.е дека слуша исто како главата ти е под вода. Моето имаше вода позади ушите, трет крајник и полипи во носот. Дали во тие 14 месеци често настинуваше ? Знам дека ти изгледа престрашно, ама знај дека може да се среди.
     
  4. Kjara2025

    Kjara2025 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2025
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    309
    Пол:
    Женски
    На уво, нос и грло бевме. До сега само еднаш има фатено вирус коксаки. Настината не била. Ама постојано е со затнато носе и диши само со уста. Секој ден и чистам носе со спреј и влечам, но најчесно не излегува ништо.
     
  5. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    1.095
    Пол:
    Женски
    Јас поминав нешто слично.Ние сме предвремено родени на испис од ОИНТ не помина на двете ушиња.Од мај до сега Јануари на секој 2 месеца или месец одевме на Ушно му правеа скрининг и не поминуваше.На почетокот беше тесни канали,па многу исцедок.Совет беше да ставаме парафинско масло.Кај нас дома не реагираше на звуци на почетокот ама покасно почна како растеше ама не поминуваше на скрининг за слух.Го однесовме Систина таму му правеа бера тест и скрининг помина само на едно уше.Па пак послем 2 месеца на клиника Бера тест таму помина на двете ама скрининг не,и дури послем 3 месеца конечно помина на скрининг.Мој совет е нека проверат каналите ако има жолт исцедок прашај за дали да ставаш парафинско.Исто нас ни ги испираа 3 пати ушињата.Знам не е лесно ама се средува.Ти ја препорачувам Док Македонка од Систина или ако сакаш државно Док Валентина Ивановска.Јас кај двете одев.Исто и нас ни лажа док носот да се чисти почесто при настинка. Направете бера тест ако немате направено.
     
    На Kjara2025 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.293
    Допаѓања:
    27.592
    Пол:
    Женски
    Да одиш те молам на уште едно мислење приватно ако треба
    Од описот што го даваш , асоцира на трет крајник.
     
    На Biljarkata и Kjara2025 им се допаѓа ова.
  7. Madi

    Madi Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Сигурно ти е многу тешко :( . Ги слушала она песничките, на свој начин слушала љубов. Продолжи да и зборуваш и пееш. Колку е само паметна штом кажува зборчиња на 14 месеци и со намален звук. Што ти е мајчинска интуиција штом и покрај тоа што ти викале дека не и е ништо ти си решила да ја однесеш на проверка. Не си можела да знаеш никако, но ете и покрај се за среќа си решила да ја 'малтретираш' по болници. Немам искуство но мислам дека уште е мала и дека има време и ситуацијата ќе се подобри, ако не, сега има секакви слушни помагала и којзнае уште какви не ќе излезат за 5 години. А она си стекнала неотповикливи вештини за оваа година. Јас би ти препорачала и второ мислење за секој случај да направиш. Немам искуство да ти дадам друг совет само ви посакувам многу среќа на тебе и твојата малечка, и да го решите овој проблем. До тогаш гушкајте се уштеее повеќе (ако е можно) и не престанувај да и пееш.
     
    На mama31, Kjara2025 и reliable им се допаѓа ова.
  8. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.333
    Допаѓања:
    5.680
    Крајниците кај бебињата се многу мали и неразвиени и обично не прават проблем, затоа и рекле дека не е до нив.
    @Kjara2025 Посакувам што побрзо да се реши проблемот, те молам да пишеш добри вести :hug:
     
    На Kjara2025 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. reliable

    reliable Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    19
    @Kjara2025 Мајката најубаво знае за своето дете, па така и ти убаво си препознала и не си оставила на случајност. Верувам дека се ќе биде во ред на крај :l:
    Лично искуство немам, но имам две мошне блиски особи кои поминаа низ нешто слично. И во двата случаи се реши со мали интервенции без никакви последици. Инаку го делам истото мислење со BellaBibi, дека станува збор за проблем кој потекнува од крајник, дотолку повеќе што и симптомите кои ги напиша (затнато носе и дишење преку уста) асоцираат на тоа. Верувам дека ќе побарате, второ па и трето мислење и верувам дека ќе биде се во ред. :l:
     
    На Трагедијаупмм, Kjara2025 и BellaBibi им се допаѓа ова.
  10. Tulip023

    Tulip023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    690
    Пол:
    Женски
    @Kjara2025 Те гушкам и ти посакувам што побрзо да го решите проблемот. Мајчинската интуиција веќе еднаш те одвела во права насока, верувам дека ќе те одведе и повторно и ќе најдете решение. Само не губи надеж, кога ти е тешко пишувај, вади од себе, ние сме тука за да те ислушаме :l: како што имаа пишано и други членки, енергијата е многу силна работа, и да не ги слушнала зборовите, ја чувствувала целата пружена љубов.
    @Baby warrior ти посакувам новата одлука да ти донесе многу успеси и убавини:hug:

    Јас денес дојдов да си се пожалам. Многу тежок ден имав, ми се појави некој здравствен проблем, цел ден по болници го поминав. И таман со доењето се вративме во нормала по долг тежок период, сега ќе морам да паузирам неколку дена. А толку си бев среќна што и лактација подобрив и синко престана со штрајкови...ама тоа е што е...ќе се измолзувам редовно, па ќе видиме како ќе продолжиме.
     
  11. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    6.790
    Кај кој доктор бевте? Дали и ги проверија ушите со камера да не има течност? Ендоскоп за да се провери трет крајник? Ако не, обавезно да си проверите. Ти пишав уште пред некој ден дека ми личи дека е проблем со слух, доброто е што не е дека целосно не слуша, и веројатно е нешто што се средува. Знам дека ти е тешко во моментот ама за се има решение, потерајте си ја работата, одете и на второ мислење и сигурна сум дека ќе се среди. Моиве од чести настински имаат течност во ушите и послабо слушаат, нон стоп ме препрашуваат и морам да им зборам погласно. Исто имаа проблем со трет крајник хрчеа и дишеа на уста. Тоа се подсреди ама слухот таман се подобри, тргнаа во градинка и еве пак ги приметувам дека не слушаат убаво. Чистам носе, прскам спрејчиња и се надевам дека ќе избегнеме операција. Инаку ако децата имаат течност во увото, не дека не слушаат целосно, него слушаат како под вода, тоа се средува со ставање цевчиња низ кои ќе истекува секретот што е собран. Се надевам дека ќе го откриете проблемот и ќе се реши набрзо.
     
    На Kjara2025 и reliable им се допаѓа ова.
  12. Kjara2025

    Kjara2025 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2025
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    309
    Пол:
    Женски
    Кај Александар во Акус Медикус. Рече дека не гледа течност. За проверка на трет крајник била мала. Ќе тражиме и други мислења, ќе бидам упорна во ова. Само Господ да биде со нас, ми значи секоја ваша поддршка и искуство. Што би правела да не бевте вие...Подобро ми е откако ве прочитав :l:
     
    На poker_face, Трагедијаупмм, dummy и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.250
    Допаѓања:
    7.514
    @Kjara2025 ми падна многу тешко кога го видов твојот пост, од се срце се надевам дека ќе биде се во ред, сега е се напредно :hug: ти праќам гушки за подршка.

    @Baby warrior ти посакувам многу среќа во тоа што си одлучила, децата носат нова мотивација во животот :inlove:
     
    На Kjara2025, Baby warrior и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  14. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    3.385
    Пол:
    Женски
    Леле масакр сте ја направиле и оваа тема. Барем овде можев да дојдам да си пишам да си се олеснам, сеа не се осмелувам да пишам одма некоја индиректна осуда ќе добијам. Не судам амааа... Аман бе жени во секоја тема кој е подобар, кај инфлуенсерките отварам трач да прочитам, зашто и како на Ангела и било чисто, и 10 страни убедување која како средува дома. Овде па да не зборам, седиште вака адаптирано така кравјо, екрани, кучиња, дремки се нешто експерти која од која подобра.
    Нејсе, дојдов да си се испукам ама ќе си задржам за себе овој пат, се читаме некогаш кога ќе има позитива пак во темава
     
    На arwen93 и dummy им се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    41.565
    Пол:
    Женски
    Кјара јас немам лично искуство ама моја пријателка има дете што носи ушно апаратче. Девојката е веќе голема, 10тина години а го носи од 3. Да се распрашам со нејзе затоа што не памтам која беше причината ама знам дека не беше родена така, па ќе ти пишам ако дознаам инфо шо може да ти помогне.

    рано е откриено и силно верувам дека ќе се среди :hug::hug:

    И да остаам, арно викаш :D
     
    На DELFINA81, Kjara2025 и sani99 им се допаѓа ова.
  16. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.828
    Допаѓања:
    1.547
    @Kjara2025 Мила не се разочарувај, битно на време ќе си видите што како е и да се открие причината.. Јас сум глува личност , искрено ништо не ми фали освен што не слушам ништо , читам од усни
    Имав тежок период , ми ставија имплант за да слушам и на крај после неколку години имав сообраќајка и се удрив во тоа , мораа итно да ми извадат и сега сум супер, си разговарам најнормално со сите
    со глувите лица користам знаковен јазик , фала му на господ имам и 2 слатки дечиња :)
    Верувам дека вие ќе си средите на време, сега медицината е напредна ептен :l::hug:
    Ве гушкам , се што треба пишувај во секое време тука сум
     
    На poker_face, 1001Ana1001, LaTama и 18 други им се допаѓа ова.
  17. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    5.251
    Пол:
    Женски
    @Kjara2025 не знам да ти дадам совет од искуство. Ама верувам дека се ќе биде океј, ти праќам виртуелна прегратка и немој да престанеш да и пееш:l:Таа знае, и чувствува. Медицината е напредна, ќе се најде решение сигурна сум. Те чекаме тука да ни пишеш со добри вести :hug:
     
    На Anaroz1, Kjara2025 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  18. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    2.619
    Пол:
    Женски
    Значи многу се нервирам со терминот "мала е" . Да мала е, ама секогаш постои исклучок од правилото и тој како доктор многу добро треба да го знае тоа. Обавезно да проверите трет крајник.
    Дете на пријатели пред да наполни 2 години го оперираа од трет крајник затоа што скоро целосно го изгуби слухот и константно беше со тешки инфекции. Третиот крајник му беше неколку пати зголемен од нормалното.
    После операцијата му се врати слухот. На 5 години уште една операција му направија и од тогаш нема веќе проблем.
    Они се консултираа со повеќе доктори и ставот беше дека во неговиот случај подобро е веднаш да се оперира иако е мал, отколку да се чека одредена возраст за операција.
    Те молам консултирајте и друг доктор.
     
    Последна измена: 13 февруари 2026
    На Knizhevnik11, Carolin., le.soleil и 4 други им се допаѓа ова.
  19. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.324
    Допаѓања:
    2.319
    Пол:
    Женски
    Некако ко жена на жена најлош непријател, да ја отвориш темава ако сакаш депресија да те спука. :D


    Е вака сплотени да се поддржуваме повеќе во темава како сите што имаа збор утеха за @Kjara2025 . Поддршка и од мене, ќе се среди знам. На другарка братчето вода имало во ушињата и му направија интервенција на 2 годинки и сега е добар. Да не е тоа и кај вас причината… Ама биди упорна барај и трето и четврто и петто мислење. Ќе биде во ред, пуштаме среќа да се среди што побрзо. :hai::hug:
     
    На Трагедијаупмм, Baby warrior, Carolin. и 4 други им се допаѓа ова.
  20. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    4.255
    Пол:
    Женски
    Да пробаш и да побараш мислење од доктор да ставате парафин во ушињата.
    Знам мајка на која така ја советуваа на оинт, на нејзиното бебе десното уво не поминало на скрининг и со парафин се средило. Пробај :hug:
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.