@Kjara2025 немам искуство на темата, можам само да те замолам да бидете сите дома со позитивна мисла и не губете надеж, видете второ, трето мислење. Ете кажаа другите членки од искуства дека многу често таков проблем е лесно решлив, од срце се надевам и кај вас ќе биде така. Продолжи да и пееш на малата, не е се во звукот, емоцијата се осеќа со срце и се гледа со очи Од една страна стварно многу ме растажи твојата порака, ама од друга страна ми е драго што побуди многу емоции и се врати конечно духов во темава да многу мајки ти посакаат само се да биде добро и да пробаат да ти дадат надеж. Чекаме само убави вести да споделиш што побрзо и твоите песнички да бидат чуени од тие 2 ушиња
Од срце ти ја препорачувам Мирка Шалиќ, ПЗУ Интегрин Два, позади Дом на градежници. Обично се чека, ама јави се, кажи ја ситуацијата, ќе ти закажат порано сигурно. Многу е стручна и професионална докторката. Една од најдобрите кај нас.
Дишење на уста е многу веројатно трет крајник, и уште штом е затнато носе а ништо не излегува...Одете кај докторката што ти ја посочија погоре.
Еве едно искуство од моја братучетка, со ќеркичката исто така.. дете више две години мн малку реагира... тоа више може и кога ја гледаше во лице па знаеше дека зборува и све човек мисли слуша ама ете нели уште има време да прозбори. Братучетками упорна ја носи на прегледи и во скопје тука ја донесе испадна дека има проблем и мн малку слуша. И поставија апаратчиња... како да се роди ново дете, почна да се смее, да збори малку и беше тешко ама толку интелегентно дете, братучетка ми во ниеден момент не се откажа цело време на психолог, дефектолог на логопед . Сега е лепотица средношколка, живееат во странство,збори 3 јазици и кога гледам слики си викам ова е тоа мало девојче што толку беше храбра и во градинка и во школо храбро кажуваше дека има апаратчиња. Сеуште ги носи. Биди храбра и испитај све што треба неколку мислења и делувај. Ќе биде све во ред.
Полипи во носот или трет крајник, како што ти кажаа побарај друго мислење. Да видам едни капки дали се за толку мали деца, ќе се снајдеме ако си од Скопје ќе ти пратам само да проверам како се..
Цел живот имам мигрени со аура, но откако се породив 3пати за еден месец… знам што треба да се прави не ми е тоа. Но, чисто ме интересира дали некоја од вас ја имала истата мака за да се утешам. Многу ме фаќа паника кога ќе се појаву аура, плус ако сум сама со бебе ми е страв….
И јас цел живот ги имам, дури бев бремена ниту еднаш немав мигрена со аура, ама сега после пораѓај многу почесто ги имам. И мене ме фаќа паника да не ми се случи кога сум сама со бебе Среќа аурата кратко ми трае 15тина минути и пробувам да бидам смирена и си го гушкам бебето. Не знам дали е до тоа што имаме дисбаланс на хормони и дури да ни се средат ќе треба време.
@LiquidLuna сестро ела назад, да ја размрдаме темава и @DELFINA81 ќе дрма ај Валентај е. Секси викендот го прогласив за почнат од вчера, изгледана Вардарски пастуви . Не дека се секси дечките ама темата е секси де. Ѕверка цел викенд на спиење кај баба, вечер секси сабота со маж планирам. Иначе мене хормоните и нагоните за карање ми се смирија една година после пораѓај. Да не го подречам периодов ама имало надеж за живот кога едното дете е 4 ипол, а другото година ипол . Убав Валентајн, Трифун кој што слави, повеќе секс, повеќе винце еднакво на помалце нервози. Пс. Како улетувам во темава како падобранец, пред година дена 3 пати дневно пишував Ппс. Сега гледам караницава за полови органи била бре, ој диос мио
Ајде нека е среќен Трифун, па и Валентајн, кој што слави. Виното е спремно да се слави Трифун, па да се префрлиме на Валентајн после Одвај чекам да се запролетти и да не се прибереме дома.
Бебе заспива ноќва без цицање. Го скративме и последниот подој. Заврши и ова. Со татко и ужива, а мене душава доле во дневна на милион парчиња. Солзи и кнедла во грло. Заврши уште едно поглавје. Можеби повеќе боли што знам дека е последно. Безмалку 12 месеци доење. 12 месеци гушки, смеења, солзи, протнати низ запушени канали, мастити, молзења и што уште не. Уживање, но и свесно откажување од нешта. Јас што кукав цело време како ќе се преродам, сега гушкав бебе пред спиење и се извинував. Се чувствувам себично, ама знам истото ми беше и со големата. Ќе помине за некој ден, се ќе се врати во нормала, таа нема ни да се сеќава. А јас ќе потажам уште малку гледајќи како и ова бебе стана веќе дете.
Дали ви се случува да заборавате премногу, значи буквално имам магла во мозокот. Нон стоп заборавам нешто уклучено дома, заборавам рингла, ставам да се пече заборавам дека имам ставено, без список пазарење нема шанси заборавам што треба да земам ако запамтам две работи се на се. Последно ме фати паника сум го заборавила фигарото, а излегов да ја прошетам ќерка ми. Дома никој, среќа не направив пожар. Е од тој момент се загрижив, ова го немав пред породувањето. Планирам да посетам матичен, ви се случува вас нешто вака откако се породивте или само мене ми е вака
Baby brain. Како преполовена да ми беше интелегенцијата после двата пораѓаи. Ама се средува со тек на време. Најмногу помага кога ќе почнеш пак да спиеш нормално по цела ноќ.
Мајка ми, ми вика редовно да одам на доктор зашто се плашела за мене. Е тоа е зашто додека се слушаме на телефон јас правам 100 работи во моменто,после 2 мин не знам ни што сме збореле. Фокусот ми е многу намален.. Не си единствена и мислам дека е нормално..
Да, еве 8 месеци пп и се уште заборавам.. исто ринглата ја имав заборавено. Ако ми треба нешто за пазарење одма на тел запишувам, зошто додека одам в продавница, ќе заборавам и на список да го ставам. Се надевам ќе се стабилизирам
Браво ,многу многу успех и задоволство да ти донесе што и да е. Сакам убави промени ,сакам позитива ама пусто скроз сум заборавила да бидам позитивна.... некогаш сама морам да си повторам дека имам две здрави прави девојчиња кои ги сакам највеќе. Сакам да ти дадам љубов и поддршка и една гушка ,сум немала ваков проблем не знам да ти дадам совет. Евентуално за во носе да пробаш со бејби оригано ептен им помага на моиве за одзатнување. И секако повеќе мислења за решавање на проблемот Да ,и страшно ми е ама цело време се тешам дека е од стрес.
Откако се породив многу често заборавав да ја затворам чешмата ја оставав да тече, мм ми се чудеше ми викаше “што ти е?” Среќа уклучено нешто во струја немав заборавено.
Година ипол скоро и уште сум заборавена. Кога заклучувам на работа, колегата го терам да стои и да ме гледа. За ако до вечерта ме пукнат мисли, кога ќе му пишам, да ми каже дали сум заклучила. Секој ден заборавам нешто.
Мене не ми се враќа паметот после пораѓај, после вториов можеш да замислиш. Јас пегла заборавив дома цел ден, на работа си заминав. Само не памтам дали бев трудна вториов пат или пред тоа беше. Среќа нагоре сум ја оставила па не направив пожар.