И јас имам другарка 4години пробуваа со инвитро, инсеминации безброј и на крај си добија бебе, после 10месеци едно сабајле ми се јавува испаничена и ми вика абе застани малце негде возиш викам да, застани секунда на некоја автобуска. Ај викам што е, што се случило??? Ми вика правев тест сабајле на работа, жено трудна сум ние не се ни пазиме јас не можам да имам деца природно ете викам можеш гледаш пред пораѓај е сега го чекаме бебчето овој месец
Да по раѓањето на второто дете имам болни овулации. Претходно не чуствував ,а сега точно знам кој ден ми е овулација.
Кој збор го сметате за прв што го кажало вашето бебе/дете? На почетокот нели брбљаат слогови ма, та, да, де, те… иако се погоди да каже мама и срцето ми се истопи кога слушнав сепак не можам да кажам дека наменски мене ме викаше туку си брбља така. Почна од 6 ипол месеци и не и се разбираше баш, викаше само да-да-де-де, сега има 9 и почна да вика ајде и баш точно го употребува. Пример кога се доиме менуваме града и кога ќе заврши со едната вика “ајде” за да ја ставам на другата некогаш кога не и се јаде вика не и врти со главата. Кога ќе ја види сестра ми вика тете. Освен овие зборчиња не кажува нешто друго разбирливо. Понекогаш ќе одвали мамамм ама не го сметам тоа за official
Ја си го сметам за прво мама дека ми е мерак инаку значенски не е вероватно, иако го кажува по неколку пати дневно, кажува ЊЕ - за не со значење сигурно / кога пробувам да ја успијам а не и се спие или кога нејќе веќе да јаде
Да беше кај мене проблем можеби и ќе се сомневав, ама кај нас проблем е многу лош спермограм. Дополнително мм е со хронична болест и од кога направивме ивф е на потешка терапија и од таа причина е кај нас проблемот за природно. Јас не велам никогаш и не е можно ама ќе бидам преизненадена и пресреќна ако по некоја веројатност успееме природно. Иако не сум разочарана, поминавме еднаш ивф ќе поминеме пак, колку и да е тежок процесот на крај вреди
Едвај чекам да спијам на стомак. Не можев ради бебето у меше сега ради градите, правам вирчиња на спална. У пм
Првиот збор што ќе го каже и повторува со значење. Може да е мама, тата, дада кога се обраќа на домашните, може да е ав/мау/бе кога ќе види некое животно, може да е сосема рандом збор, пример ме за млеко. Се додека го користи со конкретна намена, се важи за збор.
Морам малце да се исплачам на темава иако не е многу мајчински муабет. Мм беше тука месец ипол, реално не знам кога помина, утре си оди, а јас овие два дена сум емоционален хаос. Одамна разделба не ми била толку тешка, постојано се обвинувам дека му правиме огромен стрес на детето со секое одење и враќање, таман се опушти и пак се приврза со мм, пак наново разочарување. Знам дека е за подобра иднина првично за него, после за нас, ама сепак толку се осеќам виновно и тажно мислам дека срцето ќе ми пукне. Од утре пак сами, тешко ми е и физички што се е на мене, имам проблеми со коленото кој бара одмор, а јас не можам да одморам буквално, и ако не се реши така, ќе треба да се оперира, а кој ќе се грижи за него ако јас одам на операција? Мозокот ми е хаос, животов исто хаос. Стварно годинава си замислив само една желба на полноќ, а тоа беше мир, ама ете два месеци во годината сме и мир нема никаков. Многу неизвесно, исплашено, тажно и виновно се осеќам, гледам во иднината и немам јасна визија, ја гледам како магла. Отсекогаш знаев што сакам, се додека не се роди мали, од тогаш апсолутно не знам што сакам иако требаше да биде обртно. Душава ми е во постојан немир и грч, не можам никако да се опуштам, не можам да се фокусирам на една единствена работа, се осеќам некако изгубено, безнадежно. Морам нешто да сменам а не знам што, морам да го окупирам мозокот со нешто, може сега е време да почнам да вежбам, макар тоа било само пешачење или не знам… Морам да бидам силна за детето, морам да бидам и за мм, болен е, оди таму и ќе работи со ризик, три месеци после терапијата здравјето му е екстремно кревко, а тој ќе биде сам таму, ужасно ме плаши таа мисла. Постојано имам некој страв ви стомакот, не знам дали е реален, дали е интуиција некоја или само анксиозност. Многу ми е мака.
Стисни заби и кажувај си дека е период, и ќе помине. И навистина е така. Мене кога ми е тешко, само си помислувам на некој друг период од животот кога ми било тешко и сум мислела што и како ќе биде, и навистина е период кој поминува. Па ќе дојдат други ситуации, мисли, грижи и така во круг. Мене искрено ми е многу тешко што брат ми на друг континент живее. Си доаѓа два пати годишно и преблагодарна сум. Периодот пред првично да се исели и кога замина, мислам дека бев на раб на депресија. Плачев долг период дење и ноќе, на работа, кога возев во кола, под туш. Сега секое доаѓање и одење негово гледам дека сум поприземна некако, со многу помалку плачки. Деновите пред да замине си викам дека веќе поминав низ истото, и тоа е што е. Пред него веќе не плачам, и знам дека и нему му е полесно така. За коленото најдобро да си средиш пред да заминеш таму. Тука пак има баби, дедовци. Или на следното враќање на маж ти, да го чува тој детето. Зошто пак таму ако дојде зортот за операција, ептен па помош ќе немаш. Здравствените проблеми најдобро е да не се развлечуваат. Иначе верувај сите на некој начин не знаеме каде тераме. Маж ми е софтверски инженер, со ова AI како се развива, многу што познава без работа останаа во години ни натака ни навака... Не му ја мисли, не може да предвидиш како и што би било. Пробај како што викаш макар и да пешачиш. Промена може добро да ти дојде. Гледај да се решат здравствените проблеми, да се сите сакани на број и другото е се минливо и релативно.
Мн сочувствувам со тебе … стално те читам дека поминуваш мн катактеристичен дел од жувотот сама со дете и болен сопруг и ти се дивам на храброста. Немој да си тажна и пробај да не си исплашена од тоа што следи зошто никој од нас впрочем не знае и што иде утре осаменоста во ситуација да чуваш дете сама па плус и сопруг што поминува низ болест е страшна и ти сигурно си мн силна штом издржуваш се ова стоечки. Љубовта за семејството иако во моментот разделени вероватно те држи и таа мисла нека е со тебе цело време кога станува потешко. Децата растат брзо но мене лично мн ми е полесно кога сум до мм, знам дека планот е да си заминете и вие така што поскоро се споите и сте повторно заедно полесно ќе помунѕвате што и да иде на патот заедно. Ти испраќам мн поддршка и гушка легнувај со помислата дека за скоро ќе си бидете заедно на поубаво место
Од мене имаш . Ти верувам дека ти е претешко.Особено фактот дека си без маж ти тука. Проблемот со колетото, среди го додека си тука. Сепак баби/дедовци имаш на располагање. Ќе биде се во ред. Ќе дојдат поубави и среќни денови, каде ти, детето и маж ти, ќе сте заедно и среќни.
Добро бе мора ли секое плачење на бебе што уште нема ни месец дена да значи дека нешто не е во ред? Се ежам од прашања од ликови ничим изазвани од типот: Зошто ти плаче бебето? Или констатации од типот: сигурно нешто го боли, затоа ти плаче. Плаче затоа што е бебе, нема ни еден месец е*ате! Прашај го, може ќе ти каже. Особено се фрустрирам зашто прашањава се од особи веќе остварени како мајки, што го поминале ова. И мене ме боли душата кога ќе заплаче, ама ако знам дека е преслечено, најадено и дека нема грчеви или некои познати проблеми, не ми требаат прашања од овој тип за уште повеќе да ме уништат. Само јас ли се осеќам вака guilty и како неспоспбна мајка кога бебето ќе ми плаче пред баби, тетки и не можам во истата секунда да го смирам, а тие ме гледаат со осудување?
Сите мајки помалку или повеќе сме се нашле во слична ситуација. Пусто Македонче го интересира што прави другиот, а не си гледа за него. Колку можеш игнорирај мајка и гледај си го детенцето Коментари од ничим изазвани секогаш ќе има, за жал.
На прашањето зошто плаче, им кажував абе и јас ја прашувам ама незнае да ми каже. Ај пробај ти и кажи ми што ќе ти каже. Сите сме ги имале тие прашања. И не си лоша и неспособна мајка. Ти си најдобра за твоето дете.
Не треба да се замараш, само речи им па може плаче оти е бебе, онака иронично. Воопшто да не те допира кој што кажал и најдобра, најгрижлива мајка да си на светот пак ќе се најдат мрчатори. Јас имам приметено кога си го шетам бебето во количка, зимниов период, постари особи се џарат накај количката, па ќе ме погледнет, со поглед ми коментираат демек кај одиш на ладново со количкава, чуден народ сме.
Така и ќе им кажеш, прашај го, може ќе ти каже, со доза иронија и завршуваш тука муабет и не се нервираш повеќе за таа тема.
Ич да не ти чуе. Воопшто да не се осеќаш лошо. Ти знаеш што е најдобро за твоето дете а не тие. Биди си смирена зошто тоа ги осеќа твоите емоции.
Имаш повеќе потенцијални одговори: - Дека е бебе - Дека не знае да збори - Му се плаче - Прашај го Или ако сакаш левел ап - Од вас плаче Не, сериозно може и од непознати да плаче толку мало, син ми беше таков. Тој плачеше, без исклучок, кога некој друг ќе го земе, а некад и во соба ако имаше некој непознат и одма следеа нагаѓања: гладен е, жеден е, пелена, му се спие, ама ако за сите имав одговор ко што викаш најаден, наспан, следно беше “- Епа зошто плаче”? Па нејќе кај тебе, олабави! Маж ми знаеше да каже некад “- По мајка му плаче”, ама тоа не се земаше како релевантен одговор и пак истото прашање: “- Ама зошто плаче?” И после извесен период отрпнав и почнав да викам “- Гладен е !” Пробај во такви моменти земи си го бебето во раце и излези од соба, ќе видиш како ќе се смири.