Имаш повеќе потенцијални одговори: - Дека е бебе - Дека не знае да збори - Му се плаче - Прашај го Или ако сакаш левел ап - Од вас плаче Не, сериозно може и од непознати да плаче толку мало, син ми беше таков. Тој плачеше, без исклучок, кога некој друг ќе го земе, а некад и во соба ако имаше некој непознат и одма следеа нагаѓања: гладен е, жеден е, пелена, му се спие, ама ако за сите имав одговор ко што викаш најаден, наспан, следно беше “- Епа зошто плаче”? Па нејќе кај тебе, олабави! Маж ми знаеше да каже некад “- По мајка му плаче”, ама тоа не се земаше како релевантен одговор и пак истото прашање: “- Ама зошто плаче?” И после извесен период отрпнав и почнав да викам “- Гладен е !” Пробај во такви моменти земи си го бебето во раце и излези од соба, ќе видиш како ќе се смири.
Биди си смирена и присутна за детето и пробај да не есапиш никој околу првата година посебно. Мене неколку роднини околу постари ми имаат забелешки од ваков тип дадено и искоментирано да не бидам груба со одговорите само сакале да помогнат епа ако сакаш да помогнеш ај смири ја пошто ја не знам а ти знаеш. Погледи од баби и дедовци комшии на улица за тоа како е облечена кога дувка развигорче и е 10степени ама пошто е јануари кај ќе сум идела со бебето не ме лазат веќе уопште им се насмевнувам ставам наочари и ги поминувам.
Охоооо, и не само зошто плаче, туку јас од свекрвата добив лекција како не било нормално бебе да плаче (не збориме колку, туку воопшто), и како мајката требало во секој момент да знае што сака бебе и така нема да плачело - 2 недели бев породена на муабетов. После некое време кога бевме со нив и ќе закенкаше, уште на првиот звук викав И се јаде, си ја зимав во друга соба и одмарав од нив. Така да ако ме прашуваш мене, ако имаш услови, стани и излези си со се бебе. Ако немаш, мање више гушни си го и тргни се понастрана од нив, па они што сакаат нека си зборат.
Изгледа до менталитетот ќе да е, штом не сум единствена што го доживеала ова. Од една страна секој ја брка туѓата работа наместо да си ја гледа својата, а од друга страна роднини и блиски не разбираат дека некогаш сакајќи да помогнат всушност одмагаат. Бебето ќе плаче и ќе престане, ама траумата од секој кажан збор останува. Затоа и се трудам да останам присебна и да не им враќам воопшто или барем да не им враќам дрско. Најжално е што хормоните сега ми се во хаос, буквално најмала работа може да ме тригерира и мм е толку многу толерантен и внимателен да не ме навреди или повреди и топ функционираме заедно, ама си патиме од околината.
Да да, буквално ако закенка се пали алармот кај нив, а инстантно и кај мене дали ќе го смирам истата секунда за да не добијам дијагонален поглед. Ама добар трик е ова со јадењево што го кажувате. Ќе биде применет
Ерика Комисар ја следам кај и да оди на подкастиве женава ми е врвна, гостува на доста има и јавни самостојни излегувања. Ептен издржан правец за родителството држи
Ја слушам последните неколку дека откако ја пишаа и тука некои членки, навистина алал нека и е. Саааамо малку ми е грубо што вика Daycare is dangerous & leads to aggression. Еве јас не ја носам, ама да ја слуша мајка што мора да носи дете во градинка верувам нема да и е сеедно. Ама за другото се што кажува супер збори
Она е лидер поборник за тоа дека децата до 3 години треба да бидат најблиску до мајката а не во градинка има истражувања правено и го застапува тоа како став цело време од аспект на ментално здравје - лутеле не лутеле сите ние знаеме дека светот ги смислил градинките за жените побрзо да се уклучат назад во општеството како работници наместо природно да си ги одгледуваат бебињата. Пусти пари
Сосема е во право, не викам не, само сакам да кажам зашто и она знае каква е ситуацијата (затоа што многу жени заради финансии мора да се вратат) малку ми е harsh начинот на кој го кажува тоа
Свекор ми и свекрва ми и ден денес на дете од 3 години знаат да се качат и да прашаат "Зошто плачеше Х"? Дали ми смета, ми сметаше од како е родена истото прашање, ми смета и сега ама веќе научив да ги игнорирам. Сега веќе на детето му викам "Ајде Х кажи и на баба зошто плачеше". Е плачките се измеѓу падна и се удри, измеѓу не може да направи нешто сама, до тоа оти врне надвор. Оти пилињата си заминале од жица, до не знам што и која глупост може да си ја најде да плаче. А главното му е нели демек да не сме го тепале детето, па од тоа да плаче, а не замислете не го тепаме. Може таков одговор очекуваат.
А баш ја додадов да ја слушам хах, ништо не ја пуштам ќе ме направи мизерно да се осеќам за градинката