Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    6.323
    Пол:
    Женски
    На nice-girl, fragaria, јolene и 3 други им се допаѓа ова.
  2. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.005
    Пол:
    Женски
    Заради оваа причина иако сега мм тргна на работа по цели денови во канцеларија (претходно беше хибридно), а и јас работам од дома, не сакам да ми доаѓаат да ми „помагаат“. А свекрвата индиректно 3 пати проба да се наметне, со зборовите Леле тебе сега многу ќе ти биде тешко. Мојата веќе лази, плус наближува тодлерхуд и е лепенка за мене, и кога се со неа, и она ќе почне да лази накај мене, свекорот и застанува пред патот да не дојде кај мене :drunk: Такви нервози не ми требаат, подобро сама ќе се снајдам отколку со нив.
     
    На MeowMeow, fragaria, Трагедијаупмм и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    1.878
    Пол:
    Женски
    Абе каква свекрва какви бакрачи ќе пукнам сама и не ја викам.
    Кој ме следи знај дека се тргнав настрана, и ретко им го носам оти кога да одам притисоци ми прават и после со нервози сум цело време.
    Нека иди таа одвреме навреме кога сака и тоа е.
    Пред некој ден се јави ќерка и да сум го однесела да го видат кај свекрва ми јас си реков тие да дојдат кога сакаат, зошто баш кај свекрва ми да се гледаме, за да ме буцкаат на нивни терен.
    По некој ден ми кажува дека не дошле оти сипајнци децата и фатиле, демек по два дена од ко сме договориле, а јас дознав дека и дури ме викаа имале сипајнци, како не ми е јасно, до толку се мрднати во мозокот ???
    Нема по неразбрани значи немааа, и сега инает ме фати две недели нема да го однесам, оти се безобразни.
     
    На fragaria и LeNora им се допаѓа ова.
  4. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.724
    Допаѓања:
    19.788
    Може плаче од вас кога е со мене не плаче никогаш - јас така им враќав
    Ние сме само еден себичен народ и ако може другиот да го "утепаме"
     
    На Kjara2025, Cvetce_, MeowMeow и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.807
    Допаѓања:
    5.848
    Пол:
    Женски
    Пред три дена последно.. во скок е, па кога се уљути, па вика, плаче зајдува може 30 мин. Му звонам на мм беше на настан од раб. Му викам дојди.. неможам да ја смирам. Све пробав, ја измив лице, во вц пред огледало, да ја шетам, тв да и пуштам, песнички... све што знаело да ја прекине да плаче не делуваше. Поцрвене во веѓите плаче. И Ок дојде мм, одма друго се расположи и звони мајкаму на тел и ја виде дека плачела и кажува мм и вика еее снао ти мајка не си успеала да ја смириш, синми да дојде да ја смирува. Толку ми падна тешко тонот... некако кога прекина му викам што муабет направи мајкати... сака да каже јас сум неспособна како мајка да ја смирам. Го викнав од паника.. може и да не дојдеше ќе се смиреше ама незнам. Не е важно. Лошо беше кажано со тон таков еее снао ти мајка не си успеала да ја смириш, што секое дете мајка го смирува. Хаос... немаат ни грам мозок или незнаат кога да кажат што треба и како треба. Тоа е.
     
    На Kjara2025, Cvetce_, MeowMeow и 12 други им се допаѓа ова.
  6. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.349
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Женски
    ехее и мајка и баба и тетка и другарки ми давале и даваат такви коментари. Со мајка ми сум најдрска ама џабе не разбира. Сега е во фаза кај што на ќерка ми и вика: "Ееее па што ти е сега?" на секое минимално ќенкање. И кога ќе и вратам јас дрско се правда дека она така сакала да ја поттикне она да прозбори и да каже што и е, иако нема врска не и е со таков тон кажаното... Во еден наврат го добив истото прашање: "Еее што и е сега?" од другарка со 2 деца од кои што првото буквално до 3 години го викаше дека е детето на ѓаволот (дека плачело дење ноќе и сама кажува дека до ден денес не знае зошто) и тогаш баш се замислив и си реков па ваљда несвесно викаат луѓево така што знам...
     
    На Cvetce_, MeowMeow, poker_face и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.973
    Допаѓања:
    189.875
    Пол:
    Женски
    @1209 Бројче, пиша скоро дека за некој месец одите сите. Знаеш, пред одење како фаќа сафра тоа исчекување е најтешко, најтешки се тие недели/месеци до заминување откако ќе се донесе конечна одлука. Ама конечно ќе се споите и се ќе си легне на свое. Верувам дека ти е исклучително тешко, ама крајот е блиску. Посвети се на припреми, договори си средби со сите луѓе што ги сакаш и ти е убаво, буквално испланирај си го времето со сешто нешто што токму таму каде што си те прави среќна. По некој месец ќе те чекаат комплетно нови планирања.

    Јас и маж ми сме поврзани како црева. И врска на далечина имавме, ама ништо потешко не ми беше кога тој замина за Германија и бевме разделени 3 месеци. Секоја вечер кога ќерка ми ќе заспиеше јас се гушев во солзи. Не можам ни да замислам тебе како ти е неколку пати да поминуваш низ тоа. Ама затоа такво олеснување осетив кога го видов на аеродром, почнав да липам од среќа и само што го видов се срушив.
    Ќе почнете супер нова етапа во животот, ќе ви се отворат многу врати и што и да праите ќе бидете заедно на купче. Ајде, месеците се изброени веќе. :hug:

    Не е харш. Таа говори од својата позиција на експерт во своето поле. Има други говорења и каде и самата кажува дека денеска е многу тешко секоја мајка да си го дозволи тоа, затоа им припаѓаме на децата после работа и за викенди. Дека времето поминато разделени треба да се надомести. Првите години се тешки, ама така се вложува во заедничката врска, во одржување на бондингот и комуникацијата чии темели се градат од најрана возраст.
    Ниеднаш не вели дека оние што праќаат деца во градинка се лоши родители, туку повеќе е во насока колку е битно заедничкото време во првите години и дека новокомпонираната опседнатост со ми тајм е само на штета на тоа.
     
    На Hinebrra, fragaria, Liza38 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Мојата не е баш љубител на лазење сака да стои, се потпира на кревет сама, кога лази тоа е наназад ама нема врска, јас не форсирам ја оставам на подлога ставам околу мечиња големи или ќебе свиткано да не се удри на глава. Денес саат и пол работев во кујна она до мене на подлога глас не и слушнав и ете ја свекрва ми дојде па уште налутена оти не ми се јавиш да ја чувам додека работиш, јас мислев дека спие затоа не дојдов.. и почна малава ќе се сврти на стомак она седни ја, ќе легне на грб она пак ќе ја седне и си викам вака со тебе да ја оставам уште една година ни ќе прооди ни ќе пролази. И да ти кажам искрено и јас мислам дека сам може е тешко ама полесно е одколку да се нервираш кога некој ти се мота на околу..
     
    На MeowMeow, fragaria, Baby warrior и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.736
    Допаѓања:
    3.689
    Пол:
    Женски
    Како малку грижа на совест да имаме :rofl:
    Ама тие не можат да се помират дека нивните синчиња чуваат деца ,готват ,скраја да е и машина може ќе уклучат. :rofl:
    Не ги раѓале за така ...
    Мојава му викаше не чинело пелена да менува тој дека женско за поголемото зборам не знамштои беше филмот.
    Оп испаѓање и второто женско... па уште трудна додека бев не ко чоек да праша ,,ти кажаа ли пол" она доаѓа од некој бутик кај знам кај била и вика гледав некои оделца ама не знам шо да купам (facepalm)
    Фустан викам ,друго се имаме ]:)
    @1209
    Ти си многу храбра жена ,уште малку остана. Потоа ќе бидете уште посилни :hug:
     
    Последна измена: 17 февруари 2026
    На MeowMeow, Autumn Love, fragaria и 5 други им се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.389
    Допаѓања:
    47.593
    Пол:
    Женски
    Мене еднаш свекрва ми ми рече дека не требало да му го ставаме тоа име на детето оти ќе требало секоја година именден да правиме, требало некое име без светец да не се малтретираме, мислиш кој знае колку ни е тешко еден ручек да направиме.
    После еднаш навредливо го праша татко ми зошто брат ми ќе се венча во црква на село кога сме имале ние убава црква, татко ми и брат ми се приврзани многу за тоа село и црквата е прекрасна и таму, татко ми ептен се навреди.
    Мојава искрено нема ни осет ни срам, веќе ништо не ме изненадува од неа и пробам да не се ни потресувам.

    @Yowannty и јас мислам дека сега е маката зошто се ближо време за одење и се ми е по стрес, станува реално и нетрапението е огромни, а плус и разделбата со овој дом ми паѓа тешко и затоа сум така емотивна.
    Мали сабајле беше ептен жален кога виде дека го нема татко му, си поплака поштено онака со липање, а и јас со него.
    Иако го спремивме и му зборевме 2-3 дена пред дека ќе оди, се испратија синоќа мада он не разбира баш дека се испратиле и сабајле шок му беше, ќе видам како ќе се одрази овој пат на него.
    Фала ви на сите за утешните зборови и охрабрувањата, многу ми значи.:hug:
     
    На MeowMeow, Yowannty, Autumn Love и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    20.813
    Пол:
    Женски

    Не им е лесно ни на нив ама мора да си силна ти за него. Мене срце ми се скрши со детеве пред 2 недели, а што се вели мм на терен беше само. Му се собраа 3 недели во понеделник сабајле да оди да доаѓа во петок или сабота вечер, ние сега му кажуваме тате ке оди да работи и сл ама последната недела стануваме двајцата и он ме фатил со рачиња за образи "мама дома, диме дома, тате нема, мама диме сами" така си шепоти за себе леле кога зедов да плачам како што ми беше набрано се, дека и двајцата сами па беше болен и мене ме фати тогаш желудникот, го носев во градинка и одев ма инфузии. Од 7 сабајле место детево да го тешам јас водопад цел ден. Си дојде мм за два дена кога зедов и него да му плачам, тогаш му реков да не си помислил некаде да заминеш на повеќе од 3 дена. Срцево парампарче ми го направи. Тоцкаво дете а тоа да знае да мисли.
    Се надоврзав на мислењево. Многу се попаметни од што ги мислиме. Ние додека бевме дечко и девојка мм одеше во странство да работи, тогаш ми било тешко, можам да замислам како е кога си со дете. Ама знаеш дека наскоро ке сте заедно и се тоа го правите за подобра иднина тоа нека те води низ месециве што останаа додека одите и вие :hug:
     
    На Yowannty, 1209, Autumn Love и 7 други им се допаѓа ова.
  12. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Многу ја почитувам и во голем дел од нејзините тврдења се пронаоѓам како истомисленик ама толку вина ми наби тој момент со градинката, од тогаш ја избегнувам да ја слушам. Не дека не е во право, ама можеби е премногу ригорозно тоа нејзино тврдење. Мајки со деца во градинка кои немаат избор верувам дека се осеќаат исто.
     
    На MeowMeow, Трагедијаупмм и MariaBouli им се допаѓа ова.
  13. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.850
    Допаѓања:
    10.338
    Не се замарај. :) Ја имам и јас слушано на неколку поткасти.
    На крај на ден ако сите сте среќни, не е друго битно. На детето карактерот не се оформува само за време на тие часови кога седи во градинка, не е единствен фактор тоа за ништо. Јас што осудувања добив што бев два месеци на породилно, па маж ми продолжи до 9 м. Па на 8 м ја пративме на градинка ехее. Детево мое е пресреќно кога ја носам и зимам од градинка, јас си го познавам најдобро. И тоа ми е најбитно од се' друго. Знам дека и е убаво.
    Годинка и 3 месеци е, се има случено да препознае деца од градинка кога се шетаме. Па тоа ќе пукне пуста од среќа и возбуда. :inlove: Јас цврсто стојам на тврдењето дека дете треба да оди во градинка, многу повеќе има прос отколку конс. Фати сипаници на 12 месеци, тоа друга прича хаха. Ама се' тоа поминува.
     
    На Carolin., naturally, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Не можам да кажам дека нејзе преубаво и е во градинка, до сега не покажува некоја посебна среќа ни кога одиме ни кога ја прашувам за таму а и ние многу се разболуваме. Во јасли воопшто не бев задоволна, сега во прва мала мислам дека малце е посреќна и има другарчиња, па некако помирна сум. Од сите работи до сега најтешко ја процесирам градинката.
     
    На Simon4e0507, 1209, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  15. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.697
    Допаѓања:
    12.671
    Пол:
    Женски
    Мојата е уште во јасли теоретски до 3 се таму, иако интерно се поделени пак на поголеми и бебиња.
    Некоја фаза ја има фатено и не сака воопшто да оди во последно време.
    А нема што да мрчам за тоа. Три групи по 10 деца се. Имаат по 3 воспитувачки на група. Лани на адаптација ја носеа во раце два месеци. Ги носат надвор, во двор, на прошетка, ма сладолед, имаат активности и она пак мрчи нешто. Мислам дека и е за внимание што не го добива сега доволно, поради бебињата што дојдоа од октомври навака. Предходно имаа внимание повеќе, оти лани они беа малите. Ова и кај ќерка ми и кај другарките нејзини истото е сега.

    За америчките дневни центри е скроз друг муабет. Се остава бебе на 4м и цел ден, значи до 5-6пм е во јасли. Бебе што не ни прогледало, ни заби нема, друг да го учи да јаде, да го утрешува е пресурово. Мое мислење сепак. Друго е мама и тато и дома на сигурно, друго е со цела група бебиња.
     
    На Simon4e0507, Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  16. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.003
    Допаѓања:
    3.048
    Пол:
    Женски
    Јас дојдов нешто да прашам тука. Осеќаат ли мали деца негативна енергија кај други луѓе, вештачко однесување, не знам како да објаснам. Луѓе малава почна да бега од свекрва ми, со плачење со липање буквално трча за да избега од неа. Со моите родители не е така, не дека се мои ама знаат да ја заиграат, ја оставаме на чување таму без проблем лабави сме, ги обожава. На свекрва ми еднаш и ја оставивме на пола саат, кога се вративме очите потечени од плачењe, дома хаос се, не можела да ја смири.. а имам приметено намерно ја нервира пример малава сака да посегне по некоја играчка, оваа ќе ја земе и и ја дава демек еве на(за да дојде накај неа), па и ја трга и вика не ти ја давам. И неколку пати така. Или и вика гушни ме, малава не сака и и вика не те сакам. Ја крева од под во раце ја тормози а она сака долу да си игра пример и слично, милион примери ама и вештачка е во однесувањето многу, секогаш намрштена доаѓа па си викам осеќа ли детево..
     
    На Anastasia579, Simon4e0507, MeowMeow и 2 други им се допаѓа ова.
  17. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.313
    Допаѓања:
    40.526
    Пол:
    Женски
    Секако дека осеќаат
    Како растат, и твое расположение осеќаат и приметуваат промени а не па некој со извинение шо ги заебава ко свекрва ти со играчката.
    Толку ми е мизерно тоа, неам зборови.
    И да рече Не те сакам на мое дете, шо К бараш тука ако не го сакаш детево, пример??.
     
    На Anastasia579, Simon4e0507, Carolin. и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.724
    Допаѓања:
    19.788
    Така и син ми правеше кога доаѓаше да го чува на 12м и траеше цела година, како порасна валда смени. Тоа беше врискање, плачење, лупање врати, бегање. Мислам дека многу го напнуваше, не знаеше што да му прави . Сега едвај ја чека да дојде да игра со него веќе и голем е 5г.
     
    На Anastasia579, Simon4e0507 и Dodo1 им се допаѓа ова.
  19. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    6.323
    Пол:
    Женски
    Жити се … не те сакам? Јас ќе си ја земам и ќе и речам и ти не ја сакаш нејзе мама нели? Нека се подзамисли
     
    На Anastasia579, mama31, merriel0 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.349
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Женски
    И јас мислам осеќаат. Дури и нашата негативна енергија према другите луѓе ја осеќаат. Еве јас со мајка ми не сум во сјајни односи а после мене и мм она највише ја гледа ќерка ми и пак кога и да дојде и треба 20мин да се адаптира и ќенка. На Рандом други луге прв пат што ги гледа не им прави така…
     
    На Anastasia579, Simon4e0507 и Dodo1 им се допаѓа ова.