И јас мислам осеќаат. Дури и нашата негативна енергија према другите луѓе ја осеќаат. Еве јас со мајка ми не сум во сјајни односи а после мене и мм она највише ја гледа ќерка ми и пак кога и да дојде и треба 20мин да се адаптира и ќенка. На Рандом други луге прв пат што ги гледа не им прави така…
Не реагира на негативна енергија, реагира на очигледното дрско и безобразно однесување, нормално, со право. Што све си дозволуваат стариве
И ја сум многу добра во однесувањето очигледно, треба да вратам дрско и ајт. Кога сум сама со детево се си завршувам, она си игра. Чим дојде оваа детево бега од неа и лепенка до мене е, бара спас. И ја морам да седам долу на под со малава а оваа ја тормози офффф Многу сакам така да и кажам ама пд почит спрема маж ми сум многу толерантна.. Верувај, маж ми минимум еднаш во неделата е искаран со неа, нонстоп и кажува дека греши и тоа не на фин начин ама едноставно жената е непоправлива, без осет..
Маж ти е возрасен човек, не му треба да бидеш толерантна за него, може он сам за себе да збори, за разлика од детето. Тоа што и е баба не и дава за право да ја тормози, или да ја условува, одвратно е она ако не ме гушнеш не те сакам и на ништо добро не го учи детето. Како мајка твое е да поставиш јасни граници за твоето дете да се осеќа заштитено, а не маж ти.
@Dodo1 да осеќаат и тоа премногу. Јас сум го кажувала тука проблемот со дедо му(свекор ми) Ептен напорен човек е, цело време му прави вакви заебанции од типот моја е играчката, мое е јадењето, дај ми да те бакнам, да те гушнам, овој се тегли не дава и овој па не те сакам тогаш. Јас ептен сум на штрек кога сум до него со детето и никогаш не го оставам на само, општо не знае ни да го заигра, само го замра и досадува, никогаш не ни чувал деца, неговите не ги гледал, не знае што да прави, само сака авторитет да наметне на мало дете како и на сите други во животот. Така да син ми дефинитивно него најмалку го сака од сите, ама не е ни чудо кога мм не ни збори со него што се вели. Тежок човек е со тежок карактер искрено мислам дека е со нарцисоидно растројтво. Исто и други луѓе кои се така немќорести да не речам, не ги сака, децата осеќаат кој им пружа љубов и многу се сензитивни на енергија. Мм има еден другар што син ми го гледа еднаш на неколку дена, кога беше помал и кога мм ги чуваше цел ден, често поминуваа време со него, детето е заљубено во другарот, искрено ретко на некој дозволува да го гушне, ама него кога ќе го виде толку се залетув накај него, дури и поздрав имаат свој, ама дечково ошто таква смирена енергија шири, а другите другари на мм исто многу го сакаат мали ама со нив не е така опуштен. Дефинитивно треба да се верува на деца и животни кога се ви прашања луѓе, знаат што осеќаат. Вчера сакав да напишам нешто и за седењто дома и одењето на работа. Јас исто така сметам дека за децата до 2г подобра опција е да бидат дома, имам во главата повеќе причини и лично сметам дека за мене голем успех во мајчинството до сега беше што успеав да го чувам дома, преблагодарна сум на шансата која ја имав за тоа и би сакала и наредни деца ако имам да бидат дома барем до 2г. Сметам дека за децата е многу побенефитно да растат до таа возраст со некој што им е близок, апсолутно не можам да прифатам дека светот мисли дека дете од 4м треба цел ден да е со други луѓе, толку ми е болна таа тема и ретко ја дискутирам. Дури и 9м ми е малку, за жал сите сакаат мајката да биде што побрзо вратен во опшеството, сите ја гледаат првично како работник, а реалноста е дека многу жени ниту физички ниту психички не се спремни сеуште да бидат било што друго освен мајки во тој период. И апсолутно не сакам никој да се навреди од ова мислење или осети осуден, зошто не ми е тоа намерата, само мое лично видување. А сфаќам дека опциите се тие, за жал живееме во време кога други опции се реткост нема кој да ги чува и за да обезбедиме опстанок тоа е нешто што мора да го направиме и воошто не се родителите за осудување туку опшеството и лидерите. Ретки се тие деца што одењето во градинка им е радост на толку мала возраст, оти мал милион приказни слушав од блиски низ што се поминуваат додека се адаптираат на таа возраст. И моето одеше 3м и апсолутно не беше среќно дете. Од друга страна седењето дома до тодлер особено блиску до 3г е многу многу поисцрпувачко за мене од тоа да одам на работа. Одев 7м на работа, 5 од тие го чуваше мм, 2 идеше во градинка додека јас бев сама со него. Додека беше со мм ми беше многу лесно и релаксирачко, особено зошто мм беше тотално вклучен во се, се враќав дома дете најадено, капено, прошетано, спремно да спие, куќага беше средена дека мм е педантерија и јас само да одморам остануваше, а и мм одеше ноќна и сама дома ми беше ептен релакс, ми недостигаше да сум со него повеќе време ама бондигот со татко му беше апсолутно прекрасно нешто. Сега кога е дома, а особено дека сум сама со него, цело време е трка за се, анимирање постојано си бара, прошетки исто, голем дел од денот сме надвор па затоа и проблем со коленото ми се јави, буквално не седнувам по цел ден, ама кога мислам буквално, значи стол немам видено, некогаш јадам стооејќи. Ама верувам дека одењето на работа и трчањето да стигнеш секаде а особено кога дете ќе се разболи и случно е апсолутно исто многу тешко. Нема мерење во ситуацијава, факт е дека мајките се исцрпени и постојано функционираат со полупразна чаша, мислам и татковците се исто ама некако мајките природно се нели дефаулт родител и со тоа менталната оптеретеност е многу поголема. Најбитна работа е кога сме дома со децата да најдеме барем малце време за себе, стварно тоа менува се. Јас откако мали е роден не престанав ниту ден да цртам, тоа за мене отсекогаш било издувен вентил. Макар тоа биле 10мин некоја скица, пак го правам, многу ми го олеснува животот и менталното здравје, сега илустрирам книга за деца и тоа е мислата која ми прави секој ден да е издржлив оти на крај на ден ми е како награда. Така да не плашете се да најдете нешто малце време за себе, светот нема да се сруши, децата и работата уште ќе се таму, уште сите ќе бараат нешто од вас, ама барем чашата ќе ви е малце повеќе полна.
Ама нема граници кај женава, зарем мислиш дека немаме пробано. Јас можам да се искарам најлесно е тоа ама таа пак ќе тера по свое. Маж ми е многу остар со неа и баш заради тоа и нонстоп не зборат, и што? Ништо. Доаѓа и пак исто прави. Маж ми и ја зема од раце ќерка ми и за 10 мин пак истото ќе го направи. Едноставно без осет, не знам немам сретнато ваков човек до сега..
И, мора да доаѓа да ја гледа? Ќе се караш кога е таква и не разбира, нема да ја гледа додека не научи да ќути. Не знам еве, доаѓа, го нервира детето цело време, ама ај ќе ја трпиме.
Радо би да не доаѓа ама не можам така да направам, сепак е мајка на сопругот.. Не знам еве ќе видиме периодов како ќе се понаша со малава.
Не знам дали памтите, или може не сте имале сите такво искуство, ама во “наше” време беше доста често тоа -дојди да те гушнам или што и да ти речат и ако не сакаш (а дете ко дете нема се секогаш да сака), одма - аааа не те сакам више. Кожа ми е се ежи од комшии и далечна или блиска фамилија без разлика, често некој ќе си земеше за право да рече на дете такво нешто. Не се излага со такви луѓе на крај, ама евентуално бебето ќе порасне и нема да ги сака. За што самите ќе се криви оти можеле да прифатат критика кога требало, а не го направиле тоа.
Во наше време не гураа родителите да идеме да не избацуваат и излигават зашто сепак семејство биле, немаше не сакам. Јас ден денес имам проблем со поставување граници поради тоа, а и сум допуштила многу работи кои не требало да ги допуштам зашто не сум знаела не да кажам. И уште работам на тоа. Треба да ги научиме дека можат да кажат не, дека никому не должат ништо, посебно не физички пристап. Јас на мајка ми и забранив да доаѓа, и не ја носев ќерка ми таму додека не се стави во ред со цигарите. Не ги почитуваш моите граници нема да имаш пристап до моето дете. Ништо не ме интересира друго.
Леле се изнервирав што прочита веројатно оти тригер ми е понашањево исто со на свекрва ми. Не се свесни колку им влијае тоа ,,не те сакам " мојата околу 3 г имаше кога и викаше оваа ,,не те сакам ако праиш вака " ,,Никој нема да те сака ако правиш онака" Дојде до степен да ќерка ми со плачење и воспитувачката во градинка ја прашува дали ја сака. И не се разбра жена и не ден денес и вика ,,не те сакам" ама ја научив да и враќа со ,,не ми е гајле" или ,,и јас не те сакам " и ич никакво не ми е. Да ги споиме со мојава да видиме која прва ќе се заколат А па шо си чудна ,баш кога нема да збори со мт и ти искарај се нема да збори и со тебе и автоматски нема да доаѓа...
Дете мало може ќе разбере, може нема. Ама големиве деца во облик на баби никако не разбираат. Јас немам ист проблем како вас инаку, моиве баби и дедовци му толерираат све на големиот, гумени бонбони, чипсови си јаде, играчки купување до бесвест, па обожава да биде со нив. И после ми викаат дека јас сум го разгалила. И оди објаснувај се после, веќе не им се ни нервирам.
Се редактирав прочитај погоре Не бе,само за заедно со мојава се,додуше изгледа и деменција ја фаќа. Ќе биде интересно
Мојава не знам што ја фаќа .. уште ми вика лелеее ти проблем ќе имаш нема да сака во никој друг да оди, само во тебе. И викам мене ич не ми е проблем тоа само нека сака да се гушка со мене.
Јас на моево му реков кога некој ќе ти рече не те сакам и ти му речи. Го слушам еднаш на дедо му му врати вака и овој демек почна вештачки да плаче и му вика е ќе плачам сега. И овој мојов му вика па плачи Многу бев горда на него. И постојано му велам дека не мора да дава на никој да го бакнува и гушка ако не сака. А врв беше кога го научи дедо му дека ако му даде да го бакне ќе може мојов да го удари по глава, кога видов се запрепастив, велам е добро на што го научи сега?? Мислам не ми се ни мисли до каде им оди глупото понашање, сериозно не знам како мм е вака саглам како што е со татко како свекор ми.
Значи сите се исти. До менталитетот е изгледа. Друга причина не гледам. Секако дека осеќаат децата, а и се многу попаметни од што мислиме, знаат да го препознаат тоа форсирање за гушкање, зимање играчки и слично. Мразам кога бабите и дедовците за дљ бидат "подобри" од родителите дозволуваат се, и пркосат на правилата поставени од родителите. Не ти дава чоколадо мајка ти? Абе дојди јас ќе ти дадам три чоколади и две кеси гумени бомбони не се секирај дедино.. Дојди скришно ќе ти дадам телефон гледај си видеа таа мајка ти само ти брани нешто.. Ќерка ми е 6месеци. Приврзана е за мене зашто е по цел ден со мене. Тетка му на мм упорно доаѓа и ја зима. Детево вришти ме гледа за да ја земам, а она ми вика леле што си направила со детево диво станало. Како може толку мало дете да е диво, значи штом гледаш дека плаче кај тебе остај ја. Многу ме фаќа анксиозност кога ја зимаат а она ме гледа мене и плаче да ја земам. После како и кај вас верувам ќе почнат муабетите. Ама ако не дојдеш да ме гушнеш нема да те сакам, дојди да те бацам ако сакаш да ти купам играчка. Тоа ми е се форсирање и претерување, а децата многу знаат и многу памтат.