Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Kitanova77

    Kitanova77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2020
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Ова дека неможат да се помират е премнооооогу точно. Мојава свекрва со две синчиња никако неможе еве да се помири дека едново синче т.е мм е вклучен во се дома. Оди пазари сам, раскрева по дома, прави јадење, чува дете. Многу пати и низ муабет ме има брецнато демек леле како убаво си го научи, пред тоа ни до продавница не одеше:D
    Пред некој ден дојде, јас ручек правев и ме прашува дали можело да го земе бебуш да го прошета, не и викам време му е за спиење, и ај се качи горе само да го видела кога мм го успива, луѓе неможам да ви опишам каква фаца направи дури и како лута си се симна и си замина:D
     
    На Anastasia579, Joanna28, EarthFire и 3 други им се допаѓа ова.
  2. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    693
    Допаѓања:
    1.356
    Пол:
    Женски
    Моево дете на 3 години си ја засака градинката. Веќе имаат повеќе активности, другарчиња и им е интересно, но не дека не ги изморува. Ги имитира моите прашања: мамо а тебе што ти е најубаво на работа, дали ти е убаво таму? Му кажувам искрено најубаво ми е кога ќе земам плата и можам да ти купам сѐ и да штедам. (И најубаво ми е кафе во тишина :coffee:)
    Гушкање сака само со мама, никој не се ни осудил така да му каже гушни ме или не те сакам, си има убава врска со бабите и дедовците. Сака да оди кај нив и да се дружи и со тета, тетин, чичо.
    Колку многу промени вака после 3 години, не знаев дека 3 годишно дете ќе сака да се расправа со мене и да ми контра ама се трудам да имам трпение. Едвај чекам да биде времето убаво и да не се прибираме дома.
     
    На le.soleil, Snowflake92, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.090
    Допаѓања:
    7.018
    Мојата обожава да оди во градинка :D сабота и недела плаче зашто не можела да оди, заљубена е во воспитувачките :rofl: плус сеа се поголеми, си имаат групи се дружат, иначе јасли е дефинитивно најдосадно, не праат ништо, оставени се така во креветчиња, ама кога ќе почнат во големите групи ептен им е забавно, не знам како е по другите градинки, сите различно искуство кажуваат, ама кај нас ептен работат со децата, цело време учи нови работи, учат песнички имаат активности, вежбаат, ни праќаат видеа, слики, на крај на годината ни даваат цела папка што работеле, значи сам дома нема шанси тоа да сработиш со дете. е сега јас ја пуштив на неполни 9 месеци, немав избор, тогаш ми изгледаше мн трауматично, ама сега сфаќам дека не е, ептен позитивни работи има од градинката, таму ја научија сама да јаде, ја одвикнаа од цуцла, од шише, од пелени, ја научија сама да се облака/соблака, значи ја сум презадоволна.
     
    На Anastasia579, Frida-, Guns N` Roses и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    1.488
    Пол:
    Женски
    Ве читам и само се молам бабиве и дедовциве наши да ме бидат вакви. Само од вашиве коментари ми се ежи кожата, можам да замислам истото ако го прават што ќе биде.
    Вчера бевме кај свекорот и свекрвата. Свекрва ми е оперирана и не смее да крева тешко и синко си седи на кревет си игра со играчки, она лежи до него и го занимава. Свекорот раскреваше што ручавме и вика сега деде јас и ти ќе си играме. Мирно детето си седи он иде и во раце. И свекрва ми му вика мирен беше зошто го зимаш, мм исто искоментира не е кенкав нека седи нека си игра не мора на секое во раце. И јас последна реков ај јас да не коментирам оти лоша ќе бидам ама нема потреба кога седи мирен во раце да се зима после јас имам мака дома не се заигрува сака во раце цело време. Неговиот коментар беше Па тоа си е твој проблем, гајле ми е мене за дома, кај мене е сега јас го играм. Во меѓувреме мм испадна на цигар и не му го слушнс коментарот амаа толкуу ме изнервира. Убаво му викам баш убаво. Влезе мм ѓу реков на Х му иде време за спиење да си одиме. Си го облеков и си заминавме. Од вакви работи си викам подобро на 1 год да тргне во градинка одколку баби и дедовци да го чуваат, барем вакви проблеми ќе немам. Он иначе е спремен отказ да си даде за да го чува синко ако не оди во градинка
     
    На Anastasia579, Frida-, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    1.488
    Пол:
    Женски
    Сакав да прашам дали и на некоја од вас бебка за помалку од 1 ипол има извадено 4 запчиња? На 5+ избија долните две, почнаа да гребат и да се познаваат, еве 6+ сме долните се испаднати, горните се побелени и едното веќе гребе. Многу набрзо некако ми дојде. Он беше нервозен и кенкав и тешко се успиваше ама мислев дека е 5 скок, ме изненадија запчињата
     
  6. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.736
    Допаѓања:
    3.689
    Пол:
    Женски
    Мојава е 8 м и има 5 запчиња
    Јас го заклучучив од многу коментари ,кисели фаци и зборење по други... :rofl:


    Или леле бе ... кога ќе почне да и се лути на малецкава за нешто безвезе пример плазела јазик и јас ја учам дека не е убаво тоа.
    Па свекрва ми ќе се исплази ќерка ми ќе врат и едно време ќе и рече не е убаво тоа па се лути или ќе се расправаат кој прв почнал со 5 г дете наместо она да ја учи :tmi:
     
    Последна измена: 18 февруари 2026
    На Kitanova77 и Yowannty им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.973
    Допаѓања:
    189.875
    Пол:
    Женски
    Па да, тоа следеше потоа. Не беше битно дали ние се осеќаме комфортно во близина на некои луѓе, мораше да се испоздравиме и да седиме кај нив во скут.


    Како дете кое беше исклучително повлечено и срамежливо, многу ми беше тешко да се опуштам со блиски, а тек хорор ми беше дружење со подалечни или тоа поздравување и затерување муабети негде по пат кога ќе сретневме некој надвор и муабетите дал имам дечко на 4-5 години. |(. Имам такво социјално анксиозно дете и не го терам на ништо што не сака. Имам пишувано какво фијаско беше неговиот 3 роденден. Стасавме баш тогаш на Крф, веќе собрани куп луѓе за пречек со торта со балони со се. Маж ми прв се качи да им каже да не го напаѓаат одма, да му дадат простор. Не бе брате, сите му се вдадоа во фаца, одма го кренаа, го подаваа, буквално го истормозеа. Кога рикна да плаче, да вришти и најтрагично од се не го даваат тие ќе го смиреле. |( А да не спомнувам што девер ми прв пат тогаш го виде во живо. Маж ми го зема, си се повлековме сите во соба со него. Што не било случај со мене, јас кога ќе се повлечев во соба како дете, ќе си седев сама, гостите не смееја да “трпат”.
    И имам друго дете, целосна спротивност, таа само да се дружи и со сите. Ама сите не сакаат да се дружат како неа. Не е наметлива и е многу внимателна, ама ја разбирам и другата страна. Не се сите толку дружељубиви. И баш ми е тешко да објаснам на 6 годишно дека не е пожелна секаде. За неа ете, тоа е трагедија.
     
    На EarthFire, 1209, Autumn Love и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Мајки што се сеќавате на крштевка како иде цел тој дел?Многу одамна сум била на една крштевка и ич не се сеќавам како е целиот процес како иде.Спремаме за крштевка и се чуствувам малце неспремно што не знам што се случувс:D
     
  9. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.206
    Допаѓања:
    18.888
    Пол:
    Женски
    Јас дојдов малце да си се пожалам. Пишав неколку пати дека ме фаќа мигрена со аура почесто периодов ама почна и секој ден да имам трепки свњтли на видот, глава да ме боли… пробувам да не седам многу на моб, да пијам повеќе вода, тоа пто зависи од мене….. зза сон не можам мн да влијаам. Спијам навечер само 4-5даати на рати. Се надевам наскоро ќе се оправам….;(
     
  10. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.398
    Допаѓања:
    9.099
    Пол:
    Женски
    Во градов и на блиските мои им истекна дека кумот е тој што треба да го земе детето и да го однесе во црква, така спремавме и маса по дома, дојдоа кумовите, се почестивме, зедоа дете и сите заминавме во црква. Таму церемонијата си ја води попот и си кажува тој што да се прави. Од кога заврши направивме кратка фотосесија со нас и ќерка и сите во ресторан за ручек.
    Кога дојдоа кумовите им дадов подароци што имав за нив спремено и тоа.
    На заминување од ресторан, ми спомнаа стариве да ги канам пак дома на кафе да се врателе кумовите ама не сакаа нашиве, секако веќе и ние и дете и гости сите бевме преморени.
    Генерално нешто да е фиксирано правило не е како такво. Слободно може и пред црквата со кумовите и гостите да си се чекате.
     
  11. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    20.813
    Пол:
    Женски

    Се чекавме пред црква, попот таму кажува што да се прави после бевме на ручек во кафана, на одење им дадов тоа што имав спремено за кумовите и тоа беше тоа. Мала крштевка правевме, ние, кумовите и нашите од дома.
     
  12. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    1.878
    Пол:
    Женски
    Не ти ја знам историјата оти не сум баш активна низ темиве ама сочуствувам со тебе.
    И мм работи во странство ама одеше по 3 месеци, овој пат конечно доби виза и тоа баш откако дознавме дека сум бремена. Можиш да замислиш во каков хаос бевме, виза само сопругот, јас бремена, со ризична бременост поради тромбофилијата и претходни два абортуси, претходниот пат таму беше кога дознав дека сум бремена и кога престана срцето да чука на бебе тој на телефон дозна, нема да му ја заборам сликата, се скрши на парчиња.

    По една година забременив и баш тогаш испадна визата, тешка одлука беше, јас тука со свекор и свекрва на еден спрат со две соби, морав да учам Германски и да полагам за да се споиме со него подоцна, ова многу ми помогна мислам во бременоста психички оти се фокусирав на испитот и не мислев на ризикот за бременоста, до 5 сабајле учев. Времето си летна, бременоста ја истеравме на камера со мм, прелесна бременост имав, Бог е голем.
    Се породив, дојде мм, две недели и си замина, мислам дека море од солзи исплакав тие дена, се оболив, доев бебе во раце и плачев над главчето солзите капеа, хормони хаос, постпородилни нус појави имав од анестезијата, бебе не спиеше ич, и издржав, помина.
    Дојде ден да одиме Германија кај мм туристички оти визата абер нема сеуште, седевме три месеци таму, дојде ден да се вратиме назад, пак јово наново, депресии, плачење овој пат мажот ми страдаше мн повеќе оти се приврза со синко многу.
    Сеуште немаме виза, Македонија сме а тој е таму, на камера го пораснавме бебево, многу пати кога праевме муабет со мм навечер се прашувавме дали вреди цела оваа жртва, ама еве туркаме.
    Кај мене е лошо оти моите внуци се израснати со мене и имаме огромна приврзаност, како деца мои си ги сакам, исто и со мајка ми, па моментално сум растргната на две страни ама шо да прам, си велам барем моето дете нема да врви низ овој трнлив пат по кој поминуваме јас и сопругот.

    Еве и јас да се пожалам и да ти испратам поддршка, ќе помини се, ќе се среди, а дотогаш биди храбра и позитивна мисла :hug:
     
    На MeowMeow, Eho, Mumoftwo30 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. nice-girl

    nice-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.075
    и јас да се пријавам цела бременост сама ја истерав мм во странство и си иде секогаш различно некогаш на 3 месеца, некогаш 4 дојде 2-3 дена пред да се породам и замина пред 40 дена да наполниме.Бебла е 6.5 месеци мм уште не вратен од тогаш се слушаме секој ден на камера требаше да си дојде за празниците но се сменија плановите сега здравје за 2 месеци кога ќе имаме скоро 9 месеци и тогаш ќе седи 1 месец па здравје за првиот роденден да биде дома.
    Така да вие бар ќе си бидете заедно сите наскоро а ние ќе правиме идими дојдими.
     
    На 1209, merriel0, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    1.878
    Пол:
    Женски
    Јака ти душа, јас ставив ултиматум, ако не ја добијам визата за три месеци, одиме туристички таму, ќе седиме три и ако дотогаш нема абер се враќаме топтан тука.
    Ама најверојатно ќе биди за брзо еве мм ја продилжи па по се изгледа и нас ќе ни одобрат кога неговиот статус ќе се реши.
     
    На 1209, Simon4e0507 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  15. Sucubus

    Sucubus Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2021
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    И јас цела бременост бев сама ако е за утеха. Бидејќи уште бев на работа и живеев кај мене дома. Што беше најлош период, тоа беше кога бев болна и целосно сама. Мајка ми тогаш беше кај брат ми, свекрва ми не можеше да дојде, далеку бевме. Мм дојде истиот ден кога јас се породив. Тој дојде сабајле, јас вечерта се породив. Беше со нас 6 недели, после замина, па дојде декември не зеде туристички зашто се уште немаме почнато со документација за визи. А мене па тука воопшто не ми се живее :(
     
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    1.878
    Пол:
    Женски
    Значи не има еден куп :)
    Треба еден клуб да напрајме, сами мајки во процес на иселување :rofl:
    Мојата мајка далечни 80 кога се породила за мене по 11 месеци го родила брат ми, после 10 години немање деца две наеднаш. Татко ми заминува Австралија и таа сама останува, вика живот проживеав, татко ми испраќал пари таа дома со другарки секој ден беренки, се зафркава нормално ама вика не ми беше толку лошо :)
    Јас сум по емотивна, ама го следам примерот од неа, дружете се, излегувајте, мене навистина ми фали сопругот оти сме мн поврзани ама гледам на позитивната страна, тука имам огромна помош и го користам максимално времето и за бебе а и за мене, оти таму здив не можев да земам. Тука си излегувам секој ден со бебка, некогаш на кратко ќе излезам и сама на пијаче, ќе си испазарам намирници за бебуш, уживам колку можам.
     
    На 1209 и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  17. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    1.212
    Едно ќофте од 4 кг нè врти околу мал прст, главна е.
    Навечер ја легнуваме во креветче тивко, полека, одиме на прсти еден позади друг, еден да ја спушти, друг одма да ја покрие.... мислиш криминалци сме :D
     
    На poker_face, Anie93, Eho и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.905
    Допаѓања:
    15.141
    Пол:
    Женски
    Леле исто ни се деси, само што ми го масираше вратот, и јас уф уф му викам полека не стискај толку… кога фати малава да плаче, леле мама па мама, мислеше маж ми нешто ми прави.
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nikja

    nikja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    3.035
    Допаѓања:
    2.896
    Хахахаха ако нема помош боље нека нераѓа,јас изгинав ептен мушки.Многу е тешко и многу мала разлика се, и кога сам чуваш без никаква помош.Само даме послужи здравје и психа здрава
     
    На 1209, Eho, EarthFire и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    20.813
    Пол:
    Женски
    Децата чуствуваат се. Тргнете од вас, еве јас од себе. Кога јас сум нервозна/вознемирена детево е дупло повеќе од мене. Они повеќе ја осеќаат енергијата од нас, ние сме преокупирани со наши мисли. На мм нина му кога и да додјеше му велеше "ке ти ја земам мама/играчката, ова е мое" и се некој такви муабети не зема синко за рака и низ врата ја испрати само што влезе "ајде бабо *** иди дома" никој ни му рекол ни му спомнал такво нешто сам. Јас у шок бев, е да видите после тоа како се смени, а пазете неа и било интересно кога се лутел жити се жено, минимизирам контакт со такви луѓе одма. Сеа не го гледа ни еднаш месечно.


    Денеска денов е за мене, бев на депилација одсабајле, се избањав, средив нокти сеа ке пијам кафе ми фалело ова да се одморам малку и да не мислам на друго. Женава кај што одам на депилација толку ми има некоја смирувачка енергија а бе не знаете после муабет со неа сум зен, од средно одам кај неа, сега нејзината ќерка е матурантка и после толку време е иста значи некои луѓе стварно не се менуваат.

    На темата мајчинство синко во градинка неделава и наредна до 3, после до 4 односно кога ке завршам со работа ке го земам ке биде хаотично само се надевам дека ке се снајдеме некакоо. Не ја мислам толку работата колку што го мислам детеви, ваљда кај сите е така.

    Имајтр убав викенд
     
    На Mother of 2boys, Autumn Love, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.