Мајки, некоја да предложи психијатар за постпородилна депресија? Не сум од скопје и ако може онлајн сесии уште подобро.
Јас на вибер се слушав со Весна Милосављевиќ. Ама она е психолог. Ако сакаш ќе ти пуштам бројче во лп.
Ќе се надоврзам на тебе разговарав со една од таму која беше не знам, ама искрено глупости ми кажа што среќа не се разведов во тој момент. Сега од оваа перспектива беше глупо од нејзина страна искрено. Освен ако стајле некој добар ептен не разговарајте со секого
Мајки кога е безбедно да се видиме со деца што имале сипаници, знам декс беше 14 дена препорака ама за мало бебе како е ? Чат џпт вика 21 ден од последниот ден на сипаниците ... Под притисок сум со свекрва, на золва ми децата се фатени па не ми се ризикува а нема разбирачка со нив. Плус ларингит имавме, јас сум затната цела и не иди во предвид додатен ризик, уште тоа ми фали
После 14 дена не се заразни сигурно, веќе се е засушено. А до 21 ден е периодот на инкубација. Сипаници се најзаразни ден два пред да избијат и првите денови додека имаат меурчиња со вода. Кога се суви, веќе не се заразни, ама ете со доза резерва и до 14 дена да се почека. Ќерка ми изби сипаници за нова година, на 1 јануари, и на 16ти славевме роденден, ниедно дете ништо не фати, и речиси се и беше поминато за тие 15 дена. Малиот сега со внуката на 10от ден ги споивме и не префати.
Абе тие како упорно да сакаат само лошо ви прават не разбирам. Золва ми беше тука со малата и кога слетале истиот ден фати сипаница, одложија доаѓање и враќање дома и чекавме 2 недели да се видиме од последен ден кога веќе не излегувале нови сипаници. Не е безбедно, особено не кога сте болни и со паднат имунитет. Јасно и гласно не и тоа е тоа.
Знам ама дете и бебе не е исто, нема ист имунитет затоа ми е шубе, сепак ќе чекам 21 ден не ми се ризикува
Ептен се инаетчии, не за да направат лошо туку не се свесни за последиците, поготово свекрва. Јас разбирам не е едуцирана, порано поинаку ги гледале децата и мајка ми е иста ама барем не ми се противи на муабетот, кога ќе и кажам не и нема приговори, овие ако им речам сега дека не доаѓаме три недели ќе се испоналутат, а сигурно и веќе се лути оти еве скоро две недели се немаме видено со неа, таа беше последно кај нас а ние не сме биле месец дена можи. Можеби претерувам ама си го гледам бебето на прво место и моето психичко здравје, оти секое гледање со нив бев под голем притисок Еве ја не е јавена неколку дена, очекува јас да ја барам, толку сум притисната шо осеќам грижа на совест, а знам дека не треба
Машината што беше испрана од вчера денес дочека ред за пружење уште во 9сабајле! Успех на денот Не знам дали се помалку време имам за домашните рабити или се помалку ми е гајле
Ако ти е за утеха мене жената што ми чисти ми ги испегла и здипли и стојат во перална да ги смњстам по плакари цела недела ама ич не ми е гајле, мм сабајле го видов кошула од таму извади на закачалка му ги ставила жената чисти
Јас од кога се породив пегла немам фатено а не ни планирам А во сушарата со денови имам алишта што чекаат некогаш да ги средам. Маж ми си се помири со судбината и сам почна да си ги пегла алиштата за на работа среќа два пати неделно е во канцеларија. Кај мене жената што доаѓа да чисти не се нафаќа да пегла алишта иначе одма ќе и речев
Ние, собата што ја користев како канцеларија, додека сум на породилно си ја користиме како голем плакар насекаде има купови чисти алишта и веќе не се ни трудиме да ги распоредуваме, од таму директно си земаме. Само за бебо алиштата ги средувам, другите чекаат подобри времиња
Моево има шкаааф конечно. Па во недела вечер пеглам и за нас и за него и редам по закачалки за цела недела да имаме