Aaa,ќе се караме... Немој така...не не' срами нас Кај мене еден ден вадам од сушара, ставам некаде,втор ден диплам,трет распоредувам Пегла??? Само по потреба.
Еве јас да си признаам дека сум фрик, и дека се' пеглам (освен хеланки и сл што не се пеглаат, и не пеглам долна облека). Сушам се во сушара, и пеглам се. Не можам да гледам непеглано, или да е купа алишта да чекаат за пеглање и диплење. Маж ми вика дека веќе слика од мене ментална му е како пеглам и чистам, и ме „кара“ чат-пат. Ама не можам, ме нервира помислата да знам дека има нешто несредено. Ми вика жена да сме плаќале да доаѓала да чисти. Јас тоа го замислувам вака - жената ќе чисти, јас ќе ја гледам бидејќи нема шанса да не сум дома и ќе се нервирам. Па по неа ќе фатам се од ново. И дупла време ќе изгубам ако дојде жена да помага низ дома. Јас си немам никогаш легнато со чинија во садопер оставена. И така... Да си ја кажам мојата „луда“ страна.
Се до неодамна бев во клубот опседнати со се да биде на место, садови секогаш расренати, алишта пеглани, здиплени како во бутик, се да е на место, се додека не почнав да чувствувам како телово ми се распаѓа од премор, секое слободно време кога не сум со бебе го користев за чистење и раскревање, едно кафе не пиев во денот, вода не се напивав. Еден ден си викам, ти будала ли си, какво пеглање, единствено на бебе облеката, нашата облека само за излегување кога треба вадам пеглам. Бремена 9ти месец земав пеглав завеси среде лето(лудача), а ден пред да се породам го рибав тоалетот, кога ќе ми текне на ова ми станува неарно.
Еве сум и јас. Во 20:30 се прибрав од работа, маж малово го имаше средено и почнуваше со големата. Како влегов во 21 во кујна, пред пола саат завршив. Спремање доручеци за утре, кутија за школо, за мене за работа, за малото да оставам... па садови, па чекај чиа пудинг за ужинки, па нова тура садови. Па додека се печеа лепчиња (брзински со лажица што се мешаат, не месам) диплев алишта. Маж за тоа време ја среди цела дневна, пребриша секаде, растрга за роботчето да може секаде да собере. И сега моментално свети дневната. Тоа ќе биде до сабајле до 7. Туш, раскренав алиштата по регали и еве утепани не можеме ни да збориме веќе. Се помирив со хаосот преку ден, ама не можам ни лажица да оставам несредена навечер. А алишта диплење ми е терапија. Колку и да сум уморна мора да се под конец. Секоја блуза иста ширина здиплена и исто растојание од врат до рамото. Маж ми вика малку фрик сум, ама и он стана таков
Ама дојди да ми ја видиш собата кај што пеглам Купови, планини со алишта и плус на се тоа една сушара оптегната у сред соба обавезно пуна
ние вчера правевме 2месеци! Си расте моето буци. Му имав земено и два балона со хелиум, му ги везав на ноџињата и како што беше плачлив и кенкав деновиве со балоните ептен се расположи, им се смееше си ги гледаше, преташе
Иста бев , баш иста кога имав едно дете и постигнував се' Сега со трите мали дечиња нема шанси да постигнам се'.затоа терам на рати,нешто мора да трпи јеби га. Ќе пораснат па тие ќе диплат.
Убавини. И јас сакам три, па само нека даде Бог да ми се исполни желбата. Сигурно ќе трпи работата дома. Ама па поголема среќа нема. Сега со едно постигам сѐ, и сопругот е вклучен 50-50 со обврските. "Тешко" ми паѓа и нема како само тоа што не можеме во Ск да шеткаме после 8 навечер сами со мм. Или тој или јас со друштво. Ама надокнадуваме кога си одиме кај нашите
Денеска душата ми излезе. Ми падна мојата малечка од кревет. Имавме штрајк со јадењето, јадеше што јадеше, ја земав, блуцна од јадењето, се направи лом и ја соблеков да ја пресоблечам. Само што отидов до другата соба, немаше ни 2 минутки ја гледам на под, свртена на меше. Кога ја видов срцето ми застана, ја земав, почнав да плачам, не знам како се случи, заградена со перници да се преврти и да падне. Ја прегледав рачиња, ножиња, телото, глава, видливо нема ништо, не ни плачеше, одма продолжи да си игра, душа моја.
Истото пред 1месец ми се деси и тоа целосно извртен на земја само кај мене вриштеше дека се исплаши а ништо не му беше. 30с сам беше на кревет оставен. Мислам дека нема бебе што во некој период кога се учат да се вртат немаат паднато од кревет. Од тогаш сам кога го оставам и на 30с го оставам на подлога на земја
не се секирај чим не и е ништо, нема некој на кој што не му паднало бебето, како што ти кажала Надеж, оставај ја на подлога на земја, така е најбезбедно, јас цело време така ја оставам или на средина на спална, ама гледам дека веќе и таму не е безбедно затоа што се рола цела.
Јас сега завршив со чистење кујната, пеглање ќе почека. Денес завршив со антибиотик и за сега бб нема никаква нус појава. И тој беше болен, но живец и тоа ме радуваше. Па ајде полни када со жешка вода и сол, па внеси го на пареа, инхалација со физиолошки зашто само тоа имав дома, на секое мерење тт. Промена на постелнина на секои два дена, отварање прозори секој ден, по саат два во спалната. А тоа што мирисаше на кромид цело време е друга работа. Секоја вечер свеж кромид сецкав и на перница ставав. Патешествијата од оваа недела ипол. Наполнивме успат 6 месеци. Купивме дубаче кое не е баш интересно. Подобро е во раце и да се галиме да се мазиме. И така цел ден седиме, кога се враќа мм од работа тој ме заменува, за јас да претнам да сработам нешто. Од сега си мислам што се ќе ме очекува со ова бебе.
Не сака во дубак? И јас се мислам да го склопам и да го ставам. Кога е со други си седи си игра, штом ја сум со него фазла од 45 мин не сака да игра и тоа до него да седам после сака во раце. Се мислам да го ставам оти ми паднаа раце веќе
Лелее ако игра моево 45 минути ќе збудалам од среќа, 10 минути максимум и само ротирам креветче, релаксатор, подлога, па во раце и така минува денот.
Те читав пишуваше за 5ти скок, па малку да те утешам. Моето после 5ти скок магично почна да си игра само по мноогу долго време. Претходно исто беше, ротации на 10мин и најчесто на подлога јас до него. После скоков ептен му се подобри вниманието и интересот за играчки.
Имаше тука мајки што после породилното земаа неплатен ? Сакам да се консултирам околу здравственото осигурување, како го регулиравте ?