Бевме на контрола и морам да си ја пофалам др.Јана од Систина за пристапот и за следење на нови начини и за исхрана и за "гледање" на децата. Толку многу сум воодушевена од нејзиниот пристап и секое следно одење се повеќе ме воодушевува. Не се водиме со исхраната по стари табели и сум и многу благодарна што ми дава храброст за се што правам за моето дете. Топла препорака за докторката од мене
сто посто сум сигурна дека ја мачкав со нешто големата на првиот одмор, била околу 6 месеци, ама не ми текнува што, некоја биодерма мислам беше
Баш пред малку слушав едно нејзино интервју од пред две години кадешто зборува за промена на препораките и дека скоро се може да се воведе по 6тиот месец , како што се водат и во Америка- јајце цело, алергени на 6 месеци и слично, а вчера Др Марина во нејзиниот вебинар на Матрона кажа дека се менуваат ставовите но сепак остана на тоа дека јајце се дава покасно, па сеуште се дели белка од жолчка и сл.. Јас се согласувам со на Др Јана ставот но не ми е јасно зошто волку различни совети од врвни доктори, нели треба да се на исто ниво сите… Др Марина кажа и дека децата на формула требало да пијат и вода до пред 6 месеци што е спротивно на сите нови истражувања и насоки..
За ќерка ми се погоди на ургентен на смена кога фати сипаници. Предобар пристап и докторка која дефинитивно се посветува на најнови препораки и принципи на лекување. Ептен сум задоволна од нејзе.
Не ти треба фактор за ова сонце, малку витамин д3 нека примат по природен пат Јас имам од чико минералните ама не го мачкам од сега, а побело бебе нема од моево Не се изложуваме на сонце директно ионака многу
Ме издаде телото денес, завршив на итна со висок притисок. Искрено многу се исплашив, со моите бев и кога завршиме, кога си реков плачам плачам, мислам дека волку немам исплачено во последните 3г, што од страв, што од тага, што од стрес. Мајка ми и татко ми ме држеа како мало дете да се исплачам и не знам што би правела без нив. Цело време мислев дека сум добра психички дека се држам ама очигледно не сум била. Утре одам и се по ред има да испитам со здравјето, долго време имам некои неодредени симптоми кои ги игнорирав, како интуцијата ми вели дека нешто не е во ред ама не можам да кажам што е. Исплашена сум ама морам да проверам.
Ништо нема да ти е, не се грижи. Иста сум, и јас на итна завршив, па на интерно, ги убедував дека имам нешто, да не имам мозочен, боже скраја да е овај луд мозок кај не ќе ме однеси со мислите. Докторот ми вика оди легни си и наспи се ништо не ти е, јас не од шо ми е и толку. Анксиозност, стрес, неспаност, хормони, ете тоа ни е, се собрано. Мајка ми ми вика не си играј чупо дете имаш за гледање, и во право е.
Се ќе биде добро. Едноставно телото, ни “паѓа” некогаш. Избива некаде , се што сме држеле во себе. Нека ова ти биде последно лошо.
Второ it’s on the way. Стравовите еве ги на врата. Ќе ги игнорираме за сега. Ако некој памти јас чував дете скроз сама и сопруг вклучен после работа. Проплукав се, западнав хаотично, се исцедив бескрајно, константно со низок имунитет и закачен вирус од умор. Тогаш пишував дека тоа е правилно и еве ме со мисла дека пак така ќе биде, а толку сакам полесно да ми е овој пат. Не можам со туѓо присуство, еден збор лошо кажан, а нема да е еден три месеци нервози ќе ми направи. Вака болна физички, ама чиста психа се тешам. Еве ме, ќе речеш, период е, издржав, после две години друго е. Епа уште две. На здравје нека е. Читајте и гледајте циркус
Mustela ili uriage zemi epten se dobri, moeto dete imase 6m koga otidovme vo grcka na odmor i so mustela go mackav baska bevme vo avgust na odmor
Биодерма користев летоска за на одмор, минерален е и беше поевтин од Гамарде и Азета био и тие се исто 0+.
Со различни ставови само кај нас ставаат сомнеж за тоа што го правиме и го даваме. Јана само за риба ми рече после 10м да го почекам, друго дека можам. Сега да дадам и цвекло, праз, кромид. Нареден месец цимет, какао. Можам сега да дадам и јајце цело. Да почнам со рендано, за еден месец или порано кога ќе гo сетам спремен и парчиња. До 8м, можам и на 7ипол да му вклучам и трет оброк. Детето појавува желба за јадење, сака да јаде и слободно да давам се што мислам. Единствено што не се согласив со нејзе е дека сум избрзала со млечни оти цицал ама нема врска јас дадов веќе. Од млечни ми рече само за павлака дека не е за да се дава имала многу адитиви а другото е океј. Сепак секој различно
Провери се ,иако брноут ќе да е.. И мораш малку да ,,пуштиш" (види кој ти збори) не мора на се да имаш контрола...
Пред да отворам форум барав кој фактор е за бебе, а вие веќе сте почнале да пишувате на таа тема. Др. Јана од Систина при породување се погоди таа да биде педијатар и продолживеме кај нејзе првиот месец, многу фалена докторка, но мене некако не ми се допадна, да речам еднаш така се погодило, но 3-4 пати ја носев сигурно, некако да не речам арогантно, ама надмено се однесуваше, не знам дали јас така си умислив, за стручност не би можела и не би смеела да коментирам. Денеска не вакцинираа, трета доза на 6 месеци, со оглед на тоа колку сум под стрес при вакцинирањето, добро поминавме, за изненадување немаше многу плачки. Спие денеска како комирана, температура нема засега, ножето е добро.
Денес го возев сама во кола позади ама немав огледало па малце стрес блиску тука на 2км не не фати многу возење и вчера и денес се изнашетавме на сонцево со другарка исто на трудничко За назад почна да кенка па заќуте се симнувам од кола надоле обесен малце ме здрма срцево а он си заспал маче мое. Ама добро е се охрабрив важно, научив да врзувам уште огледало ми фали и ќе си штекаме повеќе Сега ми е барем поубаво затоа што сите горе доле возат поспоро… Дамо тротоариве цели со коли ама од понеделник почнувам да ѕвонам на пајак служба баш ме интересира дали функционира тоа
Јас до Велес го одклатив а 100км имаме од кај нас, како возиш повеќе ке се опушташ. Сеа до кај сакаш тргам со него Темпирам време за спиење и шибаме Мене едина мака ми е што кога е темно многу ми сметаат светлата на спротивните коли, а нема лек за тоа па си се помирив со судбината