1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    8.431
    Пол:
    Женски
    Ќе си земеш огледало од тему јас нарачав некој си 180-200ден го земав. Раат е. Е јас само за на зади едно огледало земав, и го наместив на ретровизорот да го гледам
     
    На Anaroz1, Carolin. и Anie93 им се допаѓа ова.
  2. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.169
    Допаѓања:
    11.896
    Мајки вие што сте користеле или користите Атипас чевлички сте ги переле ли во перална и на колку степени? Ја фрлив кутијата одамна, а мислам дека пишуваше може да се перат :?:
     
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.973
    Допаѓања:
    189.874
    Пол:
    Женски
    На 30 степени ги перам. Иначе и на 40 имам едни испрано по грешка, не им беше ништо.
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anastasia579

    Anastasia579 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2025
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски
    Јас имам таква ситуација сл мајка ми и потполно те разбирам... нема разбирање жената, и крај.. те читам и како истата слика да ја гледам кај мене.
    Нонстоп сме на нож, и постојано се караме, и џабе.. 5 мин ќути, као она жртва и пак продолжува.. затоа и немам некоја блискост, на жалост...
    Многу ми е убаво кога ќе видам како мајка и ќерка се блиски, затоа што тоа го немам искрено..
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  5. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.349
    Допаѓања:
    1.928
    Пол:
    Женски
    Мајки ми треба мислење од тие што сте со поголеми бебиња, па затоа пишувам во темава. Имам бебе од скоро 11м, во принцип е умна денски, си има навики, не е презахтевна, не бара само во раце, се заигрува сама итн итн.

    Е проблемот е во тоа што (освен што е нејадач и пребирлива, ама тоа се снаоѓам и давам парчиња па си јаде) навечер многу се буди. Како течат месециве се полошо и полошо спие. Секој скок во развој, нова вештина, вадење заб и се одразува многу на (не)спиењето. На неполни 3 месеци имаше 2 вечери по ред кои ги преспа цели а сега се буди по неколку пати, се врти, седнува, се исправа, дрдори,
    бара да цицне и се мачи да презаспие. Често ако стане накај 4, пробува до кај 5 и нешто да презаспие и дремнува на кратко и на крај се откажува и сака да го почне денот. Тоа секако значи дека јас сум често станата од 4 (и плус неколку пати предтоа во текот на ноќта).

    Уште месецов сум дома со неа, после се враќам на работа, а она ќе тргне во градинка. Сега за сега некако издржувам со хроничново сецкано (не)спиење ама не знам како ќе издржам кога ќе почнам на работа. Во добри ноќи (пред да почне да лази и стои) знаеше да врзе и 7 саати непрекинат сон, но веќе месеци не се случило тоа. Сега станува во просек 4 пати а после 2часот знае и на секој саат да се лепи да цицне. Првиот дел од ноќта и е поцврст сонот(освен кога вади заби) и си спие сама во креветче, па ја зимам мегу нас кога ќе стане иницијално и си останува до сабајле. Некогаш бар на првото станување не и давам да цица и ја враќам во креветче но често одма по пола саат пак ќе стане. Останатите пати немам ни сила да пробувам да ја нишкам, брзо се расонувам и уште полошо спијам дури и кога ќе ја презаспијам без цицање.

    Прашањето ми е дали ако ја одбијам од доење би прекинал хаосов ноќе или џабе се надевам? Какви се вашите искуства? Не сакав да ја одбијам пред годинка и не пред да тргне во градинка ама па на мисла сум да не ми е потешко после одбивањето? А што со имунитетот за во градинка, да стискам ли заби да издржам бар првите месеци да цица? Дополнителен проблем е што многу тешко вади заби, со плачки ноќе, а на повидок се четворките (до сега ги извади сите кецови и горните двојки и со сите многу се будеше и бараше цице). Од искуства од други и додека не проодат многу се будат нели? Да не се мачиме и двете за џабе со одбивање.

    Инаку она до пред месец ипол заспиваше и дење на дремки со цицање но успеав да ја одвикнам и сега заспива со нишкање. Дневни подои и намалувам, периодов има само сабајле, еден во текот на денот и уште еден пред спиење.

    Долг пост ама се потрудив се да објаснам, се надевам ќе добијам некое мислење од мајки што поминале низ слично.
     
    Последна измена: 28 февруари 2026
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.389
    Допаѓања:
    47.593
    Пол:
    Женски
    Ќе стегнеш заби оти нема да се смени.
    Кога ќе ги извади сите заби ќе биде подобро, ама нема да биде идеално најверојатно.
    Јас имам такво дете од раѓање, ништо друго не ми беше толку тешко во родителството како неговото неспиење.
    Стана подобро кога ги извади сите заби, ама пак се буди 2+ пати.
    Некогаш уште го презаспивам со нишкање, бара многу контакт, лесно спие и тешко останува заспиен.
    Исто многу е пробирлив и сензитивен, мислам дека тоа се една група деца со исти карактеристики, нејадачи и неспијачи.
    Знам дека не е утеха ама и да ја одбиеш од доење исто ќе е, само ќе бара друг начин да презаспие.
    Моето спие со мене и барем не станувам на секое да го земам, ако е изводливо така за вас, може подобро.

    Ќе стане за нијанса подобро кога ќе излезат забите и ќе минат скоковите, ама дека пак ќе преспива ноќ…
    Моето до сега може 5 пати преспал, 3г скоро;(
     
    На Калатеа, Mother of 2boys, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  7. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.349
    Допаѓања:
    1.928
    Пол:
    Женски
    Фала на мислењето, не барам утеха баш ми требаат искуства да одлучам како ќе терам :l: Сензитивна е и она и бара контакт кога има најмала нелагодност, затоа и втората половина од вечерта спие меѓу нас од што стварно немам сили да ја враќам во креветче. А видиш не сум размислила дека нејадачи и неспијачи се во иста категорија, не е фер :whew:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.736
    Допаѓања:
    3.689
    Пол:
    Женски
    Бебето ми е помало и не знам ,засега спиењето барем е ок.
    Неколку ноќи дали имало така поголема вознемиреност ,ама затоа големата...
    Значи 5.5 г е сега предизвикот е да ја ставиш во кревет. Кога беше бебе исто како себе да се читам ,план ми беше да дои до 2г. Не ни помислив дали или дека со (не)цицањето ќе може да смени се до една ноќ кога стана 365 пати.. и пошо преку ден цицаше сано еднаш кога се враќав од работа претпоставив дека веќе немам ни млеко и ја одбив на 20 тина месеци.
    Спиењето си остана исто... се разболе среде лето 3 пати од кои еднаш и на детска лежевме.
    Па тогаш дополнително бараше цела ноќ да ја носам во раце... (facepalm).
    Ден денес не сфатив дали јас нешто грешам со неа или такво е детето... пробано се рутини ,мутини дури и мелатонин додека бев бремена со второто пошо не можев да издржам. Тој и помагаше да заспие ама сепак се будеше ноќта....
    Б6 ми вика колешки тоа не сум пробала...можеби треба.
    Не знам што би те советувала ,освен дека не верувам дека одбивањето ќе смени нешто. Кај мене не смени.
     
    Последна измена: 28 февруари 2026
    На dummy и 1209 им се допаѓа ова.
  9. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.349
    Допаѓања:
    1.928
    Пол:
    Женски
    Фала :l: Лесно заспива мојава среќа, а и дремките без голема мака си ги тера ама ете навечер како што кажав на секоја мала нелагодност бара помош и контакт
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  10. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    4.024
    Пол:
    Женски
    @dummy такви се децата, и мојата спие до 2 со 2/3 будења, но после тоа е залепена за цице до сабајле или на секое се буди и бара цице... 19м сме. Дали одбивање ќе помогне никој неможе да знае.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    8.489
    Пол:
    Женски
    Моето големо дете кога го одбив проспа, прво му нудев вода после не ни сакаше ништо. Мада во исто време се погоди и да го земам перманентно со мене на спална, па така се научи да заспива и презаспива. Он се будеше на секој саат до година, па после го одбив и не спиеше скроз убаво до 15тина месеци можеби, ама јас и кога цицаше не го презаспивав цело време со цицање зошто немаше да прекине да цица цела ноќ, апла не е од глад будњето и ме иритираше да ми е џабе на града. Заспиваше и презаспиваше со нишање. Со мене се научи заедно на кревет и не се будеше веќе, сега е ултра спанко, не мрда цела ноќ, језда е голем ама ете од неспијач бебе излезе убав спанко поголем. А не сакав да спиеме заедно ама искрено јас од 8 месеци на работа бев тргната и веќе не се трпеше заморот.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    8.431
    Пол:
    Женски
    Да пробаш пред спиење да и дадеш парацетамол за болка што ги вади 4. И мојата ги вади, горе излегоа, ама доле страшно се набабрени. Цели топчиња и кога многу плаче, си ги чеша знам да и дадам парацетамол за да не ја боли
     
    На Трагедијаупмм и dummy им се допаѓа ова.
  13. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    20.813
    Пол:
    Женски

    Моево после одбивање спие цела ноќ без будења, ретко некогаш ако е болен или има некоја мака. Иначе си спие ко топ, пу пу да не го заречам. Ама пред са го осбијам ми висеше на цица ка поцели ноќи значи пренапорно ми беше. Јас и немав веќе млеко он цуца на празно тегне си игра, од мака го одбив. Да цицаше еднаш или два пати може ке го доев подолго.
    На золва ми девојчето додека цицаше стануваше еднаш во 5 сабајле за цицање и си пролжуваше, сега не цица ама станува де за вода, де за сок, де и се моча она вика повеќе мака имам сега одколку тогаш.
     
    На Merten, Трагедијаупмм и dummy им се допаѓа ова.
  14. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.005
    Пол:
    Женски
    Сакаме утре да прошетаме малце во Гази Баба паркот и после да седнеме негде во околината на ручек.

    Да ми препорачате некое местенце? :D
     
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    18.218
    Пол:
    Женски
    Моето цуце денеска првпат рече мама, од сабајле го токмеше устето мм, ам и на крај рече мама, многу се израдував иако знам дека го кажува без значење. Прво почна со тата, па деде, дада, тете, баба и на крај мама :inlove:.
     
    На kozuf, Puffy2019, Eho и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.903
    Допаѓања:
    15.141
    Пол:
    Женски
    Задоволна си? Сакам да земам.
     
  17. beachedd

    beachedd Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2020
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Јас имам за мојов и за дома и за во градинка.

    Во градинка ги носи, а дома пола број му зедов поголеми и му се соблекуваа ама па топло ни е многу и не ги носи. Инаку се супер, прелесни.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mama31

    mama31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    323
    Od kade gi zede?
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.169
    Допаѓања:
    11.896
    Да, ги земав највеќе за кога одиме негде дома по гости, на патување за низ хотел, игротеки и на суво кога е надвор. Не и се поти ножето, немаат мирис. Полесни ми се за облакање од колев и колев а и она океј се справува со нив. Само колев ми се постабилни, овие знаат да и се свлечат некогаш ако ги потгази.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.265
    Допаѓања:
    5.522
    @dummy Да пробаш само од ноќно доење да ја одбиеш прво? Секако не им е потребно, само од навика се будат. И јас сум во фаза на одбивање од ноќно, па ќе пишам дали се подобрило нешто.

    Инаку и јас бев иста, еднаш ќе го презаспиев без цицање ама за следните будења веќе немав енергија па давав. Сега се решив да сум истрајна пошто и така не спијам како што треба, па ќе издржам уште неколку вечери неспиење само да има ефект (fingers).
     
    Последна измена: 1 март 2026
    На kozuf, Трагедијаупмм и dummy им се допаѓа ова.