Од кога почнувате со овие проодувалкиве кондурчиња? 8ипол месеци е мојава. Само едни патичиња од сите 10тина пара што ги има и се сега точни пред некој ден и пробував некоја комбинација се зачудив колку и пораснало ноџето. Овие 10тина бебешки ми беа од чико/h&m / primark / loco croko дека бебешки не стапнуваше воопшто. Ама сега мислам дека е време за убави, зошто стапнува и кај и да е од нареден месец вероватно ќе сака да ја држиме да оди.
Се мислам еве никако да се одлучам, не знам како ќе сум истрајна ноќе немам сили. Кај неа плус проблем е што некогаш џабе и цица ноќе пак не презаспива, еве вчера 2 саати од 23:30 до 1:30 седеше будна иако и дадов да цица… Се пробавме со мм капнавме двајцата а она се забавуваше си лазеше, си седнуваше, стануваше, чучнуваше, дрдореше… Не е во скок … ај пиши како ќе оди кај вас,стискам палци
Чим веќе сте имале growth spurt и ви и пораснало веќе ноџето, ако и земеш проодувалки најверојатно ќе ги носи околу 4 месеци. Јас околу година т.е. баш за роденденот во јули и ги купив првите, а паткаше и одеше боса од 9м, прооди на 13м. Веќе 20 бројче во октомври и требаше, па еве сеа 21 во февруари.
Кога сте веќе на темата, да прашам и јас. Бебка е 10м, сакам да и купам проодувалки обувки за надвор сега за пролетта. Кој број да земам, и од кои, Кеги?
Само бројките не им се како на другите не ги гледај така, јас мерев по цм и го погодив бројот. Пример Колев носи 18ка моментално, а на Атипас 20ка. https://kidscarewears.com/product/obuvki-za-deca-bebe-animals-bear-beige/ @happygirl јас со Колев почнав погоре што ги имав споделено, многу сум задоволна, бргу почна да оди во нив за ден два ги навикна и лесно се чисти гумата.
Јас сум скроз задоволна и од топлинчињата на Колев. Тие како балетанки што се со чичак трака. За по дома кога ќе сака да носи и за по гости.. Дури можат да поминат и како пролетни обувки. Мене битно ми е да се широки напред кај прстите.
Исто и моево со вакви порасна, од овој тип мислам. И во машина перени и изнаносени, гајле немаат. Едит: И јас по сантиметри порачувам. Мерам стапало и спрема тоа гледам број. И во Колев различни модели се разликуваат во големина.