Јас на бебо му купив очила за сонце и качкет. Го изгњавија сите што не сретнаа на улица, и ете го сега кај спие кај плаче. Убаво вика мм да го облекувам како парталче и да спиеме раат на вечер. Секое излегување паѓа на зарек, и после дежураме.
Напротив сериозна сум. Бебо е ептен мирен и заспива без проблем и спие долго, скоро 7-8 саати ми спие во ноќта. Ако го носам некаде, било каде, каде што го гледаат интензивно или па го земаат во раце, вечерта знам дека имам проблем. Од бебе што не плаче доаѓаме до бебе што плаче по саат два, и се буди во текот на ноќта исто со плачење. Променет, најаден, напиен зошто би плачел. Од твоја гледна точка зошто би плачело бебето, ако му е се задоволено и нема друг било каков проблем?
Како што пиша членката погоре, од престимулираност. Било меѓу луѓе, многу работи видело доживеало, го држеле повеќе луѓе..
Мислиш дека бил престимулиран и од погледи. Зошто не е престимулиран кога му се тука братучетките и кога цело време го носат како штафета, кога веќе е преуморен и да заспие. Дете плаче и кога е преуморно, што не е случај со моето дете. Но ете нека биде дека бил престимулиран.
Не си го труј мозокот со глупости, какви уроци во 2021 век. Братучетките ти ги знае ако ги гледа често и не му е ново. Ако види нови луѓе и шета на нови места нормално. И ние кога ќе смениме средина некои луѓе не можат да заспијат или ако си возбуден од импресии што си видел.
Среќен 8 март мајки ❤️ Ова е една од поактивните теми на форумот, па затоа тука ќе прашам дали веќе има донесено костими за маскирање во Веро Џамбо?
Па мозочето процесира нови работи, луѓето кои ги познава на нив реагира веќе помалку, нормално. Уроци има како нема една комшика ми рече не ја шетај многу, мн убави очи има ќе ти ја урочат… добро викам дома ќе ја чуваме Дај бе не се зезајте со старскиве работи, деца имаме за чување зарем и понатака во генерациите да се пренесуваат овие глупости. Уроци во Германија и Австралија зашо нема не знам Ај среќен 8ми март, оваа година ме удри појако пошто исвен што сум жена, оваа година сум и мајка пренајубаво!
Веќе ти кажаа. Она што ние го викаме уроци, објаснето е и од науката. Кога бебето нагло го менува расположението, има необјасниво плачење, кенкави се, се будат со плачки, сонот им е скршен, после ситуација со многу луѓе, нови луѓе кои му зборат, допираат или штипкаат, некогаш исти луѓе, е поради тоа што мозочето му процесира нови ситуации и луѓе или нападни ситуации и со тоа се оптеретува и престимулира нервниот систем. Кај некои бебиња има поголемо кај некои помало влијание. Ќерка ми така реагираше на свекор ми. Ама тој беше таков нападен и се ставаше во фаца, гласен, ќе ја земеше и истормозеше, во тој момент нејзи и беше забавно и не покажуваше знаци на непријатно, ама следните денови точно знаевме дека ќе дежураме. И таман ќе се опраеше спиењето, ќе го сретневме пак и ново на ново. Можеш да ги викаш “уроци”, “зареци”, “bad eye”, во суштина е исто и значи оптеретување на нервниот систем.
Бидејќи ги знае и ги гледа почесто, од луѓето по улици кои првпат ги гледа, а му се бутаат во фаца што се вика и му зборат, го закачаат.