И мојата со свекрва ми и деверот е хорор..таква им е енергијата на луѓето едноставно.. едвај ја заспивам и вришти на 20 мин станува ..јбг што да правам..не може да си ги бираме роднините за жал..Среќен 8ми март жени да сте здрави, сакани и почитувани секој ден во годината.Добра ноќ.. sending love to all
Среќен 8 Март на сите силни, храбри и инспиративни жени! Овој ден е потсетник дека правата што денес ги имаме се добиени со многу борба, и дека нашата обврска е да продолжиме да се бориме за еднаквост, почит и можности за сите жени – денес и во иднина. Честитањево на секој и секаде 8 Март ми е малку без врска. Мислам убав е гестот, ама толку многу не ја сфаќаат позадината, дури одбивност ми прави. Фб ми е полн со жени што се безгласна буква по дома, и излегуваат на чајанка (зборов е значи ) еднаш во годината и тоа им е причина за да одат на фризер и да се нашминкат. Жени што платата цела ја даваат на маж им, и мора да прашат и 1000 ден дали може да им даде за блуза. Жени што немаат никаква слобода, и едноставно ништо не прават да се промени тоа. Многу се нервирам од вакви жени. А тие пак што честитаам 8 Март, денот на мајката... Демек тие што не се мајки не го слават ли. И не се пишува 8ми Март, туку 8 Март. Sorry, not sorry. Мене ми е голема „маана“ да корегирам кога правописни грешки, блиските околу мене се нервираат. Ќерка ми спиеше до 9 сабајле вчера. Не знае да зборува ама со дела ми честиташе празник. Иначе се буди во 7-7:30 ч по навика во градинка што си оди.
Добро утро Оваа година не честитав празник на никој, уште многу работа има за да се порамниме со мажите, само им посакав на сите, па и на вас ви посакувам, да сте почитувани и никогаш да не осетите никаква дискриминација само поради што сте жени. Со ќерка ми традиционално си разменивме цвеќе. Веќе знае дека е и нејзин празник со самото тоа што е женска. Од првиот пат кога уште не ни разбираше, ниту одеше, ниту збореше, добива цвет од мене и од татко и. Посакувам да порасне во свет каде нема да мора дупло повеќе да се докажува дека вреди исто како и било кое машко. Нас ни останува дома да не дозволиме никогаш да ги направиме тие разлики, за да еден ден, кога ќе одлета од нашето гнездо со силни крилја, грдиов свет да нема никаква шанса ниту да ја разбранува. Си го пукнав стапалото. Веќе 2 недели носам шина. Ми здосади. Немам луксуз да застанам и одморам. Последно време ме исполнува само чувството дека и третово ми прави година за 2 недели. Малку ми е тажно дека затворам еден убав чаптер од мајчинството. Уште потажно ми е што ќерка ми порасна толку брзо. Кога велат додека трепнеш, баш така. Колку само би сакала да е таа бебе само уште еднаш, па да можам да ја гушнам пак таква малечка. Од друга страна премногу сум горда на неа. Расте во прекрасно емпатично суштество. Почнува во школо оваа година и на сите средби до сега во школото бива пофалена. Таа е среќна, ние уште повеќе. Ова второто, мидл чајлд по книга. Недај боже да згрешиш нешто, не простува и не заборава. Уште малку па ќе си дојдеме за Македонија. Прв пат, после толку долго време осеќам дека сакам да дојдам, а не само да дојдам оти морам или треба. Прв пат вака длабоко сакам да си дојдам. И тоа ме исполнува.
Ние денес се вакциниравме прв пат. Сега да пројдеме добро. Во амб ми понудиа сок и благо дека бев под стрес
Многу мразам кога некој не ми ги почитува ставовите. Бевме кај свекрва ми пред некој ден со мајка и бебе. Дојде комшивката со едно куче бишонче Куче како куче си трча си скока хиперактивно ептен, и сега жената сопственичка на кучето совесна жена вика ќе дојдам само во двор дека кучето,оваа мојата кога му се запна не влези та влези. И сега го држи во раце свекрва ми бебе и го носи кај кучето да го гали, косата ми се крена, му викам немој рацете ги става во уста, и упорно го носи ми вели ќе му ги измијам, не сакам реков, ми е страв да не скокни. Туѓо куче, знам дека е вакцинирано ама сепак е туѓо и не би сакала контакт со некое куче шо не знам како го чуваат, плус истото куче лани внук ми го касна за ноџето, среќа помина ссмо со мала гребнатинка. Ме убедва дека е мирно, и сега женава си го зеде во скут за да не скока, оваа ко намерно му вели абе пушти го нека шета, неколку пати му рече, и зеде го затвори во спална, кога зеде тоа да греби по врата, отворање вратата кога зеде еден засил кучето скокање на кревет во мене, да не можиме да го фатиме никако, а мајка ми до мене и таа и нагласи дека има страв од кучиња, жената како намерно да правеше некои работи. И после оди остави му дете на чување, ништо не слуша што му велам,се заинает. Сега се помирија дека ќе го гледаат бебе јас кога ќе можам и си легнаа на брашното, претходно огромни притисоци имав. Ајде уште малце и февга фаќаме Германија, ситно броиме
Мајкички на бебе и е прв велигден оваа година, па сакам да и нарачам персонализирани украсчиња за велигден за јајца знаете сигурно на кскви мислам. Каде можам да најдам? Или вие ако сте нарачувале или ке нарачувате ако може да споделите?
Здраво мајки, се надевам дека сите сте добри. Деновиве е убаво и сончево времето, а јас искрено не знам ни самата како се чувствувам. За ситуацијата со ќерка ми, за која претходно пишував дека не слуша, почнавме со испитувања. Веќе посетивме многу болници и доктори, правевме разни испитувања. На сите им е малку чудна ситуацијата и засега не можат точно да откријат што се случува. Единствено што докторката потенцираше е дека ќерка ми не е глува, туку дека постои некој друг проблем кој треба да се открие, и се надеваме дека наскоро ќе дојдеме до одговор. По државните болници знаете како оди...долго чекање, многу одење, многу нерви. Искрено, веќе сите сме преморени, но се надевам дека стигнавме барем на пола пат. Ни следуваат уште испитувања. Со сопругот се држиме колку што можеме. Неспиење, работа, боледувања, настинки, заби, скокови во развој, испитувања... сè некако се насобра во еден период. Секој ден се молиме да се открие проблемот. Јас си реков, не е важно каде треба да одиме, ќе одиме каде било, само да и помогнеме. Многу сум емотивна во овој период. Ве молам држете ни среќа. Со Господ напред, се надевам дека ќе стигнеме до целта, мојата единствена да може да го слушне мојот глас.
Ви посакувам најбрзо што може сѐ да се реши. И извини вака што сум како падобранец, ама дали МР правевте?
Ти благодарам мила. Не, но беше предложено да направиме еег, но според неврологот е сеуште мала и според него не гледал потреба да се направи. Ни кажа да почнеме со дефектолог, па да видиме дали ќе има резултати. Ако нема подобрување ќе одиме со еег.
Денеска толку се потресов уште наутро.. Возам скоро секој ден до кај мајками па идам на раб или од кај неа работам. И сабајлево возам пред мене кола шалта лево десно и човеков со тупаници тепа некој... како се доближувам гледам жена на шофершајна надевната никаква... овој ја тепа, старчуга нека имаше 58-60 год. Во рефлекс намалив брзина и свирнав и крена глава и му првам што правиш со раката. И као ми прави застани и спушта прозор и јас продолжив он за лево на семафор чекаше. И возам бебе ми спие до мене и плачам од страв.. страв за жената, страв за мене колата ми е обележана од раб. И сега така душава ми трепери. И покрај све на тв пак тие манјаци тоа прават.
Требало да ја запомниш регистрацијата и да се јавиш во полиција. Или да ја сликнеш ако можеш. Клошар еден збрчак, бел ден да не види. Што гадови ќе држеше земјава брее... Нека оди да крева раце на некој маж, да го испеглат убаво за добро утро.
Ако нешто не можам да гледам е тепање. Ова со насилство над жени ми е како сега да извира од некија голема шахта на површина а го имало негде скриено. Јас луѓе стварно не сум знаела колку мн е раширено тепање жени ама и деца после сите настани се повеќе почнав да слушам за вакви ненормални ствари. Душа ми се тресе од насилство мн ми е страв од такви работи. На темава пред околу еден месец во парк за викенд пред 100луѓе во сред Скопје една го истепа детето ама буквално крвнички мислам дека имаше некој нервен слом, маж ми пријде и почна да и вика да престане. Жената беше сама со детето го извади од количка и почна да го тепа шамари викање кубење за коса јас снемав здив. Бевме со пријатели и они со бебе јас и другаркава застанавме без зборови двете а мажите истрчаа кај жената. Маж ми рече дека се смирила жената и дека почнала да плаче па пришла некоја девојка што кажала дека и е братучетка и ги земала со детето да ги носи дома јас и другаркава со бебињата двете седнавме во кафичот кај езерцата да ги почекаме да не гледаат нашиве деца викање. Викнаа и полиција ама заминаа мн брзо со девојката маж ми потресен целиот тој па барал број од мааж и викам зошто ти е бр од маж и… да му кажам што се случило може не знае дека го малтретира детето па ми дојде мисла колку мажи толку и жени насилници постојат вероватно … прејезиво
Не успеав, не видов ни кола што е ништо. Од што ја удираше земаше замав со раката со тупаницата нагоре и јас гледав патот затоа што шалташе со другата рака воланот не го држеше стабилно од што ја удираше, и да видам кој седи до него... Изреагирав и после ме фати страв голем, почнав да плачам и да возам и на мм му се јавив. Гледам во ретровизор, бебе спие до мене во седиште. Незнаеш која будала е во прашање. Ама никој не изреагира освен јас жена, пред него коли мажи во кола, пред мене исто кола позади мене кола. Значи никој маж не изреагира.
Некогаш викам незнам што е паметно и како е паметно да се изреагира искрено посебно кога сме со деца.
Zdravo majki Me interesira vaseto mislenje na ovaa tema Svekor mi pocina pred nekoe vreme, za rodendenot na deteto ke bidat 7 meseci napraveni Jas momeltano i maz mi celo vreme nosime crna garderoba, jas znam deka zalenjeto e vo dusata ne vo alistata Bi sakala za rodendenot da obleceme druga boja so maz mi, ama da ne ja navredime svekrva mi, istovremeno nosenje crno na rodendenot na deteto mi e baksuzno mracno i tesko Sto mislite vie
Ми се погоди плачливо бебе. Не плачливо, вриштечко. Мозокот ми е во константен стрес и станав многу нервозна. Најчесто мора да ми спие во раце или да цица за да е мирна подолго време. Све друго е проследено со многу плачење. Да ми дојдат гости, ми е стрес. Може да се утепа од вриштење, налет. Да отидам некаде со неа, ми е стрес. Да ја оставам на саат време со некого, ми е стрес да не завришти па да ме бараат. Се мислам како да си го нормализирам животот, кога морам цело време да ја држам во раце или да цица, за да биде мир.