Мора да се зафркаваш. Чувате мало бебе во црнина облечени, зашто? Свекрвата сама треба да ве ослободи од тоа, ако е свесна жена, заради бебето. Таа нека си носи, а ваше е да искажете почит према родителот на други начини.
Мрачно и баксузно ти е за роденденот црно, ама сега што носите со маж ти не ти е? И како свекрва ти ќе се навреди ако не носите црно за роденденот на ТВОЕТО дете? Луѓе дај не зезајте. Црно нит ќе врати човек, нит вратил до сега. На жени мажи помлади им умираат, па во црнила не се облечени. А не вие.
Колку месеци е бебето? Или гладно станува често или грчеви, не ти се погодило туку така , нешто има. И моето така ми правеше само во раце, спушти го вриска, не плаче туку вриска... испадна му е мала количината ад што ми ја дадоа докторите + грчеви па 2-3 дена и сега е бајче..фала богу
2 месеци. Гладна не е, иако нонстоп бара цице, цица на еден саат и одлично качува килажа. Значи плаче за цице да, ама не дека е гладна гладна, туку лакома Плаче кога и е тешко да заспие, плаче за во раце да биде...грчеви нема, така процени педијатарот, иако и ставам топли пелени на меше попладне, за секој случај.
Глупости… облечете си се така вие како што сакате не треба ни да прашувате некого како ВИЕ да се облечете на роденденот на ВАШЕТО дете. Тоа носење црно и слични глупости само во Мк го има никаде на друго место. Исто кога ќе прочитам “не му давам на детето риба пред да прозбори” коса ми се крева.
Јас мислам дека ова се живи глупости, и нема потреба никој од вас да носи црно ни на роденден ни за секој ден. И нема апсолутно право свекрвата да се налути, а ако се налути нека и стои. Она ако сака нека си носи црно колко и да сака, ама не може на друг да му го наметнува тоа. Од вакво прашање нема воопшто потреба. Секој може да си се облекува во која и боја да сака. А што и како му лежи/тежи на душа е друго нешто, и нема врска со облеката.
Прозори на будност следиш? Мојов вриштеше кога му се спиеше, ама откако почнав да ги пазам прозорите заспива лесно без плачки. Е сеа цела ноќ журки прави ама заспивањето е брзо. Инаку околу 4 месеци почнуваат да се занимаваат малку од малку, гледаат, фаќаат со рачињата, повеќе на меше седат. А бебе што не плаче нема, тоа им е начин на комуникација, некое повеќе, некое помалку. Не се тензицирај дополнително само, плус енергијата ја осеќаат.
7 месеци ќе носите само црно??? Аман бре луѓе, па и свекор ти е на крај краева, не ти е татко, млади сте, зошто да се ограничувате, додуша јас ни за татко не би носела толку време црно.. глупости, се знае само на погреб се носи и толку.
Сериозно ова?? Не гледам никаква поврзаност на жалењето со облеката, облека не жали. Сеуште ли се практикуваат вакви закоравени размислувања.
Да си се облечеш како што сакаш, и сопругот да те поддржи.Па и ете кажете и на свекрвата . Разбирам дека тоа е останато во некои места како обичај. Она може да си носи колку сака ама ете вие сте млади луѓе, сте носеле до сега и мислам дека треба да ве разбере. Роденденот е убав момент што се памти. Бојата нема врска , не сум за тоа. Ама мислам дека некои загуби доведуват до тоа да животот изгуби боја. Тоа сум го разбрала сега вака на овие години кога ми го кажа мајка на моја другарка што почина во собраќајка, едно дете им беше. Почина на 23 години, иначе иста возраст бевме. И пред некоја година се возевме во автобус заедно и ми вика мајка и, животот ми изгуби смисла и боја. Затоа не ми е важна многу ни облеката ни ништо. И неможам да осудам зошто несака да носи друго, може така се чуствува и така и е добро моментално. Некој може па и прешарено да се носи, тоа да му прави подобро да се осеќа во тие моменти. Значи поради обичај не сум за носење на црна облека, ама ако некој му е така подобро не треба да се осудува.
Почна хаосот и терам. Со стомаков воопшто не се спие, па и вируси фативме, ама нека се ќе помине. Гадења, енергија нула тоа нели проследно. Едно ми фали емотивна поддршка, многу ми фали едно: силна си ќе истуркаш. Едно “ќе биде се во ред” од некој друг, а не од мене кон мене. Ме држи гласот на малечкото кое како да знае се посамостојно е. Никогаш не споделувам проблеми (освен вака) оти пробав, уф на арно не наидов, од никого, само совети како да се ре-организирам демек до тоа е. Колку ми е само страв, затоа што носам поголема тежина во секој сегмент, малку јас да попуштам мислам се ќе се распадне. Ќе помине и ова
@defocus секогаш се поминува ама осаменоста меѓу луѓе е најтешка... Дојдов да се издишам иако мислев веќе да не се уклучувам на форумов. Значи колку знае да ме тригне мајчинството тоа е страшно. Носам бебе од 9 м на адаптација во јасли и во ходникот и други мајки кои ги чекаат децата нели ќе фатиш муабет. Ми ја загледува женава и почнува леле калво буце насмеано бла бла...колку има викам 9м. -оо ајде мајка не му се секирај ќе биде добро ,нема ни да памти ништо од ова ,најубав период е за почнување да знаеш... И сеа прашувам јас твоето колку има ? Ааа 2.5 г напуштив работа јас дома да си бидам со него во најранливиот период... Па зошто моево нема да памти и никакви трауми ќе нема а твоето било дома во најранливите месеци ? Ако мислеше дека е утеха ,не не е мене повеќе ми звучеше како ова е мое ќе си го гледам твоето ако иде ,,по вода" Ете ви се погодило да си чувате деца дома ама барем не ставајте сол на рана на нас. И не е прва со ваков муабет.
И јас многу често добивам такви коментари кога одиме на лулашки во период кога е во процес на заздравување откако била болна и таму наидувам на баби или жени што чуваат мали деца и со тој муабет.... А не не, ние се чуваме, многу е лошо во градинка цело време се болни, многу деца, мало е бла бла.... Тоа е апсолутно вистина и знам дека коментарите не се воопшто злонамерни но кога мораш да носиш мало дете во градинка вакви коментари стварно болат. Но мислам дека со тек на време и тоа се надминува, секој со својата реалност и можности ќе си чува дете, најважно е да има љубов и разбирање и тоа ме држи да не се нервирам премногу.
Јас да ти ја кажам другата страна за да те развеселам по некоја случајност во овој живот може да си дозволам да ка чувам ќерка ми сама и да не се враќам во канцеларија барем до есен / и неколку од околина ми рекоа аууу да не ти се мешам ама ќе се мрднеш ок викам ама одлука е тоа и збир на околности а сите ќе си најдат муабет и за моето и за твоето да знаеш ти праќам гушки
Значи милиони вакви коментари добив. Не знам дали да им се изнасмеам во фаца или да се расправам. Ама што ќе се докажувам. Такви коментари апсолутно не се потребни, толку е просто и дволично тоа да го кажеш на друга мајка. Тоа кажува каква личност е таа уствари. А таква не ти ни треба во животот. Верувај, дури и да седеле дома родителите, или во повеќе случаеви баба и дедо сервис чувале, не е никакво мерило дека тие деца се повеќе воспитувани/чувани и сл. Ти може после работа да поминеш 3-4 квалитетни часа со детето, и тоа да значи повеќе за детето отколку некој родител/баба што го чувале преку ден. Уживај, и не се замарај. Јас само ќе кажам дека мајките и татковците кои одат на работа и тераат кариера, чуваат дечиња без помош од баби/тетки и децата им се во градинка, менаџираат работа и болни деца, јадат готвено и тн - се ХЕРОИ.
Апсолутно се сложувам со @LadyR , јас мојата ја пуштив во градинка на неполни 9 месеци, буквално добивав коментари како да ја праќам во логор, а не во градинка дури и мене ме фаќаше страв, ама немав избор, баби, дедовци за чување немавме, а отказ не можев да дадам дури и да сакав (врзана сум со лиценцата и не смеам да бидам невработена ни еден ден јбг), од оваа гледна точка сега ми е смешно колку ми било тогаш трагично, ене ја 5 години ќе прави, ќе завршува со градинката кај и да е толку сум задоволна од градинката, ич не се каам што ја пуштив на 9 месеци. од друга страна имам примери во околина, на другарка сестра и даде отказ да седи дома со малата, тргна во градинка се разболуваше и ја оставија дома, детено седи по цел ден со таблет во рака и телефон (3 години има) ни е социјализирано, ни ништо, ја носам мојата таму да поиграат, не знае да игра, детето од дома не го извадиле, не знае како да се понаша со други луѓе и деца, зема фати да ја тепа мојава и што дека го чувала дома да не се разболува она има обврски по дома не може да седи цел ден да работи со детето како во градинка шо си имаат програма, најлесно и е тупни и таблет и нека гледа. мојава секој ден доаѓа од градинка со нешто ново, учеле песнички, учеле за животни, за планети, абе преубаво и е, за викенд плаче зашо не сака дома да седи децата таму си гледаат од други деца, сега свекрва ми е веќе во пензија, за големата не беше, уште идеше на работа, ај она што не ни сака, ама и ја не би и го оставила малото, подобро ќе ја пуштам во градинка него да седи цел ден со неа. убаво е кој може да си дозволи да го почува дома до годинка барем, јас така си мислам, ама не е ништо страшно и да го пуштиш во градинка и на 8 и на 9 месеци, секој со своите можности. не знам кај вас како е, ама ние и со три плати едвај стигаме се, оставањето на работа за да седам дома никако не ми е опција, подобро да работам сега за да можам да им обезбедам се понатаму, наместо да седам сега дома и утре да трпат за нешто, тоа е мое мислење.
Како ми ја погодивте темата една за друга. Да најтешка е, ама мене од оваму ми доаѓа исто, што научија дека можам сама, и демек нека "секако ќе се снајде", и "не е за жалење штом добро тера", дај на друг да се помогни (што си ужива во животот). И така некој секогаш е наочари на сонце, некој аргатува, ама нели способни сме ние, нека ми е. Од истиве коментари ми дојде осаменоста да не сакам да споделувам како за градинка. Ова ајде, не го ни регистрирам од што децава што не одат од секогаш тепале, немале ред и не делеле играчки (извинете, кога друг може, и јас имам мислење), па после ќе ги пуштат на 4 години како од дивина растени со турски серии и учителките ќе имаат проблем. Јас и 10 баби, дадилка и не знам што да имав, пак дете ќе ми беше во градинка, болно на две недели ама исполнето и со врсници. Друго ако сум споделела нешто секогаш било, "така е со деца, а ручек им правиш ли? Дека сама чуваш да не се на нездраво. Да не ти гледа цртани цело време? аа ама ете ти со кариерата до кај си? (демек тоа ќе ти трпи)". Не се најде здраво разумна особа освеј онлајн што се тешиме цело време, да рече супер е, ќе биде подобро. Што ти треба? (иако ништо не ми треба), чисто гестот еве. Ме распнаа у поим, колку не чинам, зошто нели "многу сакам се јас сама/да не зависам"
Дојдов само да кажам колку ми сметаат луѓе кои мислат ако израснале 3 деца знаат сѐ. Мајка сум на 3 месечно бебе кое има киселински рефлукс сите мерки и испитувања се превземени меѓутоа пак има моменти кога плаче и бара комфор бидејќи сака да ждригне а не може. Таков момент имавме додека бевме со тетката и сега јас знам што му е и ѝ објаснувам а таа упорно дај ми го мене 3 израснав. На крај пак мене в скут ми ждригна. Не сум посесивна мајка, воопшто немам проблем со тоа други да го држаат, бакнуваат итн ама и те како ми смета кога ми го трга од раце и ми го бара во момент кога пробувам со сите сили да го смирам.