Кога сме кај темата градинка, мислам дека секој знае што е најдобро за своето дете и за целото семејство, апсолутно ни на таа тема, туѓи коментари и мислења не ми го тригернуваат мајчинството, ниту па на ниедна друга, дали ќе давам да гледа тв, дали ќе дадам кравјо млеко, дали ќе дадам сол, шеќер, вода, чај, доено, недоено, породена со царски, природно, апсолутно не планирам да се докажувам како го гледам своето дете и да се "правдам" зошто сум постапила така како што сум сметала дека требало, а секоја мајка си знае што е најдобро за своето дете. Сум забележала и тука на форум и на социјалниве мрежи дека се бара валидација дури и од анонимни лица за сопствените постапки, имајте малку доверба во себе, слушајте стучни лица што вложиле во образование, лица со искуство, паталец а не гаталец, не комшика, рандум особа што ќе ја сретнете, анонимуси што појма немаат за вашиот живот, низ што сте поминале и минувате.