Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.730
    Допаѓања:
    3.201
    Пол:
    Женски
    Па не сме се знаеле премногу затоа што сме биле мали да не пуштаат сами на улица, а моите биле сабајле на работа, попладне на нива и не не шетале по куќи да се дружиме. Од прво одделение натаму, точно, цело време сме биле сите надвор и сме се знаеле сите, ама за периодот кога се оди во градинка генерално сме биле со баби и дедовци, и ептен ако имаш некое комшиче што ти е генерација тука негде (а јас немав, иако е село замисли :D).

    Дружбата е редуцирана, ама повторно би кажала за поголеми деца. Помалите што се во возраст за градинка се уште сакаат да се дружат на лулашки. Позади зграда ми се (а и позади куќа во селото), ги гледам од прозор, истите 10-20 дечиња се вртат, се знаат меѓу себе и се дружат, а некои од нив знам дека не одат во иста градинка затоа што ги познавам нивните (или бабите и дедовците што им живеат тука па ги носат на лулашки).

    Немојте да ме сфатите дека имам нешто против градинката (т.е. имам ама не од аспект на социјализација и сл. туку од аспект на едукација и исхрана затоа што имам интерно видено што се случува - и знам дека не е секоја градинка иста).

    И имам во план и да ја пуштам мојата и порано, еве во мојата глава замислата ми е после 3 годинки да оди.

    Ама мислам дека малку страв се набива на родители што ќе решат дека нема да ги праќаат децата дека детето ќе им биде асоцијално или дека ќе им се разболува цел време во прво одделение, а не е баш така.

    Еве и за разболувањето ќе споделам мое лично искуство како некој што прв пат на 6 години тргна во забавиште. Почесто бев болна на мои 25 кога работев во градинка отколку како дете кога на 6 прв пат тргнав на забавиште. И кога е имунитет во прашање, мешањето со деца не е единствениот начин детето да има добар имунитет :)
     
    Последна измена: 23 март 2026
    На merriel0, Hinebrra, Ladyme и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.250
    Допаѓања:
    7.514
    @MariaBouli исто како што им се набива грижа на совест на тие што мораат да ги пуштат на 9 месеци во градинка :D

    не е градинката едниствениот начин за социјализација, ама најчесто е, ние сме по цел ден на работа, а зима е 6 месеци, едноставно неам кога да ја носам на лулашки да се социјализира, освен најчесто за викенд. во фамилија само ние имаме деца, во друштво исто, сега почнаа бебиња да се раѓаат и колку и да сакаме да ги дружиме немаме кога, сите со своите обврски, едвај успеваме да се видиме, едниственото другарче надвор од градинка на ќерка ми е братучет од прва братучетка на маж ми и тоа е тоа, кога доаѓеше роденден да славиме во игротека немавме деца за да викнеме, затоа почнавме мн рано да ги каниме од градинка :drunk: што пак е индивидуално, ама ете нашиот случај е таков.

    за имунитетот исто, не е единствениот начин, ама се знае дека со мешање во колектив се стекнува имунитет, мојата додека беше дома 9 месеци, не дека не ја мешавме ние со луѓе, ама пак, нос и немаше течено, не беше ниеднаш болна дур не тргна во градинка, е сега малово, пошо она му носи често е со растечен нос или кашла, на крај индивидуално е, има болежливи деца и поотпорни деца не знам колку може ние да влијаеме, ете со исхрана со нешто ама пак е како ќе ти се погоди.
    ние сами по нас видовме со ковидот кога не се мешавме со луѓе и се миевме со алкохол како тоа ни влијаеше на имунитетот.

    на крајот на денот пак се сведува како и секоја тема што ја дебатираме овде, секој со своите можности, некој може да седи дома, некој не може, некој има баба и дедо на располагање, некој нема, некој може да плати приватна градинка, некој не може итн.

    да се живи и здрави само и помалце да се осудуваме тука, вака така и сите ќе пораснат, важно е да ги воспитуваме правилно само, затоа што од ова што гледам страв ме фаќа, а не може да не е од родителите.
     
    На BellaBibi, Simon4e0507, MeowMeow и 11 други им се допаѓа ова.
  3. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.730
    Допаѓања:
    3.201
    Пол:
    Женски
    Точно така, и ниедна работа, а особено во родитествувањето нема или-или.

    Нема или ќе го пуштиш во градинка и детето ќе ти стекне имунитет, или ќе го чуваш дома и ќе ти биде асоцијално. Колку фактори влијаат на се живо и диво мислам дека ни сами не сме свесни.

    Многу сакам форумов да биде место за споделување лични искуства, ама некако на крај секогаш се преоѓа во генерализирање мене ми се чини. Се трудам секогаш да потенцирам дека зборувам од лично искуство и лично мислење ама верувам дека и јас некогаш (звучам како да) генерализирам.

    И затоа почнав мн ретко да пишувам, не знам денес некако ме погодивте малку со муабетот за градинката, не од смисла дека треба да се одбранам зошто јас мојата ја носам (а плус работам, така да не е дека сум слободна па затоа си ја чувам), точно си ги знам моите причини и верувајте до толку не ме погодува темата што на никој не објаснувам, туку повеќе од смисла што најчесто читам дека ако детето не ти оди во градинка нема да се социјализира и ќе се разболува се пренесува како факт.

    И така, ај пак да го одморам форумов малце... :rofl:
     
    Последна измена: 23 март 2026
    На merriel0, Miss666, Ladyme и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.250
    Допаѓања:
    7.514
    @MariaBouli исто, секогаш се трудам да пишувам дека е тоа мое лично искуство, или мој личен став ( што не значи дека е тоа најправилно) ама ете сите некако генерализираме, свесно или несвесно. Причината е во тоа што сите правиме се најдобро што можеме за нашите деца, а на сите околностите и можностите ни се различни и некако на крајот на денот мислиме дека нашето е најправилно :D
     
  5. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    638
    Допаѓања:
    1.578
    Секако не можеме ништо да генерализираме, секое правило има исклучок.
    Секако карактерот игра улога, социјализација може и на лулашки, но во градинка се учи ред и правила.
    Најчесто, тие изостануваат со чување по дома со мајки и баби.
    Скоро сретнав 2 деца на 3 год: едното муабетеше со сите возрасни, играше топка и јадеше само со вилушка. Другото 3 часа беше на тел и јадеше пасирано со мајка му, не знаеше ни да џвака.
    Едното одеше градинка, другото не.
     
    Последна измена: 23 март 2026
  6. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.730
    Допаѓања:
    3.201
    Пол:
    Женски
    Ама не е решение градинката, кога проблемот е домашното воспитување :)

    Раѓаме деца за градинката ли да ни ги воспитува?
     
    На merriel0, Baby warrior, Ladyme и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.629
    Допаѓања:
    16.009
    Пол:
    Женски
    Јас воопшто не сметам дека е морално да оди во градинка и дека нема да се социјализира ако не оди, повеќе мислам дека помага во тој дел. Исто и за разболувањето, има деца кои и во градинка не се разболуваат често, имунитет е сепак, кај секого различно.
     
    На Ladyme, ForeverYoung, EarthFire и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.756
    Допаѓања:
    9.716
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми е практично од бебе во градинка, дома нема седнато што се вика. Во парк или каде и да е пред непознати, побрзо ќе се скрие зад мене, ок не крие ама не се ни опушта толку многу.
    Исто и мене ми е баш тешко да се вклопам во нова средина.

    Од друга страна куп деца кога ја носам во градинка, доаѓаат се поздравуваат, гушкаат со нас. Пола историја семејна во тие 2-3 минути додека спремам дете ќе ми раскажат. Знам и кое дете чека брат/сестра. На кое братот добил 1ца на училиште...

    Сепак не е секогаш до градинката само, туку и до самите деца.
     
    На MariaBouli и EarthFire им се допаѓа ова.
  9. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    638
    Допаѓања:
    1.578
    Па сакале или не, и градинката/школото и улицата воспитуваат, неизбежно е.
    Секако секој родител повеќе ќе преферира градинка која има програма за едукација, игра и развој, од онаа која нема. Не се градинките само бејбиситинг.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    1.369
    Пол:
    Женски
    Кога тргна син ми во градинка на 1 год и 3 месеци, плачев секој ден кога го носев, претешко ми беше. Еве сега 3 години подоцна, детето мое вика сакам во градинка и ја снема таа грижа на совест што ме измачи. Беше пола месец дома заради сипаници, убаво му беше и на него и на мене, ама ете сепак му фалеле децата и таа интеракција во градинка. Си има позитивни страни и дома и градинката.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.730
    Допаѓања:
    3.201
    Пол:
    Женски
    Не ми беше муабетот дека не воспитуваат, туку воспитувањето прво доаѓа од дома. И дете што не оди на градинка може да биде воспитано и да не седи пред телефон 3 саати. Зашто сега излезе дека ако мајката го чува детето дома нема да го биде... :)

    Ете го генерализирањето што го зборуваме :)
     
    Последна измена: 23 март 2026
    На merriel0, Miss666, Надеж♥️ и 3 други им се допаѓа ова.
  12. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    3.004
    Допаѓања:
    11.121
    Јас би рекла дека градинката има значајна улога во подготовката на детето за училиште. Во градинка децата учат важни социјални вештини, да комуницираат со врсници, да делат, да решаваат конфликти (детски секако), да чекаат ред и да следат правила и рутина. Мислам дека се' ова кога се прави во група со други врсници е поинтересно за децата, и полесно се оди низ целиот процес. Ќерка ми кога ќе дојде 12:00 дента, мислам автоматски и се затвараат очите. :D Тоа е благодарение само на градинката.

    Еве студија која е 20 години работена. Научно истражување кое покажува дека рано развиените социјални вештини во градинка се поврзани со подобра адаптација и подобар успех во училиштето и подоцни академски успеси.

    Секако, секое дете е индивидуално и има исклучоци, но според мене градинката е одлична основа за социјален развој, самостојност и полесна транзиција после во училиште. :) Ама пак ќе речам, има исклучоци и секој според можности и што во тој момент мисли дека е најправилно. Не може и не смее да се суди и осудува од страна на друг родител. Како и за една купа други одлуки кои го носиме низ времето, и правиме како што мислеме дека е најдобро во тој момент.
     
    На BellaBibi, Simon4e0507, EnaEnA30 и 12 други им се допаѓа ова.
  13. jungle

    jungle Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    1.298
    Испаднаа децата кои не одат во градинка затупени, без манири и култура, дремачи пред тв од утро до мрак со турски серии. Не знаат лажица да држат и се со нула адаптациски и социјални вештини.:clap:

    Има безброј деца одени по 5 години во градинка па сеуште не знаат да делат со другите, агресивно се однесуваат и секој слободен момент се шетаат со таблет/ телефон во раце.

    Карактерот на самото дете, вниманието и работата со него од родителите се клучни за оформување на личноста и ниту една градинка, луна парк или игротека не може да влијае посилно од посветеноста на родителот.
     
    Последна измена: 23 март 2026
    На merriel0, Hinebrra, Simon4e0507 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.706
    Допаѓања:
    18.530
    Пол:
    Женски
    Не знам која вечер веќе по ред се чувствувам здробено, не изморено, туку здробено во буквална смисла на зборот, како 20 деца да сум чувала, а не едно. Од почеток е многу активно бебеце и бара 100% внимание, како влезе во 7ми месец бебе мислам дека збудалев начисто. Не може да се заигра со ништо, 5 минути не задржува внимание ни со играчка, ни со книга, ни песничка, ни на подлога, ништо не помага, научи да ги крева рацете(бара да ја кренеш во раце), ако не ја земам одма вришти на цел глас, плаче. Да се одалечам за секунда од нејзе одма врисика плаче, немам памет во главата веќе што да правам, само смислувам некои нови активности да и биде интересно, ништо не и е интересно, само да е во раце душа дава и да јаде тогаш е океј. Со левава рака подолго време имам проблем, некако се трпеше, вчера дојдов до ситуација ништо да не можам да фатам со таа рака, капак бебка се будеше со плачење во текот на ноќта, бев на раб на нервен слом. Дома ми е тотален хаос, никогаш вака не било, немам сила ништо да завршам, нервозна сум, некогаш викам на бебе при што се чувствувам уште по мизерно. Може и бебка чувствува дека сум нервозна, па затоа и таа станува нервозна.
     
    На Carolin., merriel0, Eho и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    666
    Допаѓања:
    1.606
    Пол:
    Женски
    Welcome to the club. За 4 дена 8 месеци, овие 3 недели посебно изминавата е чудоо. Се научи да се исправа на нозе и такс не сакаше на подлога долго време сега ич. Почнува да вришти да го земам, јас го оставам се фаќа за се што може и ете го на нозе. Кога сака нешто буквалноо се фрла, паѓа па вришти. 5 секунди не смееш сам да го оставиш не знаеш што ќе направи. Ноќно време обавезно по 1 саат вриштиме. Таман малку се стабилизира спиењето и еве сме пак. Оддвај функционирам веќе, раце откажуваат, половина откажува. Не е мало бебе.
     
    На Simon4e0507, fragaria, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  16. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.730
    Допаѓања:
    3.201
    Пол:
    Женски
    Kindergarten во Америка се почнува со полни 5, иста возраст на која што е претшколската настава во градинка сега, и е баш како нашето забавиште каде што покрај социјалната дружба, ги спремаат и за школо со тоа што прават графомоторички вежби за пишување, се запознаваат со броеви и букви, итн...

    Така да се согласувам со студијата дека на таа возраст и во таков контекст е супер да се посетува градинка (претшколска) :nod:

    И никој не ми одговори а стварно ме копка, нели е задолжително претшколска во градинка? :D

    А за редот, цврсто верувам дека и дома може да го има. Еве мојата знае дека се јаде само во хранилка и како се јаде, кога ќе дојде време за дремка заспива за 2 минути. Ама постојано е во движење си игра сама, си игра со мене, одиме надвор, шетаме, си играме на лулашки, така што ги прави истите работи како во градинка минус тоа што не е опкружена цели 8 саати со деца - што не мислам дека тоа е најдобро, ама и така студиите покажуваат дека до 3 годинки не се способни да се социјализираат, туку имаат паралелна игра :)
     
    На merriel0, Miss666, Liza38 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.996
    Допаѓања:
    4.142
    Пол:
    Женски
    Јас го стартнав муабетов ама во сосем друга насока отиде.
    Во земјата од моите соништа ,децата се со мајките до 2-3 г возраст потоа одат по 6 ч во градинки блиску до работните места на мајките за да во случај на болест/повреда мајката може најбрзо да дојде до градинка. На 10 тина деца има по една воспитувачка а менијата се без сок и со здрави рецепти а не млеко и бисквити.
    Амаа
    Реалноста е оваа и во оваа реалност јас не можам да таа возраст да седам дома без приход. Децата се 33 на возраст од 7 м па до 24м што исто така не е ок пошо секој кој имал 20 месечно дете знае колку врзи и пргави моме да бидат и да не видиш што се случило додека да трепнеш.
    И не ,додека да не прозбори и прооди не може да му е поубаво во градинка колку и да се обидам да се ,,тешам" така.
    Сакав да додадам уште нешто ама ми отиде мислата....



    Забавиште веќе не постои кај нас со 6г одат дирек прво и премали се.

    Мислам дека не е задолжителна таа претшколска @MariaBouli.



    И благословесни сте сите што работите ,заработувате некако од дома ама не можеме сите така за жал...
     
    На Alanna, Simon4e0507, azelea и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.900
    Допаѓања:
    20.113
    Моето оди од 11мес ов градинка. Искрено тоа што го учи таму дома никогаш нема да успеам да му го наметнам пример сум зборела кревет дека се мести џабе нема да послуша, ама од градинка кога почнаа да местат кревети и да диплат еве го дома секое сабајле мести кревет, се преслекува дипли облека, песнички учат дома сум пробала шанси нема, ги шетаат по театри, полициска станица, пожарна, ги носат во печатноцо, кројачи итн...значи јас тоа не можам да му го доловам никогаш. Со самото шетање се учат на ред, мир, диспциплина, а не со мене распашена команда.
    Факт е дека децата со родители си се други опуштени, може да збеснуваат и се. Ама дека родител може да замени тоа што градинката го пружа нема шанси. И пак секако зависи од градинката инод тоа колку учителките сакаат да работат со децата.
    Мој искрен совет е дека голема грешка се прави со децата што остануваат дома, бар после 3та година треба секое да оди . А болестите, ако не сега во школо ќе ги пројде. Подобро сега пошто од школо да отсуствуваат е потешко
     
    На Carolin., Simon4e0507, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.923
    Допаѓања:
    9.316
    Пол:
    Женски
    Јас не знам дека има претшколска. Прво одделение е на возраст од нашето забавиште, со разлика дека учат како ние што учевме во прво. И да, син ми само што направи 6 години учи да чита, премал е според мене ама тоа е, така го направиле образованието тука.

    Јас не знам зошто кога и да се напише нешто во темава мора да се однесе до екстреми. Не пишувам многу ама читам. Нели можете да прифатите туѓо мислење/ искуство без да се навредите и без да настапувате дефанзивно? Кој како му одговара си прави, еве моето прво дете тргна на 2 ипол години во градинка, ова нема кој да го чува, на 11 здравје планирам да тргне. Немам друга опција, немам финансии за поинаку и ајт. Ќе ми помогне ли ако се јадосувам? Не. Се си има предности и недостатоци, од секое правило има исклучок, не е се црно и бело. Многу се некои особи ограничени за ова време. Дајте олабавете, сите начитани, информирани, совршени родители, децава денес, да не коментирам, ќе видите кога ќе бидат во контакт повеќе со деца вашите во градинка/ училиште.
     
    На Simon4e0507, Merten, beachedd и 5 други им се допаѓа ова.
  20. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    3.004
    Допаѓања:
    11.121
    Ја имаш NICHD студијата за деца од годинка. Исто, SECCYD студијата (во Британија правена) од 3+ години, ама има и фокус група на "early starters" пред 3 години.
    Така да, си има научни поткрепени факти за различни возрасти.

    Инаку веќе повеќе од 10-15 години прво одделение се почнува од 6 години, и ништо претходно не е задолжително.
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.