Никој не може да го тврди тоа, збориме за впечатоци и тенденции. Секој има право на свој впечаток и не станува збор за тоа кој е во право. Можеби сите грешиме. Според мене, да, родителите имаат најголемо влијание, но како расте детето, родителот не му е доволен за све што му треба да научи и развие како вештина. На пр, по дома детето е во главна улога и има централно место, што значи дека поголеми се шансите да очекува све да се врти околу него и да добива све прво, додека во градинка учи да го чека својот ред за све. Чисто се сомневам дека сите кои ги чуваат децата дома до прво одд, обрнуваат толку внимание на нив по цел ден без да ги стават пред тв/тел со саати. Пак да кажам, ова не го кажувам за никого лично и не треба да се сфати лично, туку е општ впечаток. Сигурно има и родители кои навистина цел ден го анимираат детето и не го ставаат пред тв. На страна од муабетот за градинката, сè повеќе се зборува за воспитниот тренд на разгалени и несамостојни деца. Сигурно има причина зошто се зборува за тоа. Ние сме сепак построго растени, а работите се смениле (секако зашто и преголемата строгост не била најдобра како воспитен стил). Ама сепак, штом толку се зборува за нови генерации на разгалени и несамостојни деца, деца со екранизам, зашто да не размислиме за тоа да се преиспитаме....
До 6 години родителот цел ден да го анимира детето, хм, не знам колку е тоа добро за да знае детето да се однесува со други деца. Имам во близина едно баш такво, не одеше во градинка. Не знае да се понаша со други деца, не знае да прифати дека не може се да биде по негово, и се двои. Едноставно не знае да се дружи со деца. Се дружи со мајка му и татко му во слободно време, иако веќе е во школо и мислиш дека ќе се социјализира. Пак ќе кажам, не значи дека сите деца чувани дома ќе излезат вакви и дека сите што оделе во градинка се совршени.
Во мојата околина имам неколку деца 2-3 години, па и 4 што одат во градинка и паралелно остануваат со баби/дедовци по потреба. Може кај нас се погодиле такви баби и дедовци ама сите, вклучувајќи и ќерка ми се без никаков ред, посебно ако подолго седат дома. И сето научено во градинка се руши. Заспивање кога се стаса, јадење што било, кога било. Да се прашува свекрва ми, ќерка ми и на 5 години ќе јаде пасирано/блендирано, само да не и се случи нешто. Активности од типот боење, цртање, сензорни, со растурање, со вода и слично ни под разно. Ситуација со учење дека во хранилка се јаде, нели уште додека јас бев дома на породилно имавме повеќе случки само што ќе ставам дете, од зад мене да се појави дедо или баба и циркузанти да изигруваат, со што дете ем губеше интерес, им почнуваше да се тегне на сите страни и толку од оброкот. Не генерализирам, има сигурно и баби/дедовци што се вклучени во сето тоа, што знаат да пружат на дете многу повеќе и од градинка. Ако се прашувам идеално дете би тргнало во градинка после 2,5 годишна возраст, да е прозборувано повеќе, да е одвикнато од пелени и сето тоа. Ама нема идеално така да и второ да имам ни тргнало на 9 месечна возраст или максимум после прв роденден.
Значи во секоја тема мора да се оди во екстреми. Луѓе зар сериозно мислите дека некој од ќеиф го праќа детето во градинка, па искрено да имам можност сигурно до 2 години не би го пратила, на сите ни е јасно дека бебе од 7ипол месеци не го носам во градинка да се социјализира туку да биде згрижено додека мајка му и татко заработуваат за да му пружат подобри услови на тоа дете, без финансии тоа дете само нема да се гледа и нема од комшии да дојде некој да го гледа. Како што има напишано погоре членката бидете благодарни што сте во можност да си го гледате до 2-3 години и бидете благодарни ако има кој да ви го гледа, макар и да ви го причува на саат, два. Си има свои придобивки и едното и другото, несомнено, не би сакала ни да коменитирам на нешто што е толку очигледно. Место да се фокусирате на тоа да ги негирате придобивките од одењето во градинка и обратно, гледајте на позитивна страна, а не на негативната, кои се придобивките што детето ќе остане со мене 2-3 години, кои се придобвките од тоа што детето ќе го носам во градинка, што ќе научи, секогаш се фокусирате само на негативните, како се да е само црно и бело.
Јас лично да се прашувам идеално време дете да тргне во градинка е на 2,5-3 години. Ама до тогаш родителите да си го чуваат детето, а не баби и дедовци. Тргам на страна начинот на кој ќе би ги чувале, на баба и дедо не им е работа да одгледуваат деца. Нивното време поминало, си ги пораснале нивните деца. Да причуваат некогаш внуче, да секако, ама 8+ часа секој ден континуирано неколку години НЕ. Јас на 35+ години знам како ми било и колку сум била преморена поготово тој период и не сакам тој товар да го предадам на 60+ годишни. Е затоа моето дете тргна на 10 месеци во градинка. Работа не сакав да напуштам, ама не сакав ни бабите да го чуваат. Едната до душа уште работеше па не ни можеше во секој случај, а другата е пензионерка ама со 100 дијагнози. Од мој аспект, сметам дека правилна одлука донесовме што го пуштивме во градинка.
Ах не знам што стана толку актуелна темава за градинките општо. Испаѓа градинките како логор да се а не воспитно едукативна установа. Генерално е факт дека не може дете одено во градинка и дете што не одело во градинка да се исто социјални. Факт е дека има нешто и до карактерот на децата, ама па тој е подложен на моделирање. Не може да е иста социјализација од саат-два на лулашки и 8 саати во градинка. И таа дисциплина и самостојност освен ако еден од родителите не е војник или педагог е тешко дома да се постигне. Деца што оделе во градинка често се познава и кога тие се возрасни луѓе. Како некој што живеел во студентски дом 6 години и имал преку 20 цимерки, секогаш се познавале тие што оделе од бебиња во градинка. Полесно се адаптираат на секакви услови, не им сметале ни бубашваби ни ништо. Имале ред и дисциплина за се. Јас немам одено во градинка. Мајка ми не работеше и ме пуштија на 4 години во градинка и тие 2 недели се уште ги памтам и ми се претрауматски. Иако сум израсната во мал град и со некои од децата се знаев. Тоа беа деца што се знаеа меѓу себе уште од 9 месеци и јас влегов како падобранец на веќе офоромен круг на пријатели и не ме прифаќаа баш така лесно. Дополнително на тоа што ете можеби по природа сум била и посрамежливо дете. Ама бевме 3-4 деца во одделение што не се знаевме со останатите од градинка и многу потешко се адаптиравме. Мојот заклучок за градинка е од мое лично искуство и се што сум искусила низ мојот живот и според мене има милион бенефити и јас одбирам да ги гледам тие. Немам ништо против мајки што решиле да си ги чуваат децата. Што и да е најдобро за нив така нека си тераат. Со воспитување 2+2 никогаш не се 4 и има исклучоци ама ете на мајка ми наставничките долго и збореа дека било голема грешка што не ме пратила во градинка. Дефинитивно моето мислење е оформено врз база на таа некоја моја “траума” и не знам дали ќе сум во право. Ама вистина е неудобно кога се расфрлаат луѓе со коментари дека дете не треба да оди во градинка и дека јас сега сум лоша мајка и парите ми се побитни. Зошто сум добила и такви коментари. Од друга страна пак, сепак во овој капитализам се и финансиите битни. Чест на исклучоци што можат од примањата на таткото фамилии комотно да живеат, ама тие се 2%. И бидете благодарни за тоа што сте во тие 2% и не се расфрлајте со коментари за останатите 98% што донеле одлука од што ете многу коцки не им се наредиле во животот да се во тие 2%. Јас сум човек што е независен финансиски од свои 16 години и мене ми е непоимливо да седам дома, да чувам дете и да барам од маж ми пари за улошки. До 1 година планирам да го чувам, толку можам да отсуствувам од работа. Потоа се враќам во реалноста, дете во градинка и тоа е тоа.
Секој си знае како му е дома, нема потреба од осудување или генерализирање. Еве јас лично, големиот дома ми го чуваше дадилка до 2год и 3м, тогаш тргна во градинка. Имав среќа да му се падне најдобрата воспитувачка, уживаше во градинката. Беа 18 машки и 6 женски, ама многу сложна група. Ги шетаа секаде, многу работи научија, ред и дисциплина, ама и забавно им беше. Сега за малава исто е планот, здравје, да тргне во градинка догодина после 2 години. Јас тргнав на работа на 9м, нејзе дома ја чува истата дадилка. После работа кога си одам, со 2 деца воопшто не е исто времето како што беше само со 1. Додека направам вечера/ручек за следниот ден, алишта да средам, една прошетка набрзина понекогаш и толку е времето. Вака во градинка кога одат, ем прошетани, ем социјализирани, ем научиле нешто ново, ем самостојни. Како што јас сакам да се дружам со мои врсници, така и децата сакаат со деца.
Мислам дека во ниедна тема не сум се замешала, ама за одење или не во градинка сите мајки не тригерира. Моето мислење е дека децата припаѓаат меѓу деца , а не меѓу возрасни. Прво дете ми е и срце ми се кршеше кога тргна на 9м и плус страв набиен од други родители, многу е мал, само ќе е болен, му треба мајка , тажен , трауматизиран и што уште не. Бевме принудени да го запишеме во приватна градинка ( фала Богу што имаме услови да плаќаме) , ама многу жално што не сите државни објекти функционираат како што треба. Конкретно ние кај што припаѓаме е УЖАС по сите стандарди (барем мои). Е сегапоминаа веќе 8 месеци кај што оди и смешно ми е за што сум се нервирала и грижела. Од аспект на едукација/анимација не верувам дека некогаш дома би можела до тој степен да се посветам прво затоа што ако го чуваш сам/а дома имаш и други обврски околу него (минимум да ги зготвиш сите оброци), па да исчистиш што во градинка готвењето и чистењето го прави друг.На учителките/негователките единствена работа е да им се посветени на децата. Се водат по програма и секоја недела имаат различна тема за обработка, прилагодена на возраста. Многу голем напредок гледаме кај детево од градинка споредбено со деца на иста возраст што не одат во градинка . Оди со желба, секогаш е весел кога одиме накај градинка и таков го наоѓаме за земање. Многу работи научи таму . Целокупното мое искуство е позитивно, башка се програмиравме дека не е негата како дома, ама и не треба да биде. За второ без размислување пак би го пратила во градинка од 9месеци. Моето мислење секогаш ќе е со предност за градинка. На крај, секој со своето убедување си знае најдобрп за своето дете.
Јас сум практично родена во градинка и логикава што ја пишуваш врска нема. Повеќе би рекла има разлика од луѓе до луѓе каде што нивото на хигиена во домот им било на ниско ниво, па не се гаделе, плашеле, итн, отколку дали оделе или не оделе во градинка. Како може на некој да му е сеедно да гледа бубашваби, ќе земам огнофрлач и се ќе запалам. И што кажува тоа за градинките, на која мајка би и било сеедно бубашваби да и го лазат бебето. Значи каква глупост прочитав, не ради напишаното, туку укажување за нивото на хигиена во однос на присуство и неприсуство во градинка.
Никаде не наведов дека во градинка нема хигиена, нема потреба од извртување муабети. Само кажав сопствен пример од искуство како на одредени работи реагирале луѓе што се посамостојни и адаптивни наспроти оние кои не се. И дека според мене градинката игра круцијална улога на тоа осамостојување и адаптивност. Бубашваби се спомнати како бениген пример. И исто така, никаде не напоменав дека цимерките мои седеле и со бубашвабите ручек јаделе. Туку благодарение на самостојноста знаат што треба да направат и што да превземат без да се исселат од живеалиште. Ама океј, се надевам дека се осеќаш малку подобро за себе после твојот пост.
Мајки, ве гледам имате отворено тема за градинка и како и за секоја тема има различни мислења и ставови од секоја мајка, што е сосема нормално. Би сакала и јас да можам вака слободно да седнам и да си напишам нешто, општо што се случува моментално кај нас. Но, не можам. Покрај се што поминуваме со ќерка ми, чекам да се среди проблемот и да можам малку да здивнам. Ви завидувам што немате посериозни здравствени проблеми со децата. Зошто не можете да се воздржите од коментари за тоа што е правилно? Според мене, секоја мајка ќе си прави како што и одговара. Во случајов со градинката, убаво е што постои таа опција, а исто така е убаво и кога некој има можност детето да го чува дома, со дадилка или со баба/дедо. На крајот, најбитно е детето да биде среќно. Понекогаш зад тишината на некоја мајка стои борба што не се гледа. Не секој има сила да објаснува, да се правда или да чита осуди. Малку повеќе разбирање, поддршка и емпатија навистина значат многу. Никогаш не знаеме кој низ што поминува во моментот. Да се радуваме кога децата ни се здрави, да си помагаме наместо да се споредуваме и да не заборавиме дека сите го сакаме истото нашите деца да растат во љубов, мир и сигурност. Убава вечер на сите
Пак да сменам тема, сеа ќе отворам сигурно нова дискусија и може ќе бидам нападната ама не се замарам. Прашањето ми е за дупнување уши, сакам на Благовец да ја однесам да и ги дупнат ушите ама ме интересира дали им ставаат медицински или јас носам златни/сребрени? И ако ставаат прво медицински како после јас ќе и ги сменам? Тогаш ќе биде 7ипол месеци.
За муабетот со градинката, исчитав све можно последниве 3месеци… не експерти не психолози не маж ми муабети све буквално и ете некако двајцата одлучивме дека нема да ја дадеме во градинка барем до септември/октомври кога би била 15месеци или година ипол. Мн напорно дете имам, сама ја чувам по цели денови, маж ми е со триста бизниси и тоа е тоа. Работам од дома, премногу е тешко да стигнам се и најмногу од се ми е криво кога бебето ми е нервозно или незадоволно а се трудам се да направам по нејзин терк не спијам 9 ипол месеци се помирив … 150 пати ноќе станува и сабајле е будна во 6 и ја си станувам како да сум спиела супер и си почнува денот, кој има време да гледа подочњаци, целулит, коса итн. Во градинка мн сакам да оди ама вистински ми е премала да ја пуштам сега. Инаку тешко ми е многу и мн ми е криво што немам време за себе и мн работи што ги правев пред да ја имам неа повеќе не ги правам. Од друга страна, пресреќна сум што баш она ми е ќерка, универзумот ми подари прескап подарок што е само мој. Сакам да кажам колку и да звучи погрешно, се чувствувам дека правам жртва за да не оди во градинка, моите амбиции, моето ментално здравје, моите пријателства, мојата екстровертност страда тивко и премногу но секој ден се потсетувам дека нема да е вака вечно. Ќе тргне во градинка ќе дојде ден да се вратам на работите што сакам да ги правам и ќе се стабилизира се. Најтешко ми е што немам помош од никој а не сметам ни дека може да ми помигнат ниту моите ниту неговите не се согласуваме во однос на мн работи и ми прават нервоза во домот па решив дека сама ќе си терам по потешкиот пат. Всушност за се така во животот одбирав досега, потешкото, поспорото, поскапото и секогаш завршуваше се маестрално. Мн посакувам да израснам девојка со која ќе се гордеам дека ми е ќерка, исто како мајка ми кога зборува за мене. Инаку јас одев градинка и имам преубави спомени од таму, учителки кои ги памтам до денес, другарчиња кои понатака прераснаа во другарства во основно и мн игри и активности и гледајќи ја ќерка ми колку мн сака деца а е со мн огеаничен пристап до нив за да ја заштитам колку толку од болести мислам дека ќе биде главна и дека ќе ужива во градинката- али живи били видели. План ми е летово да ги посетам сите приватни во Карпош и да одлучам каде ќе ја пуптам да гради спомени и први другарства
Тоа е најважното, здравјето на децата. Па кој што сака нека прави. Зошто ни најголемите пари неможат некогаш да помогнат во некои ситуации. Бидете добри Кјара, викаат све кратко трае, ако се убави моменти да се ужива во нив, ако се неубави, стегни сила ќе поминат и ќе дојдат подобри денови.
Медицински челик, аниталергенски е, и не рѓосувачки. Мора да стои барем месец, и све плус е добро. Да се вртат обетките од време на време. И ги сменив сама после јадење, смоки јадеше и полека едното па др. Лепота ми е
На големата и ставив на благовец беше иста возраст како твоето мислам дека 1 месец минимум требаше да се носат медицинските и после може да ставиш какви сакаш со тоа што требаше да се вртат. Е негде на 2г беше и паднала во градинка во петок и во понеделничко ми ја вратија ама не ми дозволи да и ги ставам пак.... и еве ден денес не носи 5.5г па не знам на малово дали да му дупнам сега или да оставам за понатаму @Kjara2025 Се надевам се ќе биде добро
Лелеее настрана од темава, кај ме потсети. Како бруцош седев на прв кат во Кузман, над мензата. Тоа бубашваби низ соба, стаорци во просторијата за отпад на катот. Влакна во храната во мензата. Чекање ред најмалку пола саат пред вечерата во 17 ч за да фатиме стек. Најчесто капење со ладна вода и без врата, улошки и гаќи расфрлани низ купатилото. Еден тоалет за цел кат, без врата секако, со ремек дела низ цевката оставени. И што ли уште не. За душекот да не зборувам. Звучи и изгледаше како хорор филм. Ама беа најубавите години, и да можам сто пати истото ви го одбрала. Жал ми е многу што живеам во Скопје сега и ако децата мои тука учат, нема да го осетат тој живот. Тука се стекнуваат другари за до крај на живот, кои јас сум пресреќна што ги имам.
Мислам дека ми спомнаа некои обетки со поинакво затворање позади за да не се губат често еднаш кога купував обетки. Ај провери баш низ моловиве кога ќе шеташ, не сум сигурна, ама така како да ми стои во глава.