Ве читам колку можам скоро редовно а никако да се ослободам да пишам нешто плус Кој како ќе се снајде за ова со градинка/чување така Битно на крајот на денот да е живо здраво и среќно детето Туку како постигнувате сѐ? За тие што сте сами без фамилијата во близина Дали грешка правам некоја навистина не знам... Но сериозно почнува да ме пука депресија Цело време нешто не постигнувам во текот на денот и чистење и домашни работи и бебе да е спастрено со сѐ Значи цицање, успивање, дремки дневни кратки и во раце ( тогаш ве читам) пресоблекување сто пати, па почна да е кенкаво па сакам да има оброци ко што треба веќе ги поминувам сите вкусови сега јајце воведување па месо да почнам Не постигнувам да до прочитам сѐ да се информирам Цело време се осеќам ко да доцнам со сѐ што треба да направам за бебето Навечер нормално јас се грижам мм ми си спие во дневната, тој си оди на раб пазарење ваму таму не е прибран само навечер за капење на бебе а некогаш и тоа сама го правам А суфлери по тел колку сакаш како и што треба да биде Навистина како постигнувате сѐ? Дали готвите секој ден? И плус да јадам јас нешто и вода да пијам за да имам млеко Не знам ама се осеќам ко во вртлог скрос Во меѓувреме ко да не ми останува време на тоа да му се порадувам на бебушот А кај и да е жими се може и развод да падне ова лудило како после раѓањето на детето сите решиле да се мешаат од наеднаш од фам на мм ми а и нашиот однос е тотално сменет Но све тоа небитно Како постигнувате сѐ со работата околу бебе и дома па паника ме фаќа ко ќе помислам дека ќе одам на работа И сериозно се осеќам ко немајка ко да немам доволно направено за бебето ко да треба повеќе да му се посветам оти на 6 м еве 7 се уште не лази не седи сега ко да почнува по малку Плус секој ден гледам да го шетам надвор и морам со кенгур оти не можам без лифт сама количката да ја симнувам Да се осеќам уште полошо на цела трка со сѐ бебе се излизга во дневна и падна на подот( фала богу ок е, не беше високо, немаше ни модринки ни ништо го однесов и на Др ок беше, само мојата паника не се тресев цела иако во моментот трезвено реагирав ) и тоа баш после некој ден кога прочитав тука @Guns N` Roses мислам дека си пишала и сакав да пишам и никако никако не можам рацете да ги ослободам за куцкање на тел само што може да читам со скрол Е така феминки мои Се надевам дека ќе е полесно ако почне да седи ко што треба бебушот и да го оставам во игрална некако
Од средено опрости се. Чисто да за да биде хигиенско, а средено кој ти замерува во овој период треба да се чукне во глава. Имаш опција и чистачка, ама ќе те фатат некогаш бубачките како одмор ќе го гледаш чистењето. Уште е мало за да постигнеш се, кога ќе тргне градинка се менува светот. Ручек секој ден? Ако мислиш на паста или се за 20мин. да сум имала ручек секој ден. Ама од долгите ручеци 2-3 во неделата, во поголема количина за два дена. Со план за намирници и купување за време на викенд, секогаш пазар како за пола месец во маркет. Доилки посебно не може да стигнат, дај си заслуга за тоа и намали очекувања. Кога ќе стигнеш на работа детето ќе има оброци во градинка, друга ќе е ситуацијата. и не мораш да постигнеш се. Времето ќе си го направи своето. Моментално твоето е за да се гушкаш со бебчето. Притисокот од светот може да почека.
Прво, зошто сама да постигнуваш? Да си самохрана мајка, да разберам, ама во брак си. Детето во чеиз не си го донесе. Маж ти шета, спие сам, ти максимално исцрпена...колку што си ти родител, толку е и тој. Фамилијата негова на страна, низ едно уво влегло низ друго излегло, секако ќе зборат и солат памет, ама маж ти да го седнеш и да му кажеш дека детето и домот не се само твоја обврска. Што ако оди на работа, и ти ќе одиш, тоа не те поштедува од домашните обврски. Одржувањето на местото за живеење не е само твоја обврска, и негова е, сега со мало дете посебно повеќе треба да се ангажира, самиот да е свесен. Пазарел и одел на работа, големото чудо. Милиони мајки пазарат, одат на работа, чуваат деца, се грижат за куќата. Нека биде маж, а не само уште една твоја обврска.
Да баш така се осеќам ко самохрана мајка, сама од многу аспекти Многу сум разочарана Бебушот ми го исполнува денот и све тоа ама не очекував дека нашите односи ќе појдат во ваков правец Грдо ми е многу некако дури и дека вака гласно си го кажувам ама јбг тоа е тоа Може ќе сум од тие што се разведува на првиот роденден, многу случаи знам такви и криво ми е оти таму ми одат мислите ама па стварно не очекував толку многу ние двајцата да се оддалечиме прво а и второ да нема друг придонес освен ете пазарење пари и сл и еден саат време во денот со бебе Плус изгледа дека од неговите добива некој идеи ми има кажано дека ќе ми го земел детето и тоа уште крварев ова после пораѓај као фтв каде ќе го земеш Многу многу разочарана Како е можно некој да се промени толку многу ама секој ден си терам со бебушот и на игнор ми е сѐ Па жива здрава ќе видам Едит да докажам дека го соочив со муабети и не мислел така погрешно сум разбрала јас као ок пази што зборуваш некои реченици се шило Не знам дали и други вака се губат после раѓањето на бебе ама јас стварно не очекував и многу поинаква замисла имав
@fragaria обично не пишувам веќе тука, ама морав. Толку ме изнервира муабетов. Факт е дека постоартумот не е како кај инстаграм мајките кои стануваат одат на тренинг се шминкаат, кафе, шетање, шопинг. Не е се така бајно. Ама, многу полесно е кога имаш партнер со кој си ги делиш обврските. Ти не постигнуваш затоа што си оставена сама на себе да постигнуваш. Проблемот НЕ Е ВО ТЕБЕ И НЕМА ЗОШТО ДА СЕ ОСЕЌАШ ЛОШО ТИ. Маж ти е проблемот во целава ситуација, тој не е гостин тој е еднакво родител на тоа дете како и ти. Ти не си лоша мајка туку си преморена и без подршка, и тука е целиот проблем. Не сакам да користам неприкладни зборови, ама искрено за маж ти не знам што друго да кажам. Маж е ако испазари? Ако го нема по цели денови? Тој треба да е вклучен, не да „помага“ кога ќе стигне, туку да си има обврска исто како тебе. Ова што го опишуваш не е убаво ни фер кон тебе, ни здраво за односот. А ова ќе ти го земам детето?Такви работи не се ни помислуваат а ниту кажуваат на шала. Мораш да поставиш граници. И не е поентата да ставиш се на игнор, барем јас во таков брак не би можела да опстанам. Мораш да разговараш со него, еден озбилен муабет што ќе се прави понатака и дека тебе не ти е издржливо ова. Ако ништо не се смени, ти ќе продолжиш да се исцрпуваш, а тоа не е добро ни за тебе ни за бебето.Не може цел товар да е на една личност. Ти не бараш ништо недостижно и многу.Бараш партнерство, поделба на обврски и почит. Тоа е основа, не луксуз. Ако тоа го нема, не е проблемот колку ти се трудиш, туку што немаш со кого да го делиш животот како што треба.
На деца до 3 години не им е потребна никаква дополнителна социјализација од други деца, до 3 години потребно е децата да ни се згрижени и потребите да им бидат пресретнати, оти повеќето од нас немаат шанса да ги чуваат дома. Бенефитите, социјализацијата и играта со другите деца почнува по 3тата година односно забавиште/претшколска, кога веќе почнува да им се развива и логичкиот дел од мозокот. Е сега, сите знаеме како е правилно, ама дали е одржливо? Апсолутно не за поголемиот број семејства. На крајот од денот, не е битно дали одат во градинка или не, туку дали имаат присутни и инволвирани родители дома. Може да оди во градинка, после да се тупне на бабите, па за викенди пак испратено негде, ама битно одело во градинка ќе научело само да јаде од многу мало. Исто како што може да е дома и цел ден пред тв или на телефон, ама битно дома е. А најбитно за децата е да се вложува во конекцијата со нив и регулирање на нивниот нервен систем. Дали после градинка сте вклучени. Дали дома ако се, сте вклучени или детето е оставено само на себе. Има секакви случаи. Со мали деца е исцрпувачки тешко, ама нема да се мали многу долго. Ако сте инволвирани родители не е битно дали детето е во градинка или дома, инволвираниот родител ќе најде начин да го постави фундаментот и да го надомести времето. За да бенефитите од градинка бидат применливи понатака низ животот, мора да има изграден фундамент од дома. Исто ако постои солиден фундамент дома, брзо ќе се снајде и дете што ќе почне директно во школо. А пошто можностите и опциите на сите се различни, секој за себе ја бира динамиката во своето семејство. Оти ги знаеме само сопствените предизвици, не и туѓите. Ден пред првиот роденден. Со температура и мрсули веќе 3 дена. Нема ништо пожално од болно бебе, такво клапнато, со полуотворени светнати очиња, брзо дишење и знаеш дека му е мачно, ама немаш многу што да направиш. Бар ми стасаа новите седишта за во кола за другите двајца и тоа се радувам, што на пат ќе тргнеме спремни. Следна недела не ги пуштам во градинка некој ден, да не закачат нов вирус оти после ММР на бебе е партал имунитетов. Во 7 сабајле му дадов чепче на 38.9, еве три часа подоцна е 39.3 му е тт, ќе си пукнам од мака за него. А тоа што не сум ништо спакувана е друга работа. Ама само тој нека е добар.
да не кажувам на долго и широко, само да ти кажам не си сама. И јас вака се осеќав на почетокот сега повремено дека би се развела и ми идеше да избегам од куќава затоа што јас на почеток имав мн притисок од мм за куќава да биде како никој да не живее сакаше.во првиот месец кога јас учев да дојам кога бев цела со рагади он доаѓаше од работа и викаше што правеше цел ден? Итн итн многу други лоши работи се издесиа ама знаеш што? Јас си го гледам само детето, цееел ден да сум си посветена на него да го играм да си уживаме. Прекинав да трчам да постигнам се(можев не дека не ама бев под притисок) раскревам се и си играм со бебе мада моето е мало не сме уште до готвење храна за него ама мене доењето искрено мн ме изморува особено што бебка е баш буци и цицач ии цицање играње бебе менување пелени по некоја прошетка и галкање цел ден е тоа што јас можам и сакам да го правам. Пак коментира повремено ама веќе не се замарам Ништо чудно и јас да бидам во разведените за година две Едит: маж ми готви кај нас, викенд прави генералки тоа се случуваше и пред бракот и сега ама мене не ми е тоа најважно и најпотребно. Некад ми треба само добар збор и муабет а он се нервира дека јас не го правам тоа а он као идел на работа и му било напорно, зошто не се валидира трудот за чување бебе… јас излегувам сма до дм, маркет, натака навака, бев на некое кафе, кино, депилација, нокти такви работи овие месеци и он е тој што ми вика иди шеткај одмори а јас сум залепена за бебето. Значи кај нас најмн проблемот е што јас не правам чисто како што он сака ама тоа е што е сакав да ти кажам дека не си сама и јас си имав мисли да се разведам
Клучниот проблем е што немаш никаква помош од тој што треба да имаш најголема помош. Јас сто пати сум кажала, да не беше маж ми ќе завршев на антидепресиви од што ми беше претешко после пораѓај. Маж ти треба да ти биде најголема поддршка во најранливиот период, и никако поинаку. Тој не само што не ти е поддршка туку верувам дека ти е и терет, ако бара нонстоп да имаш ручек зготвено испрано и слично, а не мрднува со прст.. Во однос на средено, никогаш не ми е средено. И да е средено тоа ќе биде додека не се прибереме сите по дома, а кога ќе дојдеме за 5 мин е како торнадо да поминало низ дома. Ручек? Многу ретко, нешто набрзина, варен ориз со туна, печено месо со зеленчук и слично.. Ние функционираме на начин што кога ќе се прибереме дома, не одмараме. Тогаш се пуштаат машини, се диплат алишта, се усисува, се анимира детето, едниот средува другиот игра со неа, па ќе се смениме, и се така додека не дојде време за бањање. Ќе ја средиме неа ќе ја успиеме и следните 2, 3 саати се време само за нас двајца. Маж ми оди да вежба некогаш навечер, јас винце и серија. Ако не вежба заедно си муабетиме, сериичка и слично. Утре дента се од почеток, јас трчам накај работа он буди дете спрема за градинка и тоа е. Е, кога е втора смена маж ми, јас бидејќи одам многу рано на работа, он пак носи дете во градинка, и кога ќе дојде дома целото средување на домот он го прави. Мие шишиња, мести спална, пружа алишта, пазари за дома, за дете, буквално се. Јас после работа ја земам малата и бидејќи дома ми е се средено, цело попладне и го посветувам на неа. Правиме хаос дома пак,хахаха. Јадам нешто брзинско ја бањам ја успивам и пак време за себе, го чекам маж ми да дојде од работа. Така постигнувам барем нешто од нешто да има ред, ама далеку од тоа дека е цакум пакум и ручек и се. Ама, не можам ни да замислам да не бевме вака организирани како би било, мора маж ти да се вклучи. Не знам каков совет да ти дадам освен отворен муабет. За жал многу вакви примери гледам во околинава, маживе пелена не знаат да сменат буквално. И јас ќе се надоврзам за градинкиве.. Нема пораат нешто ЗА МЕНЕ. Значи лично за мене си кажувам, детево мое со трчање оди накај градинка. Јадено, чисто, средено, наспано, анимирано. Дома доаѓа ми мириса на парфем од воспитувачките, ја гушкаат таму. Се гледа дека она ги сака и чувстува љубов од нив. Еднаш два пати ја имам чувано додека работам од дома, ем не сработев на работа ништо, ем не сработев дома ништо, едвај и зготвив 3 оброци, ужинки, во меѓувреме се дереше дека и е досадно а јас не можам да го посветам вниманието целосно зашто висам во кујна. Хаос. Вечерта бев претепана, немав ни сила да си играм со неа и слично. Јас на работа одмарам буквално. Две кафиња на раат, мозокот раат дека детето ми е згрижено, ја земаме од градинка и после имам енергија и сила дома да сум со цел фокус кон неа насочена.
Не ми беше целта да бидам негативна со пишаното туку сериозно се чудам како да си го организирам времето не ми стигнува И фала ви на одговорите @Peperutce6 да убаво пишано и јас истото си го зборам на себе и исто би кажала на другарка Немам притисок за да биде сѐ средено тоа сама си го правам, сама превземав сѐ околу бебе јас да правам (не сум очекувала ова од него секако оти знам дека претходно не чувал деца не знае тоа е ) и ок ми е стигнувам т.с. засега Сега ќе треба оброци да му готвам на бебе и не знам дали ќе постигнам Не стигнува време за да готвам за нас никако све нешто брзински Еднаш се случило да префрли демек колега имал ручек дома бла бла Земи направи си јајца му реков и не збори цел ден сум со бебето лепенка е со доењето тоа е и ништо не рече Но тоа со лошите'шали ' реално ми дојде ко ладен туш цела љубов ми падна во вода и некој може ќе каже дека сум хиперсензитивна но не Сметам дека треба да сме партнери и тоа го барам Во моментот сакав да се спакувам и чао ама се смирив ставив сѐ на игнор (цел фокус ми треба за бебе) привремено да видам што ќе биде да оставам простор можеби ете и него му е ново итн но дефинитивно ми беше сериозно тригер Така да оставам простор но не би трпела оти гледаме за жал каде одат тие работи во последно време само некоја таква дешавка има по вести И не очекував од него така оти не сме од вчера и не знам што како толку му стана се промени Не сме имале навреди или не дај боже насилство Тоа деф не доаѓа во предвид дека ќе трпам @Dodo1 супер браво за вас Така треба Тоа би сакала На пример мене не ми проблем сѐ околу бебе што правам и да средам и алишта и се но не постигнувам да готвам нешто покомплицирано И знаел тој да направи навечер додека успивам бебе нешто после работа сам Али претежно надвор готово си зема или нешто набрзина дома Не треба да кажувам што да се прави и да менаџирам треба сам да земе да направи кога гледа дека не сум стигнала а не чека да му се каже А иначе да, не знае пелени да смени ниту млеко да даде дохрана или такви ствари ама ок.. Доволно е да биде поинволвиран со домашни работи @Anie93 па за жал да такви мисли доаѓаат реално подобро посебно да живееме ако не не бива разведени ама барем бебето т.с. дете да не трпи, сакам хармонија и убаво а не трауми од расправа и префлања Најтрагично ми е што од околината коментари се дека такви биле мажите и демек тоа е... жената морала све Да не сум очекувала дека ќе се промени тоа Апсолутно не сакам така И разговори имало и се смени малку и ќе има пак разговор Но тоа ме исцрпува оти да мора да се објасни тоа Или одма да се вика на помош мајка му или мајка ми (тоА кога се породив беше и толку) и во ред помош но мене ми треба мм ми не баби тука на тие хормони после пораѓај ужасно сѐ ми сметаше и се осетив ко ја да сум лошата
Факт е дека животот пред дете и по дете се менува. Се менува и односот меѓу сопружниците. Јас мислам сите сме биле со мисла за развод во некој период после пораѓај. Еве нас ни е најтешко неспиењето навечер па знаеме тогаш да се скараме. Ама се е тоа сплет на околности и уморот кој преовладува. И ние сами си ја чуваме без помош од никој. Од страна имаше на почетокот коментари од свекрва ми како што треба но уште тогаш директно и кажав дека штом јас сама ја гледам не сакам да ми се мешат. Јас си ставив некој ред за да може да функционирам океј и да бидам посветена на ќерка ми. Ќе ти биде полесно кога ќе почне самостојно да седи. Ние наутро се будиме ја пресоблекувам и ја оставам во игрална си игри јас во меѓувреме и спремам доручек и ручек за неа. Доручкува си играме и спие. Кога станува се спремаме и обавезно прошетуваме 2ч. Одиме дома руча и пак си играме. Мм се враќа во 4 од работа ручаме или нешто набрзина направено или многу често готвам од претходната вечер. Кога си доаѓа од работа е вклучен во активностите околу детето. Околу домот не го терам ништо понекогаш поминува со правосмукалка и реди садови во машина и тоа е. Е навечер во 8-8ипол јас ја заспивам малата и он оди во спална со неа ( не сака воопшто да спие сама) па јас имам време за мене а и време се да раздигнам околу домот, да исчистам,да укл перачка, сушара, судоперачка и да зготвам( не секогаш) за следниот ден. Си легнувам да спијам околу 1ч. Во превод трпи моето спиење за да успеам да ги стасам домашните обврски.
Маж ми помага дома со се, освен со бебето, тоа како да е на комшијата. Ама знаев дека така ќе биде затоа и чекав голема разлика да бидат. Ама затоа поголемото дете 90% е со него, го носи зима од школо, и јас имам плус притисок да правам ручек за него, ама не успевам секогаш искрено. Некогаш ќе спржиме јајца, некогаш откако ќе дојдат дома нешто набрзински правам и така. Не дека не ми префрла маж ми некогаш, ама да ти кажам ич не ми е гајле. Некогаш ќе се спукаме во моментот и си терам. А јас да се нервирам па што не стигнувам све, не ми паѓа на памет. Си уживам со бебето, си го држев во раце за дремки, сега го "тренирам" на спална да спие па лежам со него. Си го шетам во количка надвор да спие, знам и со количката, а и да запалам кола да испазарам за дома со бебето. Е сега маж ми работи 2 работи, значи најчесто сум јас сама со двете деца попладне, ама гледам за поголемото дете вечера да обезбедам и да го легнам да спие, другото не ме интересира. Инаку, мене ми требаа едно 4 години да го "одмразам" маж ми од се што ми приреди со првото дете . А и кога имаш дете, тешко мажот да продолжи да ти е толку битен, едноставно фокусот е на децата. Си му кажала дека не е за украс дома? . Ако не, речи му, јас толку стигам, ако сакаш да те оставам со бебево еден ден да видиме ти колку ќе се снајдеш све да направиш. Ич нека не те допира околината. Е сега знам дека е тешко и дома без помош, разговарајте околу тоа малку да помогне нешто, ама каков и да е исходот од тоа, најважно е ти да не се нервираш и да се осеќаш лошо за себе. Кога стигнеш, колку стигнеш, минимум, минимум. Маж ти дека драстично ќе се смени, да бидеме реални, нема. Не за џабе викаат парот кога ќе добие дете све се гледа. Татко ми па дома ништо не пофаќа, мајка ми заљубена во него до уши уште е. И викам леле жено мене да ми беше овој маж ќе го одсакав инстантно .
@fragaria Детето е и на двајцата. Ако тој оди на работа 8 часа и толку, дали тоа значи дека ти треба само 8 часа да го гледаш детето? Па после нека се снаоѓа. Кога знае да прави деца ,ќе научи и се' друго да прави околу дете и дом. И пелени да смени, и дете да успива, и оброци да спрема. И да готви, да мие садови, да поминува со правосмукалка. Јас и маж ми се ротираме и се' правиме дома. Инаку нема шанси да се постигне ако целиот товар е на едниот. Искрено жал ми е што вака се чувствуваш. Не се секирај за нередот, еден ден ќе го нема. Мораш да разговараш со маж ти и да ги решите проблемите. Или и двајцата со психолог да разговарате. Не може да тераш така, не е океј. Не дека нема да издржиш - жена сѐ ќе издржи. Ама зошто? Семејството го сочинуваат и мајка и татко и деца. Плус сега си на породилно, после ако се враќаш на работа може да биде уште понапорно. Ако можеш, викни некоја баба краток период да биде со вас и да помага. А вие двајцата да може да одете на браќно советување. Ако не сака ништо, јас искрено би престанала било каква грижа околу мажот. Ниту алишта перени, пеглање, оброци - ништо за него. Па или ќе сфати, или нема да сакам ни фацата да му ја гледам и поднесувам за развод. Јас не би седела со некој кој не ме почитува како жена и мајка.
Епа паметно си изиграла. Скоро читав, дека токму таа разлика од 5-6 години е и всушност нај идеална за мајката особено. Поголемото дете сеуште е мало и зависно, ама доволно големко и независно за базични работи. Стоеше дека исто се остварува подобра комуникација и близина со децата и не е толку стресно како на помала разлика. И дека мајката е порелаксирана и има повеќе време да се посвети на секое дете посебно. Па покрај тоа што си го познаваш сопругот, си донела супер одлука за разликата кај децата.
Ве читам вака и си велам да немав помош и подршка од сопругот гарант ќе се разведев согледувајќи сега со бебе колку е тешко. Сами сме и ние немаме помош од никој и плус тој работи од дома, навечер станува му менува пелени наутро го зима за да поспијам некој саат и пак ми е напорно. Мислам дека мајка му цело време му збори дека треба да помага и да ми биде максимална подршка и сериозно си ја има сфатено работата. Јас пак од друго место имам повеќе нервози. Имам веќе пишувано за тоа како од страна солат сите памет што е најдобро и дека се осеќам како неспособна и дојдовме до ситуација со мајка ми да се искараме за тоа. Кога и да и се јавам на телефон и да и кажам дека сме шетале со бебе она го преиспитува тоа. Ладно било, ќе настинел, како сме го носеле така надвор. Исто ако плаче како бил гладен и требало дохрана да му даваме, ќе се јавам на тел со камера и одма наоѓа маани лошо сум го држела итн. Значи буквално секоја моја постапка ја преиспитува живци ми корне. А 5 минути ми го нема почувано откако е роден. Само еднаш има дојдено на еден саат да го види а во пензија е не работи и нема никакви обврски дома, плус имаме слободен стан кајшто може да спие за во случај ако мисли дека ни смета. Ама не, битно преку телефон да се соли памет. Дури ми вика видете со свекрва ти ако може нека доаѓа да го чува, а самата таа не се нуди (и јас и мм не сме од скопје а живееме во скопје). И скоро бевме кај родителите на мм на гости останавме цела недела па видов раат зашто свекрва ми секој слободен момент го чуваше и плус жената спремаше ручеци таму и за дома ни прати за да имаме да не готвиме. Ама сега треба да одиме кај моите и мајка ми прво откако проба неуспешно да ми го премести одењето за следен викенд, цела недела на глава ми се качи со тоа како требала да чисти, да спрема за јадење, па што да спремала итн. И викам ќе дојдеме во петок после работа ми вика дојдете во сабота (демек да не возиме по темница ама пак она да ми диктира што како). И викам во петок ќе дојдеме зашто ако дојдеме во сабота а недела си одиме еден ден само ќе ни се фати. И она на тоа: добро дојдете петок ама јас имам ова, ова и ова од обврски не знам колку ќе стигнам да испазарам и да спремам за јадење Не ми се веруваше што ми зборува. Се изнервирав и викам ако не тогаш не идеме, кај мм дома со душа не чекаат не молат да дојдеме и да останеме колку што е можно повеќе, ти не можеш два дена да не истрпиш (и уште се преиспитувам дали требаше да и го кажам ова, да не ја повредам). Башка ај за нас не мора ама како нема ќеиф за бебето не ми е јасно. И замислете на тоа ми враќа дека она не смеела ништо да ми каже, сум се лутела, не смеела совет да ми даде не сум прифаќала ништо и ние како мајка и ќерка само површни муабети сме правеле поради тоа и сме немале убав однос. Не сакав понатаму да ја продлабочувам расправата ама сакам да кажам дека секој еден човек е рефлексија на тоа што го добива. Така ме воспитала, секогаш била ладна кон мене без трошка осет за моите чувства уште како дете и сега се жали што имаме таков однос. Со свекрва ми што не ја познавам ни една десетина од тоа, имам многу поубав однос, со подалечни луѓе полесно се разбирам отколку со неа. Еве не знам дали е до мене
@fragaria не знам дали ќе е од поддршка ова, ама јас ич не си ставив притисок за да биде све тип топ. Нема шанси да постигнам, и не се оптеретувам со тоа. Мајка ми некогаш доаѓа да ми зготви, во спротивно јадеме макарони или тортиљи Маж ми 100% ја оддржува куќата, не сум пипнала ништо откако се вратив од болница, знае да го успие бебето, пелена да смени итн, да го почува, ама сепак бебето е мој привезок пошто дојам. Многу се труди, ама пак му мрчам, он ми вика, ми мрчиш зашто не прифаќаш дека не можам да те одменам во све Ние мн зборувавме за тоа пред да се породам. Еднаш неделно се трудев да имаме опширен муабет за тоа како ќе ни се смени животот со бебето, како може да се смени нашиот однос, како да се разбереме, помогнеме еден на друг, како ќе имаме моменти на исклучување, особено јас поради уморот итн. Мислам дека тоа вроди плод, па јас би те поддржала да разговараш, често и на широко.
Дури исчитав се смена темата, ама нејсе Нигде не видов да се спомне дека нема места по градинките и ти требаат врски со претседателот да пикнеш дете во градинка. Ние сме провинцијалци во Битола и апсолутно ми е апсурдно што без некаква конекција, уште кога го ставаш на список ти кажуваат basically, you are screwed. Уште на 4 месеци го запишав, па ете машала 2 години ќе прави и не е примен. Кога се вратив на работа имав опција за прва смена, па градинка беше планот, ама државата ни е ептен спремна што морав да се вратам втора смена (среќа успеав да се измолам за од дома) и преку недела сме, прва смена маж на работа, јас дете - во 3 правиме смена. Баби и дедовци немаме во градот, немаме никој додуша. Пукаме по шавови со мм, нема кој да не смени ни еден саат. Без разлика на условите, само еден на друг сме си замена. Работа ко работа, ако си со фиксно работно време, освен што не губиш време до и од на работа, мора да работиш. Пауза земам кога му е време за спиење, за да си го заспијам јас. Во негова смена со дете - маж средува по дома, храни, капи и игра дете, едноставно родителствува и така треба да биде. Понеделник до петок сме така. Во денови кога ни се преклопуваат смените околу 2-4, се пушта и телевизор. И се јади некогаш порано и некогаш покасно. И се спие некогаш порано и некогаш покасно. И не е стриктен ред - ама we are doing the best we can. Како и сите впрочем. Кога едноставно би го имале изборот подолго породилно, егзистенција со една плата, повеќе активности за помали дечиња (освен еден парк), финансиска поддршка повеќе од еднократна помош од 5000 ден. во време кога цените растат секој месец, не мислам баш дека сите би бирале да пуштат 9 месечно бебиња за социјализација во градинка.