Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.900
    Допаѓања:
    20.113
    Здраво мајки,
    Реков тука да пишам може некоја поминала низ истото.
    Од држење на бебе десната страна мускулот многу лошо ми се закочи. Рамото, позади на плешка, врат према глава, уво десна страна. Веќе 10 дена се малтретирам. Бруфени, блок макс крема, counterpain, парацетамоли не попушта никако.
    Како што гледав надоле и во раце го држев нишкав во таа положба си е...м... благо речено.
    Чаре некое што да правам? Сега гледам 3 пати бар на ден со жешка вода на болното место па мачкам блокмакс. Веќе не знам дали проаѓа или се имам навикнато на болката.
    Се има ли некоја исто вака укочено со бебе? Чаре некое? На каков лекар треба да одам и тоа не знам ;(
     
  2. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.293
    Допаѓања:
    27.592
    Пол:
    Женски
    Јас во кичма се укочив. Како ја спуштив на кревет , така останав.
    Ме боцнаа инекција и ми даде едни таблети, појма немам како се викаа, замена за инекции биле. Ме пушти од нив.
     
  3. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.900
    Допаѓања:
    20.113
    Отиде на ургентен или некој специфичен доктор?
     
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.424
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    Јас се укочив еднаш во рамо, исто ме боцкаа кај матичен, мелгама или нешто така не знам точно и маст и едни апчиња меѓу бруфен и парацетемол пиев(парфен) извини за имињава не сум дома не можам да видам.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    5.953
    Пол:
    Женски
    Нерв. Пробај Налгесин С појакиот од 550мг мислам беше и ќе мора да вметнеш декортин по шема за да пушти. За да не идеш на инекции.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.424
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    Ќе се надоврзам само кратко на темата за градинка, моето не оди, веќе 3г ќе наполни, па слободно можам да кажам дека од оние деца кои ги знам од парк и кои одат во градинка, социјализацијата му е многу подобра.
    Најчесто имаме проблем со деца од парк што не сакаат да му вратат играчка, не сакаат да зборат со него, он прашува пример дали може да си игра со нив они го гледаат како да збори француски, а сите тие одат во градинка.
    Социјализацијата и развиеноста на децата до 3г нема апсолутно никаква врска со одењето или неодењето во градинка туку со посветеност на родителите.
    Да може децата имаат повеќе ред во градинка, ама на крај крајот не се војници па да мора да имаат ред.
    Дури и психолозите советуваат до 3г дека е идеално детето да е со родител, зошто нема потреба од социјализација со други деца до таа возраст.

    Јас сметам дека на дете од 9м апсолутно не му е место во градинка, а тоа дека сите мораме да ги праќаме е друг муабет. Кај нас особено што 20 деца чува една виспитувачка, нема жива сила што ќе ме убеди дека тоа е подобро за моето дете од тоа да биде со мене дома.
    Секој си знае како му е план и како може да се справи со овие предизвици.
    Ама не може да вреѓате дека децата кои се дома и не одат во градинка се без ред, диви, невоспитани и несоцијализирани.
     
    На Надеж♥️, Калатеа, jungle и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.629
    Допаѓања:
    16.009
    Пол:
    Женски
    И те како помага градинката со социјализацијата до 3 години, па и повеќе. Да, прежално е што мора да ги носат во градинка на 9 месеци, премали се, ама мислам дека е смешно да кажеш дека нема врска градинката, само зашто твоето дете го чуваш дома. Точно е дека карактерот исто многу влијае, ама градинката и те како помага.

    Како мајки, децата ни се најсовршени на свет, од друга гледна точна, понекогаш и не е така. Дали некој ќе го носи во градинка или не, е негов избор, ама да се поборуваат факти само зашти си од обратната страна е смешно. Според мене градинка е најубаво нешто што може да му се случи на едно дете, и ќе останам на тоа, но ако некој мисли дека е поубаво дома да го чува до колку сака години, му го почитувам тоа.
     
    Последна измена: 28 март 2026
    На Liky, Anaroz1, EnaEnA30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.900
    Допаѓања:
    20.113
    Да тој на реплек парафен го имам дома ај ќе земам од тој да пијам...
    @Ladyme фала ти ќе барам декортин во аптека искрено пев пат слушам за тоа...

    Мм при масирање ми напипува како чвор на местото кај рамото баш и никако не се разбива со масажа. Фала ви значи сепак ќе морам од пон на лекар чаре да барам...
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.424
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    Па не знам дали се факти или не, психолозите велат дека не. Моето одеше 3-4м, дури полошо беше на однесување, една од причините за кои се откажав.


    Според тебе ако е најдобра работа на цел свет, не значи дека е факт. Немаш еден куп деца на студија за да знаеш како долгорочно влијае и едното и другото, ама ете психолозите имале студии и тие велат дека околу 3г е идеално време да се тргне.
    Не оспорувам дека некои деца може се посреќни така. Некои не.
    И не воопшто не сметам дека се грешка тие родители што ги праќаат децата до 3г, само не сметам дека детето ќе биде социјализирано културно и паметно само ако оди во градинка, тотално неточно.

    А во наше време ретко некое дете одеше во градинка, да не случајно сме несоцијализирани и диви?
     
    Последна измена: 28 март 2026
  10. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.293
    Допаѓања:
    27.592
    Пол:
    Женски
    К
    кај матичен.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.629
    Допаѓања:
    16.009
    Пол:
    Женски
    Сите деца одеа во градинка од наше време, сите. Ретко кое не одеше. Сите студии ти го покажуваат тоа, не се мои факти. Има исклучоци, како и секогаш, ама студии покажуваат колку придобивки има.
     
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.327
    Допаѓања:
    14.505
    Kako da ne. Ne znam koja generacija si, no ne. Ne odea site vo gradinka porano. Kako mozes da tvrdish deka site odele.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.424
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    Сакам да видам студии, со линкови, моите студии од кои се едуцирав не го велат тоа, да се доедуцирам може не сум во право.
    Не во наше време ниту едно од децата кои јас ги знаев не одеше во градника, буквално ниту едно. Не знам каде живееш може во Ск, во мал град како нашиот имаше само една градинка и апсолутно недоволно место за сите деца, така да не никој не одеше, тргнавме во забавиште на 6г.
     
    На Надеж♥️ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Градинките како институции се формирани за да ги чуваат децата додека родителите работат. Ниту за социјализација, ниту за воспитување. Инаку и моето одеше во градинка од 1 година, да можам да го вратам времето не би ја пуштила ни ден.
     
    На Mother of 2boys, Autumn Love и 1209 им се допаѓа ова.
  15. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    5.953
    Пол:
    Женски
    Да Декортин 5 мг се пие по шема, ако не поминува од апчињата за болка. Понеделник нека ти каже матичниот знае, да не пишувам тука такви информации.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.756
    Допаѓања:
    9.716
    Пол:
    Женски
    Моја генерација, на прсти се броеше кое дете во улицата оди во градинка, т.е од неколку околни улици, а преку 30+ деца се собиравме.

    Ќерка е од тие исклучоци што иако е во градинка од бебе може комотно и сама да си се занимава и да си игра и да се дружи со деца ама не дека и е пресудно дали има или нема некој.
    Јас со моето работно време не можам 100% да и се посветам, опција да седам дома. Нели останува градинка.
    Ок, опција беше и некој период баби и дедовци ама тие што ми се на располагање се "поголемо зло" од градинката, да се изразам така. Со градинката барем колку толку има ред на јадење, спиење, сега немаат и Тв, скроз се на игри и учење вештини посветени таму. Дома добар ако не и голем дел од времето ќе беше пред тв. Еден ден дремка на пладне, следниот од 15:00 часот пример итн.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.629
    Допаѓања:
    16.009
    Пол:
    Женски
    Како може ти да тврдиш дека не оделе.
    Секој со своето искуство.
     
  18. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.629
    Допаѓања:
    16.009
    Пол:
    Женски
    Сите одеа, во Скопје во делот каде што живеев.
     
  19. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.327
    Допаѓања:
    14.505
    Tvrdam. Barem od mnogu opshtini decata ne odele zasto togash nemase sekade gradinki kako sega. Ti kako tvrdish deka site odele?
    I daj te molam. Za bebe od devet meseci gradinkata ne e najubavo mesto. Gi nosat ako epten moraat.
     
  20. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Не зборувам за искуство. Само ги кажувам работите такви како што се. Децата до 3 година не се социјални битија. Играат едно покрај друго. На бебе од 9 месеци му е потребна љубовта и топлината на мајката. Тоа е факт. Во светот во кој живееме мораме да ги оставиме во градинка, но тоа не значи дека е добро за бебињата.
     
    На jungle и 1209 им се допаѓа ова.