1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    47.659
    Пол:
    Женски
    Да може во Скопје оделе, во малите градови апсолутно не одеа, а од каде знам, па затоа што комшиката до мене беше воспотувачка, и баба му на маж ми исто, 10% од децата во градот одеа во градинка. Така да не знам дали има некаква релевантност социјализацијата на долгорочно.
    Кој како сака нека прави, сепак експеритете велат дека идеална возраст е околу 3г.
     
  2. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.825
    Допаѓања:
    5.891
    Пол:
    Женски
    Ајде малку да се опуштиме со темиве, нон стоп нешто напето. Дома ни е напето на сите со децава, на работа.. па и на форум на тема мајчински муабети ќе се расправме. Ајде малку кажете кој резервирал за одмор, каде ќе идете? Јас ли само сум возбудена после 2години лежење во Скопје. Многу сум нервозна па со тежинава.. остана иста. Не дека сум превзела нешто. Реков од нервозава секојдневна ќе изгубам некое килце, и на вага што да видам плус кило. Хаос. Денеска бев на шопинг немам алишта ништо не ме збира. 10 пантолони така седат, сум сменила 3 конфекциски броеви.
    Па мм хахах облакам блуза... хм ми вика некако те оцртува. Јас фармерката пука рипнал стомакот под гради. Во право е човекот ама ме изнервира. Речи не е убава блузата хаха не дека јас сум дебела. Така ај дете спие да зачистам.
     
    На Simon4e0507, Tulip023, Puffy2019 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.950
    Допаѓања:
    15.188
    Пол:
    Женски
    Па не е, прочитај ме погоре.
     
  4. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    18.915
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто мајките што даваат адаптирано мора да се поддржувани, бодрени, а ако го доиш детето до 2години да ги гледаш како луди мајките и тоа е тема на дискусија. Толку студии покажале дека 99% од жените можат да дојат а сите као немале млеко. А за деца само на доење никој не вика браво. Искрено толку се искривени вредностите. Личен избор е да, но тоа е за твоето дете не за тебе. Зошто да му скратиш нешто што природата го создала?
     
    На Simon4e0507, angel4444, Autumn Love и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    47.659
    Пол:
    Женски
    И јас многу сум поправена, ама некако чудно како вода да сум полна.
    Мора да проверам тероидна и хормони.
    А исто јадам, апсолутно ништо немам сменето, плус како што спомнав сама сум со детето по цел ден растечана, мм е во странство и не седнувам по цел ден, а вагата оди нагоре.
    70кг и во живот толку не сум била.
    Се нервирам и јас ама не ради тоа како изгледам толку, колку што затоа што не можам да сфатам што е.


    Месецов сум на приверка на здравје, еден куп прегледни направив и уште не можам да сфатам што ми е проблемот.

    На одмор не знаеме уште каде, ќе решиме последен момент во зависност од тоа кога ќе се преселиме, ама еве сега за роденден на мали и за мојот и за Велигден одиме на гости кај тетка му во Белгија.
    Ќе биде хаосно и заморно ама се радувам оти и мм ќе дојде таму од Лондон и баба му ќе е таму, дада му е на распуст и ќе се изнаиграат.
    Одамна немаме шетано и мислам дека убаво ќе ни дојде.

    Жени после долги месеци книгата е 90% готова, уште техничкиот дел, текстот е испратен на лектор, јас у меѓувреме уплатив курс индизајн и илистратор за да научам сама да ја спремам технички и кај и да е се надевам ќе биде одобрена и за печатење.
    А планирам и селфпублиш да направам на Амзон КДП.

    Толку се радувам и срцето ми е полно.
    IMG_1874.png
    Мали ми беше инспирација и ветер во грб за да ја завршам, а беше предизвик. Сакам да биде испечатена за роденденот негов, мада не знам дали ќе стигнам. Како и да е ќе биде спомен кој ќе го чувам за него, а и доказ на себе дека можам да направам се ако забијам силно нозе во земја:D
     
    На Hinebrra, Kitanova77, Tulip023 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.825
    Допаѓања:
    5.891
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто такво мислење имаш. Ама живееме во мн стресно време па мн мајки се борат со анксиозност, страв, стрес во текот на бременоста, предвремено породувањето, не можност да се со детето па после постпорородилни депресии се све почести. И тоа делува на цел тој процес. Не е жената книга и робот според мене, затоа и има право да го избере тоа што е најдобро за здравјето свое, за да може да се грижи за детето. Има жени што имале мн лошо прво искуство, жени со мн млеко чести маститиси, болки, температури, антибиотици, дренажи. Па одбрале да не поминуваат низ тој процес. И ред други ситуации. Немам чуство дека некој ги фали мајките на Ад. Баш мислам дека сите викааат ее де ќе порасне и на ад и на мајчино. Тој коментар сум го добила.
    Јас мислам дека и ти во реченицата (а као сите немале млеко) , не си во право, и ти осудуваш, ако се осеќаш осудена од некого моментално за доењето. Зошто секој има своја приказна зошто не дои, или зошто дои 3 години.И не треба да се осудува.
     
    На Tulip023, Moon lovers, Veci@123 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Јас сум генерација 90та, апсолутно 99% од децата одеа во градинка. Не знам за кои генерации зборуваат другите членки, но 90ти и околу оваа генерација повеќето беа во градинка во Скопје. За другите градови не знам.
     
    На Simon4e0507 и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  8. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.950
    Допаѓања:
    15.188
    Пол:
    Женски
    Мислам дека се имаш побркано, баш обратно е. Толкав притисок се прави да се дои, што буквално е или умри или дои. Дури и предрасуди има за тие што не дојат и што даваат ад. Во право си за искривени вредности, баш ми е криво што во толку лош свет живеам, каде побитно е да доиш, отколку да имаш нахрането бебе.
    Чисто да те информирам доев 15 месеци.
     
    На Tulip023, Moon lovers, BellaBibi и 3 други им се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    47.659
    Пол:
    Женски
    92ра и пак ќе кажам, никој во нашиот град што го знам не одеше во градинка.
    Сите прво тргнаа забавиште.
    Маж ми одел ама оти баба му била воспитувачка, една група во цел град, една градинка, така да колку оделе се гледа.
    По цел ден бевме со баби и дедовци, или мајка ми конкретно кај нас некој период, па татко ми.
    Не знам се снаоѓале, ама никој не одеше во градинка.


    За доење, јас дефинитивно се осеќам многу нападната и осудувана зошто уште дојам на 3г. А никој апсолутно не ми рече зошто не исфрлиш АД кога беше на комбинирано, туку сите ми велеа не се мачи дај му шише. Мислам дека на тоа мисли членката, дека се форсира дека мајката е апсолутно најбитна и едноставно може да одбере ако не сака да дои да не дои, што е точно, не мора да се дои и не мора на никој да се објаснува зошто не дои, ама не значи дека е поправилно и подобро за детето и тоа е факт што не се оспорува, во некои ситуации како доењето удобноста на мајката мора да падне на скалило подоле.
    Не мислам во ситуации кога здравјето е загрозено, туку во ситуација кога од чиста удобност не сака да дои.
     
    На Hinebrra и Autumn Love им се допаѓа ова.
  10. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    8.545
    Пол:
    Женски
    Можат да дојат да, ама не значи дека ако не дојат намерно избрале така. Најголема причина е можеби недостаток на едукација, односно не знаат што треба да направат за да дојат, после проблеми со фат на бебе иако имаат млеко, мастити, 300 чуда. И јас мислам дека оваа дискусија нема крај, секој се тригернува од тоа што му е слаба точка, а има толку аспекти во игра. Мајчиното млеко, факт е дека е најдобро, ама ако некоја мајка намерно или ненамерно не дои, сигурно не е среќна што бебето не го добива најдоброто. Ама на крајот на денот нахрането бебе е најважно. Моето прво бебе е екслузивно доено, доев 1 година, ова, да е здраво и живо од прв ден ужас. Не знаеше да цица, па мастит фатив, па штрајкови чуда. Бев на раб да споулавам со хормоните на почетокот, ама решив дека нема да го направам тоа. И му давав адаптирано, сега 90% ми е одбиен од цицање на 6 месеци, јбг. Не се запнав да дојам ексклузивно на сметка на моето психичко здравје. А да, лично не гледам причина да се дои после година. Ако бебето јаде и заспива само и спие цела ноќ, сосема доста му е толку. Само и на оваа како и на секоја тема има екстремисти. А стварно секој нека си прави што сака и нека си се носи со последиците од своите постапки и одлуки, ете толку е упростено..
     
    На Tulip023, Merten, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.015
    Пол:
    Женски
    Ах со килажава и јас. Ама многу апетит имам и се затресувам дури ако не сум јадена. Симнав некако едвај 2кг од февруари навака и сега тапкам во место на тие 2кг а имам уште 10 за симнување. Имав само 4кг плус од 15кг на 40 дена пп. Па качив уште 5. И не ми се ни оди на шопинг, ме депримира дека сум толку поправена а не знам што да направам….. А се трудам и протеини мн да јадам и благо ич не јадам, грицки ништо. Се дебелеам од здрава храна ама во огромни количини.

    Јас мислам дека генерално мајки што даваат АД се поосудувани од мајки што дојат. А ова за до 2 години или повеќе ти се највеќе искуства споделени од мајки што веќе доеле ретко иде од момент на осуда. Иницијално и јас си велев сакам да дојам до 2 години. И наидов на едни истражувања дека бебиња доени над година ипол веќе се свесни скроз и прават орална фиксација. Односно нерасположен сум и сакам да цицам. Тешко ми е и сакам да цицам. И по истражувања голем дел од луѓе што се обезни биле доени повеќе од година ипол. И ете овој податок си го имам на ум за здравје кога ќе дојде ред. Секако дека од се има исклучок, но убаво е да сме свесни дека ко што рекле старите и многу арно не е на арно.

    За другата тема иако е контроверзно мислење и јас мислам дека преемногу е фокус на мајка веќе а не на бебе. Многу мал процент се мајки што не дојат од здравствени причини, тука сметам и пп депресија и анксиозност. Или ко Лејди што кажа мајки на предвреме родени бебиња. Значи скроз легитимно дека си живо битие и бебето ти е на интензивна и стрес и се, ретко кој успева да одржи лактација во тие услови. Но, ако се задржиме на мајките останати 70% што имале нормален пораѓај, без компликации, здраво бебе, факт е дека премногу се става фокус на “ми тајм”, “среќна мајка среќно бебе” и остало. Значи ова е најприродниот процес на светот, да родиме бебе и да го храниме од нас. Нормално и здраво е првите 6 месеци на мајката да не и е ништо битно освен бебето. Ама на капитализмот не му иде во прилог да седиш дома и да доиш бебе цел ден па од тука и маркетинг на АД и цела “ми тајм” култура. И јас сум била таму да ме фрустрира доењето и да сакам да се откажам, да сум хормонална, анксиозна, не дека не разбирам како е. Ама знам дека потекнува од се тоа ти што порано да се вратиш во нормала место да си заглавен дома на цицка. И откако си се помирив дека овој период од животот не е време за себе ами време за себе како мајка ич не ме фрустрира и дури почнав да уживам во доењето од тогаш. Ама за жал се повеќе се става фокус на тоа мајката да одбере свој комфорт кој за жал не му иде во прилог на бебето. И тоа многу кажува за нас како човештво.
     
    На Anie93 и 1209 им се допаѓа ова.
  12. OneMiss

    OneMiss Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2025
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Na tema kg moram da se pofalam oslabnav 12 kg za dva meseci , vo plan mi e uste 2 da ja drzam da stignam do 55
    Posle poroduvanje ic ne pazev pa dobiv 80 kg
    Epten sum happy
     
    На Ladyme и 1209 им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.493
    Допаѓања:
    68.949
    Пол:
    Женски
    И јас сум тука негде. Ама се симнав од 83, so it feels different.:D
    Може е само стрес, задржува повеќе течности телото, се надевам ќе видиш наскоро, да не те гризе дополнително.

    Јас исто не одев во градинка, Скопје, ниту пак некој друг одеше, тргнавме сите стандард забавиште.

    Друго што сакав да напишам е дека не ми се верува колку брзо лета времето. Почнав да пишувам во темава бебе кога беше. Колку постови имам само со кукање дека сум неспиена, дека ќе се фрлам од тераса...:drunk::D
    И сега девојчево мое 10 години наполни. Некако ми е исто ко една годинка кога наполни, како да има огромна промена. Не знам еве, нереално, навистина побрзо ко да лета времето на школо кога ќе почнат и времето се мери во школски години.
    Двоцифрена бројка. :^::d::f::sun:
     
    На Ladyme, merriel0, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.825
    Допаѓања:
    5.891
    Пол:
    Женски
    Како?
     
  15. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    26.982
    Пол:
    Женски
    Јас па скроз друго би кажала. Многу се форсира доењето, како да е последно нешто, без разлика на други ситуации.
    Тоа форсирање, ми донесе таква депресија, ми донесе да се осетам како немајк, зошто не сум доела.
    Од околина, патронажна сестра, онаа Јасна.
    Никој ниту еднаш не праша како сум, како се осеќам. Само тоа доење беше тема на муабет.
     
    На beachedd, Tulip023 и Moon lovers им се допаѓа ова.
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.425
    Допаѓања:
    9.157
    Пол:
    Женски
    @1209 , не сум обрнала многу внимание досега на твоето пишување за книга, ама по сликите сигурна сум дека ќерка ќе ја обожава. Ако ја планираш и во продажба да е пуштена тука, информирај не. Или уште од сега да се запишеме. :)

    За кг години сум по 2-3 кг во плус или минус. Никако сериозно да се зафатам и со рестрикции на храна. Или со вежбање и да видам некој резултат во минус.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Го читам ова за доењево и АД и сум во прашалници од муабетот на членката.
    Луѓе ко луѓе секој го гледа туѓото а не своето.Осудувани биле мајките што доеле а не биле осудувани оние што давале АД.Прво и прво wtf?!Во самото напишано осудуваш еден куп жени што АПСОЛУТНО не е битна причината зошто одбрале АД,макар било ради свој ќејф(што скоро па и никогаш не е така)тоа е избор на членката.Не знам зошто не се научиме да си го гледаме своето чергиче.Еве јас сум мајка која мака мачев да доам и поминав низ толку стрес толку осудување прво од домашни и блиски па се натака...Едукација на таа тема во оваа земја не е бесплатна а според мене треба не само бесплатна туку и задолжителна да е за сите нови мајки.Само ја си знам колку сум ги стискала градите и сум тресела измолзеното од пумпа за секоја капка.
    Не гледам ни една причина зошто некоја мајка што дава АД треба да се суди,ниту пак некоја што дои 2-3 години.Ако таа мајка е среќна не треба повеќе да се коментира.И не значи среќа дека имала мајката потреба за МИ ТАЈМ зошто не знам дали некој што давал АД му било така лесно со оглед на тоа колку миења спремања стерилизации топлина на вода термоси и чуда бара.МИ ТАЈМ посебно во 3 наутро кога бебе вришти за млеко а ти мешаш АД за да се раствори.Ок важи.Не е лесно ниту една опција.Доењето не секому му доаѓа природно а не секој има помош,и не треба по секоја цена да е,посебно не по психичка опаднатност на мајката.Доењето е најубавото нешто?Не најубавото нешто е среќно бебе кое ти е во раце.
    Аман бе малце ли тежина има една мајка за се во животот па и тоа.
    Дали вие сте сретнале човек што е возрасен и не знае да џвака зошто мајка му не започнала со БЛВ туку со пасирано и блендирано?И не не викам дека БЛВ е грешно туку МАЈКАТА која што го храни детето одбира како она се чуствува добро околу целиот процес.
    Дали има возрасен човек кој што не може да заспие зошто мајка му го нишкала или спиеле заедно на спална ?
    Значи нема тема на која не се прави притисок и дека нешто мора да е вака или онака.
    Не ја ни отварам темата за градинка...сметам дека секое дете е свој карактер и дека градинката ги учи на многу работи.Соодветна возраст не сметам дека има поради многу фактори ,да важеле некои научни истражувања кај нас и породилно нема да е 9м туку повеќе,така да не гледам правилно или неправилно кога да се пушти дете во градинка,тоа е сплет на околности кои влијаат.Научно е докажано дека дете треба да се валја во земја и да јаде и да се мачка со кал,но дали кога живееш во најзагадениот град е тоа добро за детето?Бидете ми само добро расположени и тргнете на поубави теми со многу повеќе поддршка бидејќи многу нови мајки токму тука ќе се уклучат да читаат и навистина е страшно што се се збори.
     
    Последна измена: 28 март 2026 во 23:01
    На beachedd, Tulip023, Merten и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.345
    Пол:
    Женски
    И мене ми е болна темата за доење, толку многу трудење, по цел ден и цела ноќ на града, грутка на едната, па вовлечени брадавици и малтретирај се со силиконски, тон сок од јаболко, боза, чаеви и мене млеко никогаш не ми "надојде". Бебе е 9 и пол месеци и уште од кога е родено пред секое шише му давам да цица, но нема и никогаш немало доволно. Никогаш не осетив тешки гради, струење или не знам таму што..
    И сега кога сме излезени ако му дадам само АД јас дури со срам го мешам шишето со млеко и многу ми е криво зошто така се чувствувам, како некој да ме гледа и суди зошто ад му давам, ама не можам да си помогнам.
    Така да, доволно си имаме сами тежина од тоа што не сме "успеале", не мора никој да ни дотура на маката
     
  19. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    18.915
    Пол:
    Женски
    Не знам во каква околина сте вие ама чисто си споделив од тоа што јас го доживеав. Сите околу мене беа што ти е што се малтретираш будала ли си ти, па зашто се мачиш со рагади да цица, па зашто се мачиш да му даваш на саат, па дај му ад навечер да си поспиеш итн итн ко божем е погрешно да доиш јас бар така се осеќам од околината. Од 7другарки само две доиме и буквално сите останати 5 ни го знореа тоа на нас две. Се согласувам со членката @EnaEnA30 и јас мислам дека многу фокус се става на мајката а не на бебето, што според мене не е добро. Се знае кој треба да биде најважен во тој период :)
    Едит: а да и коментарите од страна лесно ти е тебе ти цица, а додека се научиме беше претешко ама тоа некој што не пробал не може да знае. Мене доењето ми беше најтешко и најболно пострашно и од самиот пораѓај.