Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.568
    Допаѓања:
    19.715
    Пол:
    Женски
    Реков кој е најважен а не кој е важен а кој не. Има разлика :)
     
  2. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.327
    Допаѓања:
    14.505
    Procitaj se ubavo.
     
  3. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.568
    Допаѓања:
    19.715
    Пол:
    Женски
    Па така пишува де ама и реков не сакам да се докажувам само споделив мислење. Ехеее какви коментари добив јас и да сум се тригернала и како и вие и што добивте потреба да се искажете, така и јас
     
  4. beachedd

    beachedd Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2020
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    На тема градинка точно дека науката е усогласена за бенефитите од одење во градинка после три години.
    За пред три има поделени мислења , има многу студии што покажале позитивен ефект - со акцент на квалитетот на градинката .
    Не ми е целта да осудувам , ниту докажувам - секој знае за своето дете најдобро плус и како налагаат околностите.
    За доење и АД, не знам што ви се чини за мајките чии деца се на АД - зарем мислите дека не им се децата најважни? Сериозно мислите дека е толку удобно хранењето со АД?
    Од икс причини не доев, ама бев премногу дисциплинирана во однос на давање АД , во смисла да не биде пред 3 и пол саати заради што не може да се свари порано. Знаете колку беше интересно бебе што плаче, нема цице, нели нема вода/чај и не може млеко?
    А плус глупостите што ги наброја BellaBibi, уште толку товар и нервоза.
    Не знам на темава ве читам и како да сакаме да докажеме дека мајките што дојат се пожртвувани, а тие што ги хранат со АД си ги прчат по цел ден.

    Доењето било и ќе биде најприродната и најздравата опција, ама кога не оди од било која причина - не оди.

    Од ни една нормална жена/мајка не сум слушнала вакви муабети зошто доиш до 3 години или лесно ти е тебе на АД е.
     
    На fragaria и Tulip023 им се допаѓа ова.
  5. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.706
    Допаѓања:
    18.530
    Пол:
    Женски
    Никако да дојде ред да можам подолго време да пишувам, се набрзина ќе отворам или сум преуморна и да составам две реченици.
    Никако не постигнувам, а во последно време не се ни обидувам. Гледам само се околу бебе да е средено, оброци за бебе, алишта испрани, пеглам пред да облече, да е средена чиста, бањата, дремки на време, наспана одморена и кога е убаво времето ја изнесувам да ја прошетам, затоа што забележувам дека дома веќе и е здосадено.
    Ручек за нас, на почеток кога беше новороденче купувавме готова храна, еден период кога се заигруваше по 10-15минути ќе направев нешто на брзина, имам бавен кукер, знам од вечер да ставам во кукерот и следната ден имам ручек, некогаш од вечер ќе подготвам месо, па следната ден ќе го приготвам или го чекам мм да се врати од работа, па набрзина ќе подготвам, тестенини, јајце, пици. Кујната настојувам секогаш да е средена, а другото преку недела ништо не можам да фатам да чистам, само кога е мм дома за викенд.

    Јас ќе кажам лично за мене, исто некако се чувствував како цел товар после бебе да падна на мој грб. Гледање на бебе, работа низ дома и да најмногу боли кога мажот не го почитува целиот труд што жената го вложува и ќе ти рече па што правиш цел ден, за тоа си на пордилно. Еден период цело време му префрлав на мм како ништо не фаќа по дома и цело време се рчкавме, се додека еден ден не си дозволи да рече пред моите дека во последено време се ме мрзело, толку ми падна тешко во моментот, но не изрегирав, никогаш не сме ги решавале проблемите пред другите. Следната ден одма му реков како не ти беше срам да кажеш и тоа пред моите дека се ме мрзело, а околу бебе 90% се грижам јас, плус ручек кога можам правам, а кога не сум со бебе машини пуштање, перење, раскревање, разговараме за тоа кој како се чувствува и сфатив дека и јас грешам и некогаш претерувам со моите забелешки и обиди се да биде под ред како пред бебе. Мм оди на работа, 4ипол го фаќа додека си дојде, некогаш ако треба да пазари и покасно. Си иде, пиеме по едно кафе и одма ја превзема, јас да јадам, одморам, па ја бањаме и ја успива, а јас за тоа време ја средувам кујната, полнам машина, се бањам и толку е времето. Мм околу малата е потполно посветен, не можам да се пожалам, сака и да ја игра, пресоблекува, знае колку млеко пие, знае да и направи, за викенди сака да ја храни, се што е околу бебе прави без проблем, само навечер не спие со бебе, но се нуди да одам да одморам да поспијам, мене ми е страв да ја оставам со него затоа што знае во сон да мава, станува и не ми се ризикува.
    За викенд ни останува да чистиме, пуштаме правосмукалка, се брише прашина, заедно кога се работи брзо се завршува работата. Мене многу ме иритира кога треба да посочувам дека треба нешто низ дома да се сработи, а е очигледно дека треба и упорно се игнорира, но прогледувам низ прсти само затоа што знам дека периодов му е тежок на мм.
    Во секој случај мислам дека треба отворено да се разговара, проблем е ако мажот воопшто не се вклучува во гледање на детето и домашни обврски, еве и кога е вклучен па пак не се стигнува.
     
    На Anaroz1, fragaria и 1209 им се допаѓа ова.
  6. Sucubus

    Sucubus Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2021
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    Како сте мајки :hug:

    Бебо мој беше на систематски го боцнаа на прсте за крв. После две вакцини на ноџиња и кога почна да плаче, липаше, фала богу па кратко траеше, зашто мислам ќе ми пукнеше мене срцето. Како се справувате вие мајки со вакви работи?
    Вечерта ми крена температура, но до сабајле беше моето старо бебе вратено.
    Јас се мислам веќе да почнам чај од жалфија да пијам, бебо веќе не сака да цица и немам веќе ни којзнае колку млеко. Од кога почна со цврста храна само дешавки сме. Еднаш јас и маже гладни и ајде појдовме на ќебапчиња. Бебо во меѓувреме исто гладен и ајде спремам млеко за него, и тамам почна да пие, дојдоа ќебапчињата, цуцлата летна. Ја плукна цуцлата и се затрча накај масата. Нормално му дадовме да лижи, па ајде гмечи, прво го најадовме него. Лакомо е премногу, и се што јадеме сака и тој да проба. Исто и мед имаме пробано, фала богу па не пројави никаква алергија.
    Уште немам соковник купено, за сега тоа ми фали.
     
  7. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    766
    Пол:
    Женски
    И јас сум од Скопје, сите одевме во градинка тие генерации
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.571
    Допаѓања:
    207.279
    Пол:
    Женски
    Секој Божји ден. Секој еден тинејџер со фиксна во уста нема поим од џвакање. Секој еден млад човек со проблеми со желудник не џвака правилно. Секој ден го гледам ова. Поим немаат младите како да џвакаат. Сори што ти ја разбив илузијата, ама факт е дека никој не џвака како што треба оти не научиле ко бебиња да џвакаат, оти целата храна е од типот лапни голтни и после проблеми со желудник еден куп, од гастритиси до сериозни промени.
    Тука не треба да има компромиси, за другото нема да зборувам.
    Факт е дека има премногу предрасуди на различни теми, ама за ова со џвакањето се и тоа како во право.
     
    На azelea, Noemi, Joanna28 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.730
    Допаѓања:
    3.201
    Пол:
    Женски
    Медот не е алерген за да предизвика алергија, туку може да предизвика сериозна и тешка болест, наречена ботулизам, ако се дава пред 1 годинка :)
     
    На naturally, Sucubus, Eho и 5 други им се допаѓа ова.
  10. OneMiss

    OneMiss Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2025
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Un dieta, strogo pridrzuvanje bez prekrsoci
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    859
    Пол:
    Женски
    По таа логика не млади туку сите постари генерации не би знаеле да џвакаат затоа што порано не знам кој почнувал со парчиња а не со пасирано.Секоја чест на исклучоци кои вовеле парчиња но ретко некој порано тоа го правел.Што значи сите генерации пред нас не знаат да џвакаат?Придобивките од БЛВ се огромни но не е единствен начин и не верувам дека МОРА само така да е.Како бебето расте и оно само одбива храната да не му има текстура,сака и зима од храната што ја јадеш ти.Фиксни протези немаат поврзаност со џвакањето туку генетика,лоши навики како предолго користење на цуцла ,предвремено паѓање на млечни заби и уште мн други фактори.Јас не живеам во илузија туку во реалност каде секоја мајка живее живот каде и се налагаат притисоци за нешто дека МОРА да е така и дека немало компромис.Денешната мајка се судрува со многу поголеми притисоци отколку некогаш,од интернет од општеството и што уште не,наместо да се каже гласно и едноставно дека некогаш комфорната зона не е страшна се додека не трае вечно.
     
    На Kjara2025, Надеж♥️, Cvetce_ и 5 други им се допаѓа ова.
  12. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    990
    Пол:
    Женски
    Секој може во се да успее, ако сака. Работата е колку сакаш да истрпиш и да издржиш за твоето дете. Колку јака психа имаш. Колку си спремна да правиш жртва за твоето дете или да одиш по полесниот пат. Тоа е тоа, едноставно е, само е тешко да се проголта.
    На крај краева никој не ве тера да доите ниту пак да давате ад, но ако не сте доеле, не знаете како е да се дои подолг период и не го споредувајте со мешање млеко во шише навечер.
     
    Последна измена: 29 март 2026
    На mama31 и EnaEnA30 им се допаѓа ова.
  13. jagoda777

    jagoda777 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.668
    Пол:
    Женски
    Ве читам и решив и јас да си споделам моите бубачки, се породив пред 7 месеци, тешко се опоравив од царскиот не се осеќав подолг период дека можам да функционирам нормално или да седам на маса со гости, бебе не качуваше на килажа... па повојница одложував, па фатија вируси и како се затворив дома со бебе веќе не сакав никој ни да ми дојде, ни да одам. Читајки за бебе на фб инста веќе само ми излегуваа видеа од бебиња за рсв, за херпеси... И паника уште толку. Еве ме сега веќе бебе почнува да разбира, јас се навикнав сама со него( по цел ден сме сами) и ако дојде некој ми пореметува ред и многу ме неревира тоа. Свесна сум дека не е убаво. Од друга страна па 12 години го чекав и го изнауживав. Бабите и дедовците ги гледаме надвор во двор или на прошетка и секој ден на видео повик, доколку е можно.
    Исто не нервира кога мм одлучува сам без да разговара со мене.
    Пример вика гости.
    Не ме прашува како се чувствувам, дали дома е средено, јас дали сум средена, дали ќе се срамам ако дојдат така, дали можам да издржам со гости, дали можам да спремам или крај краева дал сум расположена за гости, не спијам ич за да постигнам се...него само потсмев добивам. Детето било могли и ако одиме на гости или дојде некој се смее со нив дека пештера било растено и така ...јас се трудам максимално ништо да не му фали на бебе...
    Он цел ден е на работа, цел терет околу бебе и куќа е на мене. Он ако испазари и некогаш да направи Ад, толку. Пелена му нема сменето, не го заспива...за дома не коментирам како во хотел не фаќа ништо, околу двор само, па му викам само дома да не си цел ден ќе седиш надвор и за тпа се лути...
    Значи неговиот живот 90% не е променет воопшто, јаде, спие, шета, оди на работа, се гледа со пријатели, другари, ручеци и сл... И тука сум гневна зошто чека јас да му речам за некоја обврска или да покаже љубов и разбирање за тоа што го правам, навистина се трудам ете не сум совршена имам бубачки и јас дали е постпородилна д. Дал е мајчински инстинкт, дали љубомора ама не сакам бебе да го фаќа секој поготово не со прљави раце или со облека што корне на омекшувач парфем или цигари. и најубаво ми е да избегнам гости, место да се објаснувам со секој па се навредил и сл...
    Се надевам ќе ми помине периодов и ќе се опуштам.:l::whew:Си се изнапишав, не знаев дека ми тежи ова толку ;(
     
    На КаринаТ, Anie93, merriel0 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. beachedd

    beachedd Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2020
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Значи секоја тема ја носите во крајност.
    Никој не ги спореди освен еве вака мајки што сакаат да прикажат екстра пожртвуваност затоа што дојат.
    На крај краева твое дете доиш, не туѓо.
    Ама ве молам не зборувајте глупости дека мајки што не дојат дека не се пожртвувани и посветени.
    Аман, голем дел од вас имаат ќерки...
     
    На Stone му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    990
    Пол:
    Женски
    Ми го вадиш од контекст кажаното, врска нема тоа што го напишав со пожртвуваност и посветеност. Никаде не го негирам тоа на една мајка
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.327
    Допаѓања:
    14.505
    I davanjeto ad e teshko. Dodeka spremash mleko nokje bebe vrishti, pa se rasonuva. Pa si dal ad i za pola saat se budi pak i mora da nishkash oti ne davash cice da se smiri, ne go doish neli. Plus steriliziranje shishinja, pa vodata da e na tolku i tolku stepeni za da se rastvori, pa toa go pravis so edno oko shto se veli, nerasonet. Taka shto i ti ako ne si davala ad ne soli pamet deka e lesno. A doenjeto e teshko prvite mesec dva, potoa vadish grada i cica bebe. Vospostavena laktacija.
     
    Последна измена: 29 март 2026
    На Eho, Anaroz1, strelec231992 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    1.430
    Пол:
    Женски
    Wow браво еј, сте имале голема среќа само ќе речам, а не сте свесни
     
    На jagoda777 и Stone им се допаѓа ова.
  18. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.486
    Пол:
    Женски
    Ах бре мајки не ви се ли смачи само да се препукувате кој е подобар и во што. Никој не може да си го сака сопственото дете повеќе од вас. Што си сфаќате толку лично работи дискутирани на форум.

    Искрено на никој не му е гајле ни дали доите ни дали давате АД. Ни дали блендирате до 2 години или јаде парчиња од 6 месеци. Ни дали тргнало во градинка ма 9 месеци или никогаш. Освен на вас дома. На мајката и таткото на бебето. Се друго се чаршиски муабети и некој 2 динара муабет да се пополни време.

    Некои работи се научно докажани дека се подобри за бебето. Да биде доено до 2 години, да го чува мајка до 2 години, да има 0 скрин тајм до 2 години, да јаде самостојно од 6 месеци. Ама не живееме во утопија, не газат животни околности. Не смеете да си дозволите да ве исфрустрира некој лик од форум или од комшилук. И не, нема притисоци од општеството за ништо, сами си ги правите.
    Родителството никој не кажува дека е бајковито. Напротив, тоа е најтешката работа и за жал или среќа најголемиот товар паѓа на мајката. Природно сме создадени за тоа. Заради тоа сме опстоиле илјада години. Тешко им било и на нашите мајки, уште потешко им било и на нашите баби. Само тогаш не бил маркетингот и фокусот на мајката. Немало реклами на секој чекор за формула, не ги испишувале од болница со препорака за формула па сите доеле.
    Ниедна од нас не е совршена, ако не доите океј, не се фрустрирајте од мајки што дојат. Мене скроз небитно ми е дали комшиката дои или не. За моето дете сум одлучила дека е тоа најдобро. Нит мислам дека сум жртва ни ништо. Тој е процесот, ќе цица некои денови и по 100 пати, ќе седам со цицките од надвор, ќе качам температура ако следниот ден реши да не цица и тоа е. Ќе порасне. Тие што давате ад ќе мешате у 3 сабајле и тоа е. Не треба да бидеме жртви, туку возрасни особи што свесно одлучиле икс работи за своето дете.

    За БЛВ јас иако терам парчиња, знам да дадам и готова каша од маркет. Нема сега да ги спорам бенефитите само зошто јас 2-3 пати неделно немам желба и воља да готвам и да го чекам 2 саати да се дојаде. Едноставно се снаоѓам во околностите кои што ги имам.

    Исто и за градинка. Немојте да мислите дека и ние што ќе ги пратиме на 1 год или и помали не боли уво за децата. Едноставно најчесто немаме избор и сакам да верувам дека на моето дете ќе му е убаво и сите бенефити што ги нуди градинката.

    Дај олабајте се, никој не ви го живее вашиот живот. Сите си носиме различно куферче на плеќи и правиме најдобро што можеме. Ниту ад, ниту каша или парчиња, ниту градинка или баба нема да го оштетат детето. Ама мајка што нема никаква самодоверба и дозволува форумски анонимни ликови што може што си сакаат да кажат анонимно и ни 5% да не е тоа вистина не смее да ви ја реметат самодовербата. Вие си го сакате вашето дете највеќе на свет, јас си го сакам моето највеќе на свет и не сме совршени, само сме обични човечки битија што се во улога на мајки. Опуштете се, гушкајте си ги децата, љубовта што ја осеќаат од вас ги гради многу повеќе во личности од било што горенаведено.

    И свртете ја темата малку на поведри теми. Иде пролет, ќе бидеме по цели денови надвор. Има прилики да се дотераме, да ставиме штикла и да пиеме по некое коктелче. Па да се вратиме дома пак на бушавите пунџи и исповратените пижами. :d:
     
    На Lidija1990, Lostinparadise, reliable и 25 други им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.571
    Допаѓања:
    207.279
    Пол:
    Женски
    Постарите генерации почнувале со парчиња, сигурно каша не правела баба ми да го храни татко ми, во тоа сум 100% сигурна.
    Почна тоа со готовите каши, миксерите и блендерите, 60ти години на минатиот век, кај нас подоцна. Ако бебето само одбива текстура, всушност и не е спремно за јадење. А препорачливо е храната да има текстура, за да се научи да џвака, што е основа во почетокот на дохраната кај доенчиња.
    За џвакањето, проблемот со фиксните и останатото, мене не мораш да ми објаснуваш, барем учев за тоа и знам што е причината, а кашите се голем проблем, факт, бидејќи џвакањето е главен фактор во развојот на вилиците и правилното поставување на забите, и покрај генетиката. Генетика можеби е до 40%, останатото драга моја е до неправилните навики, неправилното дишење, неџвакањето, а со тоа и неправилното, инфантилно голтање.
    Не си свесна колку млади луѓе секојдневно во пракса гледам дека имаат инфантилно голтање и на свои 30-40 години.
    Што мислиш, од што е тоа?
    Секојдневно мајките ги советувам да не даваат каши, оти лечењето на последиците е скапо и долготрајно.
    Па сега, ако сакаш да фрлаш пари понатака, мисли си дека џвакањето не е важно.
     
    На naturally, 1209, azelea и 4 други им се допаѓа ова.
  20. WonkaMonkaa

    WonkaMonkaa Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2024
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто само се препукувате на тема оделе во градинка или не.. секој си знај за себе како му е и според тоа ќе одлучи што да прави со своето бебе/дете.
    Во иднина ако се начекате/запознаете со фамилија со дете/деца што пратат спротивно од тоа вие што правите пр. ги пуштаат во градинка или не.. зарем би им кажале леле извинете ама вашете дете оди/ не оди во градинка.. и ние затоа нема да се дружиме со вас оти многу е диво или дружољубиво детето не...
    Не се замарајте живејте си го животот како што вие сакате.