1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. WonkaMonkaa

    WonkaMonkaa Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Тема одмор сигурно ќе биде Грција во септември.
    Тема намалување на кг. Неколку години пред да се породам бец над 80кг. Останав бремена со 86 се породив со 92.
    Бебка е 8.5 месеци јас сум моментално 69кг:whew:.
    Ни јас не можам да си поверувам, сите тесни алишта кога останав бремена ги донорав и мислев дека никогаш нема да намалам на кг. Ппследниве 4 месеци бебево преку ден не ми спие дома.. само се шетаме за да има две дремки надвор секој ден сме по 12-17 км излезени, јадам одвај по еднаш и тоа е.
     
    На Трагедијаупмм, fragaria и Ladyme им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.494
    Допаѓања:
    68.973
    Пол:
    Женски
    Совршена си. Секоја лоша мисла што ја имаш за себе доаѓа од него и неговото однесување. Ни за секунда да не се мислиш за тоа.
    Ќе бидам брутално искрена, ама жал ми е за сите вакви ситуации, сите мајки вака оставени сами на себе кои на крајот пак мислат дека нешто не е во ред со нив.
    Не.
    Не е во ред со мажите што не сакаат да прифатат дека нештата се сменети, дека имаат одговорност. Сакаат да бидат татковци на хартија, без всушност да го носат својот дел од одговорноста. Им одговора жената све да работи по дома, дома да имаат семејство, а надвор да се однесуваат ко да немаат семејство.
    Знам дека се жалите само, ама да знаете (иако верувам дека знаете длабоко во себе) дека не е во ред, не е нормално, и нема оправдување.
     
    На jagoda777, Трагедијаупмм, Guns N` Roses и 3 други им се допаѓа ова.
  3. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.328
    Допаѓања:
    40.643
    Пол:
    Женски
    Градинка или не
    Доење или АД
    Баби или дадилки
    Најмајки или Немајки

    Сериозно се ви е тема за пукање?
    И коментариве АмА СЕкОј МоЖе АкО СакА , а ако не може да ја запалиме на плоштад пошо нели некој таму така рекол |(

    Уживајте у мајчинството и бебињата и гледајте си да не ви дојде нешо на глава по кое шо сте мавале дрвја и камења зашо не сме сите исти. :)

    Јас меркам карти за Германија - тема одмор :D
    Тема мајчинство - Бубањ :rofl:
    Вртам ко на центрифуга да сум ставена :D Едвај чекам топличко за по дома да не се прибереме со рашетаркава :D

    Мала принцеза имам по дома, се е Розево - мајка повраќа од розевата боја ама за мерак на ќере розеви протези имам акнато. :D
    А кога не е во принцеза филм, прав диносаурус :rofl:
    Многу е лутка, многу се учиме за справување со емоции и не секогаш е баш успешно ама се трудиме.
    Множина зашо и ние учиме покрај неа. :$

    Друга тема - научив како да ги пуштам работите од контрола 8)
    Живи сме, здрави сме - друго ништо не ме интересира освен да бидам најдобрата мајка за совршеноста која ја родив :inlove:
    Јас сум нејзиниот идол, таа е мојот. :l:
     
    На Трагедијаупмм, merriel0, fragaria и 6 други им се допаѓа ова.
  4. angelce23

    angelce23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    166
    Искрено. Не е така
    Мојата историја е дека сестра ми беше (и сеуште е) тешко повредема во пожарот во Кочани. Се деси додека јас бев трудма и цела моја бременост беше со стресови нервози плачки.. во 9тои месец трудна одев секој божји ден во болница кај неа и покрај сите ризици и предупредувања од докторите за можните инфекции и бактерии јас одев пошо ми е сестра родена. Додека бев трудна среќа се помина добро бременоста јас се осеќав нели колку можам добро. Ее од кога се породив друга приказна.
    тогаш ми надојде се наеднаш, се што сум трпела цели 6 месеци заради сестра ми во себе се излезе надвор. Тешка постпородилна депресија која траеше до пред месец дена, тага осаменост... моите не можеа воопшто да помогнат затоа што и беа потребни на сестра ми нормално. Мм беше со мене фала му на бога цело време инаку не знам што ќе беше.
    Јас имав ОГРОМНА желба да дојам и во болница супер си доев докторите рекоа со доење само да си продолжиме. Е дома друга приказна. Рагади ненормални, маститис, бебе што цица и после плаче значи гладно или не знам. Јасна 1000 пати ја викав, нема нешто што не се напив за млеко. ЏАБЕ. Болките не поминуваа, преинтензивни болки за кои на никој не му беше јасно зошто кога бебето имало добар фат. Не се откажав и покрај болките пак и давав да цица, плачев секој подој рикав од болка ама не се откажав.
    Отидовме кај матичната и она вика абе мајка имаш млеко знаеш тргни ја формулата (пошо бевме на комбинирано тој период). Готово викам супер само ке цица. Да да цел ден на цицка, не прекина до плачење, мочаше само еднаш. Викам готово ке и дадаѓ АД ако испие значи прегладнета е. Испи 120мл тој ден за прв пат. И толку реков веќе не ја мачам, најважно ми е детето да ми е најадено отколку гладно заради мојата опсесија со доење.
    Така да плс не објаснувајте многу дека можело ако се сакало доволно пошо не знаете која мајка низ што проаѓа и прекинете да набивате грижа на совест на мајките што не дојат.
     
    На EarthFire, Tulip023, Merten и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.735
    Допаѓања:
    19.806
    Ич да не се замараш. Јас така со првото исто што викаш со рагади со крвишта битно било да цица ајде добро... се изнамалтретирав мислам и тоа допринесе психички да паднам повеќе. Прекинав и премина на ад, се препородив.
    Второво уште во болница реков нема шанси, ќе биде на ад и ми дадоа таблети за да не ми дојде млеко иште во болница. Реков нема шанси низ таа траума да поминувам.
    Знаеш зоштпќо порано било лесно и лесно им одело? Дома 5 деца цица некое од 9-10мес и плус бебево и затоа не им се правеле проблеми имале мкеко, не се затнувале. :D
    Сите ме осудија и прашуваа дали цица? И на сите истото Не по мој избор е на ад.. има полоши работи во животот, вие да сте здрави и живи тоа ќе порасне дали цицало или пиело адаптирано млеко:l:
     
    На beachedd му/ѝ се допаѓа ова.
  6. fragaria

    fragaria Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    1.002
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден слично пишување имав :|
    Арно што си се изолира јас згрешив што ги пуштив на почетокот тука да ми се маткаат сите да
    ' помогнат ' т.с. не сите двете баби
    И пуштив и гости не по моја желба
    Оти добивав коментари во стаклено ѕвоно дека го чуваме
    А после кога се разболе погодете кој дремеше цела вечер буден со топломер и сл
    Дополнително притисок само, покрај реално што малку беа од помош, особено дека се мачев со доењето, ама да помагаше мм ми немаше апсолутно никаква потреба од нив
    Бидна
     
    Последна измена: 29 март 2026 во 19:07
    На jagoda777 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. fragaria

    fragaria Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    1.002
    Пол:
    Женски
    Не само длабоко во себе туку сум свесна дека не е во ред и дека е на почетокот сега пробувам комуникација зборам но некако малку има ефекти тоа
    И не помага дефинитивно мешање од страна на неговите кои упорно зборат дека не се мешаат и демек вие сами а уствари се мешаат и тоа некако е подмукло реално
    И мажите не се деца треба да си постапуваат како возрасни малку повеќе
    Но ете не се свесни за жал
    Само ок, се зборува, се даваат шанси но не може до недоглед

    Лошо е што ( барем во мојот случај) од како се породив почнаа ваквите испади
    Тоа е тоа
     
    На jagoda777 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  8. fragaria

    fragaria Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    1.002
    Пол:
    Женски
    :o
    Оооо браво
    Значи да шетаме кога ќе стопли
    Јас останав бремена со 70-72
    Денот пред пораѓај 82
    денот после пораѓај имав 76 а со доењето или до хормони не знам што е сега 86
    Никогаш не сум имала над 78-80
    Не се поднесува ова

    Се надевам дека ќе се симне со шетање сега да стопли ако не може да си проверам тироидната или не знам што оти не јадам нездрава храна не знам како се подув вака
     
  9. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Од никогаш не можев да ги сфатам тие кои викаа дека адаптирано е полесно од доење, како бре полесно, вадиш цицката јас спијам тоа цица и двата рајат, вака спремај вода од вечер, па лади ја па во термос па дозерки па миј шишиња, па стерилизирај на почеток, и сето ова во ноќни сати.
    Еве на комбинирано сме ние од 4 месец некаде, додуша давам само два пати, еднаш наутро и еднаш пред спиење ама претешко ми е, сега периодов е полесно малку, си имам предвреме се спремно и подготовката ми трае минута не цела, му го даваш шишето на бебе, си го држи само и си пие во легната положба, ама проблемот е шо заспива а кога ќе го станам да подригни се расонува и после заспивање шашма, за наутро зборам
     
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.259
    Допаѓања:
    38.562
    Пол:
    Женски
    Ги доеле до 2/3 години (па и повеќе) а потоа директно манџи.
     
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.427
    Допаѓања:
    9.162
    Пол:
    Женски
    Колкаво е бебе? И зошто воопшто ако е поголемо да подригни?

    Мислам од кај 2-3 месеци грчеви од кога поминаа, не сум станувала дете ни под разно, а пиеше и ноќе млеко и пред спиење.

    Ова ептен ако е со рефлукс или некоја слична состојба може треба ама инаку не гледам причина или бар јас не сум го правела тоа.
     
    На Peperutce6, EnaEnA30 и jagoda777 им се допаѓа ова.
  12. WonkaMonkaa

    WonkaMonkaa Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Јас искрено во овие 5 месеци 5 пати дали немам излезено.. ако чекав да се затопли немаше ден да излезиме:D
    Живееме во Германија и е свежо, ама ништо не не спречува.. со добра облека и во количка во корпата сеуште ја користиме за спиење:lol: Добро е што не дува силен ветер овде кај нас па можиме да шетаме секој ден
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.226
    Допаѓања:
    18.933
    Пол:
    Женски
    ама не секогаш да успееш да доиш е среќа, јас пишував поназад, многу бооолкаа, солзи, непреспиени ноќи и труд и пари дадов за да научам и не сакам да се мерам. ЈАС сум го избрала ова и сум избрала да го поминан тој пат зошто јас тоа го сакав ама цицање по дифолт не значи дека мајката и е сјајно и не може да е во депресија
     
    На Marijanche33, EnaEnA30 и lala15 им се допаѓа ова.
  14. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.226
    Допаѓања:
    18.933
    Пол:
    Женски
    Вадиш града и толку? А што мора да пазиш што јадеш, да внимаваш да се хидрираш и да бидеш како да го качуваш Водно после секое маратонско цицање? Моето бебе 3месеци цицаше на 40мин, саат. Така да не продавај приказни кога не ни беше мојата првична објава за вакви работи. Си има се плус и минус ама да те правад луд ако доиш според мене е Да најискривена вредност
     
    На EnaEnA30 и lala15 им се допаѓа ова.
  15. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    1.351
    Пол:
    Женски
    Ако го прочиташе и моето мислење ќе видеше дека и јас истото како тебе го поминав. Никој не оспори ничив труд, но тоа што го цитирав погоре е безобразно и тотално бесчувствително
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    459
    Допаѓања:
    896
    Пол:
    Женски
    Искрено не планирав да вратам на никој но ова ме извади од такт бидејќи тврдиш дека сум безобразна и бесчуствителна, кога не ни ме познаваш, не знаеш низ што сум поминала, какви турбуленции сум имала со доењето и постпартум и сум давала и комбинирано ад со доење, знам колку е мачно се, сакав да кажам дека доењето е жртва што не секој може да ја даде, едноставно тоа е факт, некој сака, а не може, има исклучоци, има и мајки што не дојат по своја волја, не осудив никој, секој си знае за своето дете, но секако треба многу жртва. Ете тоа сакав да го кажам, кој како ќе сфати си е негово.
     
    На Anie93 и Merten им се допаѓа ова.
  17. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.828
    Допаѓања:
    5.919
    Пол:
    Женски
    Секој може во све да успее, ако сака. Е вака имаш пишано. Што не е добро напишано, затоа ти пишале. Има многу што сакаат ама не успеале. Не дале помалку жртва од тебе или другите што дојат. Тоа е поентата на целиот муабет.

    Се одјавувам, џабе не ви ги бива ни муабетите, ни човек може да најде нешто позитивно на форумов во овој дел. Мн исфрустриност.
     
    На Cvetce_, Merten, strelec231992 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. angelce23

    angelce23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    166
    Начинот на кој што го кажа лично мене ме извади од такт затоа што таа тема ми е "чувствителна".
    Не значи дека ти ако ди успеала и дека сите ќе успеат. Верувам дека сите мајки овде што пробале да дојат или дојат МНОГУ ДОБРО ЗНААТ која сила психа жртва итм треба да ја имаш за да доиш. Не секоја успеала не по нејзина вина. Така да нема потреба од такви коментари "секој може ако доволно сака". Ок е сите мајки сакаат бебињата да цицаат од нивното млеко што е создадено за бебето ЛОГИЧНО.
    Се напнав поошо ова да го прочитав во времето кога очајно се трудев да дојам по секоја цена ќе ме погодеше многу и уште толку ќе ми влијаеше на психата. Значи тука има нови мајки што се обидуваат и мачат да дојат ине им требаат талви комемтари.
    Или дадете поддршка или не пишувајте ништп. Тоа е исто како она "ако немаш нешто убаво да кажеш, подобро ништо не кажувај".
     
    На Guns N` Roses, Merten и Tulip023 им се допаѓа ова.
  19. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    8 месеци, не знам така ми е зацртано декс треба а и мајка ми насекое ми вика нека ждригни оти ќе ти се разбудва, а и ждрига како голем откако ќе јади, после млеко веќе да не прајме муабет, ама во право си знајш, ќе пробам да не го подригнувам
    А да напоменам дека кога правевме инхалации на болница докторката ми рече обавезно исправено да го држам после доење, јас и викам тој бара цице насекое ноќта некогаш не се ни будам само вадам града и продолжувам со спиење, не ми вика 20 мин исправен држи го, нема проблем реков хахха, оти некогаш додека цица како секрет да има пушта звук а чисто носето, си велам од млекцето да не му е
     
  20. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.867
    Допаѓања:
    10.444
    Леле пак со доењето. |(|(|(

    Раѓањето и некој период после раѓањето е само по себе хаотично физички, психички, физилошки и на секој друг можен начин. Дополнително, секоја компликација и пречка поврзани примарно со бебето прават многу тежок притисок, особено за мајки со прво дете. Ај дајте ве молам олабавете. Можеби ќе чита некоја мајка породена скоро, тотално не потребни муабети.

    Едно е да се дават совети за доење/ад ако се потребни и прашани. Друго е да си ги мериме силите.

    Ако некој ве осудува, нека се гонат у бииип. :wasntme: Ако осудувате вие, исто и за вас важи.


    On the other hand, па мајки каква е оваа убавина и радост после година време имање дете. Верувам дека после 5/10/15 е поубаво. Ама јас едно имам, година време е, и до тука сум искусила. Која убавина од живот. :inlove:

    Му викам на маж ми вчера дека сигурна сум дека ова ни се најубавите периоди општо во животот што ќе ги имаме, ама не сме свесни.

    Дете - живо, здраво, среќно цвеќенце. Нашите живи и колку-толку здрави. :D Ние уште млади и изморени до трт хаха, ама битно стануваме и легнуваме среќни и задоволни од животот што го имаме и се' што сме успеале да направиме во него до сега.

    Како меден месец некако е, не знам. Или јас така го доживувам. Да имаме дете било единственото нешто што ни фалеше, а не сме биле свесни колку многу фали.

    Заљубена сум во ќерка ми, маж ми никогаш повеќе не сум го сакала.

    Детето буди емоции и љубов за која не сме свесни дека ги имаме во нас.
    Дефинитивно мајка да се биде е благослов, благодарна сум секој ден. И сите што си сакаат, да го дочекаат истото. :l:

    И без гајле - доеле или не, што и да биде, не ве прави повеќе или помалку мајка. Гушкајте се по дома, сакајте се. Детето да биде научено на љубов, спокој, радости, почитување.
     
    На 1001Ana1001, WonkaMonkaa и Peperutce6 им се допаѓа ова.