Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.568
    Допаѓања:
    19.715
    Пол:
    Женски
    И мене некогаш така ми прави звук како засркнат како во нос да има течност си мислев млекце е ама испадна носот полн роа еднаш ми се деси и извлеков со аспираторот мрсули еден тон
     
  2. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.395
    Допаѓања:
    2.049
    Пол:
    Женски
    Нема мрсулчиња, и на болница со то црево му пикнаа внатре мислеа има ама скроз чист беше
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    859
    Пол:
    Женски
    На тема чуство со дете кога ќе наполни една година...леле...првиве две недели беа сон.Љубов.Абе гушкалче на мама толку многууу уживав секој момент.Сега сме неколку денови пред 13м.Бебуш прооде ама кај е токмак у одењето уште па зима сила трча...Се потепав трчајки.
    Инает и тантруми ако нешто не му дадеш и му земеш.Ау на моменти секое влакно од коса ми крева...ама па леле кога ќе му кажам дојди гушни ме како патче такво опа цупа и ме гушка.На дремки се научи од ЕДНАШ што се случи да му се насмеам сега секоја дремка седнува и чека прво да се смееме па да легне
    Ајде мајки на бебуши 13м и погоре што ме чека во следен период во животов?
    Ме плаши што не прави чао,а браво преретко.Не кажува мама ,вика деде баба ама без значење и си вика писка.А кога ќе го прашам кај е баба или кај е тато ги покажува со прсте или оди до нив и вика Ее!

    Одмор не знам дали ќе тераме со бебуш...едно искачање ми е хаос со трчање без престан.Не знам дали ќе ми е одмор или замор поише.
     
    На fragaria, КаринаТ, WonkaMonkaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.706
    Допаѓања:
    18.530
    Пол:
    Женски
    Зошто и на кого се објаснуваш.
    Членката како медицинар што треба да биде најголема поддршка, ги осуди мајки што од мал милион причини не можеле да дојат, а се труделе, сакале, но ете секоја доенечка приказна не е успешна и тоа не зависи само од мајката секогаш.
    На крајот на краиштата па кои сте вие да кажете некој што да прави со сопственото тело и како да го храни своето дете, сериозно, од кај си давате такво право.
    Ексклузивното доење го направивте сензација, а не како нешто што си доаѓа спонтано и природно, ако доите вашето дете го доите, а не на комшиката и не знам што очекувате аплаузи, ракоплескање, благодарница, на кого му е реално гајле дали го доите сопственото дете.
     
    На Emy867, Aschenputtel, Miss666 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    990
    Пол:
    Женски
    Во ред, им се извинувам ако сум те погодила во чувствителна тема на тебе и на сите кои ме нападнавте, ме извреѓавте и ми посакавте не баш убави работи. Се надевам дека еден ден ќе ме разберете што сакав да кажам. Се надевам дека ќе гледаме малку пошироко и ќе се обидеме се да ја разбереме и другата страна.
     
  6. angelce23

    angelce23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    231
    Никој ништо не ти посака ниту те извреѓа... барем јас не го направив тоа. Само го искритикував тоа што го напиша и ја кажав мојата приказна.
     
    На lala15 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Ве читам само и си викам не пишувај ама стварно претеравте со токсичност па морав да пишам. Ваљда хормоните ви се ептен изреметени постпартум па доаѓате во темава да се испукате за да ви олесни на душичката.

    Жал ми е за сите членки кои беа изнавредени од коментариве последниве денови, а и за сите членки кои осеќаат некаква потреба да се докажуваат и правдаат на ликови од форум. Место да си ја насочите енергијата кон децата и остатокот од фамилијата и домот, вие дремете тука на форумов и се објаснувате.

    Дојам 11.5 месеци, сум дала и ад понекогаш, земав неплатено 3 месеци после породилно да ја чувам, ќе ја пуштам во градинка на година… Не мислам дека треба тука да се објаснувам и правдам зашто сум одлучила така за сите овие работи. Сигурна сум во своите одлуки и тоа е тоа. Подзапрашајте се дали и вие сте сигурни чим морате да давате отчет на други мајки?

    Се одјавувам и јас од темава на некој период, стварно ми се смачи од сета токсичност. Не дека бев активна пишувајќи ама и самото читање ме полни со непотребна негативна енергија. Бидете ми поздравени.
     
    На Delilah90, Eho, Simon4e0507 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.568
    Допаѓања:
    19.715
    Пол:
    Женски
    ама што е навредливо или не е поддршка што кажав дека има жени што лажат дека немаат млеко? Сум видела такви. Не прекинуваат сите ради психички проблеми и слабост. И што е лошо тоа да се искоментира?
     
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.404
    Допаѓања:
    41.565
    Пол:
    Женски
    Тоа шо не е ни твоја ни моја работа дали некоја лаже за сопственото дете и извини на израз - сопствените цицки.
    Не е твое бебето, не е мое да ми е гајле дали некоја дои и плус ако не дои ОТИ ОНА ТАКА САКА да земеме да ја коментираме.
    Не е ок, како да ти кажам. Се мешаш у туѓите цицки :)

    Арно бе ми рече некој да не пишувам. Кај се запустив.
    Ај да гасам нотификации од темава најарно.
     
    На Aschenputtel, LizzyGrant, Moon lovers и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.568
    Допаѓања:
    19.715
    Пол:
    Женски
    пошо на темава и форумов се е лично за себе демек па не се коментира ништо друго. Божее :D
     
  11. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.327
    Допаѓања:
    14.505
    А што ти е тебе гајле?
     
  12. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.629
    Допаѓања:
    16.009
    Пол:
    Женски
    Со се се согласувам многу често со тебе, исто и со постов освен со делов за фокусот за мајката. Мора да има фокус на мајката, постпартум периодот е претежок, и тој фокус помага да не западне во постпородилна депресија, најчесто зашто не добиле фокус и не си дале сами на себе, многу жени страдаат од постпородилна депресија.
     
    На Anaroz1, LadyR, Guns N` Roses и 3 други им се допаѓа ова.
  13. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.486
    Пол:
    Женски
    Да се слагам ако фокусот е ставен на закрепнување, поддршка и топли оброци. Коментирам за оној негативен фокус на социјални мрежи дека треба што побрзо bounce back. Да немаш стомак, да немаш целулит, да немаш стрии. Мајки што изгледаат ко модели 40 дена пп. А ти на прво прашање зошто имаш таков апетит добиваш одговор зошто доиш. Па тука автоматски нема поддршка туку лажна слика дека ти со бебе од 3 недели пиеш кафе во парк па вежбаш стомачни и склекови. А јас првите 3 месеци бев дома на кревет и по цел ден со бебе на цицка. И со пореметени хормони и те како мислев дека зошто дојам нема да се вратам на себе, дека “доцнам” со нешто. Е тој фокус не чини. И тие притисоци највеќе водат до изолација, анксиозност и депресија. Сега после 9 месеци скроз ми е јасно дека доела или не, хормоните се такви, процесот е тој. Ама со прво бебе на почеток многу лесно бев под влијание на тој маркетинг. Инаку неспорно дека треба грижа за мајката и дај Боже што повеќе жени да ја добиваат во вистинска смисла.
     
    На Mother of 2boys, Надеж♥️, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    2.157
    Многу е лесно на форум да се протолкува погрешно напишаното и да се оди во екстрем. Секој си збори од своја перспектива и од впечатокот што го добил од својата околина. Мислам дека ја разбрав @Anie93 и не сфатив дека збори за мајките што се обиделе да дојат ама заради х причини не успеале.
    Јас уште немам искуство, очекувам да се породам за брзо па ќе ве дружам почесто на темава :inlove: Ама ставот ми е дека сакам да дојам, мое е да се едуцирам на темата, да се потрудам и се надевам ќе биде успешно. Секако не по секоја цена, и ако сметам дека веќе негативните работи ги надминуваат бенефитите од доењето, би преминала на АД, да сме здрави и живи, ништо страшно.
    Ама сметам дека сите кои немаме некои вистински пречки треба да се потрудиме и да дадеме шанса на доењето додека можеме.
    И ова е мој генерален став, на никој не сум му отишла дома да му кажувам што да прави.
    Ама некогаш се се сфаќа лично, човек стварно да не може да си каже мислење. Се некој ќе се пронајде. Нема потреба.
    Мислам дека ни требаат повеќе постови на темава како последниот од @LadyR :sun:
     
    На Simon4e0507, Milkiway, LadyR и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.693
    Пол:
    Женски
    Пред да го пишам моето мислење подолу ќе кажам дека не осудувам никого и имам пробано и доење и давање ад - и двете се подеднакво тешки на различен начин и секоја мајка има право да одлучи што е најдобро за неа и за најзиното бебе.

    За жал на неполн месец успеавме да завршиме хоспитализирани 5 дена на детска клиника и за тие 5 дена ни сменија 3 соби. Во сите соби кајшто бев сместена ниедна мајка не доеше поради различни причини и на 3 саати им носеа ад. Јас бев упорна и не сакав да земам ад иако на почеток особено првиот месец очигледно се мачев ми немаше целосно надојдено млеко па таа упорност ја платив со неспиење, будење и цицање на секој саат, седење на града по повеќе од саат време итн. Па така ниту една соба кајшто бевме сместени немаше бебе што почесто се буди, плаче и бара да јаде од моето - си викав како може моево баш да е најплачливо и да не ме остава да поспијам ни еден саат. На другиве ќе им дадеа формула и после гласот не им се слушаше барем 2-3 саати навечер, си спиеја и бебињата и мајките а денски мајките си излегуваа да си пазарат да си купат кафе - јас 5 мин не можев да го оставам зашто не спие, а навечер срам ме јадеше што само моето плаче и се буди често зашто млекото очигледно не го држи доволно. После некој ден се предадов зашто бев пред нервен слом и му дадов ад и одма се потсмири повеќе спиеше. Ама кога се вративме од болница реков ќе бидам упорна зашто секаде читав дека некогаш треба повеќе време за да надојде млекото. Дури после 2 месеци се средивме па имаше доволно млеко за цицање и почна да поспива, а и сега некогаш знам да му дадам ад кога е ептен гладен или во моментот моето млеко му е малку или сме излезени. Па ако сме надвор и спремам ад во сличај да му се јаде топли вода ставај во термос па мери точна доза па дезинфицирај шише, па водата се изладила дури да му го направиш итн. Значи се си има предизвици и затоа не си ги преиспитувајте одлуките зашто никој не може да влезе во вашата кожа и да знае подобро од вас па наместо тоа уживајте во овој период зашто колку и да е тежок не се враќа.
     
    Последна измена: 30 март 2026
    На EarthFire и forumce им се допаѓа ова.
  16. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    3.385
    Пол:
    Женски
    Истово го зборевме со маж ми пред некој. Што сме правеле викам без неа до сега? Секој ден глупости прави, не смее до солзи и се повеќе разбира и поинтересна е.
    Секој ден и кажувам дека ја сакам по милион пати, толку емоции убави во мене имам што не знам како да ги искажам, сакам нонстоп да и кажувам и пак ми е малце не знам како да објаснам хахаха. Па тоа гушкање бацување нема крај. Иначе она е заљубена во маж ми, го гали за лице го бацува, ако сме во просторија со повеќе луѓе му се качува во скут и го гушка демек мој е не го давам. И викам ало женска прво мој беше. И мене ме турка кога го гушкам и се љути, па скришно низ дома се гушнуваме хахаха.
    Кога ќе заспие ми е најубаво, уште еден убав ден поминат, си легнувам со маж ми на топличко си се гушкаме, она спие спокојно, мераци..
    Вчера бевме излезени без неа, ми фалеше малце да пивнам да се опуштам, да се возам напред во кола :bandit: Некако најтежок период (во смисла на најзахтевен, со премногу обврски, 0 време за себе, без одмор) АМА најјјубав период што сум го имала во животот.:sun:
     
    На EarthFire, Simon4e0507, Eho и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.706
    Допаѓања:
    18.530
    Пол:
    Женски
    Мене ми е крајно безобразно и да прашам дали некој дои или дава ад. Мои другарки пред мене имаа бебенца, едната доеше подолго до година, другата 3 месеца, ниту една никогаш не сум ја прашала што, зошто, како, иако сме многу блиски, затоа што сметам дека тоа е многу лично, исто никогаш не ми наметнувале нивен став, а секогаш биле тука за помош кога и да требало. Може до мене е, еве не знам.
     
    На Aschenputtel, Simon4e0507, Baby warrior и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.568
    Допаѓања:
    19.715
    Пол:
    Женски
    Јас имав така другарки што не знаев како ги хранеле децата освен ако не сум видела ама знаеа дека јас пробувам да цица и сите почнаа во детали да ми раскажуваат помагаат, исто и јас на сите после мене што се породиа им кажував совети, помагав дури и со на мм другарките ид друштво на тел бевме цело време и сите меѓусебно ептен си споделуваме за децата и си помагаме. И баш баш детално и лични раб сите си кажуваме меѓусебно.
     
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.169
    Допаѓања:
    192.043
    Пол:
    Женски
    Ова е точно, и посочувањето на истото не е погрешно во никој случај.
    Никој не збори за оние кои упорно се обидувале и од некоја причина не успеале. Се коментира онаа што по своја воља не ни пробала.


    Сум пишала и претходно, сори нат сори ама доењето не е избор на мајката, туку доењето е право на секое бебе да го добие.
    Сте пробале? Не сте успеале? Дури и да цицало една недела или месец за бебето е пак голем успех. Оти бенефитите од мајчиното млеко се незаменливи. И вие не треба да се чувствувате прозвани овде.

    Да расчистиме некои факти.
    1. “Најдобро е нахрането бебе” е најголем буллшит што може да се прочита онлајн последно време. Може да е нахрането и со смоки и кока кола, дали е уште најдобро? Не. Се знае што е најдобро за бебето. Едноставно е. Не сте успеале никој не збори за вас, ама не може ниту да се игнорира фактот што е најдобро за бебето.
    2. Друг исто голем буллшит. ДоЕњЕтО мНоГу сЕ фОрСиРаЛо. Хехенце. Каде? Муабетот од комшиката или форумов ви е форсирање? Не. Формулата се форсира. Бомбардирани сме од реклами за формула, секое испуштање од болница е со совет да се дава дохрана иако во најголем број случаи нема никаква потреба од истото, по секој плач на бебето коментарот е - гладно е, немаш млеко дај му дохрана! Сегде каде сум регистрирана за подароци за новороденче ми пратија формули. |(
    Доењето од друга страна и те како е потребно да се форсира, оти многу често многу лесно мајките се откажуваат од него. Неедуцираноста за бенефитите од мајчино млеко за бебето а и за самата мајка прават штета само на вас.
    3. И друг голем буллшит, “си имала среќа да доиш”. Како па да не. Доењето е еден од најзахтевните и најголемите предизвици со кои една нова мајка ќе се соочи. Бара многу трпение, многу упорност, многу конзистентност, одлучност, неспиење, кластер хранење, таткото не може ноќе да преземе 2-3 доења оти тоа е ексклузивна врска меѓу мама и бебе, нема мајка што кога била со мастити, рагади, рани и крвишта не и дошло глава од ѕид да лупне од болка и на раб да се откаже. И тоа не смее во никој случај да се препише на само “среќа”.
    Посочувајќи факти за доењето, во никој случај не го минимизира вашето лично мајчинство и нема потреба одма да се осеќате тригернати и нападнати.


    Гледањето деца е многу некомфортно и денеска многу изолирачко. Немањето село и недоволна поддршка дома си го зема данокот. Се повеќе мајки од стрес губат млеко, се повеќе мајки се борат со ППД и излез бараат и наоѓаат обично за жал подалеку од бебето, а не би смеело да е така. Потребно е итно инсталирање во здравствен систем, задолжителна психолошка поддршка за сите нови мајки, од самиот процес на бременост и според дополнителни проценки колку што е потребно по пораѓај. На глобално ниво ова недостасува. Вака или така на некој начин сите страдаме во одредена смисла по пораѓај.

    И не, темава не е само за реинбоус енд батрфлајс. Темава е и за отварање и некомфортни теми, за дебати и аргументи, за се со што новите мајки се соочуваат. Оти ППД многу често се случува од погрешни очекувања по пораѓај и кога ќе те лупне реалноста со ново бебе, долг (за некој подолг за некој пократок) е патот до реинбоус енд батрфлајс.
     
    На Hinebrra, mama31, Kom.pot и 22 други им се допаѓа ова.
  20. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    990
    Пол:
    Женски
    Точно и преубаво напишано. Кога ќе ги сфатат предностите на мајчиното млеко и на доењето воопшто наспроти ад, кое содржи состојки како палмина маст и соја лецитин, ќе сфатат за што зборуваш, а другото се е од неедуцираност и рекла-казала муабети.
     
    На mama31, 1209, Трагедијаупмм и 1 друга личност им се допаѓа ова.