1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Немало, ако не знаеле и ако ги раѓале дома, па немале препораки од педијатри. Ете прогуглај ќе вдиш, баш сега барав. И баба ми и дедо ми истото ми го кажаа, дури и името на млекото.
    Edit:
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_2357.png
      IMG_2357.png
      Големина на фајлот:
      394,1 KB
      Прегледи:
      22
  2. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.309
    Допаѓања:
    42.465
    Пол:
    Женски
    Јас имам искуство и со доење и со ад. И многу полоши коментари добивав затоа што првата ја доев до 2г отколку за втората што ја хранев со ад. Ваљда само ад е млеко, мајчиното не се рачуна за млеко.

    Далеку дека во село е роден, баш напротив, сестра и беше акушерка во болницата, мислам дека ни таму немало адаптирано.
     
    На Трагедијаупмм и lala15 им се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.988
    Допаѓања:
    189.970
    Пол:
    Женски
    Имало како не, само не кај нас. Формула има над 100 години сигурно. Немало кај нас. Имам братучед 45 години на кој му требала формула дедо ми со воз одел до Белград да набави. Маж ми е Грк има 41 година и свекрва ми користела памперс и за него и за девер ми 43 год. Јас сум помлада од маж ми и имам 5 години помлад брат, мајка ми за нас пелени тетри користела што се преперуваат оти тогаш уште немало од тие за една употреба кај нас. За жал кај нас овие работи се дојдени подоцна иако во соседство веќе биле наголемо користени.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.965
    Допаѓања:
    27.009
    Пол:
    Женски
    да ама прво ќе го купиш тоа што ќе ти го кажат нели. Јас купив одма доле во аптеката ад и ми стои неотворено и на прва контрола се плашев да кажам дека не сум ни дала зошто знам колку они сакаат децата да се на ад.[/QUOTE]
    Во болница и незнам што и даваа. Јас земав скроз друго. Ме испуштија со тоа имаш млеко мајка. Доаѓа Јасна, бебево нема рефлекс за цицање. Утредента доаѓа патронажна, која буквално 2 саати само доење и беше тема на муабет. Кој ме сретне само доење, доење.
    Месец дена како крава на пумпа бев, до последна капка да извадам да и дадам да пие мајчино.
    Депресија ме здрма. Се додека еден ден не се свестив дека , не е крај на свет ако не дојам и ако е на ад.
     
  5. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.309
    Допаѓања:
    42.465
    Пол:
    Женски
    Па да, за кај нас зборам. Знам дека постоеле во светот и соседството. За нас '92, '93г немало памперси, после некоја година дојделе. Свеки кажуваше во '97 за девер ми веќе имало памперси, нас тетра ни ставале
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.965
    Допаѓања:
    27.009
    Пол:
    Женски
    93 та е сестра ми. Имало памперси, ама скапи биле за тоа време.
    Јас на ад сум растена. Ама ад со рецепта одело тогаш.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.309
    Допаѓања:
    42.465
    Пол:
    Женски
    Не знам. Нас ни кажуваа дека немало памперси за нас.
     
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.988
    Допаѓања:
    189.970
    Пол:
    Женски
    Да така. И на почеток кога се влезени на маркет биле прескапи. Брат ми е ʼ94, на пелени за повеќекратна употреба беше. Кај нас за жал, се доаѓа подоцна.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.442
    Допаѓања:
    8.556
    Пол:
    Женски
    Да јас крај на 94 сум, немало мајка ми вика, не вика скапи дека биле.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.430
    Допаѓања:
    9.166
    Пол:
    Женски
    Како го направивте правењето на Ад, ко ракета за во НАСА да составуваш. Тешко е недела, две додека се влезе во шема. Ни сум мерела температура на вода, ни ништо. Измерено точно дозерки млеко, плус во термос вода, буквално 30 секунди работа.
    А во 2+ години што пиеше дете Ад, па во најмала рака може преку 2000 шишиња млеко сум направила.

    За пред 50-60 години, јас имам слушнато со вода од ориз или од грав дека ги гледале децата, ако не цицаат, ако не сакаат млеко. Или фруктал сокче разредено. И ова не било секаде исто. Во мојава околина повеќето се луѓе што растеле во селата така да ова се нивни сведоштва. Дали имало или немало Ад, ни сум слушнала, ни ми споменале.
    Исто и за памперси, во моја околина и во градов посебно 90тите до 2000та година голем дел од децата се гледаа со платнени пелени, памперсите беа скапи, многу фирми тогаш се затворија, тетрите им беа поевтина опција. Е за ова и од лично сведоштво пишувам затоа што баш тие години веќе бев доволно возрасна да гледам и паметам работи од тој тип, а и во фамилија/соседство имавме 10тици деца.
     
    На lala15 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.965
    Допаѓања:
    27.009
    Пол:
    Женски
    И колешкава со деца како мене е, вика имаше , ама скапи биле.
     
  12. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.430
    Допаѓања:
    9.166
    Пол:
    Женски
    А да се дополнам, знаете најтешко што ми било со Ад, чекаш да поминат 2,5-3 часа или 3,5 додека смееш да дадеш следно млеко. Во меѓувреме дете огладнело или плаче од друга причина. Или било болно, еве на доење што се, пишувате ќе го ставиш на града ќе се смири. За дете што ни цуцла не фаќа, го нема тоа.
    Сме биле и болни и на болница со дете од неколку месеци или година. Е делот ќе помине цел ден на града и ќе биде мирно, го немало. И на болница чекав да дојде точното време за храна/млеко. И дете плачеше и сето тоа.
    За разлика од мене, на другиот кревет мајка што дои, ќе извади града, детето се смирува, бајче. Може и во пракса и кај сите не е така, тогаш јас така сум го доживувала нештото.

    Е тоа и во тие моменти само сум видела тешко. Ни мешањето, млеко преку ден, ни ноќе, ни носење шише и термос на на секое излегува ама ништо од тоа не е мачно кога ќе се влезе во шема.
     
  13. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    1.049
    Пол:
    Женски
    Е јас и ти пред повеќе од 6 месеци имавме мал конфликт на темава. Јас тазе породена, мислам дека ми е лошо само заради доењето од хормони, решена дека ќе престанам за да ми биде подобро и да се вратам во “нормала”. И ти со сличен ваков став ми реплицираше. На прва нели ме повреди пишаното и бев дефанзивна. После кога го препрочитав и пробав да не го сфаќам лично скроз се смени. Исфрлив ад и од 3 месеци детево мое цуцла не знае што е. Го пишувам ова највеќе за благодарност зошто во тој момент да не ме треснеше ти од глава со коментарот сигурно ќе се откажев. Дополнително и откако си го препрочитував твоето напишано сфатив колку сум западнала јас во некоја мизерна улога на жртва. А тоа е најдолното чувство, да мислиш дека си жртва. И си реков не бе Ена, не си жртва, мајка си што си го сакаш бебето најмногу на свет. И ова не е време за “ми тајм” и време за мој напредок туку време да се поврзам со моето бебе и време за нас. Светот може да почека. Па впрочем и државата ме плаќа баш за тоа да го правам. Цел ден на цицка? Нема проблем. Грицки до мене, серија врти. Нема ручек? Ќе нарачам. И од тогаш полека полека почнав да се опуштам во мајчинството. Кога сфатив дека не сум жртва. Не сум жртва што дојам, туку избор зошто тоа е најдоброто и за мене и за моето бебе.

    А овие ваши коментари и препукавања баш идат од иста позиција на жртва. На сите ни е тешко, само зависи како ќе си го сетираш мајндсетот во глава.
     
    На le.soleil, Autumn Love и Kitanova77 им се допаѓа ова.
  14. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    1.049
    Пол:
    Женски
    Имало ад уште во 70тите. На баба ми сестрата не доела бидејќи не смеела да дои од здравствени причини. И двете тетки биле на лактовит. Одело на рецепта и било бесплатно.

    Пелени има од крај на 80ти, почеток на 90тите. Брат ми е роден 92ра и имало и памперс и huggies. Биле скапи точно, не сите можеле да си дозволат.
     
  15. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    4.244
    Пол:
    Женски
    Токму поради тоа и инсистирав и сеуште сум упорна и се борам што подолго бебе да цица. Зашто во секое време би го заменила мојот раат и спиење за раатот на бебето и неговото плачење. Ама па никој не збори која цена ја плаќа мајката со тоа што бебе седи на града цело време - прво со неспиење, после ментално и на крај физички. Само треба малку мајндсетот да си го средиш и да се помириш со фактот дека не чекаш да дојде сонце туку учиш да танцуваш на дождот. Дека не чекаш подобри времиња туку наоѓаш убавина и во тешките.
    И не кажав дека едното е лесно а другото не, туку споделив ние кога бевме во болница што видов. Да било полесно до сега ќе бевме на ад наместо да се бориме веќе два месеци со цицањето. Инаку на детска клиника педијатрите беа ултра упорни да му дадам ад на бебе. Дури докторкта со иронија ме изгледа и од визуелен поглед по големината на градите “заклучи” дека немам доволно млеко (по природа сум доста слаба и секогаш сум имала мали гради) ама ете не сум дала повеќе од 3 недели ниту еднаш ад, а бебе качува на килажа.
     
    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.365
    Допаѓања:
    6.396
    Пол:
    Женски
    Ве читнав колку имав време со болно бебе дома ама стварно безвезе правец фати темава. Што ве погаѓа вас што користите ад што јас или Станка доиме? Скроз и е на место целото мислење на @Yowannty стално ми е по мерак да ја читам зошто е реалистична не зајдена :$ со три деца мајка трезвена.

    Женски јас ја копчам и @Anie93 скроз, она збореше за мајки кои пробале али пошто нема толку солзи со ад ај ќе преминеме со ад пошто сега на светов има тоа, знаеш сите користат!
    лично имам мн блиска другарка што се породи пред месец ипол и ми тврди дека нема доволно млеко навечер па затоа и дава ад пред спиење и преку ноќ а магијата настанува преку ден и градите и се полни па детево цица ли цица. Бев на гости видов со свои очи и и спомнав дека можеби само мисли дека нема млеко навечер… телото и те како знае ден и ноќ и навечер баш се полнат гради затоа наутро ни се потешки на почеток ама од старт ме исече дека она НЕМА млеко навечер и толку точка. Не другарке, мн си ми блиска ама ти нејкеш да доиш навечер зошто некој ти има спомнато дека ад бебиња сврзуваат подолго пошто ние пустите што доиме и не спиеме 10месеци скоро изумревме не нема на светов. И кажав и осетив како се сецна дека знае дека сфатив дека намерно го прави тоа … маж и може да го вози ок, нека, ама јас сум доилка со маки со доенечки штрајкови до 5месеци која ГОРДО и многу свесно дои иако и е мачно ама убаво.
    Моето бебе се буди навечер бара града, моја работа е да и бидам утеха и мајка барем до некое време кога ќе решам дека веќе треба да преминеме да спиеме без цице. Засега моја обврска како и на СЕКОЈА мајка ама баш секоја е да му даде можност и силна поткрепа на бебето да научи да цица.
    Исто како што јас не знаев да дојам така и ќерка ми не знаеше да цица / мнооооогу солзи многу денови тешки ама ексклузивно доев.. што правев и кој се беше вклучен во процесот читајте нананзад мн пати сум пишувала и сум благодарна што мајка ми ме створила ваква упорна.

    И сеа да се вратам на муабетов чаршиски - да не бидам горда што дојам?? Да не кажувам пред мајка со ад бебе дека јас дојам да не ја повредам? Чекајте бе другари, ние сме возрасни жени… кој е овој муабет секој си носи свои битки свои победи и одлуки - ама не секој работел на нештото доволно за да рече ок нема или ок ќе дојам.
    Ај добро доста сеа, темиве за доење ми се слаба страна ич не ми е гајле некој што си мисли јас си знам што поминав и на сите ќе кажам дека вредеше и дека треба да дојат не ме интересира никакви АМА! И една недела и 2месеци да се пак е тоа доенечка приказна која секое бебе ја заслужува по дифолт!

    Што ме погаѓате со темава кога ја освен што ќерка ми е болна прв пат на 9ипол месеци и поминува како зајче / 3дена темп растечен нос и поткашлува сега веќе е во фул форма и беснее само носов и мрсуливе уште да ги решиме се остнаато во животов ми е толку возбудливо и убаво.
    И јас како @Dodo1 и @LadyR не можам да му се заблагодарам на универзумов доволно за ќерка ми како ли ја создаде ваква прекрасна во секоја смисла, смешна, весела, итра, преубава ….

    Доаѓа пролет се спремаме за викенди шеткања па и одмори :inlove: се спремам за отварање на летната тераса, тоа ми е официјален старт на пролет лето секоја година и мноооогу се радувам, доопремувавме некои ствари, редам чистам се радувам :D ние сме семејство што е заљубено во својот дом а најмногу во нашата тераса и од април до октомври живееме на тераса :rofl::rofl: лани летото пошто бевме со мн мало бебе ич не ја изуживав ама оваа година е спремна за проодувањееее и трчање и многу се радувам :rofl:

    Тие што нема да ме сакаат после постов не ми е гајле, и ја не сакам луѓе што сами знаат дека не вложиле доволно за да добијат доволно - тие мајки што навистина искусиле проблем со доење и по икс причини не доеле здрвствено нема да се најдат засегнати, знам пошто ги имам и таквите околу мене, тие се кротки, се осеќаат виновни ( секако дека не треба) и размуслуваат уште сега за второ дете кое повторно ќе пробаат да го дојат иако првото не успеале по некој основ.
    Ај да одам да пуштам едно кафе док спие ќерка ми и да мислам со каков ручек да го изненнадам маж ми :l:
     
    На Merten, angel4444, LadyR и 1 друга личност им се допаѓа ова.