1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    6.427
    Пол:
    Женски
    Да де депресија ќе не мавне сите дека не спиеме сега исто како кога акав по диска до сабајле до 4 и станував во 8 за на факс главна. Жити се, бебе имаме една година, не цел живот, не сме толку кревки створени на светов, жени сме нема посилни од нас.

    Детето ќе си биде здраво живо среќно така и треба са биде ама да не одиме против природата по помал напор, околу мене е преоптеререно со - ај ма што му фали дека е на ад и фрчат препораки Одма за дохрана, без да се посоветува силно и да се седне со мајката да се најде соодветен начин за обиди за доење.
    Само ќе кажам - Алал да и е на Јасна што за 20еур буквално, оди кај секој дома да му објасни што е доење и да намести бебе и да врати на вибер и да се јави на тел.
     
    На Autumn Love, Anie93, Kitanova77 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.363
    Пол:
    Женски
    Недај боже, дојде утре детето твое (тинејџер/ка) и ти каже мамо имам депресија, лоши мисли, итн итн.. ако ваков одговор дадеш немаш ни осет ни емпатија стварно.
     
  3. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.962
    Допаѓања:
    15.220
    Пол:
    Женски
    А зашто да даде жртва? Зашто ти си дала? Па не може сите да се исти.
     
  4. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    6.427
    Пол:
    Женски
    Да де, затоа сите и различни ствари сакаме во живототов, различни ствари постигнуваме, различни ствари имаме
     
  5. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.962
    Допаѓања:
    15.220
    Пол:
    Женски
    Па затоа не очекувај да даде жртва и не ја осудувај. Ти не спиеш, она дава млеко ад за да спие детето според тебе, нејзин избор.
     
  6. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    6.427
    Пол:
    Женски
    Надвор од контекст ти е муабетов за дете да побара помош од мајка ова е нешто лично
     
  7. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    6.427
    Пол:
    Женски
    Муабетот го почнавме од што е најдобро за детето не што е наједноставно тука нема да се сложам никако сори
     
  8. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.962
    Допаѓања:
    15.220
    Пол:
    Женски
    Осуда е, нема потреба од тоа. Ете она го дои преку ден.
     
  9. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    6.427
    Пол:
    Женски
    Сите нешто пренежни преувредени лелееее како родивме сите не знам. Поминав долг пат додека станам мајка и благодарна сум за тоа до небо па ќе дадам екстра напор зошто тоа е природно и нормално не се умира така лесно од доење и од неспиење. Мн потешки работи поминав на патот и ич не е осуда да сме среќни дека децата ни се здрави и живи на сите друго обврска е да го дадеш додека детето не се уцврсти така било и така треба да остане - да ја погледнеме природата како спијат мајките и младенчињата како мајката го заштитува бебето да не стане плен како го грее како го храни итн не треба мн да се мисли
     
    На КаринаТ и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  10. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.580
    Допаѓања:
    18.294
    Пол:
    Женски
    Ах, бе мајки до кај стасавте со мислењава, мртва трка да се докаже која е најмајка оти доела ЕКСКЛУЗИВНО, ама не е тоа само за доењето нели кажавме и претходно, на секоја тема веќе истото е, банално за читање.
     
    На Aschenputtel и Vegegirl им се допаѓа ова.
  11. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    6.427
    Пол:
    Женски
    Јас па баш не мислам дека е трка за најмајка туку го гледам како борба да им се даде на новите мајки опција и мотив да дојат зошто 90% можат!
    Да немав некој да ми рече застани не плачи седни ќе ставиме силиконска брадавица, ќе ја измолземе градата да ти олесни, дај да ти помогнам да го наместиме бебето заедно итн и ја ќе се откажев и знам мн такви примери. Јас ќе бидам поддршка на секоја мајка и со совет и со добра мисла и со утеха и со муабет било каков - како низ форумов така и во приватен живот
     
    На Anie93, Kitanova77 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  12. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.962
    Допаѓања:
    15.220
    Пол:
    Женски
    И никој не те осуди за тоа што го правиш. Не те разбирам што ти е со дрскоста и ароганцијата со леле како сите родивме. Може да намалиш со осудите или да си ставиш во глава дека секој знае најдобро за своето дете, па полесно ќе ти биде.
    Исто може да си ставиш во глава дека не си единствена која поминала таков пат, па и тогаш може нема да осудуваш.

    Токсично е мал збор за тема “ Мајчински муабети”. Срамота.
     
    На Aschenputtel, beachedd и EnaEnA30 им се допаѓа ова.
  13. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.580
    Допаѓања:
    18.294
    Пол:
    Женски
    Бејби, една мајка да дои е најубавото нешто што може да го искуси една жена, мајка, иако сакав да ја дојам што подолго, благодарна сум што имав можност сепак моето бебе барем во првите месеци 4-5 месеци да биде доено.
    Не станува збор за мајки што бараат помош, совет и сл, некои мајки свесно одлучиле дека сакаат да дадат ад, дали пред спиење или било како тие се возрасни индивидуи што самите свесно одлучиле и не гледам причина како некоја мајка што дои(ексклузивно) е засегната од мајкава што дала ад, не можам да најдам никаква поврзаност, пак ќе кажам жртвата ја правиш за своето дете.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    817
    Пол:
    Женски
    Само ќе кажам страшно човек што се ќе прочита од мајка за мајка.
     
    На angelce23, Vegegirl и WonkaMonkaa им се допаѓа ова.
  15. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    6.427
    Пол:
    Женски
    Штознам што да ви кажам, не ја разбираме сите поентата на исти начин. Никаква токсичност нема во мојата мисла дека секоја жена треба да направи се во овој дел од животот околу оваа проблематика. Прајте што сакате, за новиве мајки што не читаат и треба да се пораѓаат од мене советот е да бараат помош ако не можат сами, има начини во 90% од ситуациите. Свесноста за не доење изричито, како избор, јас лично не ја сакам и не сметам дека е исправна али кој ме прашува мене на крај краева.
     
    На Anie93, Annath и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  16. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    1.356
    Пол:
    Женски
    Сакале или не, истава тема се отвора или ќе се отвора на секои 4-5 месеци.
    Туку некој да каже која е добра боја за фарбање велигденски јајца. Прв Велигден му е на бебе и прв пат јајца ќе фарбам
     
    На LadyR, Autumn Love, WonkaMonkaa и 2 други им се допаѓа ова.
  17. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.062
    Пол:
    Женски
    Абе не сте тачни еј. Мизерно за читање станува.

    Има работи што се факт и што не треба да ве навредуваат ако ги правите спротивно.

    А за мајки што дојат и се дуваат ко квасец заради тоа страшно. Ќе пукнете од нарцисоидност. Па тоа го правиме за нашите бебиња, не за да бидеме жртви и да ги убиеме со нарцисоидно пореметување децава. Ај опрајте се. Многу ме интересира другаркиве, вујниве, братучеткиве што си ги трачарите дека не доеле или не доеле навечер дали и во фаца им ги лепнувате коментариве. Или во живо е “ако бе маци, прај што ти е комотно тебе”. Ако очекувавте некој орден да ви даде дека доите нема да се случи тоа. Или за атрибут во дискусија се мачите тука да доите.

    Доењето е само една природна и најздрава работа на свет. Екстремно тешка. Мене како мајка што дои никогаш не ми било посебно уживање ама нема зошто да го гледам ко уживање или не. Процес е. И одењето на работа ми е тешко па не си давам отказ кога ми се спие наутро. Многу работи правиме што не ни се комотни. Животот е пречесто суров со сите нас. И пак стануваме да ги правиме работите. Исто е и со доењето. Тешко е, фак ит. Станува полесно со тек на време. Исто како многу други работи во животот.
     
    На LadyR, Guns N` Roses, beachedd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.108
    Допаѓања:
    7.110
    немав отворено два дена во темава и отварам :drunk: ова е единствено убаво мислење што го видов.

    Иначе, и ние тоа си праиме муабет, што сме праеле воопшто пред да ни се роди првата ќерка, иако сме ненаспани 5 години, посреќни и побогати никогаш не сме биле :l:

    На тема доење, како и на секоја друга, можам да кажам лично искуство и мое лично мислење, не секој ја има привилегијата да дои и најчесто не е по вина на мајките, но ете, знам и јас секакви случаи од мојата околина. Имам две снајки што уште со првите деца си побараа одма апчиња да не им доаѓа млеко затоа што доењето ќе им ги уништело цицките :drunk: некако ќе ми кажете сега нивни избор, битно они да се среќни, ама јас сакала или не некако ги осудувам....

    од друга страна имам другарка што децата ни се една недела разлика, што прооде на трепки за да дои, и чаеви и капсули и пумпи и се, џабе, бебето едноставно не јадеше, а млекото знаеме дека функционира на понуда побарувачка, со тешки маки ја префрли на АД и она пак не јадеше, еве ја 4 годишна макенка е сега :D

    Првото бебе ми беше на ексклузивно доење, толку си правев притисок дека АД е најстрашно нешто, што бев решена да дојам по секоја цена, фала му на бога и моја среќа бебето цицаше уште во болница иако нормално немав млеко првите денови, последниот ден ми надојде и не, не бев испишана со совет да давам АД. Дојдовме дома, рани, отоци, воспаленија, температура, мастит се по ред :rofl: антибиотци, зелки, облоги, сите што доите знаете како иде редот, ја доев до година кога одлучив дека е доволно, ми беше тажно една недела и помина и тоа.

    Втората бременост почна уште во 9ти месец да ми се прави топка, кога се породив тоа бувна и имав ненормални болки, цела рака ме болеше, не можев бебето да си го земам во болница, градите преполни млеко, барав пумпа, не ми даваа, полошо ќе било, ајде ме стискаа, плачев, маж ми го научија како, под туш пикнати двајцата он ме стиска ја рикам :drunk: на крај топката огромна стана, ме симнаа, ехо на гради, кога ќе виде докторката вика ништо, млеко е преполно, ајде пумпа одма да се испразни иначе не ја пуштајте од болница. пак антибиотици, зелки, мастит, запушени канали и се по ред, месец дена топката стоеше, бебето напредуваше одлично, месец, два помина, третиот месец качи само 600 грама, ама продолжив со доење само, 4ти месец пак 600 грама, пишував и овде што да правам.
    Матичната секоја недела ме тераше да одиме на мерење, не ми спомна АД, ама некако тоа мерење цело време и зборење дека не качува доволно ми праеше притисок, сама предложив да дадам АД, и почнав, од 4ти месец е на комбинирано, давам два пати на ден АД, сабајле и навечер, исто мн ми се наоѓа кога не сум дома, маж ми и дава, полесно ми е да искочам, и да ви кажам пак исто качува, некогаш си размислувам може не требаше да дадам, ама па кога ќе размислам подлабоко дали е толку страшно, пак е 80 посто на доење и сум преблагодарна за секој ден што можам да ја дојам бидејќи навистина уживам во тоа, планот е здравје до година ако биде се по план :D
     
    На Cherry333 и EnaEnA30 им се допаѓа ова.
  19. WonkaMonkaa

    WonkaMonkaa Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2024
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    :D Видов на инста од Paleta 7 има доста интересни видеа околу фарбање на јајца, знам мајка ми стално користи таква боја и супер и излегуваат секој Велигден
     
    На Merten му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    1.356
    Пол:
    Женски
    Јас лани гледав едно видео, кажуваа различни начини и бои, не знам од која фирма беше, а не го зачував. Секогаш интересни работи ми излегуваат од како ќе помине Велигден:rofl: