Па јас еве откако сум мајка(краток период мало е бебче) 100пати сум рекла алал да и е на мојата мајка! И да кога цицаше бебево си реков алал да и е на мојата мајка како 2години ме доела. И не е ич нарцисоидна мојата мајка, а ова е едно од работите. И баш сум среќна што таа ме доела и сега јас кога видов колку е тешко да и кажувам ФАЛА.
Треба да направиме друга тема - Мајчински муабети (без коментари за доење/АД). Ова веќе отиде во неповрат. Туку спремивте ли маски? Ќе има некаде некоја организација по моловите? Некаде сакам да ја однесам после градинка ќерка ми.
Да е жив и здрав тему. Ми текна уште претходниот месец, самата од себе се зачудив што толку рано ми текна. Обично се во 5 за 12 ми текнува за вакви работи. Да се едитирам, баш денес ми излезе реклама за овде https://bubamaraigracki.mk/ Не знам дали имаат физичка продавница.
Јас се сеќавам дека и мене еднаш мис е нафрли со нешто за доење на темава Ама сега гледам дека многу ти се има променето мислењето и многу ми е мило што си сменила перцепција и сега уживаш повеќе. Колку и да не сакаме да признаеме првите месеци се се сфаќа лично и тоа најчесто е ради преосетливост од хормоните. Факти се факти, мислења се само тоа мислења и ако некој се осеќа толку навредено од нешто нека не чита по темиве. Кажав јас мислење еднаш за ова навредување од се и сешто и не би да се повторувам. Апсолутно секој мисли најдобро за своето дете, ама некогаш не е лошо его да тргнеме настрана и да видиме што е најдобро уствари. Инаку јас имав тотална одбивност од доење, ама одбивност не можам да кажам каква, ете 3г е, сеа не можам да престанам.
Спремав и направив огромна грешка што денес му ја покажав. Секако дека е Спајдермен и не знам од каде и зошто машките деца имаат таква опседнатост со ликот, пред да дознае за спајдермен не ни имаше гледано цртан, ни ништо, еднаш го виде во продавница и се заљуби и толку беше. Имаме во сите големини дома, роденденот секако ќе е на таа тема. Денес маската неслечена цел ден, во маркет во одело одевме, кога го виде дека го распакував абе не можам да опишам какво зајдување од среќа беше. И кажете ми до кога трае опседивното собирање стапчиња Секое излегување се враќаме со стап дома, насекаде имаме по некое стапче и не смеам да ги фрлам оти точно знае каде и какво има. Лудница. 90% од времето игрите му се со борење, карате, скокање, качување на се. Желна сум да седнам и да избојам една боенка Некни најде еден лак и сакаше да ме лакира и се израдував, ме лакираше, па и он се излакира, а патем за ова ќе кажам дека многу ме нервира кога сите го прашуваат зошто е лакиран. Детево цел ден со така незгодно засрамено поглетче кога ќе го прашаат, на крај реков да вели дека оти е забавно. Мислам зошто таа потреба уште од мали нозе да се наметнуваат вакви стереотипи не знам. Лакиран е оти е дете, оти му е забавно и шарено. Уште 14 дена и ќе славиме 3 роденден, јас сериозно не знам како летна времето, како вчера да пишував за првиот. За жал вистина е дека годините се кратки. Некогаш седам така и си мислам дека мајка ми била 34г кога јас и мм се запознавме, и тотално не ми е реално и верно, едно дека била колку мене сега, друго дека имала ќерка тинејџерка која си фатила дечко на 15, а најневерно ми е дека уште сум си него и тешка ми е помислата уствари колку брзо летнале 20г и како она остарела. Живот лети, лети.
И јас ја спремив од тему преубава маска има одвај чекам да ја средам во среда видов во сити мол пак истото мото истата кампања маск енд мол како секоја божја година ич не им текнува нешто ново маркетинг на рипит последни 5години - ама не видов некоја друга активност низ градот, сигурно и east gate ќе прави нешто не сум отворила да проверам еве од city mall краток опис на денот со награди и сликање
Легендата вели вака, Некоја мајка на село нижела тутун, дечињата си играле во близина. Дошло нејзиното 4 годишн синче, си земало столче, седнало до мајка си, извадило цицката и почнало да си цица. Еден дедо му рекол, ,,Абе голем си ти за цицка" на што детево му кажало,, Пи**а ти матер гледај си работа!"
колкаво е твоето? Во џамбо имаше крилца ама не знам за колкаво ти треба…. Во кам исто имаше ушиња, опавчиња јас земав и тоа зошто не знам што сакам да е
Јас нарачав од тему и за големата и за бебето уште во јануари спремни сме ние, кога беше големата бебе немаше тему па сама дома и правев
Мојава ќе има сликање во градинка, ни рекоа маскирани да ги носиме. Ја пресреќна сум мислиш јас ќе се маскирам, она абер нема да има што се дешава. Тие целосни што се се ептен дебели и во градинка ќе и биде топло, крила ако и ставам и уши ни крила ни уши нема да има до сликата. И на крај најдов шпикозни леопард во синсеј, најдов една опашка црна ќе и ја сошијам на газот, косата во две пунџички и носето ќе и го нацртам. Мислам дека ќе е преслатка. Ќе видиме хахах
Моево рече дека кога ќе наполнил 3г ќе престанел, се убедуваме секоја вечер. Инаку знае и кога му е роденден, со дата и месец, па кога му речам е кога бе мајка ќе престанеш, он ми враќа, на 14ти Април Среќа што само кога заспива цица, еднаш и така е веќе многу време, да беше по цел ден не знам дали би издржала. Реалноста е дека ме мрзи да го заспивам на друг начин, не знам да го заспијам уствари, не ми смета дека е само еднаш и ноќе па не форсирам, ама сега додека сме кај тетка му ќе го сецнам. Инаку како би и јас да се маскирам, со години ми беше омилена активност ова, не сум испуштила година да не се маскирам, омилена ми беше кога една година де преправивме со другарките во ликовите од Sons of Anarchy, имав исцртано на сите тетоважи ракави и беше многу кул маска Многу сакам да се маскирам и возбудена сум за детево, мада ќе врне, а кај нас има обично во парк дешавки па не знам како ќе биде.
Тоа сакав да речам сскоја година до скоро се маскиравме прејаки маски сме имале низ годините и најубавитр журки се на 1ви април како ми фали тоа безгрижно време скроз да не гледам на саат да сум принцеза со златна круна у 2 по полноќ со џин тоник у рака у некое диско
Да се надоврзам, освен исхраната бенефит има и доењето во правилниот развој на вилицата. Добро е да се знае чисто како информација .
Хахаха немој бееее не враќај тема доење сеа пак, затворивме тоа се испотепавме денес доста за доење кај си ти, касниш