Оо бубамарка имаше во Зара онлајн, ние ја купивме (11 месеци сме), ама немаш време да ја чекаш да стигне сега. Во х&м во сити мол пред некој ден видов крилца за пеперутка и стапче слатки, 2 вида имаше, за 550 денари, па ако ти вршат работа…
Јас дојам и сум мн среќна што дојам. И во најтешките моменти, доењето ми било убаво. И апсолутно не ме интересирало која мајка како избрала да го чува бебето, да се породи итн, сем што јас пак добивав притисоци за ад, за царски, итн. Без особена причина, туку дека така ќе било полесно, па ете детето на Петка на Станка ништо не му фалело со ад, или со царски итн, зашто да се мачам, итн. Па морав да ги оправдувам моите избори, што многу ме нервираше. Ми требаше поддршка и совети за она што сум го избрала, а не преубедувања. Споредувањето е заебана работа и прави мајндфак, така да подобро е да не се споредуваме, ниту да земаме лично нешто. Нè има секакви, и тие што со сериозна причина избрале нешто, и тие кои сакале полесно да поминат. Ова се такви времиња, доста од нас сакаат све да е лесно, без мака и совршено. Јас сум среќна што секогаш ми биле нозете на земја, и немам очекувања све да е сјајно и бајно. Мислам дека е важно да ги прифаќаме реално предизвиците, да не се споредуваме премногу и да стоиме зад своите избори. Исти нема да бидеме и не мора.
Не знам зошто доењето често =на депресија...многу често го слушнав и видов па и прочитав тука такви мислења. Еве јас сум мајка на две првото беше одделено од мене 14 дена и фати да цица како отсекогаш да цицачо иако беше хрането со сонда и дехтроза или како и да е називот а потоа и на ад. Сестрата на испис така грдо ме понижи саживот ќе памтам. Второто си цица од прв ден ,јас бев таа што им викаше да не даваат ад за да биде гладно да цица... а цимерката обратно . Небитно ,зборов ми е не да депресија имав тие 14 дена ,само чекав саат да дојде да се јавам и одмолзував не ни јадев. Сега често имам лоши мисли не сакам да пишам какви ама нормални не се ,луѓето што знаат за ова ме молат да одам на лекар... Ама тоа ниту еднаш не ме натера да преќинам со доење. Сдк годинава прваче имам ,од градинка не викаат на пробна приредба да се опуштеле за завршната мене ми се стегна срце ми порасна дете додека трепнав Премали се за првачиња само да се здрави и живи ,ние сме тука да ги чуваме ,учиме да дадеме се од себе да растат безгрижно во овој луд свет... посебно кога читам за малата Катја генерација и била ,толку страв осеќам од иднината да тоа со збор не се опишува...
@Yowannty Јас за чудо постпартум бев многу мирна, не знам како да објаснам ама толку бев релаксирана и опуштена, веројатно тоа што бевме сами и мм беше дома придонесе за регулиран нервен систем, секој ден ни беше така некако убав, со шетање, со небрзање, чувствував некоја благодарност огромна, веројатно и ради тоа што замалце ќе умрев на пораѓај ради сепса, направи да бидам многу благодарна на животот. Маката дојде после, накај 6-7ми месец се осеќав најлошо. Јас сум паничарка по природа и мислам дека тогаш врвот го достигнав. Сега имам некој страв пак со здравјето, ама мислам дека овојпат е оправдан. А за мм, и он е со предиспозиции за срцеви болести, дедо му почина од срцев удар, татко му имаше на 45 едвај жив остана, мм ради болеста исто е на ризик. Он има МС, ама за среќа почна со терапија и еве прима втора доза која се надеваме ќе спречи понатамошни оштетувања. Не ме одвраќа тоа од мисла за уште деца, само природно сум исплашена. Инаку годинава дури осеќам дека де враќаме на старите ние, мислам секако не може да биде како порано и не треба, ама беа кризни овие 3г, и дега сме посилни од било кога. Ќе дојде момент кога ќе се осетиме спремно, оти дефинитивно не чувствувам сеа дека сме комплетни, убаво ни е ама фали уште.
,Денес бев на прва приредба на ќерка.. Си немав работа седнав во првите редови,се утепав плачејкќи..ред солзи ред мрсоли,снимам и плачам, се бришам Кога само ми порасна детето кое толку време го чекав.. Застани време не брзај..
Ме врти матката, кај и да е, ќе добијам Се надевав дека барем пола година ќе бидам улошки-фри во постпартумот Секирацијата е-како ќе се грижам за бебето со менструални болки, згора на ненаспаноста, укоченоста по цееело тело, итн
Прв пат ќе добиеш после пораѓај? Јас пред да останам трудна имав страшнииии менструални болки. Првите два дена не функционирав од болки. Но еве сега после пораѓај јас не ни сеќавам кога ми иде, единствен проблем ми е што малку ми е пообилна менструацијата првите денови ама болки немам никакви.
Ние ги имаме овие веќе неколку месеци Си ги сака уште, интересно и е да гази по нерамни површини и да се прекачува или да пушта колички по тие што се со косина. Овие што ги прати се уште боље, би требало подолго време да им се интересни. Штета кај нас што нема можност да се надградуваат и да се купуваат делчињата поединечно, туку мора како цели сетови. Али од страна на квалитет, супер ни се покажаа сега за сега.
Баш тоа ми е дилемата што нема засебно делови, а и немам простор да земам повеќе комплети. Баш ми се допаѓаат и помалите сетови, а и виножитото. Фала што сподели @Feniksgirl и јас во сторибокс ги гледам ама немаат залиха од сите.
Јас добив на 41ден, минатата недела втор пат добив после пораѓај, ужас! Како поголема болка да имам од пред да останам бремена, а првиот пат и преобилно мислам дека на еден саат менував улошки ноќни и бев утоп пак, ама тоа е. Се напив парацетамол за болки ама не помага ми беше шубе да пијам нешто друго
@Noemi @Hygge-girl Колкави се вашите деца? Веќе одреден период меркам некој сет да купам од сторибокс. Ама не знам, си викам да не е рано. Неколку пати ја имам однесено во игротека една кај што живееме тука, и има вакви. Ама некако не се заигра. Ќе пооди по нив малку, се качи три пати на скалестото и толку беше. Мојата е 16 месеци.
Мојата е 14.5 месеци. Во игротека исто не ги регистрира, директ иде кај ball pit-от или кај кујната, али дома се радува кога ќе и ги наместиме. Само што од сите гаџети што ги имаме, немаме баш место овие да бидат наместени цело време, па ги подзабораваме на периоди
Мн се убави мекиве коцки од стално ми се свиѓале и ептен ми се естетични да се уфрлам во муабетов за игротеки, 5родендени пропуштивме зимово зошто решена бев да не ја носам со деца што одат во градинка ама пролетва/ почеток на летово да се изретчат вируси ваљда фер е да ја однесам прв пат онака преку ден Кога ги однесовте прв пат во игротека самостојно - Не на родендени?
И мојата баш во таа игротека не ги рецна, се закачи на кујната, се изнаготви. Па викендов ќе одиме да и земеме кујна од storybox.
Мала е, нема што да прави во игротеката. Иначе не ја чувај толку, еве мојата во лето се разболе, ќе речеш нема вируси. Нормално е да се разболи, тешко е ама е нормален дел од растењето.