Ние ќе се селиме за во текот на годинава, на два ума сум. Што се имам да влечам во новата дома. Тука сега ако и земам, исто ќе треба собери-намести да правам, многу ме нервира тоа. Има денови кога мислам дека јас најмногу си играм со играчките, само редам и прередувам. Интересот и поминува брзо уште, и на крај пак ќе оди кај далечинското/кутијата со пелени/кутијата со креми. Мојата кај тоа со алатите. Дома мислам процентуално најмногу време поминува возејќи коли.
Да не ти кршам филм, дома така ни стои кујната, дали 5 саати севкупно во годината игра во неа. Е во градинка е "тепачка" кој попрво да готви.
Добро утро, права зима денес, дотолку што и дете однесов до градинка во комплет зимска опрема. Не знам во другите градови како е. Е таму другарче од групата не пречекува со зборовите: - мене мама ми даде сирупче оти сум болен и ме донесе И пред да бидам распната на клада, сфаќам и од немање кој да чува дете и од неможност одмор да се земи и сето тоа. Ама стварно не е ок дете да се носи така. Од други теми, немаме во градов маскенбали и прослава за 1ви април, па без тие припреми сме денес.
Зима е и кај нас... Заради тие работи не можеме адаптација да истераме ,бебуш пак со тт ноќеска ,цела ноќ на цице под одреден агол... Два дена во градинка 3 болна е... Немате сликање во градинка? Реално и со ова се претерува ,јаслите бебиња да сме ги маскирале и ок ај спремив нешто иако не ми се свиѓаше па и сеа со тт сигурно нема да ја носам. Туку маскирани бебињата ,маскирани воспитувачките и сите плачеа најнормално се плашат. Ај тие над 2 г ок ама за јасливе 9-24 м стварно не сфаќам од шо потреба.
@Трагедијаупмм , во градов за Прочка се маскира, тогаш се сликаат. Денес немаат маскирање. За во јасли по избор беше кој сака комплетна маска. На дел од децата само венче им ставиле самите воспитувачки.
Не знам колкаво ти е детето ама јас малото го однесов на година ипол првпат онака на играње и одма после тоа и на 2 родендена. На играње и едниот роденден поминавме супер. На другиот роденден не зошто едноставно игротеката не беше соодветна за него, премал беше за да го пуштам на тие реквизити. Големата беше родена баш пред короната, па игротеки виде дури на 3-4 години, и јас бев малку скептична за малово ама во друштво со сестра му супер си поминува. Сега е 2 години и слободно го пуштам сам дури и на родендени, само седнувам близу влезот во игротеката чисто да ми е на видик, и бираме игротеки што се посоодветни за помали деца. Ама да знаеш дека ако се секираш за разболување, за мене игротеката е поризична од градинка. Во градинка е во тој колектив и си ги вртат истите болести, а во игротека се нови деца, нови болести, многу пати баш после родендени се разболувале децата. Мене двете деца ми оделе во градинка па не сум ги изолирала, ама моето искуство е дека помалку се разболувале од градинка отколку од други дружби.
Така и си мислам 9ипол месеци е малечка е секако ама онака размислувам вероватно летоска после година и кога нема мн деца преку ден тука во маалската ќе ја пуштам чисто онака да види нешто ново пошто нема да оди во градинка до зимоска секако.
после 2 години почнавме да ја носиме, ама пак со нас, мн беше плашлива па требаше и јас со нејзе да се пентарам за да се опушти иначе тоа е привилегијата на првото дете, малово на 3 месеци беше во игротека на роденден кај сестра и толку мало бебе нема на кого да оставиш, требаше јас да седам дома и да не одам на роденденот, на крај го преспа цел роденден во количка не беше страшно
14месеци е речиси мојава ама нонстоп се качува по се и многу и е интересно па сакам да зајакнува моторички вештини, а и да и е интересно. Гледам веќе само некои open end играчки да земам зашто бргу се затрупавме со играчки. Кула ако имате се качува ли по неа? Мислам дека кај нас она многу придонесе да почне со качување и да станува свесна за простор/растојание, после со скаличката во вц за миење раце. Многу се мислев меѓу поголем сет со пиклеров триаголник и овие сетови па на крај ќе искомбинираме.
Син ми е 16* и е дете што не задтанува пет минути, макар да почна да се заигрува нешто по негово во последно со коцки. Сакав да се надоврзам за кулата , еден од најискористените реквизити дома. Сабајле кога пиеме кафе или ручаме било што во нејзе стои, живи радости е . Знае да си стоиво неа и да шкрта со боички , тропа ..било што. Го имам и пиклеров триаголникот, го земавме од Тополино околу нова година на голем попуст беше ама некако уште не му е интересен.
Девојки едно прашање за тие што сте се породиле тазе во Систина. Дали е дозволено на денот на пуштање, да дојде и друго ваше дете (ако имате секако). се трудам да донесам правилна одлука, дали е подобро син ми да биде во градинка/со баба зависи кој ден и кое време ќе ме пуштат од болница или да го земе маж ми со него. тука доаѓа моментот на плаќање, средување осигурување и отпусни документи, јас со бебе после царски во апартман и некако не знам што да правам, тешко дека ќе имам капацитет сама со тодлер да се справам во тој момент. Од друга страсна, не сакам да хо исклучам детето од зимање бидејќи знам дека ќе се навреди ако дојде од градинка и дома веќе го чека бебе.
Секако дека ке го земе и поголемото дете со него и ке дојдат по вас Ке се снајдат некако со таткото А може и бабата да ја земат па она да го врти дур маж ти средува документација
Има ли скокови кај мајките Спојлер се шегувам До скоро никаков проблем со спиење, колку пати и да станеше бебе, си презаспивав без проблем. А сега веќе неколку вечери, се мачам, мозокот ми шара, пее детски песни ми се скратува времето до нареден подој.
Јас сум во септември породена. Маж ми заедно со син ми го заврши плаќањето и сите останати работи, па не сликнаа во ходникот сите заедно и си отидовме. Испустот е претпладне. Мој совет е да не го изоставиш, не знам колку години има твоето прво детенце, моето има шест, и многу му беше значајно да дојде, беше пресреќен затоа што едвај чекаше да го земе бебето и да ме види мене дома.
Јас се породив во Систина немам друго дете, но сепак дури и кога би останало со вас додека сопругот да плати тоа се 10 минути, а бебето ќе ви го донесат спремно дури откако ќе плати тој. Така што секако нема да е бебето со вас во соба во тој момент. Зависи дали ќе доите може ќе ви го донесат само за доење, па ќе го земат да го спремат за дома. Може сопругот да го носи детето со него за да платат заедно. Мое мислење е дека не треба да го исклучиш сепак тоа ќе биде значаен ден како за вас така и за него.
Има 2,5г и ние така мислиме дека треба да биде со нас. Само пусто overthinking да не испадне некаква фрка. Ама јас одвај чекам сите четворица да се возиме прв пат
Хахахаха има имаааа. Даркооооо биберкооо и жижи нема грижи ми се мотаат низ глава во 2ипол после полноќ сталноооо. Хахаха шала на страна, јас толку мн се навикнав да станувам 150пати во ноќта што сега некогаш кога ќе се разбуди и ја презаспијам стнаувам и работам навечер таква ми е работата хахаха а и мозоков не ми спие мн често кога ќе се разбудам скроз така да не си сама